Би сакал да изразам целосна поддршка на иницијативата на Членовите на здружението на млади психолози на Македонија - "ТРИНОВА", против прикажувањето на сапунските серии.
„Членовите на здружението на млади психолози на Македонија - "ТРИНОВА" донесоа заедничка одлука дека големиот број на серии прикажувани на сите поголеми медиуми во Македонија преку целиот ден, дирекно влијаат во развојот на населението. Психолозите апелираат дека во сериите се прикажуваат погрешни модели за морал, се создава грешна претстава за семејство и среќа. На ваква ментална тортура дирекно е изложена малолетната публика. Менталните последици од толкавиот број на серии и идеализирање на ликовите од истите се непоправливи за целата нација. Многу специјалисти од нашата држава веќе реагираат за ваква "пропаганда " za вакво создавање на култура во една држава.
Потпишувајќи ја оваа петиција дирекно влијаете во борбата против кичот, погрешниот морал и воопшто погрешниот начин на израснување на нашата младина.
Сметаме дека ова прашање веќе не е само индивидуално туку преминува во национално воспитување!“
Доколку и вие ја поддржувате оваа иницијатива на "ТРИНОВА", потпишете се на онлајн петицијата Стоп за сапунските серии!, на која што моментално има 480 потписи.
No comments:
Post a Comment