Според извори на грчкиот весник "Вима", а пренесено од "Нова Македонија" (Ф.Д.), премиерот на Република Македонијa Никола Груевски, во преговорите за разликата околу името, не прифаќал географска одредница пред името Македонија.
Не знам дали сево ова е точно или пак се работи за злонамерна дезинформација на грчкиот весник, но јас за секој случај би сакал да кажам дека премиерот на Република Македонија, заедно со македонскиот државен врв, не само што не смее да прифати географска одредница пред името Македонија, туку и зад, врз, под името Македонија. Премиерот не смее да прифати ниту географска одредница пред зборот Република, а ниту пак смее да прифаќа географска одредница во заграда.
Секој оној кој што ќе се дрзне од готово да направи вересија и да го промени името на Република Македонија, а со тоа и нејзиниот идентитет, или пак да создаде благопријатни услови за промена на името, ќе биде сместен меѓу најголемите македонски предавници, со реални амбиции да избие на чело на таа листа.
Колку да сме на јасно.

No comments:
Post a Comment