Sunday, September 29, 2013

НЛО посети на Македонија во 2004/2005 и 2005 година

55. Забележан НЛО,
2004/2005 година[52]

Интернет сведоштво за забележан НЛО во 2004/2005 година (локацијата не е посочена).

„Гласав “да“. Еве една случка: пред 2-3 години се шетаме брат ми и јас покрај обалата (саатот некаде 20:00 - таман се стемнува) и гледаме накај небото една точка се посилно и посилно свети. На крај малте не имаше големина на месечината и наеднаш ја снема.“[52]

56. Забележан НЛО над Неготино,
16 јули 2005, Неготино[53]

Медиумски напис за забележан НЛО на 16 јули 2005 година во Неготино.

Неидентификуван летачки објект обвиткан во силна заслепувачка светлина два пати овој месец ги вознемирил жителите на Тиквеш. Нада и Јован Стојанови од кавадаречко селото Ресава со голема возбуда го опишуваат несекојдневниот настан.

- Ноќта спроти 16 јули бевме на свадба во хотелот "Парк" во Неготино. Кога се враќавме околу 2 часот изутрината, над ридот пред селото видовме огромна светлина што се движи полека. Таква светлина не сме виделе досега - објаснуваат Стојанови.

Тие дури сакале да го разбудат кметот на селото Бранко Тодоровски за да го види чудото.

- Светлината ја забележавме уште кај белата чешма. Беше како огромен рефлектор. Ни беше страв да застанеме. Се движевме како да лазиме. Ја гледавме неколку минути. Како што се наближуваше кон нас, таа беше позастрашувачка. И кога стигнавме дома, објектот се уште лебдеше таму - вели 64-годишниот Јован.

Додека тој возел, неговата сопруга Нада ја следела светлината со поглед. Во неа видела траги од објект во форма на чинија.

- Беше слична на оние летачки чинии што ги прикажуваат во филмовите. Испушташе и собираше зраци како сонце, а се слушаа и необични звуци - се потсетува Нада.
“[53]

57. Забележан НЛО над Тиквешко Езеро,
22 јули 2005, покрај Тиквешко Езеро[54] 

Медиумски напис за забележан НЛО на 22 јули 2005 година, покрај Тиквешкото езеро.

„Една недела подоцна, на 22 јули, истата светлина ја виделе и двајца млади, кои се возеле со мотор покрај тој дел од Тиквешко Езеро.

- Беше два по полноќ кога одеднаш над нас се појави ненормална светлина. Толку многу се исплашивме што летнавме да бегаме. Имаше чуден звук, како силен шум од ветер што може да те крене. И кога се оддалечивме од местото, тој звук се уште се слушаше - вели А.Б. од Кавадарци.

Ваквите доживувања на жители од Тиквеш ги разгореа приказните и сеќавањата за слични случки од пред неколку години во истиот регион.

Но, повеќето жители не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи се плашат дека нивните искази ќе бидат предмет на потсмев ако посведочат дека виделе НЛО над Кавадаречко. (С.Д.)“[54]

[52] Вонземјани, НЛО... (348), Кајгана (Saladin), 25/04/2007
[54] НЛО слетал во Кичевско?!, Дневник, 18/03/2006

No comments: