Showing posts with label НЛО. Show all posts
Showing posts with label НЛО. Show all posts

Saturday, August 23, 2014

НЛО посети на Македонија во 2012 година

82. Забележан НЛО над Гевгелија,
мај 2012 - Гевгелија[95]

Постојат поголем број на евидентирани сведоштва за забележани неидентификувани летечки објекти на небото над Македонија во 2012 година. Едно од тие сведоштва е она на Тасевски, за забележан и фотографиран НЛО над Гевгелија.[95]



„- Вчера наутро околу 9:30 часот вообичаено се движев накај Мрзенски рид и повторно вообичаено попатно сликав по некоја фотографија. И се ќе беше вообичаено додека синоќа не седнав на  компјутер за да ги извадам сликите од фотоапаратот. Вчудоневиден останав кога на една слика забележав нешто во вид на елипса како лебди над во воздухот, ни напиша Тасевски.“[95]

Истиот месец (12 мај, споделено на 13 мај), во Лесковац соседна Србија, познатиот српски стрип автор Срѓан Николиќ - Пека (Srđan Nikolić Peka) има направено фотографија[96], на која што тврди дека се гледа НЛО. Објекотот на двете претходни фотографии, како и на онаа форографирана од Пека е сличен но сепак премногу ситен за да се види за што станува збор.


Нешто слично е фотографирано и над Кокино неколку години претходно (споделено во 2007 година).[97]


Што е тоа што се гледа не претходните фотографии е тешко да се каже, но најверојатниот одговор сепак не е вонземски неидентификуван летечки објект.

На фотографијата долу, во горниот десен агол се гледа нешто слично како наводните НЛО од претходните фотографии. Објектот го забележав дури откако ја отворив фотографијата на комјутер. Се запрашав што ли може да биде и, имајќи предвид дека додека фотографирав летаа повеќе птици, одговорот на прашањето беше едноставен.


83. Кругови во житото (траги од НЛО) во Карбинци,
јули 2012 - Карбинци, штипско[98][99][100][101][102][103][104][105]

Во 2012 година, во месец јули, забележани кругови во житото (наводни траги од НЛО), во штипското село Карбинци, предизвикаа вистинска медиумска сензација.[98][99][100][101].


Круговите во житото биле снимени од параглајдерист кој извршувал пробен лет над местото. За овој настан известија речиси сите македонски медиуми.

„Параглајдерист во саботата го снимил видеото  додека го изведувал пробниот лет над ова место .

„Сум летал над цела Македонија, но никогаш не сум видел нешто слично”, напишал параглајдеристот откако го објавил клипот.

За светските научници ваквите појави  не се нешто ново. Постојат повеќе теории со кои ги  толкуваат  симмболите.

Се претпоставува дека ова е порака од вонземјани кои  го најавуваат нивното доаѓање на земјата. Необични форми во полињата со жито беа забележани во Италија и на неколку ливади во Србија, како и во повеќе  делови во САД, Русија и  Мексико .

Дека ова не се вонземски траги и може да ги направи и човечка рака сведочат и документарните филмови, каде јасно е прикажано како луѓето со помош на алат  ги обликуваат ваквите форми .“[98]

Своја верзија за настанот имаше и „Вонземјанинот Ли“[102].



На крајот сепак се испостави дека станувало збор не за траги од НЛО, туку за чудна рекламна кампања, за претставување на новото лого на Македонски шуми.[103][104][105]

„Жарко Караџоски, генералниот директор на јавното претпријатие „Македонски шуми“, ја реши дилемата за вонземјаните од полето кај селото Карбинци – сето тоа е дел од проектот за ребрендирање на Македонски шуми. Мистериозниот круг во житното поле е всушност новото лого на Македонски шуми, а новиот слоган е – во партнерство со природата.

„Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на Македонски шуми, каде што преку слоганот ‘во партнерство со природата’ претпријатието симболично ја прикажува и неразделната врска помеѓу луѓето и шумите“, изјави Караџоски.

„Самиот знак, кој беше предмет на голем број шпекулации, претставува постојана промена, движење и обновливост каква што постојано гледаме во природата. Различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои што поминуваат шумите за време на различните годишни времиња. Ова пак, од друга страна, ја означува посветеноста на претпријатието за време на целата година, постојано оди напред и дополнително помага и покрај природните процеси“, соопшти ЈП Македонски шуми.“[105]

84. Наводно снимен НЛО над Кочани,
јули 2012, Плачковица[106]

Веднаш по наводните траги од НЛО во селото Карбинци, се појави нов случај за наводни посетители од друга планета.


„05.07.2012 По кругот со чудни фигури што го сними параглајдеристот над Карбинци, објавено е ново видео за кое авторот вели дека е снимено над Кочани. На 2-минутниот материјал се гледаат неколку објекти што го менуваат интензитетот на светлината. Во прв момент се еден до друг, а потоа се одвојуваат и полека оддалечуваат. “[106]

Сепак сликата која што е употребена за написот не е автентична и е претходно поставена во напис (15/06/2012) за забележан НЛО (на 2 јуни 2012) над Челмсфорд (Chelmsford), Англија, што фрла сомнеж за веродостојноста на настанот.[107]

85. Наводно снимен НЛО над Штип,
јули 2012 - Штип[108]

Веројатно иницирано од медиумската сензација за трагите од НЛО во Карбинци, се појави видео снимка за наводно забележан НЛО над Штип.



Според снимката нема никаков сомнеж дека се работи за монтажа.

 

86. Наводно снимен НЛО во прилепско,
јули 2012, во близина на Прилеп[109]

И повторно, веројатно поради медиумската сензација за наводните траги од НЛО во штипско Карбинци, се појави видео за наводно забележан НЛО во близина на Прилеп.



Во описот на видеото пишува:

„Снимено е на 3-ти Јули 2012. Прво го забележавме како лебди на чистото небо додека бевме внатре во колата, а потоа се упати кон облаците и се сокри позади нив, па решивме да застанеме и да го снимиме кога ќе излезе, доколку тоа се случи. Излезе од позади облаците но потоа повторно се сокри зад нив и на мистериозен начин исчезна испуштајќи светлина и нешто чудно. Лично не верував во вонземјани бидејќи за да дојдат од далечен регион во универзумот тоа би требало да биде со премногу напредна технологија и преголема брзина, ако не и со телепортирање односно преку некој портал. Можеби ова беше тест на безпилотни летала кои ги поседуваат поразвиените воени сили на некои земји, но сепак не знаеме точно што е па затоа како и сите слични појави е НЛО (Неидентификуван Летачки Објект). Можеби некогаш ќе дознаеме.“[109]

Сепак се работи за измама имајќи предвид дека нема како да е снимено во јули 2012 година, поради фактот што истото видео (без обработка) е објавено на 4 март 2011 година, односно претходно.[110]

87. Забележан и снимен НЛО во Скопје,
(9 или пред 9) јули 2012 година, Скопје[111]

Во истиот месец (јули) има уште едно сведоштво за забележани неидентификувани летечки објекти, овој пат на небото над Скопје.


„12 светлечки објекти забележал Трајче М. на небото над Скопје минатата ноќ меѓу 00:15 и 00:30 часот. Вели дека сведоци на настанот биле уште 500 - 1000 скопјани кои за време на случувањето стаписано гледале во небото-пренесува Канал 5.

Во писмото упатено до редакцијата заедно со фотографиите кои Трајче ги направил со својот мобилен, пишува дека 4 пати прелетале групи од по 3 летала.

Во текот на денот добивме уште неколку мејлови во кои и други граѓани на Скопје виделе неидентификувани светлечки објекти кои се движеле. Една наша читателка ни испрати и фотографија која ја направила со мобиле. Фотографијата е зумирана и направена од тераса во населбата Аеродром.“[111]

88. Забележан и снимен НЛО во Скопје,
12 јули 2012 година, Скопје[112][113][114]

Само неколку дена по претходното сведоштво, повторно е забележан НЛО над Скопје, а овој пат е и снимен.


Иако за ова на порталите е објавено дури во ноември[112][113], на видеото на јутуб, кое е објавено на 31 октомври, пишува дека е снимено на 12 јули 2012 година.

За НЛО над Македонија, снимен со мобилен телефон токму на овој датум е пренесено и од странски специјализиран вебсајт:

„UFO seen and recorded with a cellphone 12.07.2012“[114]

89. Забележан и снимен НЛО во Скопје,
29 ноември 2012 година, Скопје[115][116]

Во ноември истата година, повторно е забележан и снимен НЛО над Скопје.



На јутуб пишува дека е снимено на 29 ноември 2012 година.

90. Забележан и снимен НЛО во Маџир Маало,
12 декември 2012 година, Маџир Маало, Скопје[117]

Наредниот месец, повторно е забележан НЛО над Скопје и истиот е фотографиран, овој пат на небото над Маџир Маало.


„Фотографиите се од датум 12.12.2012 во 15:34 мин. во Скопската населба Маџир Маало. Објектот е фатен со мобилен телефон и испратени до редакцијата на Кукурику.“[117]

Сепак веројатно не се работи за НЛО туку за авион.

[95] НЛО во Гевгелија, Македонски мистерии, 06/05/2012
[96] Untitled, Srđan Nikolić Peka, 12/05/2012
[97] Вонземјани, НЛО... (343), Кајгана (Мартин$), 23/04/2007
[98] ВИДЕО: Tраги од НЛО во Македонија?, Христина Јованова, Сител, 04/07/2012
[99] ВИДЕО: НЛО во Македонија?!?, Maxim, 04/07/2012
[100] НЛО во Македонија? (ВИДЕО), MKD.mk, 04/07/2012
[101] Field Art или НЛО во Македонија?, A1ON, 04/07/2012
[102] Мики Ли Трајчевски: „Кај Таринци, сепак слетаа вонземјани“, Ирис, 07/07/2012
[103] Не било НЛО, туку новото лого на „Македонски шуми“, PlusInfo, 10/07/2012
[104] Ништо од НЛО во штипско, круговите биле ново лого на Македонски Шуми, Сител, 10/07/2012
[105] Логото на Македонски шуми на нивата во Карбинци сепак не го нацртале вонземјани, MKD.mk, 10/07/2012
[106] Мирољубива посета на вонземјани или обична монтажа?, Kanal8, 05.07.2012
[107] UFO sighting Chelmsford England 2nd june 2012 Must See!, 15/06/2012
[108] НОВО: Штипските вонземјани снимени од земја???, Мотика, 04/07/2012
[109] NLO Vonzemjani vo blizina na Prilep, Youtube (Johnny Degano), 04/07/2012
[110] NLO. 2011 03.03flv, Youtube (MrZaur977), 04/03/2011
[111] Фото: Скопјанец тврди дека видел НЛО, Fakulteti.mk, 09/07/2012
[112] НЛО над Скопје?, Zase, 09/11/2012
[113] НЛО над Скопје? Mkd-news.mk, 09/11/2012
[114] UFO in Skopje,Macedonia !!!, Youtube (therhythmslave1), 31/10/2012
[115] ВИДЕО: Повторно НЛО во Скопје ?!, Zase, 09/12/2012
[116] UFO 29 11 12 Skopje, Youtube (Marijan Kish), 08/12/2012
[117] НЛО над Маџир Маало, Кукурику, 25/12/2012

Wednesday, December 25, 2013

НЛО посети на Македонија во 2011 година

78. Забележани и снимени мистични стапки во Св. Николе,
февруари 2011 - Св. Николе [84][85]

Забележани необични траги во свети николско.


„Појавата на НЛО и суштества кои не се дел од нашата планета многупати ја разбрануваат светската јавност. Така на пример е појавата на необични светла во Израел. Во истиот период во Свети Николско во населбата Бел Камен што се наоѓа на крајот на градот жителите забележале необични стапки. Жителите возбудено ни ги покажаа стапките и според нив вечерта околу 23 часот се слушале необични звуци и тропање но дел од нив мислеле дека тоа е последица на ветерот, додека останатите се плашеле да излезат од своите домови.  Многу граѓани денеска доаѓаа на местото да ги видат необичните стапки и да се уверат во кажувањата на жителите. Дали стапките се на непознато суштество или на човек не може со сигурност да се утврди.“[85]



79. Забележан „НЛО“ над Скопје,
jуни 2011 - Скопје [86][87][88]

Безпилотно летало помешано со НЛО.


„Додека не видиме со свои очи не веруваме, овој пат видовме, некои успеаа да фотографираат, а други пак да избегаат.

Се работи за нешто досега сеуште невидено во нашата држава, до сега читавме и раскажувавме за чудни појави и летала, а вчера околу 17:30 над Алкалоид е забележан Неидентификуван Летечки Објект (НЛО).

“Лебдеше во воздухот, а потоа се спушти надоле и веќе не го видовме”, изјавуваат возбудените очевидци.

НЛО на 100-тина метри над нашата земја? Зарем е можно?!

“Стоевме со колешките и разговарајќи слушнавме еден лош звук, нешто како расипан вентилатор, перка што се врти, а кога се свртевме слушнавме девојчиња што од страв избегаа, погледнавме нагоре и имаше што да се види. Леталото беше чудно, имаше некакви камерчиња и антени, незнам ни како да го објаснам, зошто до сега немам видено такво нешто.”, вели очевидецот кој со мобилен телефон од типот BlackBerry со максимален зум го фотографирал леталото.

Само што го фотографирале леталото, се спуштило позади зградата, љубопитните очевидци свртеле еден круг околу зградата со автомобил, но веќе ни трага ни глас од чудната појава што долетала. Тие пет секунди кои доловиле чудна глетка направија очевидците да имаат чудно и интересно искуство, но на страна од сите интересни случувања, што навистина случува?“[86]

За овој случај е потврдено дека не се работи за НЛО, туку за безпилотно летало.[87][88]

80. Забележан НЛО над Струмица,
јули 2011, Струмица [89]

Фотографирано НЛО над Струмица.


„Непознат летачки објект, со неодредена големина и чудна форма, случајно е снимен со мобилен телфон минатата недела кај хотелот „Сириус“ во Струмица

Параглајдеристите од Струмица тврдат дека не летале во тој реон
Струмичанецот што со друштво седел на отворениот дел во хотелот „Сириус“ побарал од пријателите неколкупати да го фотографираат со мобилниот. На една од фотографиите на хоризонтот е снимен непознат летачки објект, десната од него. Тој вели дека го забележале откако неколку пати ја разгледале фотографијата.

Неколку лица од Струмица што се занимаваат со параглајдерство тврдат дека во тој период немало дојава дека некој ќе лета со параглајдер. Освен тоа, и местото кај хотелот „Сириус“ воопшто не било погодно за таа работа.

- Не се работи за параглајдер, бидејќи никој од колегите не летал во тој период, па макар и да е од друг град, затоа што тој дел од теренот воопшто не е погоден за летање, а и за спуштање - вели параглајдеристот Теохар Д. од Струмица.

За какво летало станува збор, засега нема одговор.“[89]


81. Забележан НЛО над Куманово,
август 2011 - Куманово[91][92]

Забележана силна светлина (НЛО) над Куманово.


„Кумановци во понеделникот навечер над градот виделе голема светлина која кратко се задржала на небото, а потоа исчезнала. Необичната светлечка појава во вид на топка доаѓала од правец на населбите „Перо Чичо„ и „Иго Тричковиќ„,.Граѓаните ја забележале околу 20.15 часот. Можела да се види од периферијата, но и од центарот на градот.

Човекот (Ненад Ѓ.) кој ја гледал необичната појава од својот двор во близина на Соколанскиот парк раскажува: Работев во дворот, кога брат ми и мајка ми ме викнаа да видам што паѓа од небото. Тогаш здогледав, необично бела светлина во облик на топка што се движеше со голема брзина во насока на населбите Банево Трло и Пуковско. Сето тоа траеше околу 1 минутка и оддеднаш исчезна. Ми личеше на НЛО, но неможам да потврдам бидејќи никогаш нешто слично не сум видел во животот. Се се случи пребрзо и не успејав да ја сликам за да имам доказ за она што го видов.

Луѓе кои во тој период шетале во центарот на градот ја виделе големата светлосна топка како паѓа од небото. Никој не може со сигурност да потврди за што станува збор, но на шега велат дека Куманово го надлетуваат НЛО.

Во кумановската полиција велат дека никој од граѓаните кај нив не пријавил за таква појава, поради што незнаат што виделе кумановци во наведениот период.“[91][92]

Истата фотографија е приложена (напоменато е дека не е автентична, туку дека е приказ како веројатно изгледало) и во напис за забележан НЛО над Кент во 2008 година [93], Лондон во 2011 година [94] и на други места.

[84] НЛО во Свети Николе, Mnogoo забава, 12/02/2011
[85] НЛО во посета на Свети Николе?, ТВ Свет
[86] Забележано е НЛО над Скопје?, Fakulteti (извор: Точка), 21/06/2011
[89] НЛО во Струмица?, Нова Македонија (автор С.Џ.), 22/07/2011
[90] МАКЕДОНЕЦ ВО ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА, Глобус,
[91] НЛО над Куманово!?, Илузионист (Macush), 14/08/2011
[92] НЛО во Куманово, Македонски мистeрии, 31/08/2011
[93] Was light shining through cloud a UFO?, 01/05/2008
[94] I want to believe!UFO НЛО и прочая..., 28/06/2011

Wednesday, December 11, 2013

НЛО посети на Македонија во 2010 година

75. Забележан НЛО над Гостивар,
20 февруари 2010 година, Гостивар [82]

Интернет сведоштво за забележан НЛО над Гостивар.

„On 20 of February 2010 at 04:51 am, unidentified flying object was spotted in city of Gostivar. Object was moving West South with very low speed and no sound. The whole spectacular movement was seen almost 5-6 minutes before its disappears behind the mountains.“ [82]



„Kako ocevidec mozam da kazam deka objektot osvetlen so bela svetlina na dvata kraja se dvizese mnogu sporo bez zvuk iako jas nastojuvav da otkrijam helihopter chinook ili avion, letase preku Gostivar i dosta nisko“[82]

76. Забележан НЛО над Радовиш,
февруари 2010 година, Радовиш [82]

Интернет сведоштво за забележан НЛО над Радовиш.

„Following the trace to the East till now the strange object was reported in the area of city Radovish.“ [82]

77. НЛО се срушил во Демир Хисар,
ноември 2010 година, Демир Хисар [83]

Известување за паднат НЛО во Демир Хисар. Според написот се работи за неидентификуван летечки објект најверојатно со овоземско потекло (безпилотно летало).

„НЛО падна во Демир Хисар

Од армијата, од НАТО и од УХМР негираат дека било какво нивно летало се наоѓало во воздушниот простор над Демир Хисар или пак дека воопшто имаат таков вид сонда.

Неидентификуван летечки предмет, најверојатно сонда што била опремена со камера и други уреди доцна синоќа падна во приватен магацин од Демир Хисар.

Од МВР се уште немаат информација за леталото, иако, како што дознаваме локалната полиција ги запленила остатоците од леталото.

Од армијата, од НАТО и од УХМР негираат дека било какво нивно летало се наоѓало во воздушниот простор над Демир Хисар или пак дека воопшто имаат таков вид сонда.  26.11.2010, 12:00 “ [83]

[83] НЛО падна во Демир Хисар, Канал 5, 26/11/2010

Friday, December 06, 2013

НЛО посети на Македонија во 2009 година

71. Снимен НЛО над Струга,
април (или порано) 2009 година, Струга[74]

Фотографија направена во Струга, на која што се тврди дека се гледа НЛО.


Можно е да се работи не за НЛО, туку за птица.

72. Снимен НЛО над Прилеп,
април 2009 година, Прилеп[75][76][77][78]

Фотографија направена во Прилеп, на која што се тврди дека се гледа НЛО.


"I was visiting my family in Macedonia and after taking some picture of the town and the mountains i went home to look over my photos and discovered this what I believe is a UFO.Sense the mountains are filled with urainium mines I believe that could have possibly attracted this."[75][76][77][78]

73. Снимен „НЛО“ над Охрид,
21 oктомври 2009 година, Охрид [79]

Видео на на кој што се гледа летечки објект.


Еден од коментарите под видеото гласи:
 
„ova e malo bezpilotno letalo sto go koristi vojskata ili nekoi luge za hobi hahaha i vo skopje go pustaat ova i jas se zbuniv se javiv kaj poznanici vo arm mi kazaa deka bilo test poradi prethodna neispravnos“ [79]

Со што леталото престанува да биде неидентификувано.

Сличен летечки објект имаат забележано и граѓаните на Неготино.[80]

„Вчера во 15 часот и 23 минути граѓаните на Неготино забележале неиндетификуван летачки објект. Нашите верни читатели од Неготино веднаш ни испратија фотографија која ексклузивно можете да ја погледнете на повеќе...“ [80]

74. Забележан НЛО,
10 декември 2009 година[81]

Видео на коа што од авторот се тврди е видливо НЛО, прикачено на Јутуб од Соња Михајловска.



Најверојатно се работи, не за НЛО, туку за улична светилка.

Еден од коментарите под видеото гласи:

„Sijalica e i vie samo mrdate so kamerata a toa si sedi isto.“

[74] UFO MACEDONIA, Panoramio (porter23), 11/04/2009
[75] UFO Over Prilep, 27/09/2009
[79] Летечки објект над Охрид, Youtube (Ohrid News), 21/10/2009
[81] UFO in MACEDONIA, Youtube (Sonja Mihajlovska), 10/12/2009

Monday, December 02, 2013

НЛО посети на Македонија во 2008 година

67. Забележан НЛО,
јануари 2008 година, Волково [69]

Анонимно интернет сведоштво за забележан НЛО над Волково.

„sinoka okolu eden i trieset vo volkovo mnogu duvase veter i se slusna nekoj silen zvuk nemozam da vi go opisam zasto predhodno takvo nesto neam slusnato i jas stanav i izlegov nadvor i so kevidam site komsii ilegle i gledaa vo toa avion ne bese tuku bese nesto golemo kako tanjir i mnogu svetese silno taka da ne se gledase sto e i se dvizese mnogu brzo kako da preleta nad nas ako znaete nekoj od volkovo prasajte pa izvestete ma i jas sakam da znam so e ama na vesti nisto ne kazaa “[69]

68. Рефлексија претставена како НЛО,
мај 2008 година, Кавадарци [70]

Снимка направена (поточно прикачена на Youtube) од Stojance Sakaliev, на наводно НЛО над Македонија. Најверојатна се работи не за НЛО, а за рефлексија од прозорец (стакло) на светлина од светилка (лустер), лажно претставена како НЛО.



Еден од коментарите под видеото гласи:

„Не ли гледаш дека тоа е лустер,и се одбива од прозорот!“[70]

Уште еден пример за рефлексија на светилки претставени како НЛО [70.1]



69. Светлечки сигнал претставен како НЛО,
ноември 2008 година, Скопје [71]

Најверојатно светлечки сигнал (рефлектор) претставен како НЛО над Скопје.

Еден од коментарите под видеото гласи:

„od holidej in svetloto e ovoa...“ [71]



Да забележам нешто слично ми се има случено и мене пред околу 6 години. Со, во тоа време, мојата девојка седевме на клупа во парк, кога случајно погледнав кон небото и забележав невообичаена светлина. Во прво време поради гранките од високите дрва кои го покриваа небото и двајцата не помисливме дека се работи за некој феномен. Потоа кога малку покритично пристапивме на настанот увидовме дека за феноменот е виновен рефлекторот од блиската дискотека.

70. Забележан орб до месечината,
декември 2008 година, Скопје [72][73]

Интернет сведоштво за виден НЛО (орб) над Скопје.


"It was about 20:00 and i wanted to watch the moon with my telescope i noticed a white orb next to the moon I thought it was Venus but it was bigger.I knew something is not right about it and than after several minutes it started fading and it was gone only black sky on the place where it was standing.I noticed the same thing 3 days after that again near the moon and it just faded again I never saw it again.i felt really interested about it i was just watching it and forgot to picture it and i am feeling sad now because i did not took a picture of it."[72][73]

[69] Вонземјани, НЛО... (696), Кајгана (super), 28/01/2008
[70] UFO in Macedonia, Youtube (Stojance Sakaliev), 24/05/2008
[70.1] UFO site in SKOPJE, Macedonia, captured with my phone, Dailymotion, 20/12/2009
[71] UFO Skopje 12.11.2008, Youtube, 11/12/2008
[72] UFO Report ID:85301
[73] mufoncms.com

Thursday, November 28, 2013

НЛО посети на Македонија во 2007 година

65. Забележан НЛО над Скопје,
мај 2007, Скопје[64]

Анонимно сведоштво за виден НЛО над Скопје во 2007 година, објавено на форум.

Вчера, околу 10.30 навечер над Скопје имаше нешто многу чудно. Точка ептен силна и прво помислив дека е авион, арно ама бидејќи не трепкаше помислив дека е сателит, за 2 секунди подоцна светлото да биде се послабо и послабо и се добиваше чуство како да оди во далечина а не да кружи околу земјата, по 5-10 секунди го снема комплетно... :ija:ја се извадив од памет, секоаш им се смеам на тие кои вадат вакви муабети, ама од ова уплав ме фати... да не го примети некој друг ова? :nesum: :toe: “[64]

66. Пронајден череп со едно око, без уши и три рокчиња,
2007 година, околина на Штип [65][66]

Наводно откритие на череп на вонземјанин во околината на Штип.


„Черепот со едно око, без уши и три рокчиња. Пронаоѓач кој се занимава со карпеста уметност, во пештера во околината на Штип, случајно ископал череп со исклучително необична форма. Засега само еден општ лекар ја анализирал формата и заклучил дека черепот не е од човек. Сензација или квази-научност? Раководен од сопственото искуство за распознавање на човечки черепи случајно ископани при обработка на земјата, сопственикот на овој пронајден череп е убеден дека овие коски не се остатоци од човечко суштество. Иако наликува на череп од човек, оваа глава од двете негови страни има остатоци од три пара коскени израстоци во вид на рокчиња. Черепот е со отвор за само едно око, без ушни шуплини и со три рокчиња на челото. Скелетот бил составен од необично долги коски на екстремитетите. Пронајдениот скелет не се наоѓал во хоризонтална положба, туку во исправена - блага вертикална положба. Черепот нема два очни отвори, ниту отвори за уши, специфична усна празнина без заби.“[65]

Приказната за овој откриен череп малку потсетува на онаа за черепот на ѕвезденото дете (Starchild skull).[67] Штета што черепот не е истражен и нема инфомација за тоа кој е откривачот, а со тоа во прашање е доведена и веродостојноста на целиот случај.

За забележани чудни суштества во Македонија има уште еден запишан настан[68]

[64] Вонземјани, НЛО... (375), Кајгана (Nemiseverue), 01/06/2007
[65] Необично откритие во околината на Штип, Кајгана, 23/09/2007
[67] Starchild skull, Wikipedia

Friday, November 22, 2013

НЛО посети на Македонија во 2006 година

58. Забележан НЛО над Плачковица,
почеток на 2006 година, Плачковица, кај Кочани[6]

На почетокот од 2006 година, во раните утрински часови над Плачковица кај Кочани, се забележани две НЛО во форма на давидови ѕвезди.

Тој додава дека пред околу шест месеци имал слично искуство, кога видел два НЛО-објекта на истото место над Плачковица, кај Кочани.

- Објектите што ги видов беа во форма на Давидови ѕвезди. По пет минути, почнаа да се распоредуваат во вид на крст, се додека не се изгубија сосема. Беше полна месечина, рано наутро, околу четири часот - рече тој.

Тој вели дека заедно со другарите многу пати досега виделе НЛО и тоа најмногу над Црквиште, близу с. Мородвис во општината Зрновци. Најмногу летала се појавувале за време на празниците, околу Прочка и Велигден.
“[6]

59. Отпечаток од НЛО,
18 март 2006, кичевско [54]

На 18 март 2006 година во кичевско, веројатно за прв пат во Македонија медиумски е соопштено за наводен отпечаток од НЛО.


„Трага од приземјување на мистериозен објект, во форма на правилен прстен, со пречник од четири метри и дебелина од 40 сантиметри, деновиве била откриена во близина на кичевското село Крушица. Трагата се наоѓа на 500 метри оддалеченост од селото, а според месните жители, била направена меѓу 12 јули и 12 август, од засега неутврден предмет, кој оставил силен отпечаток, пожолтувајќи ја тревата во прстенот. Сите показатели на местото на настанот укажуваат дека веројатно се работи за голем кружен објект, тежок повеќе тони, а локалните жители тврдат дека дивеч или луѓе не би можеле да направат таков отпечаток...

Милан Сиљановски, жител на селото Крушица, кој првпат во неделата ја открил мистериозната трага, вели дека отпечатокот не бил направен од луѓе, бидејќи во тој случај тревата би била искорната, а покрај тоа, во селото има само дваесетина жители и никој не знае од каде потекнува отпечатокот.

- Трагата била направена во периодот меѓу 12 јули и 12 август, но никој не знае со точност кога и како. Мислам дека се работи за летачка чинија или друг неидентификуван објект, бидејќи ние во селото не забележавме ништо сомнително во овој период. Постои можност отпечатокот да бил направен од голем товар исфрлен од хеликоптер, меѓутоа, сигурно ќе слушневме бучава или ќе забележевме нешто. Диви животни не можеле да направат толку правилен круг со насекаде еднаква дебелина. Во селото нема луѓе што би направиле такво нешто, а и без тоа, отпечатокот немаше да изгледа вака да беше направен од луѓе - вели Сиљановски.“[54]

Нешто слично во Хрватска има забележано мој познаник со кого порано често контактирав.


„Zlatko Sabolek (48) iz sela Peščenika kraj Koprivnice u nedjelju je zamijetio krug u žitu promjera pet metara.“[55]

Сепак дали во овие случаи се работи за слетување на НЛО или пак причините за круговите се инакви - не може со сигурност да се каже. Постојат низа на поовоземски објаснувања, дел од кои што и сам ги имам искусено.[56] На Нет можат да се пронајдат илјадници написи за тоа како можете да изработите вакви отпечатоци.[57]

60. Забележан НЛО,
лето 2006[58]

На Интернет форум постои пишано сведоштво за забележан НЛО во летото 2006 година.

А ако не верувате во вонземјани јас сум видел два пати. Еднаш ко бев мал 5 години тоа беше како фичо и се движеше над една зграда, а вториот пат беше ова лето. Овај пат се движеше со огромна брзина и го прелета целото небо за две минути а се гледаше ксо големина на ѕвезда. За тоа би требело огромна брзина нао не ни блиску на брзината на светлината. Можеби 15 МАХ (МАХ брзина на звукот) ама не беше ни блиску на брзината на светлината.“[58]

61. Забележан НЛО над Плачковица,
2006, Плачковица [6][59]

НЛО над планината Плачковица е забележан уште еднаш истата година.

Дека територијата на Македонија е често посетувана од т. н. неидентификувани летачки објекти покажува и последниот случај од пред неколку дена, кога на раздалеченост од 45 километри е видено летало за кое очевидците тврдат дека е летачка чинија. Едниот од нив, Борче Јаневски од Кочани, вели дека случката од пред неколку дена не го изненадила многу, бидејќи не му е првпат да гледа НЛО-објекти.

- Во саботата околу 21 часот на небото под Плачковица видов објект во ромбоидна форма со бела боја. За време од околу две минути, колку што можев да го видам објектот, бојата се менуваше и стана портокалова. Знам дека не е метеорски дожд, зашто објектот се движеше паралелно, а не дијагонално како метеорите.
..

Вториот очевидец, Мите Николов од с. Драгоево, близу Штип вели дека околу 21 часот сигурно видел нешто на небото, но не е сигурен што е всушност тоа. “[6]

„Можеби некој се сеќава на случката од лани лето, кога над планината плачковица се појави нешто во вид на трапез?? Јас лично го видов тоа, стоеше околу еден час над планината(така изгледаше) Наредниот ден видов во весник дека тоа било НЛО ама мене искрено не ми се веруваше дека е такво нешто... Можеби е имало нешто на врвот на планината, бидејќи беше темно и не се гледаше врвот, сепак остана затефтерено дека тоа било НЛО“[59]

62. Забележан НЛО над Плачковица,
2006, Плачковица [6]

Следниот ден повторно е забележан НЛО на истото место.

И следниот ден видов сличен објект, но глетката траеше кратко, бидејќи времето не беше убаво - рече тој. “[6]

63. Забележан НЛО,
август 2006[60][61]

Интернет сведоштво за забележан НЛО во Македонија во 2006 година.

"A STAR BUT CHANGING COLOURS AND LEAVES TRAIL AS IT MOVES

I`m SEEING SOMETHING IN THE SKY RIGHT NOW ITS LIKE A STAR BUT GLOWS MORE IN DIFFRENT COLOURS. AS IT MOVES IT LEAVES A TRAIL AND ITS MOVING DOWN FAST ITS ALMOST GONE BEHIND THE HILL.... THIS IS NOTHING LIKE Ive EVER SEEN BEFORE IT WAS CLOSE TO BIG BEAR BUT IT MOVED LEFT AND DOWN SO FAST"[60][61]

64. Забележан НЛО,
август 2006, Скопје[62][63]

Уште едно интернет сведоштво за забележан НЛО во Македонија во 2006 година.

"orange-red object under Republic of Macedonia

There was just one object, it's shape was triangle with same shadow under the triange, it was with orange-red colour. It was seen in two places, 18km appart. All Tv stations reported this UFO so if you need more information contact them. Also they have pictures,and video material."[62][63]

[6] НЛО над Плачковица, Tirekovmirece, 16/08/2006
[54] НЛО слетал во Кичевско?!, Дневник, 18/03/2006
[55] Smiljko Kajtez (25) kaže da je mislio da je riječ o balonu. Nakon što ga je snimio, objekt je naglo nestao... No, kasnije je priznao da je prevarant, 24sata.hr, 12/06/2007
[56] Отпечаток од летечка чинија, Internet Macedonian, 11/02/2011
[57] How to Make a Crop Circle
[58] Вонземјани, НЛО... (231), Кајгана (BountyHunter), 29/01/2007
[59] Вонземјани, НЛО... (400), Кајгана (Рунчев), 26/06/2007
[60] UFO Report ID:28932
[61] nuforc.org
[62] UFO Report ID:28964
[63] nuforc.org

Sunday, September 29, 2013

НЛО посети на Македонија во 2004/2005 и 2005 година

55. Забележан НЛО,
2004/2005 година[52]

Интернет сведоштво за забележан НЛО во 2004/2005 година (локацијата не е посочена).

„Гласав “да“. Еве една случка: пред 2-3 години се шетаме брат ми и јас покрај обалата (саатот некаде 20:00 - таман се стемнува) и гледаме накај небото една точка се посилно и посилно свети. На крај малте не имаше големина на месечината и наеднаш ја снема.“[52]

56. Забележан НЛО над Неготино,
16 јули 2005, Неготино[53]

Медиумски напис за забележан НЛО на 16 јули 2005 година во Неготино.

Неидентификуван летачки објект обвиткан во силна заслепувачка светлина два пати овој месец ги вознемирил жителите на Тиквеш. Нада и Јован Стојанови од кавадаречко селото Ресава со голема возбуда го опишуваат несекојдневниот настан.

- Ноќта спроти 16 јули бевме на свадба во хотелот "Парк" во Неготино. Кога се враќавме околу 2 часот изутрината, над ридот пред селото видовме огромна светлина што се движи полека. Таква светлина не сме виделе досега - објаснуваат Стојанови.

Тие дури сакале да го разбудат кметот на селото Бранко Тодоровски за да го види чудото.

- Светлината ја забележавме уште кај белата чешма. Беше како огромен рефлектор. Ни беше страв да застанеме. Се движевме како да лазиме. Ја гледавме неколку минути. Како што се наближуваше кон нас, таа беше позастрашувачка. И кога стигнавме дома, објектот се уште лебдеше таму - вели 64-годишниот Јован.

Додека тој возел, неговата сопруга Нада ја следела светлината со поглед. Во неа видела траги од објект во форма на чинија.

- Беше слична на оние летачки чинии што ги прикажуваат во филмовите. Испушташе и собираше зраци како сонце, а се слушаа и необични звуци - се потсетува Нада.
“[53]

57. Забележан НЛО над Тиквешко Езеро,
22 јули 2005, покрај Тиквешко Езеро[54] 

Медиумски напис за забележан НЛО на 22 јули 2005 година, покрај Тиквешкото езеро.

„Една недела подоцна, на 22 јули, истата светлина ја виделе и двајца млади, кои се возеле со мотор покрај тој дел од Тиквешко Езеро.

- Беше два по полноќ кога одеднаш над нас се појави ненормална светлина. Толку многу се исплашивме што летнавме да бегаме. Имаше чуден звук, како силен шум од ветер што може да те крене. И кога се оддалечивме од местото, тој звук се уште се слушаше - вели А.Б. од Кавадарци.

Ваквите доживувања на жители од Тиквеш ги разгореа приказните и сеќавањата за слични случки од пред неколку години во истиот регион.

Но, повеќето жители не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи се плашат дека нивните искази ќе бидат предмет на потсмев ако посведочат дека виделе НЛО над Кавадаречко. (С.Д.)“[54]

[52] Вонземјани, НЛО... (348), Кајгана (Saladin), 25/04/2007
[54] НЛО слетал во Кичевско?!, Дневник, 18/03/2006

Tuesday, September 24, 2013

НЛО посети на Македонија во 2003/2004 и 2004 година

51. Забележан НЛО над Маврово,
2003/2004, Маврово[46]

Сведоштво за забележан НЛО, споделено на Интернет форум.

„беше пред едно 2-3 години во Маврово и бев со братучед ми кај 6 саат вечерта да ловиме т.е. он да лови риба. Ја си се спружив на столот и буљав во празно, и одеднаш тоа едно смотано како летачка чинија ми го одвлече вниманието. ептен беше качено високо, али така се занесов што после цел ден се понашав како ѕвизнат. На никој не кажав.“[46]

52. Емитувано известување за НЛО,
април 2004 година, Скопје[47][48]

Сведоштво за забележан НЛО над Скопје.

"Macedonian National television has shown a video material of the object and stated that Macedonian airfoce has no flights at that time over the city. I'm not a witnes of the event. thus I cant give you any othere info."[47][48]

53. Забележан НЛО,
јуни 2004 година, Охрид[49][50]

Сведоштво за забележан НЛО над Охрид.

"me and my family went on vacation on ohrid lake.Our friends had rented a house so we went to visit them my family and the friends were sitting on a table near the house.I went to the garage to see whats inside when i came out i saw a flying saucer over the trees the house was far from other houses so it was all trees around us no lights and glowing stuff.so i saw this orange flying saucer over the trees coming down it was far away not that far away i saw it it was big and landing it was over the trees so in about 3 seconds it was behind them somewhere."[49][50]

54. Забележан НЛО,
февруари 2004[51]

Сведоштво, споделено на македонски Интернет форум, за забележан НЛО (локацијата не е спомената).

„Епа ај и ја да пишам за ова чудо... интересни луѓе се... а само 1-наш сум видел на небото летечки објект кој немаше никаков звук како една точка (поголема) лебдеше 30 секунди и само што се свртив го снема (минатата година февруари месец), па дали беше НЛО појма неам... али ваљда беше, зашто ниедно летечко тело на земјава не може да лебди во место и за толку брзо време да исчезне...“[51]

[46] Вонземјани, НЛО... (64), Кајгана (Kiro Hametovski), 01/01/2006
[51] Вонземјани, НЛО... (12), Кајгана (vmx), 11/06/2005 

Wednesday, September 18, 2013

НЛО посети на Македонија во 2002/2003 и 2003 година

48. Забележан НЛО над Маврово,
2002/2003, Маврово[42]

Сведоштво споделено на македонски Интернет форум, за забележан НЛО во 2002/2003 година.

„не мозе илјадници луге да лазат.
Јас лично неколку пати сум видел НЛО (или мислам дека сум видел)

1. Кај мене у маало пред 3 ил 4 години онака си лешкараве со другарце на трева навечер летно време онака многу тачки имаше и не си се движеа по некоја траекторија (како ке им текне така) а беа ситни дури поситни и од звездите. Метеори мислам дека не беа.“[42]

49. Забележан НЛО над Oморани,
(јуни/јули) 2002/2003, Оморани, велешко[43]

Уште едно сведоштво споделено на Интернет форум.

„Се мислев дали да ја раскажам оваа моја дешавка за која знам дека кај добар дел од вас ќе биде несериозно сватена, т.е. ќе мислите дека измислувам али вотевр, мое е да си кажам ваше е да мислите што сакате.
Ова ми се случи пред некои 4-5 год. Бев на мојата викендица, која се наоѓа во близина на селото оморани, велешко.

Беше месец јуни (или јули не сум баш сигурен), ама знам дека дента гледав вести каде кажуваа дека вечерта ќе имало метеорски дожд...

Околу 7-8 истата вечер, сонцето беше скоро зајдено, баба ми ја поливаше травата надвр пред куќата а јас седев со дедо ми дома. Кога баба ми наеднаш свика по нас, а по гласот беше бајаги растревожена. Јас таков целиот излетувам надвор и, нели рефлексно облекувам патики, (бев со главата свртен накај зидот од куќата, не накај дворот) кога целиот зид се осветли како од рефлектори, во мноогу бои кои светеа со огромна јачина! Се свртев накај небото, и забележав летачки објект кој тешко се опишува, тоа беше налик на круг или подобро кажано на капка вода која целата свети ва најразлични бои на рандом, а зад себе оставаше опашка (од гасови претпоставувам) која исто така беше во многу бои. надлета на само неколку метри над нашата куќа (!) и продолжи над населбата во близина (одма до железничката станица), од каде што и жителите на наредниот ден потврдија дека го виделе, и додадоа дека завршило во планината во близина. Никој немаше смелост да отиде таму! не знам зашто, не дека планината беше далеку, беше на 3-4 часа одење. Луѓето претпоставувам се плашеа од него, па се правеа како ништо да не се случило :toe:Малце ми е језиво на самата помисла на таа случка...
Така да јас мислам дека тие вонземјани постојат, само не ми е јасно зашто не сакаат да стапат во контакт со нас?“[43]

50. Забележан НЛО,
август 2003(?), Скопје (?)[44][45]

Сведоштво за забележан НЛО над Скопје.

„It was night time and i wa sin my backyard together with my grandmother, and many people were oustide in the street, and suddenly we all saw a light ball, in red, green colour, i saw it from behind the hill, and then it flight above my backyard actually above me, it was ball in different colours, green, red, etc, we all saw it, this was moving in one direction actually, and it was moving from north to south, and it was above my backyard there many witness who can claim this and iam sure this si the real one , thanks. Iam sure it was UFO somethign i never saw before. I was feeling afraid when i saw it first tiem then the object dissepear after 5 minutes.“[44][45]

[42] Вонземјани, НЛО... (134), Кајгана (Alek_rjk), 14/03/2006
[43] Вонземјани, НЛО... (524), Кајгана (Bang & Olufsen), 23/10/2007

Thursday, September 12, 2013

НЛО посети на Македонија во 2001 година

45. НЛО посета на предконфликтна Македонија,
2001, Кичево [5]

Според Симјаноски, НЛО посетите зачествуваат пред да се случи некаква непогода. Пред конфликтот од 2001 година тој тврди дека добивал јавувања на очевидци на НЛО речиси секоја вечер.

„Пред вооружениот конфликт во 2001 година кај нас, речиси секоја вечер имав јавувања од граѓаните во Кичево... кои тврдеа дека виделе НЛО - вели тој...“[5]

46. НЛО посета на предконфликтна Македонија,
2001, Штип [5]

Исто како и претходната година, и во 2001 година, НЛО бил забележан во Штип.

„Пред вооружениот конфликт во 2001 година кај нас, речиси секоја вечер имав јавувања од граѓаните во Штип ... кои тврдеа дека виделе НЛО - вели тој...“[5]

47. НЛО посета на предконфликтна Македонија,
2001, околината на Струга [5]

НЛО бил виден и во околината на Струга.

„Пред вооружениот конфликт во 2001 година кај нас, речиси секоја вечер имав јавувања од граѓаните ... од околината на Струга кои тврдеа дека виделе НЛО - вели тој...“[5]

[5] НЛО носат абер за непогода, Дневник, 18/03/2006

Wednesday, September 04, 2013

НЛО посети на Македонија во 2000 година

38. Најпозната средба од трет вид во Македонија,
2000 година, под врвот на планината Јама [5]

Најпозната средба од трет вид, според уфологот Стојмир Симјаноски, е онаа од 2000 година, под врвот на планината Јама.

Најпозната средба "од трет вид" кај нас, според Симјановски, е таа кај месноста Јама, меѓу Дебар и Кичево, позната по вакви настани.

- Според кажувањата на селаните, во 2000 година, под врвот на планината Јама, од големо вселенско летало излегле десетина мали суштества високи околу еден метар, облечени во сребрени комбинезони. И денеска на тоа место има вдлабнатина во земјата, а околните дрвја се навалени на иста страна - раскажува Симјановски.
“[5]

Според други, кај Јама бил забележан НЛО и претходната година.

39. НЛО над Ѓаволски ѕид,
2000 година (2001 или 2002), Ѓаволски ѕид [36]

Според едно локално верување, т.н. Ѓаволски ѕид бил изграден од вонземјани.

„...кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО...“[36]

На небото, во близина на месноста во која што се наоѓа Ѓаволскиот ѕид, според очевидци, во повеќе наврати се забележани НЛО.

„- Пред три години (забелешка: 2000, 2001 или 2002 ?), - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе од Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор.

Тоа особено често било во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство.“[36]

За очевдиците кои што забележале НЛО во близина на ѕидот се тврди дека воопшто не се малку.

„Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години (забелешка: 1998-2005 ?). Голем број на риболовци и ловци од овој регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него.“[36]

Еден од очевидците кои тврдат дека забележале НЛО во близина на овој ѕид е дедо Иљо од селото Богословец.

„Пред три години (забелешка: 2000, 2001 или 2002 ?), во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население.

- Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди.“[36]

40. Забележан НЛО над Цареви Кули,
август 2000, Цареви Кули[1][2]

Ако не ги броиме случаите над Ѓаволскиот ѕид, во 2000 година во Македонија има шест случаи на забележан НЛО. Во август НЛО бил видн над месноста Цареви Кули.

„Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над месноста Цареви Кули...“[1][2]

41. Забележан НЛО над Валандово,
август 2000, Валандово[1][2]

Истиот месец НЛО бил виден и над Валандово

„Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над ... Валандово.“[1][2]

42. Забележан НЛО над Штип,
август 2000, Штип[1][2]

Штип и оваа година не бил одминат од вонземјаните.

„Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над ... и повторно Штип.“[1][2]

Во овој период и Мики Трајчевски, попознат како Мики Ли[37], движејќи се во близина на трговскиот центар во Штип, на сред бел ден тврдеше дека глада НЛО.

Мики Ли Трајчевски [38]

Всушност ова не е единствениот пат кога го тврдел истото.

„Мики Ли Трајчевски, по потекло од Штип, е човекот кој тврди дека ... имал контакт со вонземјани“[39]

43. Забележан НЛО над Охрид,
лето 2000, Охрид[40]

Според сведоштво споделено на македонски Интернет форум, во 2000 година НЛО бил виден и во Охрид.

„Едно лето, пред 5 години бев во Охрид на плажа (не ми текнува на која) и наеднаш коа кренаф глаа... на небото на сред езеро глеам нешто во вид на топка, 5-6 пати помала од Сонцето ама светеше :idea: јако (бела боја) скоро колку него. 8)

Кога погледнав надоле, цела плажа зачудено гледаше во небото, сите ја видоа топката. Стоеше таму без да се помести сигурно повеке од 1 минута... и наеднаш ИСЧЕЗНА :shock:

До тогаш не сум видел такво нешто ама според се што имам читано и гледано за НЛО, дефинитивно сум сигурен дека беше тоа. Има и многу клипчиња со НЛО што изгледаат баш така...“[40]

44. Забележан НЛО над Охрид,
лето 2000, Охрид[41]

Постои уште едно сведоштво за виден НЛО во Охрид во 2000 година, но овој пат објектот бил забележан ноќе.

„2000 во Охрид, околу 22 - 23 часот, и јас и жена ми видовме нешто, шо никако друго не можам да си го објаснам освен како „НЛО„

нема шанси да беше било шо шо е познато до сега на планетава...

им пркосеше на законите на аеродинамиката, направи неколку такви движења/маневри, шо и двајцата останавме неколку минути едноставно неми - но комент...“ [41]

[1] Македонското небо под инвазија на НЛО, Mystodonia
[2] Македонското небо под инвазија на НЛО, Вест (Емил Златков, Фото. Ѓ.Личоски), 9/14/2002
[5] НЛО носат абер за непогода, Дневник, 18/03/2006
[36] Македонски кинески ѕид, мистеријата на "Ѓаволскиот ѕид", Организација на жени на општина Свети Николе, 2003-2005 (?)
[37] Штипски бездомник со натпросечна интелигенција, Вест (Т.Јовановски), 01/06/2009: „Штипјани го знаат како Ли бездомникот но ретко кој знае дека тој ги владее англискиот, германскиот, францускиот и германскиот јазик и дека во вреќата од која не се дели носи книги и весници. Штипјани велат дека Ли бездомникот е заштитен знак на тешките транзициони години во Штип. Само што ќе го видат со долгата брада и во стара износена облека како талка по штипските улици, некои со жалење, а други со потсмев го коментираат животот на Мики Трајчевски под отворено небо.
Ретко кој знае дека Ли бездомникот, како што го викаат штипјани, зборува неколку светски јазици. Со странците со кои се сретнува во градот комуницира најчесто на англиски јазик. "Кога ќе ме видат во стара и искината облека не им се верува дека можам да ги упатам и да им помогнам да се снајдат во градот. Јас сум фанатик. Не ми е важно дали ќе бидам губитник. За мене животот е борба", вели Мики.
"Уште како дете собирав и читав странска литература. Речниците што ги собирав од странците што ги среќавав се дел од мојата лична библиотека. Така ги научив англискиот , францускиот, рускиот јазик. За германскиот најмногу можам да и се заблагодарам на професорката Станка со која и денес кога се сретнеме во град се поздравуваме и разговараме само на германски јазик. Таа постојано ми повторува дека и бев најдобар ученик", вели Мики.
"Посебно ме интересира нуклеарната физика. Ова поле е бескрајно и неистражено. Од едни Руси кои беа во Штип дојдов до книга за Јуриј Гагарин. Книгата ги пренесува неговите зборови за тоа како го гледал светот кога бил во вселената. При неговиот прв лет. Интересна книга исто како што е интересна и книгата 'Астрономија' од Горе Ценев член на Астрономското друштво во Скопје кој е мој пријател и со кого соработував подолго време", додава Мики кој жали за тоа што тогаш немал никакви финансиски можности да го продолжи школувањето во Винча.
Преку ден Мики талка низ градот, но не питачи. Во вреќата што постојано ја носи со себе става само она што добронамерниците ќе му го дадат. Вреќата обично му е полна. Ретко кој знае дека е полна со весници, книги и некоја корка леб. "Имам прочитано над 6000 книги. Читам и по месечина. Редовно ги прелистувам весниците. Некои мислат дека ги земам за да се греам. Но, јас се топлам со топлината што ми ја дала природата, а пишаниот збор го чувам како зеницата во окото".
36-годишниот Мики Трајчевски повеќе од половина од својот живот живее сам откако на 16 годишна возраст останал без родители. Мајка му Радмила ги напуштила и заминала во непознат правец, а татко му Смиле исчезнал како пробен пилот во тогашната ЈНА без никаква трага и глас. Уште тогаш Мики барал истрага за неговото исчезнување, но никогаш не била спроведена. Животниот пат го водел од Нови Сад каде што се родил, па преку Лесковац, Врање, Куманово, Скопје каде што татко му бил воено лице за да заврши во Штип, град во кој никогаш немал постојана адреса на живеење и никогаш не успеал да најде работа. Вели поради надворешниот изглед не нашол разбирање и со еден германски бизнисмен кој сакал да го ангажира во неговата штипска конфекција како преведувач од германски јазик. Тоа била прва и единствената сериозна можност нешто да работи. "Мојот изглед е мој свет и не го менувам за ништо, макар да гладувам цел живот", вели Мики.
Ли бездомникот повеќе години живееше во хангарите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор во Штип кои се наоѓаа веднаш до реката Брегалница.
"Воените хангари беа стари и промаја шибаше од сите страни, ама пак ми беа некаков кров над глава. Сега и тоа го нема. Хангарите, случајно или не, изгореа. На нивно место преку ноќ никна нов приватен објект. Заедно со хангарите изгоре и целата моја лична документација. Ниту мислам, ниту имам можност да вадам нова лична карта", вели Мики кој сега живее каде ќе најде, спие каде ќе го затече ноќта, понекогаш и на снегот под отворено небо, на картон под него, покриен само со некој скинат партал.
Мики не прима никаква социјална помош. "Побарав еднаш, бев одбиен, а сега како што немам никакви документи ниту имам намера повторно да барам", вели бездомникот кој сега само се надева дека државата ќе му најде каков таков кров над глава.“
[38] (ВИДЕО) „Откриена“ мистеријата на круговите кај Штип, Дневник,  09/07/2012
[39] Македонскиот вонземјанин, Конзули, 17/04/2012
[40] Вонземјани, НЛО... (36), Кајгана (SilentBoB), 30/07/2005
[41] Вонземјани, НЛО... (43), Кајгана (Serdarot), 04/08/2005