78. Забележани и снимени мистични стапки во Св. Николе,
февруари 2011 - Св. Николе [84][85]
Забележани необични траги во свети николско.
„Појавата на НЛО и суштества кои не се дел од нашата планета многупати ја разбрануваат светската јавност. Така на пример е појавата на необични светла во Израел. Во истиот период во Свети Николско во населбата Бел Камен што се наоѓа на крајот на градот жителите забележале необични стапки. Жителите возбудено ни ги покажаа стапките и според нив вечерта околу 23 часот се слушале необични звуци и тропање но дел од нив мислеле дека тоа е последица на ветерот, додека останатите се плашеле да излезат од своите домови. Многу граѓани денеска доаѓаа на местото да ги видат необичните стапки и да се уверат во кажувањата на жителите. Дали стапките се на непознато суштество или на човек не може со сигурност да се утврди.“[85]
79. Забележан „НЛО“ над Скопје,
jуни 2011 - Скопје [86][87][88]
jуни 2011 - Скопје [86][87][88]
Безпилотно летало помешано со НЛО.
„Додека не видиме со свои очи не веруваме, овој пат видовме, некои успеаа да фотографираат, а други пак да избегаат.
Се работи за нешто досега сеуште невидено во нашата држава, до сега читавме и раскажувавме за чудни појави и летала, а вчера околу 17:30 над Алкалоид е забележан Неидентификуван Летечки Објект (НЛО).
“Лебдеше во воздухот, а потоа се спушти надоле и веќе не го видовме”, изјавуваат возбудените очевидци.
НЛО на 100-тина метри над нашата земја? Зарем е можно?!
“Стоевме со колешките и разговарајќи слушнавме еден лош звук, нешто како расипан вентилатор, перка што се врти, а кога се свртевме слушнавме девојчиња што од страв избегаа, погледнавме нагоре и имаше што да се види. Леталото беше чудно, имаше некакви камерчиња и антени, незнам ни како да го објаснам, зошто до сега немам видено такво нешто.”, вели очевидецот кој со мобилен телефон од типот BlackBerry со максимален зум го фотографирал леталото.
Само што го фотографирале леталото, се спуштило позади зградата, љубопитните очевидци свртеле еден круг околу зградата со автомобил, но веќе ни трага ни глас од чудната појава што долетала. Тие пет секунди кои доловиле чудна глетка направија очевидците да имаат чудно и интересно искуство, но на страна од сите интересни случувања, што навистина случува?“[86]
За овој случај е потврдено дека не се работи за НЛО, туку за безпилотно летало.[87][88]
80. Забележан НЛО над Струмица,
јули 2011, Струмица [89]
јули 2011, Струмица [89]
Фотографирано НЛО над Струмица.
„Непознат летачки објект, со неодредена големина и чудна форма, случајно е снимен со мобилен телфон минатата недела кај хотелот „Сириус“ во Струмица
Параглајдеристите од Струмица тврдат дека не летале во тој реон
Струмичанецот што со друштво седел на отворениот дел во хотелот „Сириус“ побарал од пријателите неколкупати да го фотографираат со мобилниот. На една од фотографиите на хоризонтот е снимен непознат летачки објект, десната од него. Тој вели дека го забележале откако неколку пати ја разгледале фотографијата.
Неколку лица од Струмица што се занимаваат со параглајдерство тврдат дека во тој период немало дојава дека некој ќе лета со параглајдер. Освен тоа, и местото кај хотелот „Сириус“ воопшто не било погодно за таа работа.
- Не се работи за параглајдер, бидејќи никој од колегите не летал во тој период, па макар и да е од друг град, затоа што тој дел од теренот воопшто не е погоден за летање, а и за спуштање - вели параглајдеристот Теохар Д. од Струмица.
За какво летало станува збор, засега нема одговор.“[89]
Види: МАКЕДОНЕЦ ВО ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА[90]
81. Забележан НЛО над Куманово,
август 2011 - Куманово[91][92]
Забележана силна светлина (НЛО) над Куманово.
„Кумановци во понеделникот навечер над градот виделе голема светлина која кратко се задржала на небото, а потоа исчезнала. Необичната светлечка појава во вид на топка доаѓала од правец на населбите „Перо Чичо„ и „Иго Тричковиќ„,.Граѓаните ја забележале околу 20.15 часот. Можела да се види од периферијата, но и од центарот на градот.
Човекот (Ненад Ѓ.) кој ја гледал необичната појава од својот двор во близина на Соколанскиот парк раскажува: Работев во дворот, кога брат ми и мајка ми ме викнаа да видам што паѓа од небото. Тогаш здогледав, необично бела светлина во облик на топка што се движеше со голема брзина во насока на населбите Банево Трло и Пуковско. Сето тоа траеше околу 1 минутка и оддеднаш исчезна. Ми личеше на НЛО, но неможам да потврдам бидејќи никогаш нешто слично не сум видел во животот. Се се случи пребрзо и не успејав да ја сликам за да имам доказ за она што го видов.
Луѓе кои во тој период шетале во центарот на градот ја виделе големата светлосна топка како паѓа од небото. Никој не може со сигурност да потврди за што станува збор, но на шега велат дека Куманово го надлетуваат НЛО.Во кумановската полиција велат дека никој од граѓаните кај нив не пријавил за таква појава, поради што незнаат што виделе кумановци во наведениот период.“[91][92]
Истата фотографија е приложена (напоменато е дека не е автентична, туку дека е приказ како веројатно изгледало) и во напис за забележан НЛО над Кент во 2008 година [93], Лондон во 2011 година [94] и на други места.
[84] НЛО во Свети Николе, Mnogoo забава, 12/02/2011
[85] НЛО во посета на Свети Николе?, ТВ Свет
[86] Забележано е НЛО над Скопје?, Fakulteti (извор: Точка), 21/06/2011[87] Разрешена мистеријата со НЛО-то над Скопје, Fakulteti, 22/06/2011[88] Серијата на киксови на македонските интернет медиуми продолжува!, Fail.mk, 22/6/2011[89] НЛО во Струмица?, Нова Македонија (автор С.Џ.), 22/07/2011[92] НЛО во Куманово, Македонски мистeрии, 31/08/2011
[90] МАКЕДОНЕЦ ВО ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА, Глобус,
[91] НЛО над Куманово!?, Илузионист (Macush), 14/08/2011
[93] Was light shining through cloud a UFO?, 01/05/2008
[94] I want to believe!UFO НЛО и прочая..., 28/06/2011
No comments:
Post a Comment