Showing posts with label Интернет. Show all posts
Showing posts with label Интернет. Show all posts

Tuesday, April 28, 2015

Content warning

Ете и тоа се случи, по над шест години блогирање и околу 1400 објавени написи, некој, со малициозна намера да го снема од Интернет, ми го наклеветил блогот кај Google. И тоа се случи непосредно откако го објавив кусиот информативен напис за, во тоа време, престојниот референдум за ГТЦ во општина Центар.


Би сакал да напоменам дека блогот Интернет Македонец не нарушува ниедно правило на Google. Ниту има порнографски материјал, ниту пак повикува на насилство или поттикнува расна, национална, полова или каква и да е дискриминација. Па сепак поради многуте злонамерни клевети (пријавувања), пред да го посетите овој блог, отсега ќе ви се појавува страница која што, поради истите тие клеветите, ве предупредува за содржината на блогот, а како би пристапиле на истиот треба да потврдите.

Не би можел да тврдам кои го имаат наклеветено блогот, иако имам сомнеж за одредени личности. Но и без тоа прилично симптоматично е дека тоа се случува непосредно по објавувањето на написот за референдумот во центар за ГТЦ, кој што беше бојкотиран од владејачката партија. Се чини дека со ова индиректно се потврдува дека не само што го бојкотираа пасивно туку дека тоа го правеа и активно на секој можен начин, дури и со нешто тривијално како клеветење на блогови.

Вистински демократи. Нека им е честита победата над слободата на говорот.

Saturday, January 24, 2015

365 позадини - андроид апликација

Во овој напис, би сакал да ви ја претставам андроид апликацијата "365 Wallpapers", дело на македонски автори. Се работи за апликација која што овозможува позадината на вашиот андроид паметен телефон или таблет, секој ден во текот на годината да биде различен, односно 365 позадини, за 365 дена.


Автори на оваа апликација се Јане Наумоски, Виктор Зубер и Дарко Гроздановски, а нешто повеќе за неа можете да прочитате на следната врска:




Апликацијата, која што и самиот ја имам на својот андроид паметен телефон и за која можам да кажам дека функционира беспрекорно, можете бесплатно да ја преземете од следната врска:

Wednesday, December 17, 2014

Википедија на македонски јазик со над 80 000 статии

Бројот на статии на Википедија на македонски јазик конечно надмина 80 000. Честитки за сите вклучени во овој проект. 

За жал ниеден од домашните медиуми не извести за ова, а како што гледам не е споделено ниту на страницата на Википедија на македонски јазик на Фејсбук.


Во моментот бројот на статиите на Википедија на македонски јазик е 80 007, како што може да се види на главната страница, а за потсетување во март оваа година, нивниот број изнесуваше нешто над 76 000 статии.

Види и:

Wednesday, November 26, 2014

Најдобар сајт на годината 2014

Почитувани пријатели,
нашето и ваше електронско списание Македонска Ризница е номинирано за најдобар сајт на годината, во категоријата „образование, наука и култура“. Би сакале да ве замолиме, со десет поени (најдесно) да гласате за Македонска Ризница, на сајтот на организаторот на настанот. Врската за гласање е следнава: http://sajtnagodinata.mk/

Гласањето се остварува со впишување на свој e-mail на кој што стигнува порака, а потоа со избирање на сајтовите во соодветните полиња.Гласањето во категорија „образование, наука и култура“ за Македонска Ризница е со избирање на следнава адреса: issuu.com/makedonska_riznica

Би сакале да ве замолиме доколку сакате да гласате со 10 поени и за уште два други сајта, со кои што редакцијата на Македонска Ризница соработува. Категорија „Блог“ i-macedonian.blogspot.com Категорија „Најдобра faceboook фан страна“: facebook.com/NieSmeMakedonci
 
Инаку, во секоја категорија во која сакате да гласате, морате да дадете по три гласа како гласањето би било успешно. Или доколку гласате во само овие три категории морате да дадете вкупно девет гласови. Со највисока оценка (десет, најдесно), доколку сакате, гласајте за посочените сајтови.

Monday, September 29, 2014

Вики ги сака спомениците 2014 Македонија

Вики ги сака спомениците (англиски: Wiki Loves Monuments; WLM) е натпревар на фотографии, организиран од Википедија/Викимедија за спомениците и заштитените објекти во Македонија. Натпреварот за прв пат е организиран во 2010 година од страна на Википедија на холандски јазик, а во 2014 година ќе се спроведе во повеќе земји, меѓу кои и Македонија.


Целта на натпреварот?

Со овој натпревар се сака да се соберат фотографии од македонските заштитени споменици. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие објекти на Википедија, како и за други слободни проекти!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Една прва награда – денарска противвредност од бруто 300 евра
  • Една втора награда – денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Три трети награди – денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Наградени ќе бидат и петте најголеми придонесувачи, во денарска противвредност од бруто 100 евра

За повеќе информации, посетете ја Википедија на македонски јазик - Вики ги сака спомениците 2014/Македонија

Sunday, July 27, 2014

Share Macedonia

Ви препорачувам да ја посетите интернет страницата Share Macedonia (sharemacedonia.com), а доколку сакате можете да придонесете и во нејзиното збогатување.

Thursday, May 08, 2014

Тамара ги навредила Македонците

На порталот на Сител телевизија, на седми мај оваа година, беше објавено за тоа како пејачката Тамара ги навредила Македонците.[1]


Но и од Сител телевизија со самото тоа што напишале „македонци“ со мала почетна буква, ги навредија Македонците ништо помалку.

Monday, March 31, 2014

Хронолошки приказ на бројот на статии на Википедија на македонски јазик

Хронолошки графички приказ на бројот на статиите на Википедија на македонски јазик, од нејзиното појавување во август 2003 година [1], па до март оваа година. 
















Август 2003 година: 0 статии [1]
Јaнуари 2007 година: 10 000 статии [2]
Февруари 2008 година: 15 000 статии [2]
Ноември 2008 година: 20 000 статии [2]
Април 2009 година: 30 000 статии [2]
Мај 2010 година: 40 000 статии [2]
Јануари 2011 година: (речиси) 43 000 статии [3]
Октомври 2011 година: 50 000 статии [2]
Август 2012 година: 60 000 статии [2]
Февруари 2013 година: 68 190 статии [2]
Март 2014 година: 76 323 статии [4]

[1]  http://prezi.com/i9grrfuu1oo6/presentation/ (напомена: според други извори, Википедија на македонски јазик постои не од август 2003 година, а од крајот на 2004 година)
[2] Википедија на македонски јазик со 68.190 статии
[3] 10 години од Википедија и 2 години од Викимедија Македонија (18 јануари 2011 година: речиси 43 000 статии)
[4]  Број на статии на македонската Википедија и на оние на земјите од регионов- споредба

Wednesday, March 19, 2014

Број на статии на македонската Википедија и на оние на земјите од регионов- споредба

Неколку споредби, со графички прикази, на бројот на статии на Википедија на македонски јазик (76 323) и на оние на јазиците на државите во регионов.


Споредба на бројот на статии на Википедија на македонски јазик [1] и на државните јазици на соседните на Македонија земји: албански, бугарски, грчки и српски.

Shqip (Албански): 50 869
Български (Бугарски): 159 037 
Ελληνικά (Грчки): 98 821
Македонски (Македонски): 76 323
















Од оваа група единствено статиите на албански јазик се помалку на број од оние на македонски јазик. Статиите на бугарски и на српски јазик, пак, се двојно односно тројно повеќе од статиите на македонски јазик. Секако во ова треба да се има предвид и неколкукратно поголемата популација која ја имаат овие земји.

Споредба на бројот на статии на Википедија на македонски јазик [1] и на јазиците на останатите поранешни југословенски републики [2]: босански, словенечки, српски, српско-хрватски и хрватски.

Bosanski (Босански): 49 105
Македонски (Македонски): 76 323
Slovenščina (Словенечки): 139 982
Hrvatski (Хрватски): 144 170
















Од оваа група единствено статиите на босански јазик се помалку од оние на македонски јазик.

Споредба на бројот на статии на Википедија на македонски јазик [1] и на јазиците на другите балкански земји [3]: албански, босански, бугарски, грчки, романски, словенечки, српски, српско-хрватски, турски и хрватски.

Shqip (Албански): 50 869
Bosanski (Босански): 49 105
Български (Бугарски): 159 037 
Ελληνικά (Грчки): 98 821
Македонски (Македонски): 76 323
Română (Романски): 241 849
Slovenščina (Словенечки): 139 982 
Hrvatski (Хрватски): 144 170
















За споредба, Википедија на англиски јазик има 4 474 571 статии, а меѓу јазиците на кои што има над 1 000 000 статии се германскиот, шпанскиот, францускиот, италијанскиот, холандскиот, полскиот, рускиот и шведскиот.

[1] Според бројот на статии на 18 март 2013 година, во 22:00 часот
[2] Без да се смета албанскиот за Косово
[3] Без италијанскиот (Трст) и црногорскиот јазик, последниот, меѓу другото, затоа што го нема на Википедија.
Види и:

Tuesday, February 25, 2014

Мето Јовановски во светска реклама???

Пред околу 22 часа порталот Idividi  објави дека легендарниот македонски актер Мето Јовановски се појавил во реклама за Heineken и веднаш потоа македонското истражувачко новинарство стапи на сцена.






Истoво, без да ја проверат информацијата, го објавија уште десетина македонски интернет портали:

И ова не е ништо ново, но трагичното во случајов е што во рекламата не се појавува Мето Јовановски. Доколку убаво се анализира лицето (особено увото) на капетанот во рекламата, за кој што посочените портали тврдат дека е Мето Јовановски, ќе се види дека тоа е сосема друг актер.

И не само лицето, и гласот му е различен, а и акцентот при говорот на српско-хрватски. Уште повеќе и тоа што најдов информација дека за рекламата се ангажирани актери аматери.

Интересна ќе биде реакцијата на посочените портали, откако ќе се обелодени дека не се работи за Мето Јовановски. Истражувачко новинарство rulz.

Saturday, January 25, 2014

А милиони, а милијарди - исто ти се фаќа

Во напис објавен на веб страницата Макфакс на 16 јануари 2014 година, пишува:

„Градот Њујорк прифати да плати вкупно 18 милиони долари отштета за 1.800 лица кои го тужеа градот поради притворање за време на демонстрациите против конвенцијата на републиканците во 2004 година, во ек на војната во Ирак.“

И веројатно ништо не би било контроверзно и сомнително доколку насловот на овој напис не беше:


Па не е голема разлика меѓу 18 милиони и 18 милијарди долари, само 17 982 000 000 (седумнаесет милијарди, деветстотини осумдесет и два милиони) долари.

Friday, January 17, 2014

Јануарски твитови



Wednesday, December 18, 2013

Internet Macedonian на Twitter

Доколку сакате да бидете во тек и да не пропуштите ниту еден нов напис од овој блог, тоа можете да го направите преку следење на twitter, на профилот - twitter.com/IMacedonian

Friday, December 13, 2013

Македонски комитски песни

Доколку сакате да слушнете некоја македонска комитска народна песна, вистинското место кое што треба да го посетите е веб страницата „Македонски комитски песни“ (www.1903.musicofmacedonia.com)


На оваа веб страница, како што стои во описот, можат да се слушнат „Сите познати и помалку познати комитски песни од сите краишта на Македонија“.


Saturday, November 30, 2013

Македонско сонце

Доколку се интересирате и сакате да бидете во тек со тоа како Македонците во Србија живеат, истото можете да го направите преку емисијата „Македонско сонце“, која што се емитува на РТ Војводина.


Оваа емисија на Интернет можете да ја најдете на YouTube каналот:

Facebook страна:

Tuesday, November 26, 2013

Сајт на годината - 2013

Од денес, 26 ноември 2013 година, започнува гласањето за избор на најдобар македонски веб сајт за 2013 година. Гласањето ќе трае до 5 декември 2013 година, а во него ќе може да учествувате и вие преку кликање на оваа врска.



Целта на проектот „Сајт на годината“ е да го „популаризира македонскиот веб простор преку афирмација на најквалитетните, највпечатливите и најиновативните сајтови.“

Во категоријата „Најдобар блог“ номиниран е и блогот на кој што моментално сте - Internet Macedonian. Доколку можеби ви се допаѓа би сакал да ве замолам да гласате за него. Доколку не ви се допаѓа имате голем избор од други блогови.

Целосната листа на номинирани сајтови во категоријата „Најдобар блог“ е следнава:

    Мој Тренер - http://mojtrener.mk
    #OHRIDSKI -ON - http://wallofepic.tumblr.com
    Alexandra - alexandrainwonderland1.wordpress.com
    Arsim Jonuzi - http://www.ajoni.net
    Astrology and Horoscope - http://asvedic.com
    Avgantura - http://avganturamk.wordpress.com
    blog - http://www.blog.mk
    blogirame - http://www.blogirame.mk
    Crapwerk - http://crapwerk.blogspot.com
    efakt - http://www.efakt.com.mk
    Internet Macedonian - http://i-macedonian.blogspot.com
    karas4training - http://karas4training.com
    Komunikacii - http://komunikacii.net
    Kulinar.mk - http://kulinar.mk
    MAKNBA - http://maknba.net/blog
    Mariovo - http://www.mariovo.mk
    Martina22acm's Blog - http://martina22acm.wordpress.com
    Our Cooking Blog - nesoandboecookingblog.wordpress.com
    Portal za Makedonski rakotvorbi - http://www.rakotvorbi.mk
    SitnoSeckano - http://www.sitnoseckano.com
    SKOPJE CASUAL - http://skopjecasual.mk
    Some Like It Raw - http://www.somelikeitraw.mk
    The Corner - http://publisher-thecorner.blogspot.com
    trata dimenzija - http://www.tretadimenzija.blogspot.com
    Аеродромски сон - http://aerodromskison.blogspot.com
    Астростопер - http://astrostoper.blog.mk
    Атараксија - http://ataraxia.blog.mk
    Аутејк - http://outtake.blog.mk
    Баба ми Трајанка - http://babamitrajanka.blogspot.com
    Дувло - http://duvlo.mk
    И ја иам блог - http://i999y.blogspot.com
    ИТ Зона - http://www.itzona.mk
    КАКТУСАРНИЦА - http://kaktusarnica.blog.mk
    Кокошарник - http://jovanatozija.blogspot.com
    Кригла Пиво - http://kriglapivo.com
    Ликовна уметност - http://likovna-umetnost.blogspot.com
    Македонска GNU/Linux планета - planet.softver.org.mk
    МАКЕДОНСКИ МИСТЕРИИ - http://misterijamk.blogspot.com
    Маркетинг365 - http://marketing365.mk
    Мои рецепти - http://moirecepti.mk/
    ПРАВДИКО - http://www.pravdiko.com
    Сѐ за храна - http://sezahrana.tumblr.com
    Техничко образование - http://toveles.blogspot.com
    Часови по готвење - http://chasovipogotvenje.mk

Во оваа категорија има вкупно 44 номинирани сајтови, од кои што повеќето се блогови, но има и такви за кои што не би можело да се каже оти се. Еден таков пример е „Portal za Makedonski rakotvorbi“ (портал, блог или нешто трето?)

Вики го сака културното наследство

„Вики го сака културното наследство“ (англиски: Wiki Loves Cultural Heritage) е натпревар за избор на најдобра фотографија на тема културно наследство, во кој што ќе можете да се вклучите до 7 декември оваа година.



Учесниците на натпреварот имаат за цел да направат и прикачат фотографии од градби, традиционални специјалитети, носии, занаети и други објекти кои што влегуваат во категоријата културно наследство.



За подетални информации како и вие да учествувате на конкурсот, погледнете го видеото или посетете некоја од следниве веб страници:

Wednesday, July 31, 2013

Среќен први роденден

Периодов, македонската веб страница Пулс24 го слави својот прв роденден. По повод роденденот од редакцијата не испуштија да спомнат дека во текот на оваа година нивната страница има:

  • 36 милиони посетители
  • 100 милиони прегледани страници
  • 8 месеци број 1 сајт во Македонија

Но тие забораваат дека понекогаш бројките и не вредат нешто многу, особено кога станува збор за написи како оној насловен „Фото: Ги објавил нејзините голи фотографии затоа што му раскинала “ (05 март 2013).


Не само што со овој напис од веб страницата се трудат преку голотија да привлечат по некој посетител, туку и самиот наслов не соодветствува на реалниот настан. На ниедна фотографија девојката не е гола.

Игор Димитриески за ваквиот начин на привлекување кликови преку злонамерно искривување на реалните случувања, напишал: 

„Голи фотки, ова се подразбира под купаќите? Оди бе не ставајте глупости, дајте за некој што навистина вреди да се извести, станавте одвратни.“

Мене ми останува само да се потпишувам под неговиот став.

Tuesday, July 30, 2013

Гола вода

Жално е тоа што во последно време, македонски веб страници кои што претендираат да бидат престижни почнаа да објавуваат мизерни написи во чии што наслов задолжително се содржи зборот „гола“.

Во потрагата по клик повеќе, со оваа проституирачка стратегија се послужи и „најдобриот информативен сајт за 2012 година“, Курир.[1]


Имено завчера (28 јули 2013), на веб страницата Курур е објавен написот со наслов: „ФОТО: Таа не престанува да се соблекува гола“.

Всушност написот е гола вода, а поради тоа што на Курирци ептен многу им било важно информирањето на читателите, дури и испуштиле да го напишат името на девојката (Лејди Гага) за која што тврдат дека постојано се соблекувала гола и истата во целиот напис ја ословуваат со „таа“.

Sunday, July 28, 2013

За неколку клика повеќе

Аман веќе од текстови објавени на портали, (пре)пишувани само и само за да се привлече некој клик повеќе, без притоа да се размисли за она за што се пишува.

Токму таков е написот „Девојки научете ја уметноста на заведувањето!“, објавен завчера (26 јули 2013) на порталот Револуција.

Во преземениот текст (Az-jenata) преведен на македонски јазик  пишува:

„Уметноста на заведувањето секогаш се крие во визуелното, па ставете прекрасен парфем на вас...“

За оние што не знаат еве ја дефиницијата за визуелно:
 

За тоа колку визуелно (видливо) е нешто (како парфемот/мирисот) што не се забележува со очите, туку со сетилото за мирис, излишно е да се посочува.