Би сакал да дадам поддршка на апелот на здружението за заштита на животните Anima Mundi, упатен до градоначалникот на град Скопје, за запирење на убивањето на бездомните кучиња во стационарот Вардариште.
„Ве контактираме повторно поради континуирани нерегуларности во работата на стационарот Вардариште, неговиот неадекватен принцип на функционирање, како и неспроведувањето на програмата што е погубно за илјадници заловени кучиња - бездомнициВе информираме дека во континуитет, со години наназад се спроведува хајка во градот врз бездомните животни, при што масовно се заловуваат стерилизирани, обележани кучиња и се носат во стационарот, од каде подоцна исчезнуваат, иако Законот за заштита и благосостојба на животните не предвидува заловување на веќе истретирани единки. Се заловуваат и животни (мајки со младенчиња, или само мали кутриња) кои никако не се опфатени со програмата на стационарот (стерилизација), а во неадекватните услови на Вардариште умираат од глад, жед и заразни болести.До нас секојдневно стигнуваат алармантни пријави од огромен број граѓани, кои реагираат на насилното заловување на животните кои се веќе стерилизирани, видливо обележани со маркици на ушите, маалски миленици за кои со години се грижат граѓаните и одвојуваат од свој џеб со цел животните да бидат здрави и вакцинирани. Имаме бројни сведоштва дека грубо се одземаат миленици кои се веќе стерилизирани, се носат во стационарот, од каде повеќе не излегуваат. Шинтерите се насилни, груби и кон граѓаните, нешто за што поседуваме и писмени заверени сведоштва, а неретко доаѓа и до интервенција од полицијата по физичките пресметки меѓу шинтерите и граѓаните кои си ги бранат своите миленици, законски стерилизирани и обележани.Стационарот работи нетранспарентно, на начин кој не ѝ прилега на таква јавна установа - со ангажирано силно обезбедување, без обучени лица кои треба да промовираат вдомување. Кафезите се полни со веќе третирани, обележани кучиња кои се „чистат“ од улиците.За нас ова чистење има сосема друго име и сметаме дека е недозволиво за една метропола на ваков брутален начин да се справува со проблемот на бездомните кучиња. Постојат многу други методи кои поефикасно, но и похумано ќе го решат проблемот, а практиката во европските држави покажува дека тоа е можно само доколку се оствари соработка со граѓанскиот сектор.“
За да го прочитате во целост писмото на Anima Mundi, упатено до градоначалникот на град Скопје, кликнете - ОВДЕ
No comments:
Post a Comment