Tuesday, February 19, 2013

Facebook како мерило за (не)демократијата

На FB профилот на Никола Груевски, од денес повеќе не може да се оставаат одделни коментари (Posts by others), а веќе постоечките не се видливи. Ако се прашувате зошто, причината е масовното и очекувано негодување од страна на Македонците, меѓу кои и на многу поддржувачи на премиерот, поради назначувањето на командант Форина за министер за одбрана.

Згора на тоа, исто како вчера (види: Диктатурата на Груевски на дело!), и денес се продолжи со интензивното бришењето на сите негодувачки коментари оставени на неговата FB страна кои што се во врска со новоизбраниот министер за одбрана.

Еве еден свеж пример (преку два принтскрина, пред и потоа), за еден таков коментар испратен во неповрат.

Пред:


Потоа:


Ова претставува крајна непочит кон македонскиот народ и кон неговото право да ги изрази  својот став пред оние на кои што тој им го дал мандатот. Луѓето од власта можат слободно да ја држат главата во песок и да продолжат да ги бришат сите коментари кои што не им се по вкус. Ја имаат таа моќ. Но треба да знаат дека доколку на оправдано гневните граѓани не им се дозволи на овој начин да го изразат своето незадоволство, за политиката на премиерот да може да се коригира, не е далеку денот кога граѓаните истото ќе му го соопштат на избори. А тогаш бришењето коментари нема да биде опција и бегање од реалноста ќе нема.