Showing posts with label Знаме. Show all posts
Showing posts with label Знаме. Show all posts

Monday, July 28, 2014

Варијација на знамето на Република Македонија

Варијација на знамето на Република Македонија, изработена од Небојша Гелевски.


За останатите варијации на знамето на Република Македонија, изработени од овој дизајнер, кликнете овде.

Friday, February 21, 2014

Македонското знаме и на Арктикот

Благодарение на Гринпис, ете го нашето Македонско знаме и на Арктикот.

Акцијата на Гринпис го носи насловот:

Сите сме едно
Спасете го Арктикот
Спасете ја Планетата Земја
Таа е нашиот заеднички дом


Повеќе:

Извор: Македонци

Saturday, September 14, 2013

Германско-македонско знаме

Модификација на знамето на Република Македонија, во знак на почит кон потегот на навивачката група на германскиот фудбалски клуб Шалке[1]:


Извор на сликата: FB

[1] „Германски навивачи се тепаа со полицијата во одбрана на македонското знаме! (ФОТО+ВИДЕО)“, MKD.mk, 22 август 2013: „Навивачката група на германскиот фудбалски тим Шалке, популарните „Уге“, имаа жестока битка со полицијата на синоќешниот натпревар против грчки ПАОК во рамки на плејофот од Лигата на шампионите откако застанаа во одбрана на македонското знаме, кое од нивна страна беше поставено на трибините на стадионот во Гелзенкирхен. Станува збор за навивачи кои се збратимени со вардаровите следбеници поради што на вчерашниот меч против грчкиот тим било истакнато знаме „Комити Дозелдорф“ на кое било и сонцето од Кутлеш. Претставниците на ПАОК реагирале кај организаторот поради што во 75. минута дошло до вистинска војна на трибините по која 50 навивачи завршиле во болница, а повеќе од 500 биле повредени. Управата на Шалке веднаш по инцидентот издаде соопштение во кое ја осудува постапката на полицијата и објаснува дека таа тргнала да го одземе македонското знаме по реакција на грчките навивачи и делегатот на средбата, според кого тоа било надвор од дозволениот кодекс на однесување. Исто така, обидот да се тргне сонцето од Кутлеш бил и поради заканата на навивачите на ПАОК дека ќе тргнат сами да го сторат тоа што би предизвикало огромен инциент и прекин на средбата. Полицијата прво усно побарала отстранување на знамето „Комити Дизелдорф“, а кога тоа не било сторено се случила големата тепачка.“

За да видите и други модификации на знамето на Република Македонија, кликнете на врските:

Модификации на знамето на Република Македонија, петти дел

- See more at: http://i-macedonian.blogspot.com/search/label/Flags#sthash.ZIYqDnSO.dpuf

Модификации на знамето на Република Македонија, петти дел

- See more at: http://i-macedonian.blogspot.com/search/label/Flags#sthash.ZIYqDnSO.dpuf

Friday, August 23, 2013

Алтернативно знаме на Социјалистичка Република Македонија

Бразилскиот дизајнер Leoninia, има креирано алтернативни знамиња на сите Социјалистичките Републики и автономни провинции на веќе одамна распаднатата СФР Југославија, меѓу кои и на тогашна СР Македонија.

 Federal Socialist Republic of Yugoslavia, SoaringAven (Kryštof Huk)
Federal Socialist Republic Of Yugoslavia, Leoninia

Интересно е што како симбол на знамето на Социјалистичка Република Македонија, дизајнерот избрал да го постави шеснаесеткракото златно македонско сонце (т.н. сонце од Кутлеш/Вергина), со кое што Македонците се идентификуваат.


Yugoslavian regional flags, Leoninia

Wednesday, August 14, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, петти дел

45. Старото знаме на Сопиште

Старото знаме на општина Сопиште, кое што во едната половина е всушност реплика на знамето на Република Македонија.


Извор на сликата: Wikipedia

46. Знаме на општина Валандово

Знаме на општина Валандово, базирано на знамето на Република Македонија.


Опис на знамето: „Знамето на Општината е правоаголно и е во црвена боја. Во прикачениот дел се наоѓа златен диск, а во него има уште еден помал црвен диск со пет засеци. Од дискот дијагонално кон долниот десен агол е поставен крак од сонце. Знамето е базирано на државното знаме на Македонија.“

Извор: Wikipedia

47. Знаме на општина Чашка

Знаме на општина Чашка, на кое што е видливо модифицирано сонце од знамето на Република Македонија.



Опис: „Знамето на Општина Чашка е правоаголно во форма и е поделено на два дела во дијагонален правец од горниот десен кон долниот лев агол. Горната лента е црвена боја, додека долната е во бела боја. На целата површина од знамето се наоѓа сонце со четири краци кои се протегаат од левата кон десната страна, додека дискот е во горниот лев агол. Сонцето е преземно од знамето на Македонија.“

Извор: Wikipedia

48. Знаме на општина Бистрица

Знаме на општина бистрица, во кое што во горниот лев кантон е аплицирано македонското знаме.



Извор на сликата: Wikipedia

49. Знаме на Демир Капија



Извор на сликата: Wikipedia

50. Предлог знаме на општина Кочани

Предлог знаме на општина Кочани, на кое што е аплицирано малечко македонско знаме.


Извор на сликата: Komarec

И едно предлог знаме на општина Зрновци, од кое што за жал не зачував слика, беше модификација на државното знаме на Република Македонија. 

51. Macedonia Timeless

Композиција на која што се гледа златно сонце со дивергентни краци на црвена позадина кое наликува на она (веројатно е инспирирано) од македонското знаме.


Автор: PetarMKD, извор на сликата: Macedonia TimeLess

Слично композициско решение во врска со сонцето од знамето на Република Македонија може да се види на логото на МОДОМ - врска (извор).

Интересно е тоа што краците на сонцето не се одделени од централниот сончев диск каков што е случајот со знамето на Република Македонија. Нешто слично, како сонцето на композицијата, е предлог знамето од 1995 година - знаме на Македонија, студија.

52. Чудно знаме се вее во Охрид


Извор на фотографијата: „Чудно знаме се вее на тераса во Охрид. Знае некои чие е? Фото“, MKDnews.mk

53. Macedonia Flag - Cypress Hill



Извор:  Macedonia Flag - Cypress Hill

54. Империјално знаме на Македонија

Македонско знаме со додадено лого на Галактичката империја (Star Wars) во горниот лев кантон.

Извор: „Граѓани за Империјална Македонија “ (Darvel)

Thursday, August 08, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, четврти дел

34. Македонија - Португалија

Комбинирано знаме на Македонија и Португалија.

Автор на сликата: fexilamos; извор: Macedonia_Portugal

35. Стоп на полициската бруталност

Симболот на иницијативата против полициската бруталност аплициран врз знамето на Република Македонија.


Извор на сликата: Статистика за полициска бруталност

36. МВР

Модифицирано лого на МВР поставено врз актуелното знаме на Република Македонија


Се чини дека и противниците на полициската бруталност, а според ова и самата полиција се идентификува со знамето на Република Македонија. Извор на сликата - Денешен.

37. Насликано знаме

Насликано знаме на Република Македонија.


Извор на слиакта: Viva Macedonia; Автор: starbuxx

Дополнително - детски цртежи на знамето на Република Македонија:

38. Модифицирано знаме со тупаница

Модификација на знамето на Република Македонија со тупаница.


Извор на сликата: Dev ID Contest Voting

39. Знаме на Долни Дримкол

Знамето на Здружението за развој и афирмација на Долни Дримкол, Долни Дримкол - Луково, претставува модифицирано македонско знаме.


Опис на знамето:

„Знамето на Здружението за развој и афирмација на Долни Дримкол ДОЛНИ ДРИМКОЛ-ЛУКОВО с.Луково Струга во основа асоцира на Македонија и македонско знаме додадени се четири сончеви зраци во форма на буквата Х кои од надворешните агли каде крстот се спојува со правоаголникот радиално се шират према аглите и горните и долни рабови(гледано од хоризонтална поставеност) од црвената основа на знамето исто како што се поставени на државното знаме на Република Македонија. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на синиот цвет се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето.

Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два и истото е симетрично и може да биде хоризонтално или вертикално поставено, со или без грбот на ЗРАДД. Синиот цвет и шарите се земени од невестинската носија во Долни Дримкол.“

Извор на сликата и цитатот: ЗРАДД ДОЛНИ ДРИМКОЛ-ЛУКОВО Струга

40. Вегета

Македонското знаме изработено од кромид, моркови и домати на реклама-плакат на Вегета.


Извор на сликата:  Комерцијална злоупотреба на знамето?

Нешто слично може да се види и на фотографијата долу, на која што има македонско знаме направено од парчиња диња и лубеница:


Види и:

41.Борбен шопинг

Комбинација на знамето на Република Македонија и она на нашиот јужен сосед.



Извор: ОКНО

Слична комбинација, но со претходното македонско знаме, може да се види овде (извор)

42. Made in Macedonia

Модификација на македонското знаме, на кое што наместо централниот сончев диск, е аплицирано логото на кампањата „За наше добро, made in Macedonia“.


Извор: Ерепублик

43. Знаме на пита

Македонското знаме на пита



За овој специјалитет поставен на сајтот Coolinarka, еден читател искоментирал:

„stvarno izlgeda kako makedonsko zname :)“

Извор: Coolinarka

Сепак се работи за случајност, исто како што овој цвет случајно наликува на македонското знаме - врска.

44. Камено знаме

Македонското знаме изрезбано на камена плочка

Всушност вистината е малку поинаква. Според одредени личности актуелното македонско знаме, меѓу другото, е инспирирано и од оваа камена плочка стара неколку милениуми.

Извор: Macedonian Documents

Thursday, July 25, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, трет дел

23. Да живее Македонија! Да живее К'тулу!



Извор на сликата - К`тулу FB страна
 
24. Провокација од Бугарија

Комбинација на македонското знаме и она на Република Бугарија, на плакат нарачан од бугарското ВМРО. Извор на сликата: Бугарските политичари со закани за македонските граѓани ако влезат кај нив, Вечер.

За разлика од претходните модификации кои што не се направен со никаква лоша намера и умисла, оваа модификација на македонското знаме е со цел на пропаганден начин лажливо да се прикаже наводниот бугарски карактер на Република Македонија.

25. Провокација од Србија


Слично како и претходниот пример, со оваа модификација, поставена од српски расисти, се цели на лажлив начин да се прикаже наводниот српски карактер на Република Македонија. Извор: Stormfront.

26. Албанскиот орел врз македонското знаме.



Можеби на прв поглед изгледа дека модификацијава на македонското знаме е дело на одредени Албанци, но вистината е дека е направена од Србин, веројатно поради признавањето на Косово од македонска страна. Извор на сликата:  Future Flag oF Friendship 2, автор: VittorioMatteo.

Слично само малку поапстрактно модифицирано знаме:


Извор на сликата.

27. Македонско знаме - македонско-бугарска федерација


Ова е фиктивно знаме на Македонија од измислената од авторот на знамето бугарско-македонска федерација. Знамето е речиси исто како и актуелното со главна разлика дека позадината, во долната половина е црна наместо црвена. Со ова позадината е како онаа на знамето на ВМРО по 1920 година. Извор на сликата: Federation of Bulgaria and Macedonia, автор: VittorioMatteo.

Истиот автор има направено и комбинација од македонското и бугарското знаме - види врска.

Слики на фикциони знамиња на т.н. Голема Бугарија, која што во своја територија би ја вклучувала и Македонија има на следните две врски: Greater Bulgaria Flag, Greater Bulgaria Flag 2.

28. Грцизирано македонско знаме


Извор: Greek periphery of Nothern Macedonia.

29. Made by the Greeks


Модификацијата на македонското знаме со аплицирање на кукаст крст е со злобната цел да се навреди и омаловажи Република Македонија и да се покажат мускули. Извор на сликата .

Интересно е тоа што за разлика од авторот на оваа модификација кој што се гордее со ветото кое што неговата земја го ставила за прием на нашата земја во НАТО, грчкиот политички, за време на тужбата во Хаг, врв одлучно се огради од таквото вето.

Македонското знаме беше погрдено со кукаст крст дури и во весникот Елефтерос типос. Види: Македонското знаме со кукаст крст, Буш со мустаките на Хитлер.

Уште едно модифицирано од грчка страна македонско знаме, со вметнати кукасти крстови може да се види на оваа слика. Извор на сликата.

За сликата да биде целосна, би требало да се спомне дека и од македонска страна имаше модифицирање на знамето на нашиот јужен сосед преку вметнување на кукаст крст. Види: Не ме брани, жити се!, NATO’s double disgrace, Greek fury over swastika poster, Грција испрати протестна нота за навредливите билборди, Грција упати демарш, а Владата се огради од свастиката на билбордот на уметникот. Сепак и самите Грци имаат направено модификација на своето знаме со додавање на кукаст крст - врска.

30. Знамиња - Окно (1 дел)

Македонско знаме со аплициран кукаст крст  (Нацидонија) е објавено и на порталот Окно, во статијата „За глумењето „нормалност“ или Потоп од лаги во библиската земја“:

Во истата статија се објавени и неколку други модифицирани македонски знамиња, меѓу кои и едно со комунистичка петокрака со аплициран срп и чекан:
31. Знаме - McDonia


Човекот кој што на Flickr ја споделил сликата на ова модифицирано (од страна на одредени Грци) македонско знаме, пишува:

„...the macedonian flags is shown by the greek as "McDonia" insisting about USA pressions in the area.“

Извор на сликата: "macdonia" vs greece.

32. Микс


И оваа модификација на знаме е со пропагандна намера. Извор на сликата.

33. Знамиња - Окно (2 дел)


Модифицирано македонско знаме со аплицирање грчки текст долж сончевите зраци. Извор на сликата: Право, политика и историја во меѓународните односи: Македонија и Грција (1), Окно


Модифицирано македонско знаме со аплицирање на црвен лав од логото на партијата ВМРО-ДПМНЕ во централниот сончев диск. Извор на сликата: Право, политика и историја во меѓународните односи: Македонија и Грција (2), Окно

Thursday, July 18, 2013

Модификации на знамето на Република Македонија, втор дел

12. Македонското знаме со македонскиот грб


Извор на сликата: Flag of Macedoniа, автор: arvernus.

13. Модификции на знамето на Р. Македонија со промена на боите


Извор на сликата: Alternative Macedonia Flag 14, автор: utexas. Авторот има изработено 16 модификации на македонското знаме (како и на знамиња на други земји), а на прашањето зошто ги прави вели:

„Why not? Macedonia has one of the coolest flag designs in the world.“

Другите верзии: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16.

14. Македонското знаме со смајли


Извор на сликата: Ivan-bliznak submission, автор: ivan-bliznak

15. Апстрактно македонско знаме


Актуелното македонско знаме во апстрактна верзија. Извор на сликата: Macedonia... It's comming..., автор:  serpentus-aeternitas.

Далеку поапстрактни претстави на македонското знаме од авторот HollywoodMars, можете да видите на следниве две врски: Flag Macedonia, Macedonia flag.

16. Македонското знаме со симболот на мирот

Верзија 1


Верзија 2


Верзија 3

Извор на сликите:

17.Модифицирано македонско знаме како лого на компанија


Извор на сликата: www.macedonia-consulting.com.

Модифицирано македонско знаме како лого на компанија може да се види и овде (извор).

18. Ракометно знаме.

Македонското знаме аплицирано на ракоменти топки.


Извор: Ракометна Репрезентација на Македонија

19.  Знаме на Демократската партија на Македонците (Србија)

Комбинирано знаме, аплицирано помало македонско знаме врз знамето на Р. Србија.


За повеќе - Знаме на Демократската партија на Македонците

20.Знаме на MaCroatia
Комбинација на знамето на Македонија и она на Хрватска


Извор на сликата: Macroatia, makedonsko - hrvatsko prijateljstvo

Комбинации на македонското и храватското знаме (грб/шаховница) има многу. Дел од нив се „Фудбалска екипа на Хрватите во Македонија“, „Здружение на Хрватите - Славонија, Скопје“, „Заедницата на Македонците во Хрватска“ идр.

21. Знаме Динамо Мак

Модифицирано македонско знаме со логото на фудбалскиот клуб Динамо Загреб наместо централен сончев диск.


Извор на сликата: Славонија FB страна; уште една модификација: Славонија FB страна

22. Старо-ново знаме

Комбинација помеѓу актуелното и старото знаме на Р. Македонија од банер за прослава на Илинден.


Извор: Илинден (Википедија)

Слична комбинација помеѓу претходното и актуелното македонско знаме може да се види и овде:


Како и овде: