Saturday, August 31, 2013

Delete

ја, пачерете ја,
пак ќе биде наша најмила!


Friday, August 30, 2013

Верверичка - цртеж

Цртеж/скица (А.С.) верверичка, за стрипот „27 860“:

Tuesday, August 27, 2013

Притисокот за името – нов букурешки договор

Oтворено писмо на Иницијативниот одбор на групата Македонски манифест упатено до политичките лидери во Република Македонија:

И по сто години од Букурешкиот договор судбината на Македонија е под неговата заканувачка сенка. Над Македонија е надвиснат облакот на новите црни бури што треба да ја доуништат. Ќе се лажеме ли сè уште или свесно ќе признаеме дека промената на името значи геноцид врз македонскиот народ преку ликвидација на идентитетот?

И денес, како и пред сто години, заговорници на тој холокауст се големите европски нации скриени зад божемната хуманистичка маска на Европската унија, само што сега за нашето уништување се игра на крајно софистициран и перфиден начин кој треба да не доведе до промена на името со наша согласност, што ќе рече до самоуништување. Тоа значи дека ни по сто години кобниот Букурешт за нас не е завршен. Разликата денес е во тоа што оние кои пред сто години ја парчосуваа Македонија сега работат на ликвидација на нашиот идентитет, засилени со уште една империјална сила – САД.

Грција, која сака целосно да ја уништи Македонија е поддржана во нејзиниот геноциден фашистички концепт токму од овие сили, а за нас како земја врз која се врши нечовечки експеримент, не важат човековите права, судските пресуди на меѓународните судови и правилата на Обединетите нации кои важат за сите други. Ќе дозволиме ли да се самоукинеме како Македонци и тоа сега кога конечно изградивме сопствена држава!? Ќе дозволиме ли безимени да влеземе во ЕУ и во НАТО?

Затоа им се обраќаме на политичките лидери, на претседателот, на премиерот и на водачите на опозицијата, од кои бараме, без завиткан политички јазик, да кажат на какви позиции стојат: дали веќе го прифативте обезличувањето или сте спремни да застанете во одбрана на името? Сакаме да знаеме дали за вас е прифатлив предлогот Горна Република Македонија ставен на маса без да ни се каже што се нуди под маса? Дали веќе се подготвуваат и се печатат листовите за референдум на кој треба да се стави она што за нас е свето и вековно, затоа што овој молк фрустрира и измачува? Kако инаку да ја толкуваме изјавата на германскиот пратеник за Југоисточна Европа, Ернст Рејчел кој јавно кажа дека предлогот за името на Нимиц бил прифатен од македонска страна и дека сега се чека ставот на Грција? Вистина ли е?

Ќе може ли конечно македонскиот народ да дознае од нашите  политички лидери или со нашите чувства ќе си играат европските бирократи? Ќе чуеме ли што крие во пакетот Горна Република Македонија или ќе не ставите пред свршен чин на референдум, кога партиско-политичката машинерија ќе биде спремна да одработи како со референдумот од 2004 година за територијалната поделба?

Дали овие прашања заслужуваат одговор или по којзнае кој пат ќе бидеме изиграни како Македонци и доведени до потпишување  капитулација и ќе се збогуваме од автентичното постоење, од сопствениот идентитет, оти ние сме убедени дека поместување на само една буква од името е губење на идентитетот. Тоа би било рамно на самоуништување.

Јавно го повикуваме македонскиот народ да биде буден и ако затреба да биде спремен со сите можни средства да се спротивстави на новиот букурешки договор за наша идентитетска ликвидација.

Иницијативен одбор
на групата Македонски манифест

Забележанани НЛО во Македонија во 1999 година

33. Забележан НЛО над Битола,
1999, Битола[1][2]

Во 1998 година немаме информации за забележан НЛО во Македонија. Во 1999 година пак постојат 5 такви сведоштва.

„Две години подоцна за вонземјаните станала интересна Битола...“[1][2]

34. Забележан НЛО над Скопје,
февруари 1999, Скопје[1][2]

Во 1999 година Скопје вкупно три пати бил дестинација на НЛО посети.

„...во февруари 1999 Скопје...“[1][2]

35. Забележан НЛО над Ѓорче Петров,
мај 1999, Ѓорче Петров[1][2]

„...мај истата година Ѓорче Петров...“[1][2]

36. Забележан НЛО,
мај (?) 1999 година, Скопје (?)[34][35]

„I remember it was during the NATO campaign against Yugoslavia in 1999, I was sitting with my friend outside the house, I looked in the sky it was night and I saw an object with gray silver color coming straight down from the clouds towards the ground but changed directions immediately and started to fly horizontally, I thought it was an airplane but when it came closer I must say I was stunned it flew over the sky not fast at all and the flying maneuvers were astonishing, the object was flying straight and while flying it was spinning like when you throw a flat stone in the air and it spins you understand, I thought the object was going to fall but it kept flying straight, it was very strange i started to yell saying Look everybody it's a space ship everybody saw it they all agreed it was nothing they saw before. This is all true I wanted to tell this to everybody but I was afraid no one would believe me, I don't care if people believe me or not, This the truth the object I saw very clearly and very closely was not anything we have today as a flying craft and I must say again the maneuvers were impossible for any flying machine we have today.“[34][35]

37. Забележан НЛО над Јама,
лето 1999, планина Јама[1][2]

„...летото 1999 - планината Јама.“[1][2]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[34] UFO Report ID:82863UFO Report ID:82863
[35] mufoncms.com

Sunday, August 25, 2013

Основни разлики меѓу патриот и квазипатриот

Неколку едноставни примери за тоа како полесно да ги разликувате патриотите од квазипатриотите:

Доколку замолите некој патриот за помош за било каков проект за доброто на Македонија тој доколку може ќе ви помогне без да се контрира со вас и без да навлегува во излишни филозофии.

Од друга страна пак ако за истото замолите некој квазиптриотот тој ќе ја занемари благородната суштина на иницијативата и ќе се фати за нешто тривијално кон кое ќе го насочи целокупниот фокус. Секогаш ќе најде влакно во јајцето дури и кога го нема и ќе си измисли изговор поткрепен со еден куп лажни докази само и само за да не помогне.

Варијатните со кои ќе те одбие од мое лично искуство се овие:

1. Ќе протестира дека наместо старото знаме со тн сонце од Кутлеш како дел од иницијативата е ставено актуелното знаме. ОК не е нелегитимно да протестира, старото знаме ни е во срцето на сите нас, ама знајќи дека се упатени на погрешно место ваквите протести не вродуваат со плод и служат само за лечење на личните фрустрации и дефокусирање од главната идеја.

2. Ќе ти напише дека не си ти тој којшто треба да се занимава со такви работи и дека има позаслужни Македонци кои треба тоа да го иницираат. А зошто тие негови позаслужни Македонци не го направиле тоа досега, зарем некој ги бранел?

3. Ќе ви забележи дека текстот не е напишан на македонски јазик, туку на англиски што е нормално во услови кога се цели (испраќа) до англојазично говорно подрачје (до човек којшто не разбира македонски). Да му пишеш на македонски јазик некому којшто не разбира македонски е сеедно како да си му пратил празно писмо.

4. Ќе ви рече дека како горд Македонец за него е навредливо и е под неговата чест да моли некого за нешто, а вие единствено што барате од него е да помогне некоја институција или сајт да престане да не фиромизира. Во книгата на патриотот фиромизирањето е многу поголема навреда одошто некого да се замоли (протестираш за) да престане да ја нарекува нашата земја со привремената референца.

Saturday, August 24, 2013

Како навистина изгледал Никола Тесла

На порталот Think.mk, пред некој ден (17.08.2013) беше објавен написот „Како навистина изгледал Никола Тесла“ во кој што беше прикажана дигитално обоена фотографија на славниот научник, дело на Дана Клер, и за која што се тврдеше дека го прикажува Тесла онаков каков што бил.

Всушност „како навистина изгледал Тесла“, односно негов колор портрет, уште во 2006 година има објавено Македонска пошта (а веројатно и други претходно) на една од нивните марки.

Извини Дана Клер, еден нула за нашите.

Friday, August 23, 2013

Вечер играат македонските кошаркари, пренос на нашите телевизии ќе нема

Македонци, FB страна:

“Нашите“ телевизии нема да вршат пренос ниту од настапот на Македонската Кошаркарска Репрезентација на кошаркарскиот турнир во Улм. За потсетување вечерва од 18:00 часот го играме првиот натпревар против Грција.

Но затоа Алфа телевизија ќе врши директен пренос од кошаркарскиот турнир во Турција каде свои настапи ќе имаат Србија, Хрватска, Турција и Белгија.

До оваа одлука од страна на редакцијата на Алфа е дојдено најверојатно бидејќи можеби тие имаат повеќе навивачи во оваа држава, отколку македонските кошаркари.

А ние ќе се снаоѓаме кој како знае во потрага по стримови.

Види и:

Алтернативно знаме на Социјалистичка Република Македонија

Бразилскиот дизајнер Leoninia, има креирано алтернативни знамиња на сите Социјалистичките Републики и автономни провинции на веќе одамна распаднатата СФР Југославија, меѓу кои и на тогашна СР Македонија.

 Federal Socialist Republic of Yugoslavia, SoaringAven (Kryštof Huk)
Federal Socialist Republic Of Yugoslavia, Leoninia

Интересно е што како симбол на знамето на Социјалистичка Република Македонија, дизајнерот избрал да го постави шеснаесеткракото златно македонско сонце (т.н. сонце од Кутлеш/Вергина), со кое што Македонците се идентификуваат.


Yugoslavian regional flags, Leoninia

Thursday, August 22, 2013

НЛО посети на Македонија во 1997 година

24.Забележан НЛО над штипски Исар
28 март 1997 над штипскиот Исар[1][2]

По паузата од 1992 година, во Македонија во 1997 година повторно се забележани НЛО.

„...на 28 март 1997 над штипскиот Исар.“[1][2]

25. Забележан НЛО над Стење,
3 април, 1997 година, Стење[1][2][32][33]

Во 1997 година се забележани дури 9 вонземјански посети на Македонија. Меѓу нив е и оваа:

„На 3 април 97 селото Стење повторно го надлетувале вонземјани...“[1][2]

„На 29 март 1997 година нешто чудно се појавило на небото над селото Стење. Жителите на селото се колнеле дека на небото виделе летало во форма на голема печурка, со три ногарки од долната страна. На кружните рабови на леталото, кое застанало сосема ниско над куќите, блескале повеќе разнобојни светла, кои некако неизменично светнувале со црвена, сина и со жолта боја.“[1][2]

„Пред околу 10 години, во селото Стење, во непосредна близина на Преспанското езеро, наводно се случи појава на НЛО. Колку што се сеќавам, беа видени 5 летечки објекти кои ги менувале боите и се движеле со неверојатни маневарски способности.

Имам колешки на факултет кои се од албанска страна на Преспанското езеро, каде што живеат македонци, ги прашав за овој настан да не знаат некоја информација. Ми рекоа дека се запознаени со тоа бидејќи имаат роднини во Стење. Не можеа да ми кажат подетално за овој настан бидејќи не се заинтересирале да дознаат повеќе, но во секој случај ми ја потврдија дешавката.....

А да, ќе заборавев, двеве колешки тврдеа дека светлата биле жолти кои се менувале во сите нијанси на жолта.... “[32]

„А бе тоа со Стење како што кажуваа едни жени биле некои најлони кои летале и на некој му се присторили дека тоа е НЛО па шо сега, ај ќе викнеме ТВ, да го популаризираме селото и да го развиеме туризмот! Мислам дека сето тоа се случило наутро околу 5-5.30 часот.“[33]

26. Забележан НЛО над Пресека,
1997 година, Пресека[1][2]

Во 1997 година НЛО бил забележан и во Пресека.

„...истата година биле посетени и Пресека...“[1][2]

27. Забележан НЛО над Раштани,
1997 година, Раштани[1][2]

Во 1997 година вонземјаните не испуштиле да го посетат и Раштани.

„...истата година биле посетени и... Раштани.“[1][2]

28. Забележан НЛО над Штип,
10 април 1997 година, Штип[1][2]

Оваа 1997 година, над Штип НЛО бил забележан трипати.

„и повторно Штип.“[1][2]

„На 10 април 1997 година, во периодот меѓу 9 и 11 часот, над Штип одеднаш се појавиле два бели огромни правилни бели круга, со дебелина на обрачите од околу половина метар. Немало штипјанец што не го видел и што не го збунило чудото, бидејќи природните појави, како виножитото или други слични, се вертикални, додека двата круга над Штип биле во хоризонтална положба.

- Кога на 10 април 1997 година МТВ јави дека дента над Штип се забележани два чудни бели светлечки круга, кои камерите и ги покажаа, следуваше и стручно објаснување дека тоа е природна појава која настанува како последица на јонизацијата на воздухот или прекршувањето на светлината. Меѓутоа, тогаш никој не спомена дека двата круга над Штип биле хоризонтални, што ја менува ситуацијата и дава слика на НЛО - вели во својата книга Симјаноски.“[1][2]

29. Забележан НЛО над Штип,
мај 1997 година, Штип[1][2]

За втор пат во 1997 година, вонземјанитеги посетиле штипјани во месец мај.

„Во мај 1997 свратиле пак над Штип...“[1][2]

30. Забележан НЛО над Бистра,
1997 година, Бистра[1][2]

„...на 5 јуни истата година над Бистра...“[1][2]

31. Забележан НЛО меѓу Кичево и Другово,
јули 1997, меѓу Кичево и Другово[1][2]

„...јули 1997 помеѓу Кичево и Другово...“[1][2]

32. Забележан НЛО над Штип,
ноември 1997, Чавкова чешма, Штип[1][2]

Третиот случај на НЛО посета на Штип во 1997 година е онаа над Чавкова Чешма во ноември.

„...ноември 1997 над Чавкова Чешма кај Штип.“[1][2]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[32] Вонземјани, НЛО... (736), Кајгана (MEDDLE), 05/03/2008
[33] Вонземјани, НЛО... (743), Кајгана (Chombe_United), 05/03/2008

Wednesday, August 21, 2013

Мис минглиш

На овогодинешниот избор за Мис на Македонија, од публиката избрана за мис беше Деспина Царева.[1]

Официјалниот назив на нејзината титула, како што може да се види од фотографијата (на лентата) е „Miss publika miss Macedonia 2013“ 


Титула напишана на англиски јазик со еден македонски збор напишан на латиница (publika) = минглиш.

Tuesday, August 20, 2013

Антиквизатори 21

Антиквизатори #021, Античка Унија


Автор на стрипот Александар Стеванов; фонт Damn Noisy Kids; адаптирање на фонтот на кирилица Стефан К.

Monday, August 19, 2013

Поранешна Отоманска Провинција Грција

Како што веќе веројатно на сите ни е познато, на сајтот Google maps, Македонија на англиски јазик е напишана како „Macedonia“ со додаден во заграда акроним од привремената референца*, поради задоволување на спротивните на меѓународното право барања на официјална Атина.

Веројатно ова му послужило како мотив на некој непознат македонски Интернет борец, за во називот на граничниот премин помеѓу Република Македонија и Република Грција, кај Дојран, нашиот јужен сосед да го именува како: „Поранешна Отоманска Провинција Грција“ на македонски јазик, односно „Former Ottoman Province of Greece“ на англиски јазик.

Погледнете на сликата (принтскрин):


Кликнете на сликата (принтскрин) за целосен размер или директно посетете ја оваа локација на мапата на Google maps - врска.

* на македонски јазик пак, е напишана „Македонија“ без додавки.

Sunday, August 18, 2013

Свеста на македонскиот народ за своето античко-македонско наследство

Од одредени групации во македонското општество не еднаш сме слушале дека поврзувањето на античка Македонија со Македонија денес е вештачки процес, донесен по диктат од актуелната владејачка гарнитура и дека истиот е насилно наметнат врз Македонците. Во овој напис би сакал преку неколку фотографии направени низ градот Штип да го покажам спротивното, односно дека и самиот македонски народ е високосвесен и се чувствува како потомок на античко-македонската цивилизација, до толку што мотиви од тоа време избрал да ги постави за логоа на своите компании.


Во штипската населба „Осми Ноември“ е лоцирана продавницата „Александар-М“.

Покрај тоа што името на оваа продавница можеби е кратенка од името на најславниот македонски крал и војсководач Александар III Македонски, и на самото лого има поставено античко-македонски симбол шеснаесетзрачно златно сонце (попознато како сонце/ѕвезда од Кутлеш/Вергина).


Но ова не е единствената продавница во Штип, во чие што лого е вметнат античко-македонскиот симбол. Истиот може да се види и на логото на маркетот „Сонце“ кој што се наоѓа на улица „Сремски фронт“ во населбата „Сењак“ (карши печатницата Полиестердеј).



Кога некој би спорел дека актуелната власт го има инспирирано сопственикот на овој маркет да го „антиквизира“ неговото лого, само би споменал дека маркетот постои од 2000 година, а логото оттогаш до денес е истото.

Естетската вредност на двете споменати логоа е тема за друг разговор, поентата на овој напис е дека свеста на македонскиот народ за своето античко-македонско наследство постои и дека истата зазема прилично висока позиција.

И на самата порта на влезот на куќата до маркетот „Сонце“ може да се види поставено метално шеснаесетзрачно сонце (попознато како сонце/ѕвезда од Кутлеш/Вергина). Вакво нешто имам забележано на повеќе порти на приватни домови низ Штип, но засега не располагам со фотографии за потврда.

Фото и текст: А.С.

Friday, August 16, 2013

Промена на името не задира во идентитетот?

Во изјава [1] дадена за Нова, од 27 јуни оваа година, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи кажа:

„Последниот предлог на медијаторот Нимиц за името не задира во идентитетот и граѓаните мора да го знаат тоа.

Дебата за преговорите мора да има во јавноста, вели во саботното интервју за 24 Вести портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи, наспроти тврдењата од нивниот коалициски партнер дека во моментов нема зошто јавноста да биде известена за идеите на Нимиц.“

Околу потребата за дебата за новиот предлог на Нимиц[2], јас си го кажав своето.[3]


A во врска со првото тврдење на Османи, дека последниот предлог на Нимиц не задирал во идентитетот, всушност каков и да е тој (освен „Република Македонија“), а според Нова се работи за предлог-името „Горна Република Македонија“[2], тој задира и те како во идентитетот на граѓаните на нашата Република.

За разлика од Османи кој што дава свое мислење без да го образложи и поткрепи со факти, како потврда за она што јас го тврдам, а е спротивно на кажаното од него, ќе се послужам со извадок од напис[4] на претседателот на СМК, Тодор Петров:

„По меѓународно право, името на државата е идентитетот на нацијата! А, името на нацијата е името на државата! ... Декларација за идентитетот не е вербализам или резолуција под мишка, туку пасошот како документ за лична идентификација. Таму ви е внесен кодот: името и презимето, датумот и местото на раѓањето, адресата во местото на живеење, матичниот број, националноста односно државјанството и името на државата чие државјанство го поседувате...

Сте ги провериле новите биометриски пасоши? Во нив, во графата националност, што подразбира државјанство, пишува МАКЕДОНСКО/MACEDONIAN, што значи и МАКЕДОНЕЦ! Така им пишува на сите граѓани на Македонија, независно од нивното етничко потекло, затоа што по меѓународното право, националноста по автоматизам произлегува од името на државата! Односно, националноста е синоним за државјанството!“

Да, со евентуална промена на името на државата не се загрозува само идентитетот на етничките Македонци, туку директно се задира и во идентитетот на сите граѓани на нашата Република.

Впрочем и Стево Пендаровски во изјава[5], дадена за неделникот Република и објавена на Нет истиот ден како и онаа на Османи, тврди дека: „Проблемот со Грција не може да се реши со директни преговори без да се оштети националниот идентитет.“

Колку да сме на јасно.

НЛО посети на Македонија во 1990-1992 година

18. Забележан НЛО над Кичево,
1 септември 1990 година, Кичево[1][2]

Ако во осумдесетите години од минатиот век нам ни се познати само два случаи на НЛО посети на Македонија, во 1990 година, во само една година, се забележани дури 5.

„На 1 септември 1990 бил виден НЛО над Кичево...“[1][2]

19. Најмасовно гостување на НЛО во Македонија
30 септември 1990, Кичево [5]

За најмасовно гостување на НЛО во Македонија се смета она во Кичево од 30 септември 1990 година.

„За настанот од 30 септември 1990 година во Кичево, Симјановски вели дека досега е најмасовно гостување на НЛО кај нас - повеќе од 10.000 кичевци околу 21 часот на небото забележале дваесетина вселенски бродови што летале бесшумно и полека.“[5]

20. Забележан НЛО над Буковиќ,
1990 година, планина Буковиќ[1][2]

Во 1990 година НЛО бил забележан и над планината Буковиќ.

„...истата година над планината Буковиќ...“[1][2]

21. НЛО забележано од шестгодишно девојче,
1990 година, Скопје[30]

Интернет сведоштвата се со спорна веродостојна, но сепак го споделуваме ова сведоштво за забележано НЛО во 1990 година.

„Еве една дешавка што ми се има случено кога бев мала околу 6 години,значи 1990 година беше тоа.Моите ме пратија во славија да купам леб,онаа што беше спроти ГУЦ,тогаш лептокарија уште не беше изградена или почнуваше да се гради.И идам ја си купувам леб и одеднаш на раскрсницата(семафорите кај болница букурешт) се спушта нешто летечко и свемирско,буквално ко на цртани што сум гледала,јас со дотогашната развиена свест само сватив дека е нешто страшно и дека се спуштила летачка чинија,со оглед дека продавачкиве и случајните поминувачи трчаа околу,кој бегаше,кој доаѓаше од љубопитност.Јас дојдов дома и им кажувам онака еј видов летечка чинија,се спушти на улицава,кој сака нека излезе да ја види,има различни светла.Ме направија ненормална поготово плус мала што бев.Еве не помина ни еден сат од како им кажав тоа,имаше вонредни вести и интервју со очевидци.Од тогаш нормално,не се спомна ништо околу тоа. “[30]

22. Забележан НЛО над Битола,
септември 1990 година, Битола[31]

Уште едно Интернет сведоштво.

„Eden slucaj na NLO koj ne go spomnavte.. vo septemvri mesec 1990 nad bitola preleta NLO, jas ne znam posto imav eden mesec(ili pomalku) ama mnogu povozrasni od mene mi kazvale deka mnogu nisko pod bitola pominal..“[31]

Не располагаме со информација за забележан НЛО во Македонија во 1991 година. Во 1992 година пак е виден само еден.

23. Забележан НЛО во ресенско,
1992 година, село Покрвеник кај Ресен[1][2]

Постои еден евидентиран случај на НЛО посета на Македонија во 1992 година.

„...1992 година над селото Покрвеник кај Ресен...“[1][2]

Од 1992 година, па до 1997 година се чини дека вонземјаните отишле на подолг одмор и не ја посетиле Македонија ниту еднаш (или барем ние не располагаме со такви информации). Во 1997 година пак се забележано повеќе НЛО посети но за тоа во некој нареден напис.
[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[30] Вонземјани, НЛО... (56), Кајгана (RebelGirl), 30/07/2005
[31] Вонземјани, НЛО... (185), Кајгана (Termos), 01/06/2006

Thursday, August 15, 2013

Плоштад Македонија

Панорамска фотографија (4 споени фотографии) направена на плоштадот Македонија во Скопје.

Skopje, capital city of the Republic of Macedonia / Скопје - главен град на Република Македонија.

Фото и обработка: А.С. (2012); I-Macedonian.Blogspot.com

Глупав и поглупав

Во само два, од многуте, написи поврзани со македонските туристи во Грција објавени завчера (13.8.2013) на македонските медиуми се вели следново:


„Три нови случаи на оштетувања на возила, беа пријавени од страна на македонски државјани кои престојувале во Грција и кои вчера се враќаа во земјава, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 53 случаи...

Со овие три новорегистрирани случаи во неделата, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 53 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 53-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 37 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6 кражби. По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 13 случаи.

Од вкупниот број случаи - 34 се пријавени од страна наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 27 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.“


„Наместо со фотографии и исончан тен, штипско семејство остана без одмор во Грција. Крадци им ги украле парите, додека спиеле во апартманот во Неа Врасна. Дома успеале да стигнат со помош на пријателите.

Истиот ден биле ограбени и други македонски туристи и уништени неколку возила. Без одмор останеле и туристи од Србија.

Ова е еден од последните случаи што им го загорчеа одморот на македонските туристи во Грција. Според статистиката на МВР, досега се пријавени 53 оштетувања на возила и одземања на таблички...“

Се поставува прашањето кој во случајов е поглупавиот, дали грчките хулигани кои што им ги уништуваат автомобилите на оние кои што со тоа што одлучиле таму да отидат на летен одмор директно ја подпомагаат економијата на нивната банкрот земја или пак македонските туристи кои што отишле да остават пари во државата која што години наназад работи за разнебитувањето на нивната татковина Македонија?

Wednesday, August 14, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, петти дел

45. Старото знаме на Сопиште

Старото знаме на општина Сопиште, кое што во едната половина е всушност реплика на знамето на Република Македонија.


Извор на сликата: Wikipedia

46. Знаме на општина Валандово

Знаме на општина Валандово, базирано на знамето на Република Македонија.


Опис на знамето: „Знамето на Општината е правоаголно и е во црвена боја. Во прикачениот дел се наоѓа златен диск, а во него има уште еден помал црвен диск со пет засеци. Од дискот дијагонално кон долниот десен агол е поставен крак од сонце. Знамето е базирано на државното знаме на Македонија.“

Извор: Wikipedia

47. Знаме на општина Чашка

Знаме на општина Чашка, на кое што е видливо модифицирано сонце од знамето на Република Македонија.



Опис: „Знамето на Општина Чашка е правоаголно во форма и е поделено на два дела во дијагонален правец од горниот десен кон долниот лев агол. Горната лента е црвена боја, додека долната е во бела боја. На целата површина од знамето се наоѓа сонце со четири краци кои се протегаат од левата кон десната страна, додека дискот е во горниот лев агол. Сонцето е преземно од знамето на Македонија.“

Извор: Wikipedia

48. Знаме на општина Бистрица

Знаме на општина бистрица, во кое што во горниот лев кантон е аплицирано македонското знаме.



Извор на сликата: Wikipedia

49. Знаме на Демир Капија



Извор на сликата: Wikipedia

50. Предлог знаме на општина Кочани

Предлог знаме на општина Кочани, на кое што е аплицирано малечко македонско знаме.


Извор на сликата: Komarec

И едно предлог знаме на општина Зрновци, од кое што за жал не зачував слика, беше модификација на државното знаме на Република Македонија. 

51. Macedonia Timeless

Композиција на која што се гледа златно сонце со дивергентни краци на црвена позадина кое наликува на она (веројатно е инспирирано) од македонското знаме.


Автор: PetarMKD, извор на сликата: Macedonia TimeLess

Слично композициско решение во врска со сонцето од знамето на Република Македонија може да се види на логото на МОДОМ - врска (извор).

Интересно е тоа што краците на сонцето не се одделени од централниот сончев диск каков што е случајот со знамето на Република Македонија. Нешто слично, како сонцето на композицијата, е предлог знамето од 1995 година - знаме на Македонија, студија.

52. Чудно знаме се вее во Охрид


Извор на фотографијата: „Чудно знаме се вее на тераса во Охрид. Знае некои чие е? Фото“, MKDnews.mk

53. Macedonia Flag - Cypress Hill



Извор:  Macedonia Flag - Cypress Hill

54. Империјално знаме на Македонија

Македонско знаме со додадено лого на Галактичката империја (Star Wars) во горниот лев кантон.

Извор: „Граѓани за Империјална Македонија “ (Darvel)

Tuesday, August 13, 2013

Питу Гули

На денешен датум во 1903 година загинува македонскиот револуционер Питу Гули.

Питу Гули бил македонски револуционер со влашко потекло, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Шамија, очила и цедалка на главата

На повеќе македонски портали, меѓу кои и Сител, беше пренесена информацијата за Чехот Лукаш Нови кој што за лична карта се фотографирал со цедалка на главата. [1]

Лукаш Нови

Според неговото образложение, тоа му било дозволено поради религиозни причини, како припадник на верата пастафаријанизам (pastafarianism).[2]

Да се запрашаме дали доколку господинот со цедалка на главата беше од Македонија, според македонскиот правилник, ќе му беше дозволено да се фотографира за лична карта со цедалка на глава.

Пред неколку години, во повеќе наврати во Македонија се расправаше за тоа дека треба, односно не треба, на жените муслиманки да им биде дозволено да се фотографираат со шамија на главата поради верски причини.[3][4] 

Одредбите по ова прашање во член 7 од ПРАВИЛНИК ЗА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЧНАТА КАРТА, ОБРАЗЕЦОТ НА ПОТВРДАТА ЗА ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЧНАТА КАРТА, ОБРАЗЕЦОТ НА ЛИЧНАТА КАРТА, ПОСТАПКАТА ЗА ИЗДАВАЊЕ ИЗАМЕНА НА ЛИЧНАТА КАРТА И ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ИЗДАДЕНИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ [5] оставаат простор за слободно интерпретирање и избор. Имено во овој член се вели:

„Подносителот на барањето, согласно ICAO стандардот, се фотографира од лице (анфас), со неутрален и јасен израз и без било каква покривка на лицето, на обична позадина во светла боја, без присуство на други лица или предмети. Доколку лицето носи очила, истите не можат да ги покриваат очите и да покажуваат одблесок на светлина. При фотографирањето, лицето не треба да носи покривка на главата (капа, шамија исл.), освен во одредени случаи, кои се однесуваат на посебни околности утврдени од страна на органот што ја издава личната карта (религиозни, медицински или културни).“

Се вели дека лицето не треба да носи покривка на главата како шамија или капа, а дека истото не важи при религиозни, медицински или културни ситуации.

Не знам колку денес на муслиманките кои што живеат во Македонија им се дозволува да се фотографираат со шамии на главите, но пред околу години дена на една телевизија, македонска муслиманка (етничка Албанка) се пофали дека за лична карта ѝ било дозволено да се фотографира со шамија на главата, а како заслужна за остварувањето на ова директно ја посочи министерката за внатрешни работи на Република Македонија.

Сепак дали мислите дека доколку господинот од Чешка беше всушност од Македонија и доколку сакаше да се фотографира за лична карта со цедалка на глава ќе му беше дозволено и нему да ги испочитува начелата на својата религија, исто како што им се дозволува на некои од муслиманките?

Наспроти погоре споделениот случај, на штипјанецот Мики Трајчевски, познат меѓу народот како Мики Ли [6],  не му било дозволено за лична карта да се фотографира со очила, поради што истиот не може да ги оствари своите граѓански права за добивање на социјална помош, стан исл.

Мики Ли

Според кажување (пред околу една година) на човек инволвиран во целиот случај со добивање на лична карта на Мики, и покрај наговарањата, тој не сакал да ги тргне очилата поради тоа што тие биле негов заштитен знак и нераскинлив дел од неговиот имиџ (односно од причини поврзани со неговата култура). Сепак се чини дека одределбите за посебни културни околности при кои што би му било дозволено да се фотографира за лична карта со очила, тогаш за Мики не важеле.

По еден друг повод, во 2009 година, Мики Ли има кажано:

„Мојот изглед е мој свет и не го менувам за ништо, макар да гладувам цел живот“ [6]

Кажал и не излажал.

За крај уште еднаш: дали доколку Чехот беше Македонец, ќе му беше дозволено во Македонија да се фотографира за лична карта со цедалка на главата?

[5] Стр. 6 - Бр. 116 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 27 септември 2007

Monday, August 12, 2013

НЛО посети на Македонија во осумдесетите години на минатиот век

16. Повторно забележани НЛО над Кумлак,
август 1980 година, штипски Кумлак [1][2]

Во 1969 година над штипски Кумлак бил виден голем НЛО, од кои што излегле седум помали НЛО. Во 1980 над ова место повторно бил забележан НЛО.

„...во август 1980 два НЛО повторно над Кумлак, Штипско“[1][2]

17. НЛО четириесет минути летало во Преспа
1983, село Стење, Преспа[1][2]

Втор и последен случај на забележан НЛО во осумдесетите години е оној над селото Стење во Преспа.

„...во 1983 летало четириесет минути вртело над селото Стење во Преспа.“[1][2]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002

Дефиромизација на сајт за размена на поштенски марки

По подолго време уште една успешна дефиромизација. Се работи за тајландската веб страница за размена на поштенски марки, Siam Stamp Exchange (www.siamstampexchange.com) на која што членови се стотици филателисти ширум светот.

Нашата татковина пред исправката на некои места беше испишана како Macedonia дополнително со акронимот од привремената референца во заграда, а на некои места со целосната привремена референца.

Од вчера, откако во рок од една седмица двапати реагирав, името на нашата татковина насекаде е испишано како Macedonia.

За исправката ме известија самите сопственици на оваа веб страница:

„Thank you for your suggestion.
Now your request has been cerrected.“

Еве принтскринови за потврда (и Cashed врски кои што ќе функционираат во наредните неколку дни или можеби седмици).

Претходно (Macedonia дополнително со акронимот од привремената референца во заграда) - Cashed:


Сега (само Macedonia, гласно и јасно) - врска:


Претходно (со целосната привремена референца) - Cashed:



Сега (само Macedonia, гласно и јасно) - врска:


Упатувам апел до сите македонски филателисти кои што сакаат да разменуваат поштенски марки преку пошта, да се зачленат на оваа веб страница.

Saturday, August 10, 2013

Антиквизатори 20

Антиквизатори #020, Стара Југославија, нова Македонија


Автор на стрипот Александар Стеванов; фонт Damn Noisy Kids; адаптирање на фонтот на кирилица Стефан К.

Thursday, August 08, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, четврти дел

34. Македонија - Португалија

Комбинирано знаме на Македонија и Португалија.

Автор на сликата: fexilamos; извор: Macedonia_Portugal

35. Стоп на полициската бруталност

Симболот на иницијативата против полициската бруталност аплициран врз знамето на Република Македонија.


Извор на сликата: Статистика за полициска бруталност

36. МВР

Модифицирано лого на МВР поставено врз актуелното знаме на Република Македонија


Се чини дека и противниците на полициската бруталност, а според ова и самата полиција се идентификува со знамето на Република Македонија. Извор на сликата - Денешен.

37. Насликано знаме

Насликано знаме на Република Македонија.


Извор на слиакта: Viva Macedonia; Автор: starbuxx

Дополнително - детски цртежи на знамето на Република Македонија:

38. Модифицирано знаме со тупаница

Модификација на знамето на Република Македонија со тупаница.


Извор на сликата: Dev ID Contest Voting

39. Знаме на Долни Дримкол

Знамето на Здружението за развој и афирмација на Долни Дримкол, Долни Дримкол - Луково, претставува модифицирано македонско знаме.


Опис на знамето:

„Знамето на Здружението за развој и афирмација на Долни Дримкол ДОЛНИ ДРИМКОЛ-ЛУКОВО с.Луково Струга во основа асоцира на Македонија и македонско знаме додадени се четири сончеви зраци во форма на буквата Х кои од надворешните агли каде крстот се спојува со правоаголникот радиално се шират према аглите и горните и долни рабови(гледано од хоризонтална поставеност) од црвената основа на знамето исто како што се поставени на државното знаме на Република Македонија. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на синиот цвет се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето.

Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два и истото е симетрично и може да биде хоризонтално или вертикално поставено, со или без грбот на ЗРАДД. Синиот цвет и шарите се земени од невестинската носија во Долни Дримкол.“

Извор на сликата и цитатот: ЗРАДД ДОЛНИ ДРИМКОЛ-ЛУКОВО Струга

40. Вегета

Македонското знаме изработено од кромид, моркови и домати на реклама-плакат на Вегета.


Извор на сликата:  Комерцијална злоупотреба на знамето?

Нешто слично може да се види и на фотографијата долу, на која што има македонско знаме направено од парчиња диња и лубеница:


Види и:

41.Борбен шопинг

Комбинација на знамето на Република Македонија и она на нашиот јужен сосед.



Извор: ОКНО

Слична комбинација, но со претходното македонско знаме, може да се види овде (извор)

42. Made in Macedonia

Модификација на македонското знаме, на кое што наместо централниот сончев диск, е аплицирано логото на кампањата „За наше добро, made in Macedonia“.


Извор: Ерепублик

43. Знаме на пита

Македонското знаме на пита



За овој специјалитет поставен на сајтот Coolinarka, еден читател искоментирал:

„stvarno izlgeda kako makedonsko zname :)“

Извор: Coolinarka

Сепак се работи за случајност, исто како што овој цвет случајно наликува на македонското знаме - врска.

44. Камено знаме

Македонското знаме изрезбано на камена плочка

Всушност вистината е малку поинаква. Според одредени личности актуелното македонско знаме, меѓу другото, е инспирирано и од оваа камена плочка стара неколку милениуми.

Извор: Macedonian Documents

Ви ја окупираа земјата...

Извор на текстот: Македонци FB група:

„Ви ја окупираа земјата, ви ги утепаа родителите, ви ги урнаа домовите, вас ве избркаа од огништата, тие куќи што не ги урнаа ги дадоа на доселените Грци од Мала Азија.

Ги преименуваа реките, долините, планините, селата градовите. Ги преименуваа и по име и презиме тие наши што останаа. Ги асимилираа и до ден денешен не смеат да се пишат под вистинско име и презиме камоли да се декларираат според националната припадност.

А вие што направивте? Преговарате со нив за името на народот и нацијата, и во знак на протест си го сончате газот на плажите од каде залет фаќаа бомбардерите кои со напалм ги гореа коските на вашиот народ.“

По повод:  

Марија Митевска „За Македонците, Грција е најповолна за одмор“, Радио Слободна Европа, 01.08.2013:

„Н
ајголем дел од македонските граѓани избираат да го поминат летниот одмор во Грција ...Според податоците на грчката туристичка комора Македонците се трети по бројност туристи во земјата, по граѓаните на Германија и Кипар, а во земјата лани потрошиле 550 милиони евра.“

Wednesday, August 07, 2013

Блогот Македонска Ризница со нов дизајн

Официјалниот блог на електронското списание Македонска Ризница, од денес има нов, помодерен дизајн.


Блогот претходно:


Блогот сега:


Редизајн: А.С. (врз база на Blogger template Minima)