Showing posts with label Македонска Ризница. Show all posts
Showing posts with label Македонска Ризница. Show all posts

Saturday, June 15, 2019

Македонска Ризница бр. 52


Уште од најраното детство сонувам еден особен тип соништа. И покрај тоа што повеќето од нив се страшни, не би можел сите да ги ставам под капата на кошмари. Нивната заедничка нитка не е стравот, а поскоро застранувањето од реалноста.

Во дел од нив се обидувам да побегнам од искривените „природни закони“, кои необјасниво ме туркаат кон провалија или како селективна гравитација, десетпати посилна од нормалната, ми ги приковуваат нозете за земја. Во друг дел, се убедувам себеси дека некој призор е подеднакво нестварен колку што е и страшен, за кога ќе ми се припие за погледот, прифаќајќи ја лагата, во паника да започнам да се разубедувам дека е вистина. Како екстровертизација на последното, во трет дел од ваквите соништа се обидувам и на останатите „жители“ на земјата наречена Сламберленд да им објаснам дека логиката по која се водат и законитостите кои ги владеат - се лажни. Понекогаш, со тоа што самото нивно постоење ѝ пркоси на реалноста, како да им велам дека се само плод на фантазијата.

Сепак, како сонот не би научил дека е сон, моите зборови ретко наидуваат на плодна почва. Или барем додека не се разбудам. А со тоа се става крај на луѕањето низ нереалното, црвеното повторно станува црвено, а два плус два одново е еднакво на пет.

Во последните неколку години, реалното и иреалното како да си ги заменија местата. Светот на будното во кој македонските власти погазувајќи го уставот прифатија дека нивната земја не се вика Македонија, а дека предците на нивните дедовци и баби се сѐ освен Македонци, стана помалку реален и од моите најчудни соништа. Нека ова одново будење на електронското списание „Македонска Ризница“, кое две години беше во „зимски сон“, биде искра надеж дека нештата повторно ќе застанат онаму каде што природно им е местото.

Од издавачот

Tuesday, June 02, 2015

Македонска Ризница, триесет и четврти број

Триесети и четврти број на електронското списание „Македонска Ризница“:

 

Wednesday, May 27, 2015

Македонска Ризница, триесет и трети број

Триесети и трети број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Saturday, April 04, 2015

Македонска Ризница, триесет и втори број

Триесети и втори број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Monday, March 23, 2015

Македонска Ризница, триесет и први број

Триесети и први број на електронското списание „Македонска Ризница“:

 

Македонска Ризница, триесети број

Триесети број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Sunday, December 14, 2014

Македонска Ризница, дваесет и девети број

Дваесет и девети број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Почитувани читатели,
со задоволство ви го претставуваме дваесет и деветиот број на електронското списание Македонска Ризница. Во него ќе можете да прочитате еден кус, но интересен текст на Благојче Андонов за учеството на Македонците на соколските игри, како и едно опширно истражување на д-р Јасминка Ристовска Пиличкова за влијанитето на војните врз развојот на  народната носија од Битолско-Прилепскиот и Демирхисарскиот регион.

Како и до сега, и во овој број ќе можете да видите прекрасна карикатура на нашиот редовен соработник Никола Анѓелкоски.

Се чини дека овој број е посветен на деветтата уметност. На тема дигиталниот стрип, направивме интервју со доц. д-р Бошко Караџов, за разликата меѓу класичното и дигиталното цртање ќе можете да прочитате во напис на Смиле Цветановски. Наградуваниот македонски стип-сценарист Давор Драмиќанин, специјално за читателите на Македонска Ризница изготви топ 10 листа на омилени македонски стрипови, со што го негираше тврдењето дека во Македонија нема стрип.

Милица Пашовска повторно уреди два написа на тема поезија и проза. Се работи за неколку песни од Викторија Сиљаноска и за расказот Девојчето со стаклени очи на авторката Оливера Ширговска. Во овој број ќе можете да прочитате и превод на напис од NY Times, објавен во 1903 година.

Со почит,
Александар Стеванов
издавач на Македонска Ризница

Thursday, November 20, 2014

Македонска Ризница, дваесет и осми број

Дваесет и осми број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Monday, November 10, 2014

Содржини за стрип објавени во е-списанието „Македонска Ризница“

Содржини за стрип објавени во е-списанието „Македонска Ризница“:

Македонска Ризница, бр. 1
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_1):
-Светот на Бромо (стр. 21)

Македонска Ризница, бр. 2
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_2):
-Писмо (стр. 21)
-Светот на Бромо (стр. 52)

Македонска Ризница, бр. 3
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_3):
-Светот на Бромо (стр. 19)

Македонска Ризница, бр. 4
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_4):
-Светот на Бромо (стр. 49)

Македонска Ризница, бр. 5
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_5):
-Светот на Бромо (стр. 35)

Македонска Ризница, бр. 6
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_6):
-Светот на Бромо (стр. 13)

Македонска Ризница, бр. 7
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_7):
-Светот на Бромо (стр. 15)
-Големата депресија (стр. 49)

Македонска Ризница, бр. 8
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_8):
-Деветата уметност од женска перспектива (стр. 12-21)
-Светот на Бромо (стр. 66)

Македонска Ризница, бр. 9
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_9):
-Антиквизатори (стр. 60-61)

Македонска Ризница, бр. 10
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_10):
-Антиквизатори, стрип (стр. 70-71)
-Светот на Бромо (стр. 74-77)

Македонска Ризница, бр. 11
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_11):
-Антиквизатори, стрип (стр. 66-67)
-Светот на Бромо (стр. 68-69)

Македонска Ризница, бр. 13
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_13):
-Македонскиот стрип денес (стр. 6-17)
-Стрип табла на Стефан Коцевски (стр. 27)
-Светот на Бромо (стр. 34-35)

Македонска Ризница, бр. 14
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_14):
-Димитриј Михајловски, илустратор (стр. 40-45)
-Светот на Бромо (стр. 68)

Македонска Ризница, бр. 15
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_15):
-Интервју: Борислав Станоевиќ (стр. 14-20)
-Тања Вукобрат, графичка дизајнерка и илустраторка (стр. 24-31)
-Ова не е љубовна песна (стр. 41)

Македонска Ризница, бр. 18
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_18):
-Интервју: Јордан Коцевски (стр. 14-19)
-Илустрации - Иванчо Николов (стр. 52-59)

Македонска Ризница, бр. 19
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_19):
-Интервју: Никола Темков (стр. 40-45)
-Никола Темков, стрип автор и илустратор (стр. 46-51)

Македонска Ризница, бр. 20
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_20):
-Интервју: Владо Јаневски (стр. 8-17)

Македонска Ризница, бр. 21
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_21):
-Андреј Манев, млад стрип цртач од Охрид (стр. 26-31)

Македонска Ризница, бр. 23
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_23):
-Филип Трајковски – илустрации (стр. 18-27)

Македонска Ризница, бр. 24
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_24):
-Иванка Апостолова – стрип авторка (стр. 20-29)

Македонска Ризница, бр. 27
(http://issuu.com/makedonska_riznica/docs/makedonska_riznica_27):
-Тони Анастасовски, стрип автор и илустратор (стр. 16-55)
-Промоција на стрип - Мрак хумор тишина (стр. 60-61)

Friday, November 07, 2014

Македонска Ризница, дваесет и седми број

Дваесет и седми број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Почитувани читатели,
Чест и задоволство ни е да ви го претставиме дваесет и седмиот број на е-списанието Македонска Ризница. Исто како и претходниот број, се чини дека и овој е посветен на поезијата, што во голема мера е заслуга на Милица Пашовска, најновиот член во нашата редакција. Ќе можете да прочитате три нови песни напишани од Ирена Јурчева, редовна соработничка на Македонска Ризница, а Милица ќе ви го претстави поетот Мики Трајковски и ќе ви ја претстави неговата поезија.

Почествени сме од можноста да објавиме поголем број на илустрации и стрип табли, дел од кои и ексклузивно, од македонскиот стрип автор и илустратор Тони Анастасовски. Исто така ви претставуваме и една талентирана илустраторка од Финска, која што, меѓу другото, со Македонија ја поврзува една преубава слика на античкиот крал и освојувач Алесандар III Македонски.

Продолжуваме со превод на стари написи објавени во американскиот весник The New York Times. Овој пат тоа е напис во врска со „свирепиот колеж на христијаните во Македонија“ кој се случувал „пред очите на Европските претставници“, објавен во далечната 1905 година. Ќе можете да прочитате и превод на напис, објавен во 1929 година во списанието Илустрација Илинден, посветен на македонскиот револуционер Мануш Георгиев.

Во овој број ќе можете да прочитате и цитат од првиот претседател на Р. Словенија, Милан Кучан, а задоволство ни е што продолжуваме со објавување на преубавите карикатури на македонскиот карикатурист Никола Анѓелкоски. Во овој број ви претставуваме негова портрет карикатура на прочуениот Дедо Иљо Малешевски.

Со почит, 
Александар Стеванов 
издавач на Македонска Ризница

Sunday, September 28, 2014

Македонска Ризница, дваесет и шести број

Дваесет и шести број на електронското списание „Македонска Ризница“:


 
 
Почитувани читатели,
пред вас е дваесет и шестиот број на електронското списание Македонска Ризница. Во него ќе можете да прочитате нешто повеќе за полскиот етнолог и социолог Јозеф Обребски, како и да видите дел од стотиците негови фотографии направени во Македонија кон крајот на 1932 и почетокот на 1933 година.

Во написот Егеизација?!? на нашиот соработник Ѓорѓи Ѓурчиновски, ќе можете да прочитате неколку телеграми, поврзани со судбината на Македонија и на македонскиот народ, од тајната кореспонденција помеѓу агентите на Британската Мисија кај Маршалот Тито и нивната централа во Лондон, во зимата 1944-1945 година.

Како и до сега, така и во овој број ви претставуваме карикатура од карикатуристот Никола Анѓелкоски. Овој пат тоа е портрет-карикатура на македонскиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков.

Преку преводи на писмо објавено на почетокот од минатиот век во весникот The New York Times и извадок од колумна објавена пред нешто повеќе од една декада во The Guardian, ќе ве запознаеме и со ставовите на два британски премиери во врска со Македонија и со препреките кои што, во соодветните периоди, ѝ се нашле на патот.

Се чини дека овој број, како ниеден број претходно, е посветен на поезијата. Ви ја претставуваме поетесата Марија Црвенковска и четири песни од нејзиниот опус, а во Петте елементи ќе можете да причитате пет песни од нашата редовна соработничка Весна Ничевска Саравинова, како и да видите исто толку нејзини фотографии.

Со почит,
Александар Стеванов
издавач на Македонска Ризница

Sunday, September 21, 2014

Македонска Ризница, дваесет и петти број

Дваесет и петти број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Sunday, July 13, 2014

Македонска Ризница, дваесет и четврти број

Дваесет и четврти број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Monday, June 09, 2014

Македонска Ризница, дваесет и трети број

Дваесет и трети број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Почитувани,

Древниот кинески филозоф, мислител и мудрец Конфучие, во една прилика запишал: „Секој ден донеси по една кошница земја на едно место - и ќе изградиш планина“. Прилагодувајќи се на оваа негова максима и доследно применувајќи ја во своето работење, амбициозниот уредувачки тим на списанието „Македонска Ризница“ за само две години успеа да создаде прототип на популарно електронско списание, чиј растеж е повеќе од евидентен, а број на читатели и почитувачи сè поголем. Тивко и ненаметливо, но со многу сенс и посветеност, од месец во месец, од број во број, списанието се надградува и збогатува со нови содржини, токму по теркот на народната - дека здрава и убава куќа се прави врз здрави, стамени темели.

„Македонска Ризиница“ е буквално дом во кој „засолниште“ без ничие фаворизирање, подеднакво си наоѓаат креациите на проминентни , но и на надоаѓачки инвентивни творци и креативци со чиста мисла, кои допрва треба да го кажат својот збор во, повеќе умствени, уметнички и други научни дисциплини во кои се остваруваат.
 
Во Македонија силно се твори и интензивно се создава, зашто пред сè исторското, а потоа и културно- социјалното и општествено милје како непресушен извор на инспрација, кријат во себе уште многу загатки и тајни и кои чекаат да бидат обзнанети и обелоденети, на наше заедничко задоволство. Оттаму и немам никаква резерва дека и онака етаблираната електронска платформа озаглавена „Македонска ризница“ ќе прерасне во поголемо „огледало“, кое уште поинтензивно и во поголем обем ќе ги рефлектира македонските творечки дострели, исцртувајќи ја и збогатувајќи со нови сознанија, патеката на македонското битисување и опстојба од дамнина , па до денес.
 
Посакувајќи Ви да уживате во содржините што ги нуди, 23–от број на „Македонска Ризница“, топло ќе Ви ги препорачам насловите Илинденското востание и македонската еманципација од д-р Стефан Влахов Мицов, преведената статија од списанието „Илустрација Илинден“ за уништувањето на првата чета во Битолско поле, како и репортажата за манастирот Свети Јоаким Осоговски, сместен во пазувите на Осоговските планини во Крива Паланка.
 
Со почит, 
Жорж Поповски

Friday, May 23, 2014

Македонска Ризница, дваесет и втори број

Дваесет и втори број на електронското списание „Македонска Ризница“: 


Почитувани читатели,

Секој нов број е ново камче во мозаикот наречен „Македонска Ризница“. Во овој број Ви го пренесуваме сведоштвото за судбината на Македонците за време на „Априлската војна“, сведоштво за една партизанка која што го дала својот млад живот за слободата на Македонија, а преку зборовите на една монахиња од манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово ќе ве запознаеме со ова духовно место.

Тука се и стандардните прилози од македонската поезија, фолклор и уметност.

Овие запишани сведоштва од македонската историја се само дел од нашето богато минато. Минато кое треба да го истражуваме за од него да стекнеме поука. За крај би сакал да пренесам дел од апел на група млади Македонци :

„…Освестете се, Македонци, стреснете се додека не е доцна, затоа што, во спротивен случај тие ќе го направат, тие ќе си ја постигнат целта; свестете се за да не се каете отпосле, затоа што откако еднаш ќе се загнездат кај вас вие вечно станувате нивни робови. Тие немаат никакви права врз вас; вие треба да заживеете самостоен живот, ослободен од секакво влијание. Покажете пред светот дека и вие сте народ: дајте да се разбере дека сте достојни потомци на вашите славни предци…“ Јули, 1898 год. весникот „Глас“ бр.1 Ви посакувам пријатни моменти додека го читате новиот број на списанието „Македонска Ризница“.

Со почит, Благојче Андонов

Monday, May 12, 2014

Македонска ризница во Утрински весник

Е-списанието Македонска ризница, спомнато во напис на Тина Иванова, објавен во Утрински весник:

„...Уште едно е-списание што полека почнува да предизвикува интерес кај културната јавност е „Македонска ризница“, чиј фокус се теми од македонската историја, традиција, уметност и фолклор. Списанието излегува еднаш месечно, а неговиот прв број беше објавен на 4 август 2012 година.

„Го основавме ова списание затоа што сметавме дека во Македонија недостасува нешто што би ги обработувало темите што се сега застапени во ’Македонска ризница‘. Во досегашните 19 броја на над 1.200 страници, свои написи имаат публикувано експерти во своите области, доктори и магистри на науки, но одвоен е простор и за студентите и помалку афирмираните автори чијшто глас, сепак, заслужува да стигне до поголем број читатели“, вели издавачот Александар Стеванов.

Тој додава дека, освен написи посветени на историјата и фолклорот, на страниците на „Македонска ризница“ се објавени и поголем број интервјуа со личности од различни области, поезија, раскази, карикатури, стрипови, а претставени се и не мал број ликовни уметници и илустратори.

Инаку, списанието функционира на волонтерска основа, некомерцијално е и непрофитно, што, вели Стеванов, за многумина е изненадувачки. „За жал, не располагаме со парични средства за да ја печатиме ’Македонска ризница‘, но вака секој оној што има интернет може да ги разгледува сите досега објавени броеви. Најдоброто од сè е што тоа може да го прави целосно бесплатно.“

Сашо Гачев, графички уредник на „Македонска ризница“, вели дека нивни соработници се сите оние што ги почитуваат нивната заложба и инспирација да афирмираат сè што е македонско. „Она што е карактеристично и што ја издвојува ’Македонска ризница‘ од другите е-списанија, па и од списанијата што излегуваат во печатена форма, е нашата заложба секогаш да презентираме нови и необјавени содржини, независно дали станува збор за текстови, писма, фотографии од македонската историја или, пак, за современи млади македонски автори, поети, уметници, стрип-цртачи, илустратори итн. Особено внимание им посветуваме на македонските уметници, писатели, поети итн., но со исто внимание се обидуваме да презентираме автори и уметници од странство, кои на каков било начин се поврзани со Македонија“, вели Гачев.“

Тина Иванова „Иако малку, е-списанијата и кај нас се тренд“, Утрински весник, 05.03.2014, 17:38

Friday, April 11, 2014

Македонска Ризница, дваесет и први број

Дваесет и први број на електронското списание „Македонска Ризница“:

Thursday, March 06, 2014

Македонска Ризница, дваесетти број

Дваесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:


Горди, домаќини, големи срца, срдечни, весели, напатен народ но со високо крената глава и свои на своето – ова е описот кој ќе ви го даде секој странец кој некогаш сретнал МАКЕДОНЕЦ. Со право е светот воодушевен од нашиот менталитет. Топлината на нашата земја се слеала во крвта на секој МАКЕДОНЕЦ. Знаеме да почитуваме, да се веселиме, знаеме да си ги чуваме семејните вредности – но....

Но, не многу знаеме за самите себе – за жал. Се чини повеќе нашата култура ја ценат оние однадвор отколку ние самите. Повеќе ја чуваат странците отколку ние самите. Се восхитуваме на историското наследство на туѓите земји, а за нашето малку или недоволно знаеме.

Еднаш поставив прашање во една моја колумна – обично прашање поради кое колумната буквално го обиколи светот. Тоа е еден од моите најчитани текстови, а поради само еден за мене поразувачки факт – а тоа е одговорот на моето прашање во текстот.

Знаеме ли кои сме? Која е Македонија?

Во текстот само набројав некои помалку познати факти за нашата преубава земја. Текстот молскавично се ширеше, а исто како и јас повеќето читатели првпат прочитале за некои од информациите во текстот – и тоа даде одговор на моето прашање –

НЕ, НЕ СИ ЈА ЗНАЕМЕ МАКЕДОНИЈА, НЕ, НЕ ЗНАЕМЕ ДОВОЛНО КОИ СМЕ!

Затоа и сметам дека списанија како Македонска Ризница се БОГАТСТВО. Како ќе им пренесеме на младите што има нашата земја, која е нашата историја ако не пишуваме за тоа, ако не објавуваме текстови за ова преубаво парче земја.

Горди сме си на Македонија, но потребни ни се информациите за минатото, за сегашноста, за тоа која била, која е и на каде ни оди нашата Македонија.

Читајте ги овие страници – ќе се зачудите колку од овие информации пренесени низ текстовите не сте ги знаеле, Верувајте – ќе се чуствувате исполнето – ќе бидете уште погорд МАКЕДОНЕЦ, со уште погоре крената глава за тоа кои сме, од каде доаѓаме, што имаме!!

Анита Петровска Рајковиќ

Saturday, February 08, 2014

Македонска Ризница, деветнаесетти број

Деветнаесетти број на електронското списание „Македонска Ризница“:



Почитувани читатели,

Ние, Македонците, можеби не сме најдобри во сè, но сме биле, сме и ќе бидеме најдобри во многу. Многу империи дале славни војсководци, но само една, Македонската, го даде најславниот, Александар Македонски.

Многу народи дале просветени дејци, но само еден, Македонскиот, ги даде браќата што го описменија сиот словенски свет, Кирил и Методиј од Солун.

Многу држави имаат славна историја, но само од една, од Македонија, светиот Апостол Павле тргна да го шири христијанството низ Европа.

Многу градови имаат славно минато, но во само еден, во Охрид, беше отворен првиот универзитет на Балканот, Охридската школа.

Многу е драгоцен овој наш македонски идентитет, штом толку многу ни го сакаат и со векови се тепаат да ни го украдат. И пред сè, ние, Македонците треба да знаеме зошто е тоа така, но и како истиот да го зачуваме и надградиме. И со секое сопствено индивидуално надградување ја подигаме и колективната свест. А токму трудовите како „Македонска Ризница“ претставуваат еден совршен портал на значајни информации за македонското, за она што било и за она што е.

Олицетворението на македонскиот непокор, нашите најголеми револуционери, биле истовремено и исклучителни интелектуалци. Зашто знаењето е и сила и моќ. И само обединети во име на македонската кауза, со богат дух и негуван ум може да излеземе од оваа битка на нашата генерација како победници, со исправени рбети и со кренати глави. Тоа им го должиме на нашите славни предци и на нашите идни поколенија.

Марија Котовска

Saturday, January 11, 2014

Македонска ризница, број 16-18

Насловни страници на броевите 16, 17 и 18 од списанието Македонска ризница: