Saturday, August 23, 2014

НЛО посети на Македонија во 2012 година

82. Забележан НЛО над Гевгелија,
мај 2012 - Гевгелија[95]

Постојат поголем број на евидентирани сведоштва за забележани неидентификувани летечки објекти на небото над Македонија во 2012 година. Едно од тие сведоштва е она на Тасевски, за забележан и фотографиран НЛО над Гевгелија.[95]



„- Вчера наутро околу 9:30 часот вообичаено се движев накај Мрзенски рид и повторно вообичаено попатно сликав по некоја фотографија. И се ќе беше вообичаено додека синоќа не седнав на  компјутер за да ги извадам сликите од фотоапаратот. Вчудоневиден останав кога на една слика забележав нешто во вид на елипса како лебди над во воздухот, ни напиша Тасевски.“[95]

Истиот месец (12 мај, споделено на 13 мај), во Лесковац соседна Србија, познатиот српски стрип автор Срѓан Николиќ - Пека (Srđan Nikolić Peka) има направено фотографија[96], на која што тврди дека се гледа НЛО. Објекотот на двете претходни фотографии, како и на онаа форографирана од Пека е сличен но сепак премногу ситен за да се види за што станува збор.


Нешто слично е фотографирано и над Кокино неколку години претходно (споделено во 2007 година).[97]


Што е тоа што се гледа не претходните фотографии е тешко да се каже, но најверојатниот одговор сепак не е вонземски неидентификуван летечки објект.

На фотографијата долу, во горниот десен агол се гледа нешто слично како наводните НЛО од претходните фотографии. Објектот го забележав дури откако ја отворив фотографијата на комјутер. Се запрашав што ли може да биде и, имајќи предвид дека додека фотографирав летаа повеќе птици, одговорот на прашањето беше едноставен.


83. Кругови во житото (траги од НЛО) во Карбинци,
јули 2012 - Карбинци, штипско[98][99][100][101][102][103][104][105]

Во 2012 година, во месец јули, забележани кругови во житото (наводни траги од НЛО), во штипското село Карбинци, предизвикаа вистинска медиумска сензација.[98][99][100][101].


Круговите во житото биле снимени од параглајдерист кој извршувал пробен лет над местото. За овој настан известија речиси сите македонски медиуми.

„Параглајдерист во саботата го снимил видеото  додека го изведувал пробниот лет над ова место .

„Сум летал над цела Македонија, но никогаш не сум видел нешто слично”, напишал параглајдеристот откако го објавил клипот.

За светските научници ваквите појави  не се нешто ново. Постојат повеќе теории со кои ги  толкуваат  симмболите.

Се претпоставува дека ова е порака од вонземјани кои  го најавуваат нивното доаѓање на земјата. Необични форми во полињата со жито беа забележани во Италија и на неколку ливади во Србија, како и во повеќе  делови во САД, Русија и  Мексико .

Дека ова не се вонземски траги и може да ги направи и човечка рака сведочат и документарните филмови, каде јасно е прикажано како луѓето со помош на алат  ги обликуваат ваквите форми .“[98]

Своја верзија за настанот имаше и „Вонземјанинот Ли“[102].



На крајот сепак се испостави дека станувало збор не за траги од НЛО, туку за чудна рекламна кампања, за претставување на новото лого на Македонски шуми.[103][104][105]

„Жарко Караџоски, генералниот директор на јавното претпријатие „Македонски шуми“, ја реши дилемата за вонземјаните од полето кај селото Карбинци – сето тоа е дел од проектот за ребрендирање на Македонски шуми. Мистериозниот круг во житното поле е всушност новото лого на Македонски шуми, а новиот слоган е – во партнерство со природата.

„Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на Македонски шуми, каде што преку слоганот ‘во партнерство со природата’ претпријатието симболично ја прикажува и неразделната врска помеѓу луѓето и шумите“, изјави Караџоски.

„Самиот знак, кој беше предмет на голем број шпекулации, претставува постојана промена, движење и обновливост каква што постојано гледаме во природата. Различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои што поминуваат шумите за време на различните годишни времиња. Ова пак, од друга страна, ја означува посветеноста на претпријатието за време на целата година, постојано оди напред и дополнително помага и покрај природните процеси“, соопшти ЈП Македонски шуми.“[105]

84. Наводно снимен НЛО над Кочани,
јули 2012, Плачковица[106]

Веднаш по наводните траги од НЛО во селото Карбинци, се појави нов случај за наводни посетители од друга планета.


„05.07.2012 По кругот со чудни фигури што го сними параглајдеристот над Карбинци, објавено е ново видео за кое авторот вели дека е снимено над Кочани. На 2-минутниот материјал се гледаат неколку објекти што го менуваат интензитетот на светлината. Во прв момент се еден до друг, а потоа се одвојуваат и полека оддалечуваат. “[106]

Сепак сликата која што е употребена за написот не е автентична и е претходно поставена во напис (15/06/2012) за забележан НЛО (на 2 јуни 2012) над Челмсфорд (Chelmsford), Англија, што фрла сомнеж за веродостојноста на настанот.[107]

85. Наводно снимен НЛО над Штип,
јули 2012 - Штип[108]

Веројатно иницирано од медиумската сензација за трагите од НЛО во Карбинци, се појави видео снимка за наводно забележан НЛО над Штип.



Според снимката нема никаков сомнеж дека се работи за монтажа.

 

86. Наводно снимен НЛО во прилепско,
јули 2012, во близина на Прилеп[109]

И повторно, веројатно поради медиумската сензација за наводните траги од НЛО во штипско Карбинци, се појави видео за наводно забележан НЛО во близина на Прилеп.



Во описот на видеото пишува:

„Снимено е на 3-ти Јули 2012. Прво го забележавме како лебди на чистото небо додека бевме внатре во колата, а потоа се упати кон облаците и се сокри позади нив, па решивме да застанеме и да го снимиме кога ќе излезе, доколку тоа се случи. Излезе од позади облаците но потоа повторно се сокри зад нив и на мистериозен начин исчезна испуштајќи светлина и нешто чудно. Лично не верував во вонземјани бидејќи за да дојдат од далечен регион во универзумот тоа би требало да биде со премногу напредна технологија и преголема брзина, ако не и со телепортирање односно преку некој портал. Можеби ова беше тест на безпилотни летала кои ги поседуваат поразвиените воени сили на некои земји, но сепак не знаеме точно што е па затоа како и сите слични појави е НЛО (Неидентификуван Летачки Објект). Можеби некогаш ќе дознаеме.“[109]

Сепак се работи за измама имајќи предвид дека нема како да е снимено во јули 2012 година, поради фактот што истото видео (без обработка) е објавено на 4 март 2011 година, односно претходно.[110]

87. Забележан и снимен НЛО во Скопје,
(9 или пред 9) јули 2012 година, Скопје[111]

Во истиот месец (јули) има уште едно сведоштво за забележани неидентификувани летечки објекти, овој пат на небото над Скопје.


„12 светлечки објекти забележал Трајче М. на небото над Скопје минатата ноќ меѓу 00:15 и 00:30 часот. Вели дека сведоци на настанот биле уште 500 - 1000 скопјани кои за време на случувањето стаписано гледале во небото-пренесува Канал 5.

Во писмото упатено до редакцијата заедно со фотографиите кои Трајче ги направил со својот мобилен, пишува дека 4 пати прелетале групи од по 3 летала.

Во текот на денот добивме уште неколку мејлови во кои и други граѓани на Скопје виделе неидентификувани светлечки објекти кои се движеле. Една наша читателка ни испрати и фотографија која ја направила со мобиле. Фотографијата е зумирана и направена од тераса во населбата Аеродром.“[111]

88. Забележан и снимен НЛО во Скопје,
12 јули 2012 година, Скопје[112][113][114]

Само неколку дена по претходното сведоштво, повторно е забележан НЛО над Скопје, а овој пат е и снимен.


Иако за ова на порталите е објавено дури во ноември[112][113], на видеото на јутуб, кое е објавено на 31 октомври, пишува дека е снимено на 12 јули 2012 година.

За НЛО над Македонија, снимен со мобилен телефон токму на овој датум е пренесено и од странски специјализиран вебсајт:

„UFO seen and recorded with a cellphone 12.07.2012“[114]

89. Забележан и снимен НЛО во Скопје,
29 ноември 2012 година, Скопје[115][116]

Во ноември истата година, повторно е забележан и снимен НЛО над Скопје.



На јутуб пишува дека е снимено на 29 ноември 2012 година.

90. Забележан и снимен НЛО во Маџир Маало,
12 декември 2012 година, Маџир Маало, Скопје[117]

Наредниот месец, повторно е забележан НЛО над Скопје и истиот е фотографиран, овој пат на небото над Маџир Маало.


„Фотографиите се од датум 12.12.2012 во 15:34 мин. во Скопската населба Маџир Маало. Објектот е фатен со мобилен телефон и испратени до редакцијата на Кукурику.“[117]

Сепак веројатно не се работи за НЛО туку за авион.

[95] НЛО во Гевгелија, Македонски мистерии, 06/05/2012
[96] Untitled, Srđan Nikolić Peka, 12/05/2012
[97] Вонземјани, НЛО... (343), Кајгана (Мартин$), 23/04/2007
[98] ВИДЕО: Tраги од НЛО во Македонија?, Христина Јованова, Сител, 04/07/2012
[99] ВИДЕО: НЛО во Македонија?!?, Maxim, 04/07/2012
[100] НЛО во Македонија? (ВИДЕО), MKD.mk, 04/07/2012
[101] Field Art или НЛО во Македонија?, A1ON, 04/07/2012
[102] Мики Ли Трајчевски: „Кај Таринци, сепак слетаа вонземјани“, Ирис, 07/07/2012
[103] Не било НЛО, туку новото лого на „Македонски шуми“, PlusInfo, 10/07/2012
[104] Ништо од НЛО во штипско, круговите биле ново лого на Македонски Шуми, Сител, 10/07/2012
[105] Логото на Македонски шуми на нивата во Карбинци сепак не го нацртале вонземјани, MKD.mk, 10/07/2012
[106] Мирољубива посета на вонземјани или обична монтажа?, Kanal8, 05.07.2012
[107] UFO sighting Chelmsford England 2nd june 2012 Must See!, 15/06/2012
[108] НОВО: Штипските вонземјани снимени од земја???, Мотика, 04/07/2012
[109] NLO Vonzemjani vo blizina na Prilep, Youtube (Johnny Degano), 04/07/2012
[110] NLO. 2011 03.03flv, Youtube (MrZaur977), 04/03/2011
[111] Фото: Скопјанец тврди дека видел НЛО, Fakulteti.mk, 09/07/2012
[112] НЛО над Скопје?, Zase, 09/11/2012
[113] НЛО над Скопје? Mkd-news.mk, 09/11/2012
[114] UFO in Skopje,Macedonia !!!, Youtube (therhythmslave1), 31/10/2012
[115] ВИДЕО: Повторно НЛО во Скопје ?!, Zase, 09/12/2012
[116] UFO 29 11 12 Skopje, Youtube (Marijan Kish), 08/12/2012
[117] НЛО над Маџир Маало, Кукурику, 25/12/2012

No comments: