Wednesday, August 22, 2012

Сарчиево

Сарчиево е мало штипско село со дваесетиеден жител*. Од градот е оддалечено околу 14 километри, а во последните неколку години се прослави со тоа што на два пати во него се собори гинисовиот рекорд за најголем котел со зготвен грав**.

(панорамска слика - 7 споени фотографии)

Голем дел од куќите во селото се напуштени и оставени на милост и немилост на забот на времето. Сарчиево е место кое што не потсетува на минливоста и на тоа дека ништо не трае вечно.

(панорамска слика - 7 споени фотографии)

Па, сепак, тажната слика на овие куќи од кои што некогаш се слушала детската смеа, совршено се вклопува во околната недопрена природа.

(панорамска слика - 7 споени фотографии)

Разрушените камени ѕидови и паднатите дрвени греди како да се прелеваат во околината и само го надополнуваат и онака преубавиот августовски пејзаж.

(панорамска слика - 2 споени фотографии)

Фото: А.С. 7. август 2012 година.

*Wikipedia
** Утрински весник

No comments: