Showing posts with label Активизам. Show all posts
Showing posts with label Активизам. Show all posts

Wednesday, February 20, 2019

Нашето име е Македонија

Никој нема право да го менува нашето име и идентитет!



Нашето име е Македонија.

Saturday, June 23, 2018

Голем сенароден протест против промената на името Македонија



Доста молчевме. Стоп на промената на нашето име, нашата историја, нашиот идентитет. Сабота, 23-ти, 20 часот, СИТЕ НА ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕ.

Friday, January 26, 2018

Промената на името ќе донесе покорни луѓе и земја без иднина

И Левица против промена на името:

 
Бајката што ја продаваат македонските власти дека промената на името не го доприра идентитетот е мотивирана од нивната сервилна и краткогледа политика... Самото барање за промена на името од страна на грчката страна е најгруба повреда на основните демократски права на македонскиот народ...“

Tuesday, January 09, 2018

Отворено писмо од ФРОДЕМ до Владата и Претседателот на Република Македонија

Почитуван Претседателе на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, почитуван Претседател на Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев, почитувани министри во Владата на Република Македонија. Соочени со сѐ поголемиот притисок за промена на нашето уставно име, како и непринципиелните и навредливи ставови и предлози кои доаѓаат од претставници на парламентарните политички партии во Република Грција, јавно се обраќаме до Вас со замолница да ја поднесете подготвената Нацт-резолуција од наша страна, до Генералното Собрание на ОН. Повеќе од сигурни сме дека наведените аргументи и факти се на наша страна и дека членките на Генералното Собрание на ОН ќе ја донесат вистинската одлука во интерес на правдата и вистината.

Нацрт-резолуцијата:


Генерално собрание,
Имајќи предвид дека „Поранешната Југословенска Република Македонија”, која е примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес е признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со нашето уставно име и дека преговорите со Република Грција во врска со името на држава не дадоа никаков резултат,
Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на ОН,
Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,
Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,
Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,
За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,
Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Friday, January 09, 2015

Го сакам Градскиот трговски центар

Поддршка на иницијативата „Го сакам ГТЦ“


Автор на илустрацијата: Никола Кунгуловски

Monday, December 29, 2014

Го сакам ГТЦ

Подршка за граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“, за зачувување на автентичниот лик на еден модерните архитектонски објекти, обележје на главниот град на Република Македонија.

Tuesday, December 09, 2014

Saturday, November 29, 2014

Tuesday, September 17, 2013

Петиција во врска со заловувањето на кучињата во Аеродром

Започната е петиција за запирање на заловувањето на кучиња во општина Аеродром, од здружението Анима Мунди. Доколку ја поддржувате ваквата иницијатива можете да се потпишете овде.


„Бараме ИТНО да се запре масовното заловување на бездомните кучиња на територијата на општина Аеродром. Заловувањето на овие кучиња е прекршување на стратегијата на градот Скопје за справување со популацијата на бездомни кучиња „ЗАЛОВИ - СТЕРИЛИЗИРАЈ - ВРАТИ“. Секое од тие кучиња е веќе еднаш заловено, вакцинирано, стерилизирано/кастрирано и видно одбележано со маркица. Овие бездомни кучиња се маалски миленици и за секое од нив се грижат граѓани од населбите во општината Аеродром.“

Monday, August 12, 2013

Дефиромизација на сајт за размена на поштенски марки

По подолго време уште една успешна дефиромизација. Се работи за тајландската веб страница за размена на поштенски марки, Siam Stamp Exchange (www.siamstampexchange.com) на која што членови се стотици филателисти ширум светот.

Нашата татковина пред исправката на некои места беше испишана како Macedonia дополнително со акронимот од привремената референца во заграда, а на некои места со целосната привремена референца.

Од вчера, откако во рок од една седмица двапати реагирав, името на нашата татковина насекаде е испишано како Macedonia.

За исправката ме известија самите сопственици на оваа веб страница:

„Thank you for your suggestion.
Now your request has been cerrected.“

Еве принтскринови за потврда (и Cashed врски кои што ќе функционираат во наредните неколку дни или можеби седмици).

Претходно (Macedonia дополнително со акронимот од привремената референца во заграда) - Cashed:


Сега (само Macedonia, гласно и јасно) - врска:


Претходно (со целосната привремена референца) - Cashed:



Сега (само Macedonia, гласно и јасно) - врска:


Упатувам апел до сите македонски филателисти кои што сакаат да разменуваат поштенски марки преку пошта, да се зачленат на оваа веб страница.

Friday, June 07, 2013

Забрана на еутаназијата на бездомните животни

Авторот на овој блог ја поддржува иницијативата на Анима Мунди, за забрана на еутаназијата на бездомните животни.

„Инсистираме на Законска забрана на еутаназија врз здрави и неагресивни бездомни животни, а не Предлог законската промена на Агенција за храна и ветеринарство со која, по 30 дена чување, секое бездомно животно ќе може да биде убиено! Анима Мунди има доставено бројни барања, Амандмани и коментари врз тој предлог закон.“ - Анима Мунди


„Во моментов се донесува нов Закон за заштита и благосостојба на животните, а ние се обидуваме да влијаеме во процесот колку што можеме. Поднесовме бројни Амандмани, коментари, барања.. Бараме пред се 1) забрана за еутаназија на бездомните животни (зошто над 70% од животните во Македонија се убиваат)...“ - Анима Мунди

Saturday, June 01, 2013

Македонски манифест - собирање потписи

Во недела (2 јуни, 2013) во 13 часот, пред Порта Македонија ќе бидат собирани потписи за прекин на преговорите за промена на името на Република Македонија, како дел од иницијативата иницирана од Македонскиот Манифест и група интелектуалци. 

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ

Ви се обраќаме свесни дека се ближи конечното обезличување на македонскиот народ и негово разнебитување преку прекрстување на Македонија. Притисокот за промена на Името може да се квалификува како најнов вид геноцид (по физичкиот, јазичкиот и религискиот) што е модерна измислица на САД и на ЕУ, базирана на нелегалните барања на Грција. На повидок е нов, софистициран вид холокауст врз Македонците. Името е архетип на душата на еден народ, извор на неговиот севкупен идентитет. Изместувањето на само една буква, или лепење на придавка претставува негова деструкција, изместување на народот од неговото историско, цивилизациско, антрополошко и културно лежиште. Во жестоките обиди да се откажеме од сопствениот идентитет, нè уверуваат дека во спротивно ќе ја загубиме државата, не знаејќи колку столетија не сме имале држава, но сме имале идентитет, сме стоеле исконски во Името и во неговите духовни и историски вредности.

Македонија и Македонците несебично му дадоа на светот голем број цивилизациски дарови и сега истата таа Македонија под притисок бараат да се самоукине.

Нашата грижа и немир се реални бидејќи решение за наметнатиот спор – не е можен, со оглед дека целта е бришење на Македонците како посебен народ. Географската определница пред Името Македонија, за севкупна употреба, на што инсистира Грција, значи неизбежно губење на македонскиот идентитет, култура, традиција и јазик.

Оваа 2013 година е црн јубилеј, стогодишнина од парчосувањето на Македонија меѓу Грција, Бугарија и Србија со амин на големите европски сили, истите тие, кои денес притискаат да се смени Името за да се прекрстат Македонците.

Поради безобразниот ултиматум, поставен како услов за членство во ООН, Македонија е принудена да разговара за своето Име, што е бесмислено. Потоа, за да опстане државата, чија граница беше нелегално блокирана скоро две години, од страна на Грција, беше потпишана привремена спогодба. И во двата случаи, беа направени огромни и незамисливи идентитетски отстапки: промена на знаме и устав, отстапи кои ништо не донесоа освен барања за нови.

Бидејќи поминаа веќе 20 години а медијацијата во Њујорк се покажа како нефункционална, време е да се покрене иницијатива за нејзино прекинување и да се побара враќање на уставното Име на државата во ООН, што и беше нелегално оспорено во 1993 година.

Легитимни се и неоспорни аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Меѓутоа, тоа во никој случај не смее да се реализира со виткање на ‘рбетот и губење на достоинството. Нема цена која може да го натера народот да потклекне и да се самоукине. Македонците се исклучиво трпелив и толерантен народ ама сè има свои граници.

Како резултат на екстремните мегаломански идеи, македонскиот народ е оспоруван од соседите. Токму поради тоа, Македонија не смее да прифати промена на сопственото вековно Име без разлика на сите притисоци и закани бидејќи тоа ќе го доведе во прашање мирот и во земјата, и во целиот регион.

Од друга страна, Бадентеровата комисија, Резолуцијата на ООН, Привремената спогодба и одлуката на судот за човекови права во Хаг се акти кои не дозволуваат никакви идентитетски деструкции какви што се заговараат.

Како знак на кооперативност, македонските власти изразија спремност да се оди на референдум, како највисок степен на демократско решавање на проблемите. Меѓутоа, со оглед дека е во прашање идентитетот на вековен народ оваа генерација нема право сама да одлучува ниту во име на своите дедовци и прадедовци, ниту во име на идните генерации. Никој не може да се осмели да копа по гробовите на познатите и непознатите херои кои ги положиле животите за оваа земја. И не само затоа!

На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година, 95,26% од граѓаните гласаа за независна држава, која се вика –Република Македонија.

Одењето на референдум во овој случај нема да биде израз на слободна волја, затоа што ќе мора да гласаме за Име кое и Грција го прифатила (инаку која е логиката да гласаме за нешто што Грција одбила), а веќе знаеме, кои се црвените линии на Атина, промена на Име со географска определница (додавка пред Името) за севкупна употреба што е пропаст за нашето постоење.

Вакво клучно и судбинско прашање не се става на референдум. Тоа е несериозно. Името не ни е добиено на референдум за да се решава на референдум.

Треба да ви биде позната симболиката од минатото. И Исус Христос беше ставен на референдум. Народот доби можност да избира кој да биде погубен, убиецот Варава или Месијата и тој, народот, под притисок на фарисеите (денес тоа би биле политичарите) го избра Варава да биде слободниот, а Исус го однесоа да го распнат на Голгота. Народот одлучи, Понтиј Пилат си ги изми рацете. Голема е веројатноста такво нешто да се случи и со референдумот за нашето Име. Никој, и по никаква цена, не смее да ја преземе улогата на Понтиј Пилат.

Очекуваме дека ќе проработи свеста и совеста на сите искрени и добронамерни за да го кренеме својот глас против неправдите со кои се соочува македонскиот народ, кој се бори за своето универзално право на самоидентификација. Не треба да се заборава дека утре, на негово место може да биде било кој друг. Толерирањето на злоупотребите нè прави сите соучесници.

Да им кажеме решително НЕ на сите политички манипулации.

Први во светот го носевме и го носиме Името Македонија и никој нема право да ни го оспори или одземе.

Сите заинтресирани својот потпис за поддршка на иницијативата ќе можат да го дадат на лице место, а оние кои што не се во можност да дојдат пред Порта Македонија, а сакаат да се потпишат на манифестот, тоа можат да го направат по електронски пат, односно, да напишете ваши податоци: - име и презиме, да го скенирате својот потпис, и заедно со Македонскиот манифест да го испратите на меил адресата: makedonskimanifest@gmail.com.

Дополнително:

Thursday, February 28, 2013

Утре на протест

Потсетување дека утре во 16:00 часот, пред Владата на Р.М. ќе се одржи протест против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Од FB страната Македонци за настанот потенцираат:

„Протестот е пријавен во полиција, секој кој сака да прави глупости да си знае дека ги прави во негово лично име, не во наше. Ова ќе биде мирен протест со едноставна порака.


Едната отпечатена на церадно платно долго 6 метри и широко нешто повеќе од пола метро. На црна основа со бели букви запишано:

НИЕ НЕ ГИ ЗАБОРАВАМЕ

Втората порака можете и сами да ја видите. 1.5 метро на 1.5 метро церадно платно со имињата на сите погинати бранители на безбедносните служби од 2001 со прашање до институциите на системот:

ЗОШТО ЗАГИНАА ?

Ова се двата главни транспаренти на утрешниот протест, истите ќе бидат поставени на оградата пред Влада на РМ. Пред нив ќе имате стотина свеќи и кој сака ќе може да запали за да им оддаде почит на оние кои си го жртвуваа животот за вас и својата земја.“

Monday, February 25, 2013

Протест против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана - флаери

Флаери за протестот закажан за петок 1 март 2013 година во 16:00 часот пред објектот на Владата на Република Македонија: 






Доколку сакате да помогнете во распространувањето на иницијативата, преку печатење на овие флаери и нивно делење, обратете се до FB страната Македонци каде што ќе ви бидат пратени инструкции и црно-бели шаблони (бела позадина, црни букви) во голема резолуција.

Придружи се и ти!

Sunday, February 24, 2013

Протест за Морал, Разум, и Свест

FB страната Македонци, преку креиран event, најавува протест против назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, кој што треба да се оддржи на први март во 16:00 часот, пред објектот на Владата на Република Македонија. Ви пренесуваме дел од текстот за протестот насловен како „Протест за Морал, Разум, и Свест

Ние не сме Партија, ниту сме биле, ниту некогаш планираме да бидеме. Ние сме оние обичните граѓани на оваа држава, од кои на секои избори ја барате довербата за да ја легитимирате демократијата. Но почитувани нема демократија таму каде што се гази и гуши моралот, разумот, и свеста.

Почитуван Премиер на Република Македонија, господине Никола Груевски во 2006 година вие дадовте збор дека нема да ја следите погубната политика на вашите претходници, дека нема да ги продавате интересите на својот народ, напротив ветивте дека од петни жили истите ќе ги браните. На тој основ на неколку изборни циклуси по ред вие ја побаравте подршката од тој народ и истата ја добивте.

Со поставувањето на поранешниот командант на 116 бригада на УЧК, пратеникот Талат Џафери, за Министер за Одбрана на Вооружените Сили на Армијата на Република Македонија вие најбезобразно го погазивте тој ваш збор. Ја изневеривте довербата на вашиот сопствен народ и во функција да одлучува за неговата одбрана сигурност и безбедност поставивте човек кој покажал и докажал дека е подготвен и македонска крв да разлее за да ги оствари своите планови.

Да не се лажеме, ве замолувам не се правдајте со безумни памфлети, апсолутно никаде Рамковниот Договор не ве обврзува да ставате еден терорист од УЧК за надреден на целата наша безбедност.

Почитуван премиер, крвта на македонските бранители, раните, лузните, и емоциите на македонскиот народ од конфликтот во 2001 се сеуште свежи. Доволна е болката од Слупчане кога со армиски униформи се поклонија на гробовите на убијците на нашите браќа, доволен е расколот во армијата по етничка линија за тој да се продлабочува уште повеќе. АРМ повеќе не смее да салутира и капитулира пред оние кои ги убиваа, палеа, и масакрираа. УЧК не смее да биде надреден орган на АРМ. Не смеете да дозволите личните ситно партиски интереси и матерјален бенефит да бидат бедемот и темелот на кој ќе се гради оваа нација. Во спротивно таа е осудена да пропадне.

Без да напаѓаме никого, без никого да етикетираме затоа што силно верувам дека и кај вас луѓето во таа владина зграда има разбирање за нашиот револт. Делби не сакаме, потребно ни е обединување.

Господине Премиер не бараме ние ваша оставка, вие сте таму легитимно поставени од народот. Бараме само да не бидете исти како и вашите претходници и да ги чуете нашите повици за да ја исправите оваа грешка за која и самите сте свесни, дека е неморална, неразумна, бездушна, и грозна.

ПОГРЕШИВТЕ, НЕ НАВРЕДИВТЕ, НЕ ИЗИГРАВТЕ, Човечки е да ја признаете грешката и истата да ја исправите. Тоа ќе биде заедничка победа на сите Македонци не на поединци. Во спротивно губитници ќе бидеме сите а потсмевот кон нашата армија и држава ќе стане се посилен.

Од таа причина ве повикуваме сите вас обични граѓани било ВМРОВЦИ било СДСОВЦИ, и Бранители од Бедем, и Бранители од Достоинство, и Комити, и Чкембари, Фамилија Аеродром, Сити Парк Бојс, Војводи, Лозари, Винари, Кумани, сите навивачки групи заедно со цел народ, обединете се еднаш засекогаш. Доколку молчите, сите животи на нашите бранители од 2001 се залудно дадени. Тоа не го заслужуваат ниту нивните души, ниту нивните фамилии, ниту нивните деца. Како просјаци ве молиме, Разбудете се и Приклучете ни се

Tuesday, February 19, 2013

Да запре убивањето на бездомните кучиња во стационарот Вардариште!

Би сакал да дадам поддршка на апелот на здружението за заштита на животните Anima Mundi, упатен до градоначалникот на град Скопје, за запирење на убивањето на бездомните кучиња во стационарот Вардариште.

„Ве контактираме повторно поради континуирани нерегуларности во работата на стационарот Вардариште, неговиот неадекватен принцип на функционирање, како и неспроведувањето на програмата што е погубно за илјадници заловени кучиња - бездомници

Ве информираме дека во континуитет, со години наназад се спроведува хајка во градот врз бездомните животни, при што масовно се заловуваат стерилизирани, обележани кучиња и се носат во стационарот, од каде подоцна исчезнуваат, иако Законот за заштита и благосостојба на животните не предвидува заловување на веќе истретирани единки. Се заловуваат и животни (мајки со младенчиња, или само мали кутриња) кои никако не се опфатени со програмата на стационарот (стерилизација), а во неадекватните услови на Вардариште умираат од глад, жед и заразни болести.

До нас секојдневно стигнуваат алармантни пријави од огромен број граѓани, кои реагираат на насилното заловување на животните кои се веќе стерилизирани, видливо обележани со маркици на ушите, маалски миленици за кои со години се грижат граѓаните и одвојуваат од свој џеб со цел животните да бидат здрави и вакцинирани. Имаме бројни сведоштва дека грубо се одземаат миленици кои се веќе стерилизирани, се носат во стационарот, од каде повеќе не излегуваат. Шинтерите се насилни, груби и кон граѓаните, нешто за што поседуваме и писмени заверени сведоштва, а неретко доаѓа и до интервенција од полицијата по физичките пресметки меѓу шинтерите и граѓаните кои си ги бранат своите миленици, законски стерилизирани и обележани.

Стационарот работи нетранспарентно, на начин кој не ѝ прилега на таква јавна установа - со ангажирано силно обезбедување, без обучени лица кои треба да промовираат вдомување. Кафезите се полни со веќе третирани, обележани кучиња кои се „чистат“ од улиците.

За нас ова чистење има сосема друго име и сметаме дека е недозволиво за една метропола на ваков брутален начин да се справува со проблемот на бездомните кучиња. Постојат многу други методи кои поефикасно, но и похумано ќе го решат проблемот, а практиката во европските држави покажува дека тоа е можно само доколку се оствари соработка со граѓанскиот сектор.“

За да го прочитате во целост писмото на Anima Mundi, упатено до градоначалникот на град Скопје, кликнете - ОВДЕ

Sunday, February 17, 2013

Стоп за сапунските серии!

Би сакал да изразам целосна поддршка на иницијативата на Членовите на здружението на млади психолози на Македонија - "ТРИНОВА", против прикажувањето на сапунските серии.

„Членовите на здружението на млади психолози на Македонија - "ТРИНОВА" донесоа заедничка одлука дека големиот број на серии прикажувани на сите поголеми медиуми во Македонија  преку целиот ден, дирекно влијаат во развојот на населението. Психолозите апелираат дека во сериите се прикажуваат погрешни модели за морал, се создава грешна претстава за семејство и среќа. На ваква ментална тортура дирекно е изложена малолетната публика. Менталните  последици од толкавиот број на серии и идеализирање на ликовите од истите се непоправливи за целата нација. Многу специјалисти од нашата држава веќе реагираат за ваква "пропаганда " za вакво создавање на култура во една држава.

Потпишувајќи ја оваа петиција дирекно  влијаете во борбата  против кичот, погрешниот морал  и воопшто погрешниот начин на израснување на нашата младина.

Сметаме дека ова прашање веќе не е само индивидуално туку преминува во национално воспитување!“

Доколку и вие ја поддржувате оваа иницијатива на "ТРИНОВА", потпишете се на онлајн петицијата Стоп за сапунските серии!, на која што моментално има 480 потписи.

Wednesday, January 23, 2013

ЕУ ќе финансира фашистички партии

За 2 недели предвидено е Европскиот Парламент да одобри парични сретства на неколку пан-Европски партии за да го помогне нивното функционирање. Меѓу апликантите за ваквата помош се и неколку фашистички и расистички партии.

Со цел да се спречи донесувањето на одлуката за доделување на парична помош на фашистичките партии од страна на Европскиот Парламент, на сајтот Hopenothate.org.uk е отворена петицијата Take action to stop the BNP getting €400,000

Моментално на петицијата се потпишани вкупно 5 848 граѓани.

Се чини дека фашизмот сепак е европска вредност, па и самиот генерален секретар на Европскта Унија дал препорака фашистичките партии да добијат парична помош е наведено во текстот од петицијата. За иронијата да биде уште поголема, фашистичките партии кои што побарале парична помош се од Обединетото кралство, Франција, Унгарија и соседна Бугарија.

Доколку не сакате Европската Унија да додели 400 000 евра на фашистите, меѓу другите и од Бугарија, потпишете ја петицијата.

Tuesday, December 04, 2012

Macedonia has the right to its constitutional name

Петиција (КЛИК):

„Македонија има природно право да го користи своето уставно име под кое стана независна држава. Македонија има законско право на свој идентитет, право на напредок и социјален развој...“

Petition (CLICK):

"Macedonia has a natural right to use its constitutional name under which it became an independent state.Macedonia has the legal right to their own identity, has the right to progress and social development..."

Saturday, November 24, 2012

Петиција: името на мојот пријател е Република Македонија


Европската Унија, Обединетите Нации, ниту било кој друг да не врши притисок врз властите и народот во Република Македонија за промена на името. Тоа би било геноцид и асимилација на една цела нација.

Согласно Меѓународниот пакт за граѓански и политички права на Обединетите Нации кој е потпишан од сите држави во светот, па и од Грција, никој не смее, забрането е, како и недозволиво да се врши притисок за промена на името, односно на правото на сомоопределување на еден народ и нација и негов слободен политички, културен, економски и друг развој.

ОН Меѓународен пакт за граѓанските и политичките права на човекот и граѓанинот:

Прв дел

Член 1
1. Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право тие слободно го одредуваат својот политички статус и слободно го обезбедуваат својот економски, социјален и културен развиток.

Член 5
1. Ниедна одредба на овој пакт не може да се толкува како да содржи какво и да е право за некоја држава, групација или поединец да извршува некоја дејност или да вршат некој акт со цел за уривање на правата и слободите признати со овој пакт или да воведуваат поголеми ограничувања од оние предвидени со овој пакт.

UN International Covenant on Civil and Political Rights:

PART I

Article 1
1. All peoples have the right of self-determination. By virtue of that right they freely determine their political status and freely pursue their economic, social and cultural development.

Article 5
1. Nothing in the present Covenant may be interpreted as implying for any State, group or person any right to engage in any activity or perform any act aimed at the destruction of any of the rights and freedoms recognized herein or at their limitation to a greater extent than is provided for in the present Covenant.

Подршка за Република Македонија за зачувување на името и прием во Европската Унија, Обединетите Нации и НАТО, под уставното име - Република Македонија.