Showing posts with label Фотографија. Show all posts
Showing posts with label Фотографија. Show all posts

Thursday, July 09, 2020

Сончева депонија

На крајниот североисточен дел од Штип, во непосредна близина на шума од борови насади, полека но сигурно „никнува“ новата населба наречена Сончев град. И додека истата се промовира како ексклузивно место за живеење, на само половина километар источно од неа, со уште позабрзано темпо „никнува“ депонија.


На фотографиите се прикажани најскорешните купчиња отпад, оставени во срцето на неколку децении старата борова шума. Сепак, имајте предвид дека она што камерата не успеала да го фати е дури и пострашно. А, најстрашно од сѐ, можеби е тоа што ваквото несовесно однесување на некои граѓани продолжува да се толерира веќе со години.


Среќа што дивата депонија се наоѓа на неколку стотини метри од населбите, односно на место каде што не живеат луѓе, би рекле оние кои полупразната чаша секогаш ја гледаат полуполна. Но, доколку трупањето ѓубре продолжи со ова темпо, а властите и понатаму продолжат да го игнорираат проблемот, само прашање на време е кога и на таквата среќна околност ќе ѝ дојде крајот.


Ако до пред некое време ѓубрето беше само „декор“ покрај патот, од неодамна ваквите потсетници на „цивилизацијата“ веќе почнаа да ја покриваат и шумската патеката по која неретко се движат велосипедисти и вљубеници во природата. Поговорката вели, прочепкај во ѓубрето што некој го остава за да видиш за каков човек станува збор. За какви луѓе станува збор во случајов, оставаме секој од вас да си одговори самиот. 


Текст: А. С. Фотографии и видео: Сашо Гачев

Monday, May 15, 2017

Поглед од Водно

Панорамска фотографија (три споени фотографии) - Поглед од Водно / View from Vodno:

Фото Д.С. обработка А.С. I-Macedonian.Blogspot.com

Sunday, May 03, 2015

Вики ја сака Земјата

Вики ја сака Земјата (англиски: Wiki Loves Earth; WLE) е натпревар на фотографии, во организација на Википедија/Викимедија, за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Натпреварот за првпат беше организиран во 2013 година од страна на Википедија на украински јазик, a во 2014 година се спроведе во повеќе различни земји, меѓу кои и во Македонија, и тоа со голем успех.


Целта на натпреварот е да се соберат фотографии од македонските национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Повеќе инфо на: Википедија

Tuesday, January 13, 2015

Македонија фотографирана од Меѓународната вселенска станица

Во овој напис би сакал да ви претставам две преубави фотографии на локации во Македонија, направени од вселената, односно од Меѓународната вселенска станица. Првата од нив е фотографија на Охридското и Преспанското езеро, заедно со околните, покриени со снег, планини. 

Охридско и Преспанско езеро. Автор: Саманта Кристофорети

Автор на оваа фотографија, која претставува своевиден новогодишен подарок за Македонија, е Саманта Кристофорети (Samantha Cristoforetti), астронаутка на ЕСА. Таа пред некој ден  (7 јануари 2015) ја објави фотографијата на нејзиниот твитер профил - врска. 




Таа на твитер го претставува Охрид како еден од најстарите градови во Европа. Инаку ова не е нејзина прва фотографија на локација во Македонија направена од вселената. 

Скопје. Автор: Саманта Кристофорети
На 27 декември минатата година, на својот твитер профил таа сподели фотографија, направена од вселената, на главниот град на Македонија, Скопје - врска. 



Саманта е една од двете жени, заедно со Русинката Елена Серова, кои што моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

Saturday, October 18, 2014

Зајдисонце

Две фотографии направени на самиот крај од најтоплиот ден на 2012 година, 7 август [1], во село Сарчиево.


Автор: А.С.


Кликнете на фотографиите за целосен размер.

[1] Денес најтопол ден во годината, Популарно: „Денес не очекува најтоплиот ден оваа година со температури од 37 до 44 степени.Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне на места со умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9. Максималната температура ќе се искачи до 42. степен, во Скопје до 41. степен, вели денешниот извештај од УХМР од каде информираат дека се еработи за топлотен бран со ниво на алерт 1 (жолта фаза). Високите температури со висок УВ индекс, ќе се задржат до среда по што од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат нивно намалување, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од УХМР. Топлотен бран од прва или жолта фаза, како што појаснуваат од УХМР, е кога температурата достигнува до 38 степени, односно е вонредно топло. Портокалова фаза е фазата на опасни температури до 41 степен, а црвената е катастрофална, до 43 степени.“

Види и:

Sunday, October 05, 2014

Thursday, August 15, 2013

Плоштад Македонија

Панорамска фотографија (4 споени фотографии) направена на плоштадот Македонија во Скопје.

Skopje, capital city of the Republic of Macedonia / Скопје - главен град на Република Македонија.

Фото и обработка: А.С. (2012); I-Macedonian.Blogspot.com

Saturday, October 20, 2012

Nesebar

Панорамска фотографија (4 споени фотографии) направена во Несебар (пристаниште, стар град), Република Бугарија.

Фото и обработка: А.С.; I-Macedonian.Blogspot.com

Friday, September 21, 2012

Nesebar, wind mill

Панорамска фотографија (6 споени фотографии) на ветерната мелница во Несебар, Република Бугарија.

Фото и обработка: А.С.; I-Macedonian.Blogspot.com

Sunday, August 26, 2012

Водно

Фотографија (во боја и црно бела) од 2011 година направена од Водно.

Кликнете на сликите за целосен размер! / Click on the images to enlarge!

Фото: Д.С.; обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Wednesday, August 22, 2012

Сарчиево

Сарчиево е мало штипско село со дваесетиеден жител*. Од градот е оддалечено околу 14 километри, а во последните неколку години се прослави со тоа што на два пати во него се собори гинисовиот рекорд за најголем котел со зготвен грав**.

(панорамска слика - 7 споени фотографии)

Голем дел од куќите во селото се напуштени и оставени на милост и немилост на забот на времето. Сарчиево е место кое што не потсетува на минливоста и на тоа дека ништо не трае вечно.

(панорамска слика - 7 споени фотографии)

Па, сепак, тажната слика на овие куќи од кои што некогаш се слушала детската смеа, совршено се вклопува во околната недопрена природа.

(панорамска слика - 7 споени фотографии)

Разрушените камени ѕидови и паднатите дрвени греди како да се прелеваат во околината и само го надополнуваат и онака преубавиот августовски пејзаж.

(панорамска слика - 2 споени фотографии)

Фото: А.С. 7. август 2012 година.

*Wikipedia
** Утрински весник

Friday, August 17, 2012

Велес, железен мост

Фотографија (во боја и црно бела) од 2011 година на железниот мост на реката Вардар во Велес. Во позадина се забележува и велешката саат кула.

Кликнете на сликата за целосен размер! / Click on the image to enlarge!

Фото и обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Sunday, August 12, 2012

Горни Козјак, црква Св. Георги

Две фотографии од 2012 година направени во непосредна близина на црквата "Свети Ѓорѓи" - Горни Козјак (во Близина на локалитетот Баргала), изградена во периодот IX – X.

Кликнете на сликите за целосен размер! / Click on the images to enlarge!

Фото и обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Friday, August 03, 2012

Црква „Св. пророк Илија“, Дојран

Две панорамски фотографии (7 и 9 споени фотографии) на црквата Св. пророк Илија во Дојран (Стар Дојран), Република Македонија.

Направени на ден Илинден, 2. август, 2012 година (околу 8-9 часот).

Фото и обработка: А.С.

Кликнете на сликите за целосен размер!

Monday, July 30, 2012

Скопје, споменик Јустинијан I

Фотографија (во боја и црно бела) од 2011 година на споменикот на императорот Јустинијан I и на Музејот на ВМРО и на жртвите на комунистичкиот режим во Скопје.

Кликнете на сликите за целосен размер! / Click on the images to enlarge!

Фото и обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Friday, July 27, 2012

Старата скопска чаршија

Фотографија (во боја и црно бела) од 2012 година направена во Старата скопска чаршија.

Кликнете на сликите за целосен размер! / Click on the images to enlarge!

Фото и обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Friday, July 13, 2012

Мала куќарка, Плачковица

Фотографија од 2008 година на една малечка напуштена куќарка на Плачковица.

Кликнете на сликата за целосен размер! / Click on the image to enlarge!

Фото и обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Wednesday, July 11, 2012

Штип, параклис “Свети Архангел Михаил”

Фотографија (во боја и црно бела) од 2012 година на Параклис “Свети Архангел Михаил” (Фитијата) во Штип.

Кликнете на сликите за целосен размер! / Click on the images to enlarge!

Фото и обработка: А.С.; рамка: Eilish; I-Macedonian.Blogspot.com

Wednesday, February 01, 2012

Охрид - фото

Две фотографии направени во Охрид, Р. Македонија:




Фото: Ѓ. Марков; обработка: А.С.

Sunday, July 10, 2011

Црква "Св. Георги" - Koчани

Црква "Св. Георги" - Koчани, Република Македонија

Локација: Кочани (десна страна на Кoчанска река)

Република Македонија

Координати:
41.917371, 22.408757
Google Map

Фото: А.С. мај, 2011 година. I-Macedonian. Blogspot.com