Tuesday, January 13, 2015

Македонија фотографирана од Меѓународната вселенска станица

Во овој напис би сакал да ви претставам две преубави фотографии на локации во Македонија, направени од вселената, односно од Меѓународната вселенска станица. Првата од нив е фотографија на Охридското и Преспанското езеро, заедно со околните, покриени со снег, планини. 

Охридско и Преспанско езеро. Автор: Саманта Кристофорети

Автор на оваа фотографија, која претставува своевиден новогодишен подарок за Македонија, е Саманта Кристофорети (Samantha Cristoforetti), астронаутка на ЕСА. Таа пред некој ден  (7 јануари 2015) ја објави фотографијата на нејзиниот твитер профил - врска. 




Таа на твитер го претставува Охрид како еден од најстарите градови во Европа. Инаку ова не е нејзина прва фотографија на локација во Македонија направена од вселената. 

Скопје. Автор: Саманта Кристофорети
На 27 декември минатата година, на својот твитер профил таа сподели фотографија, направена од вселената, на главниот град на Македонија, Скопје - врска. 



Саманта е една од двете жени, заедно со Русинката Елена Серова, кои што моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

No comments: