Showing posts with label Тривија. Show all posts
Showing posts with label Тривија. Show all posts

Thursday, April 14, 2016

Илустриран Забавник

„Илустриран Забавник“, наслов што верувам дека кај многумина од вас буди носталгија, е македонско забавно списание кое излегува пред околу две декади. Во средината на деведесеттите, и самиот редовно го читав почнувајќи уште од првиот број, па кога пред неколку дена случајно го открив блогот http://ilustriranzabavnik.blogspot.mk, пријатно се изненадив. Овој блог претставува своевидна архива на „Илустриран Забавник“, а засега на истиот, во дигитална форма, можат да се најдат првите дванаесет броеви.

Колку што сум запознаен, „Илустриран Забавник“ излегува во 1995 и 1996 година, во вкупно 70 броеви, додека на споменатиот блог е посочено дека излегува од 1995 до 1999 година. Доколку некој има повеќе информации околу ова, би го замолил да сподели во коментари.

Единствена ситна замерка за блогот е дека на дел од поставените броеви недостасуваат по неколку страници. Со оглед на тоа дека сè уште чувам добар дел од броевите на списанието, доколку имав контакт од авторот на блогот, ќе му испратев скенови на страниците кои што недостасуваат, а кои што ги имам, како би ги комплетирал. Па доколку некој од вас има каков било контакт од него, би го замолил да ми пише во коментари.

Воедно, доколку можеби ги прочита овие редови, би сакал да го охрабрам авторот на блогот да продолжи со поставувањето на сите броеви од ова подзаборавено македонско списание.


За да го преземете првиот број - клик!


 За да го преземете вториот број - клик!

Sunday, January 18, 2015

Сланина со зелка

Велат за сè има прв пат. За прв пат на овој блог, се надевам не и за последен, претставувам рецепт за јадење. Се работи за јадење кое што, првично во намерата да ја потрошам заостаната храна, сам го измислив, но оттогаш на Интернет сум сретнал не еден сличен рецепт. Со оглед на тоа дека ми се допадна, не е сложено за подготовка и сметам дека е богато на различни вкусови, повремено си го подготвувам.

Потребни состојки за две лица:

  • 250 грама сланина [1]
  • главица кромид, ситно сечкана
  • чешне лук, ситно сечкано
  • главица кромид, сечкана на кругчиња
  • џинка
  • 200 грама зелка,
  • 200 грама кисела зелка [2]
  • две кафени лажици зачин вегета
  • црн бибер
  • буковец
  • свеж лимон

Сланината, сечкана на парчиња, се става да се пржи во тавче на претходно добро загреано масло. Се пржи до заруменување, по што се додава ситно исечкана главица кромид. Кога кромидот ќе омекне се додава исечканото чешне лук. 

Кога кромидот ќе се карамелизира се додаваат две лажички зачин вегета, се поросува со црн бибер. Веднаш потоа се додава и втората главица кромид сечкана на кругчиња и исечканата џинка. По 2-3 минути се додава исечканата зелка. Смесата продолжува да се пржи уште десетина минути.


Откако ќе се сервира во чинии, јадењето се поросува со малку буковец и на него се исцедува свеж лимон.

[1] наместо сланина може да се подготви и со свинско месо.
[2] доколку немате кисела зелка, може и обична

Sunday, December 14, 2014

Интернет Македонец со мал редизајн

Како што можете да видите, блогот Интернет Македонец претрпе мал редизајн:

Thursday, December 11, 2014

Одговор на обиди за дискредитација

Во принцип немам обичај да одговарам на коментари насочени против некој мој став или напис, уште помалку доколку истите се злонамерни и без аргументи, но во случајов ќе направам исклучок.

Се работи за коментар објавен од „Братот“, на темата „Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!“ на формумот Кајгана. 

Неговиот коментар е одговор на моето тврдење, објавено на овој блог во написот „Предлог грбот на Република Македонија правен според припишан грб на Александар Велики“[1], за тоа дека во написот во врска со предлогот за нов грб на Република Македонија, насловен „Владата го усвои предлогот за нов грб на Р. Македонија“[2], и објавен на сајтот на Македонското Хералдичко Здружение, намерно е сокриено оти предлог грбот е работен според грбови припишани на Александар Велики (Александар III Македонски).

Коментарот на „Братот“ гласи:

„...штета за нашите кои сеуште патат од немање основно знаење и се лесна мета на пропагандите, па залудно е тоа што водат патриотски блогови кога истовремено велат дека не им било познато дека Грбовите со Лавот му биле припишани првенствено на Александар Македонски. И сега се многу изненадени, никој порано не им кажал.
Тоа е исто срамота како да не знаеш од каде потекнува сонцето од Кутлеш, го користиш цело време и после 20 години откриваш сопствена историја. Трагикомедија.“

Да одиме по ред. Во првиот дел на коментарот, „Братот“, како би го прикажал мојот став како „трагикомичен“, се служи со навреди и со дискредитација на мојата личност. Наместо, доколку не се согласува со мојот став, да понуди сопствени аргументи, тој изнесува фиктивни заклучоци засновани на негови претпоставки односно желби дека сум бил „лесна мета на пропагандите“ и дека сум пател од „немање основно знаење“. Сето до овде напишано од негова страна, во немање на контра-аргументи, е со цел преку навреда на „противникот“ и негова дискредитација, да го прикаже неговото мислење како неточно, односно индиректно да го прикаже сопственото мислење како исправно. 

Наместо на интелегентен начин и со контра-аргументи да ме побие, односно да го побие мојот став, преку обиди за моја сатанизација, наводно како „мета на пропагандите“ и преку мое омаловажување за наводно „немање основно знаење“ се обидува да создаде впечаток дека мојот став е неточен, односно дека сите треба да се дистанцираат од истот тој став и да  се оградат од мене како и тие не би станале „лесна мета на пропагандите“. Наместо нудење на рационален заклучок и со докази поткрепен став, тој преку емоционален изблик се обидува да создаде истомисленици, кои би застанале со него во редот против сатанизираниот „противник“ т.е. јас.

Всушност таквото не нудење на аргументи од негова страна и прибегнувањето кон дискредитација на „противникот“, односно моја дискредитација, е јасен показател за немањето на апсолутно никакви аргументи во побивањето на она што сум го напишал.

Во продолжение „Братот“ вели дека  не ми било познато оти грбовите со лавот му биле припишани првенствено на Александар Македонски и дека сум чекал да ми кажат, нешто што доколку се провери ќе се види дека никаде го немам напишано. Ниту сум напишал дека не ми е познато оти тоа е така, ниту сум напишал дека ми е познато оти тоа е така. Покрај обидот за дефокусирање, во овој дел од неговиот коментар, тој се обидува да го изврти целиот мој став како би го прикажал како контроверзен, а мене како неук. Во неможност да го побие, тој го искривува во согласност со сопствените потреби при што посочува дека со таквиот искривен став кој ми го припишува мене, јас се побивам самиот.

Ако се побара да се види што напишав, ќе се забележи дека тоа ниту од далеку не е она што „Братот“ ми го припишува. Всушност она што го напишав и самиот тој го цитира, но како да не сака да го прочита и сфати. Да се видиме што напишав:

„Сепак она што, според мене, фрла дамка е криењето од македонската јавност дека предлогот за нов грб на Република Македонија е правен според припишан грб на Александар Велики.“[1]

Од ограничениот дел од мојот напис кој што тој го цитира не се дознава кој тоа крие, со што „Братот“ си остава простор за манипулации. Но ако се прочита целиот мој напис ќе се види дека станува збор за криењето на тоа дека предлог грбот е правен според припишан грб на Александар Велики, од страна на Македонското Хералдичко Здружение во написот кој што го имаат објавено во врска со предлогот за нов грб на Република Македонија. Ова јасно го пишува во мојот напис:

„Сепак она што ми се чини дека намерно е испуштено во написот објавен на сајтот на Македонското Хералдичко Здружение е дека двата посочени грба всушност се припишани грбови на Александар Велики (Александар III Македонски).“[1]

Значи јас не се чудам зошто никој порано не ми кажал, како што „Братот“ злонамерно извртува, туку прашувам зошто се крие дека предлогот за нов грб на Република Македонија е правен врз база на припишани грбови на Александар Велики.

Дали ова е „патриотски блог“ како што „Братот“ вели, или пак не е патриотски блог е сосема небитно. Во случајов битни се фактите. А фактите говорат дека намерно, од страна на Македонското Хералдичко Здружение, а веројатно по нечија директива, се крие оти предлогот за нов грб на Република Македонија е правен според припишан грб на Александар Велики (Александар III Македонски).

Се поставува прашањето од каде знаеме дека ова се крие? Едноставно, не само затоа што никаде во написот за предлог грбот објавен на сајтот на Македонското Хералдичко Здружение не е спомнато името на овој македонски крал, туку и затоа што на објавените фототипи од двата грба врз база на кои што во истиот напис се тврди дека предлог грбот е изработен, текстот кој што стои над нив, а кој што е „Alexandre le Grand“ (Александар Велики) е пресечен на едната, односно намерно избришан на другата. Допуштам дека сечењето на токму тој дел од едната може да настане случајно, без намера, но бришењето на истиот тој текст од другата, во програма за графичка обработка, е индикатор дека тоа е направено со умисла. Такво бришење не може да стане по случајност.

Да погледнеме:

Припишаниот грб на Александар Велики, од грбовникот на Жером де Бара, со текстот кој што стои над него
Истиот грб онаков каков што е објавен на сајтот на Македонското Хералдичко Здружение во написот „Владата го усвои предлогот за нов грб на Р. Македонија

Од приложеното јасно се гледа дека текстот (Alexandre le Grand), од сликата објавена на сајтот на Македонското Хералдичко Здружение во написот „Владата го усвои предлогот за нов грб на Р. Македонија“ е избришан. Имајќи предвид дека такво бришење не може да настане „од само себе“, очигледно е дека се работи за бришење со умисла.

Уште повеќе е јасно дека бришењето е со умисла поради целиот склоп на околности, како и поради тоа што „Братот“ не понудил никакво објаснување дека не е така и наместо тоа се послужил со лични навреди.

Зошто текстот (Alexandre le Grand) е избришан, во моментов кога го пишував написот не ми беше познато и само понудив претпоставки. За разлика од тогаш, сега до мене стигнаа некои информации. И кога го пишував написот, а и сега јас стојам на ставот дека во врска со вакви работи мора да постои транспарентност. За разлика од некои, јас мислам дека наместо да се крие од него, во врска со вакви случувања, на македонскиот граѓанин мора да му се соопшти целата вистина.

Потаму во својот коментар „Братот“ прави аналогија, која е несоодветна, имено затоа што ја темели на извртениот став кој ми го припишува мене и со тоа „трумфално“ финишира.

Иронијата да биде уште поголема, токму таквиот коментар, на оној кој што ме етикетира како „лесна мета за пропагандите“ е типично пропагандистички, имено со тоа што во себе содржи: дискредитација, дефокусирање, извртување на ставови и недостаток на факти.

Sunday, June 29, 2014

Ex Yu Игра на тронови

Македонија на мапава е прикажана како Hause Martell.

Извор: misha.blog.rs (iflslavs.slavorum.org)

Интересно е она што го пишува за Martell на страницата Wikia посветена на серијата „Игра на тронови“:

„House Martell is one of the Great Houses of Westeros. It rules the peninsula of Dorne in the far south of the continent from their castle Sunspear. Though loyal to the Iron Throne, it has pursued a more isolated role in wider political events since Robert's Rebellion

House Martell's sigil is a red sun pierced by a golden spear, on an orange field. The motto for the house is "Unbowed, Unbent, Unbroken"​.“

Sunday, May 04, 2014

Гаф на неделата

Гаф на неделата:




„Конечно Ким и Кардашијан пред олтар.“[1]

наместо Ким и Канје.

[1] „Конечно Ким и Кардашијан пред олтар“, Канал77

Wednesday, April 09, 2014

Eurasian Lynx

"The Balkan lynx (Lynx lynx martinoi) is a subspecies of the Eurasian lynx in the Lynx genus. It is the national symbol of the Republic of Macedonia. The Balkan lynx is depicted on the reverse of the Macedonian five denar coin. It is considered to be the largest cat on the continent. The name of Lynkestis, a Macedonian tribe, is translated as "Land of the Lynx". The Balkan lynx has been on the brink of extinction for nearly a century, with numbers estimated to be around one hundred." 


Текстот и фотографијата се преземени од: Wikipedia (Balkan lynx & Eurasian lynx). Обработка на фотографијата: Интернет Македонец.

Tuesday, April 08, 2014

Евроазиски рис

Балканскиот рис (Lynx lynx martinoi) е подвид на евроазискиот рис од видот на рисови. Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари. Рисот се смета за најголема мачка во континентот. Балканскиот рис бил на работ на истребување.“


Текстот и фотографијата се преземени од: Wikipedia (Балкански рис). Обработка на фотографијата: Интернет Македонец.

Sunday, January 19, 2014

Како Црногорците почнале да се нарекуваат Македонци

Некогаш Црногорците се нарекувале Македонци, а како тоа се случило подетално можете да прочитате во написотКако Црногорците почнале да се нарекуваат Македонци...“[1], објaвен на блогот „Црногорски прашања“ (Crnogorska pitanja). 


„Името Македонија се среќава во пошироко значење на Балканот, па така и во Црна Гора“ [2]

Се работи за извадок од делото на Сретен Жековиќ (Sreten Zeković) „За историската подлога на црногорската народност односно националност“ (O istorijskoj utemeljenosti crnogorske narodnosti odnosno nacionalnosti).

[1] Kako su Crnogorci počeli da se zovu Makedoncima (pod uticajem Ohridske arhiepiskopije), a zatim Srbima (zbog pripadnosti srpskoj Pećkoj patrijaršiji)
[2] Ime Makedonija susrijeće se u širokom značenju na cijelom Balkanu, pa i u Crnoj Gori (dr Dragutin Anastasijević u Stojanovićevoj Narodnoj enciklopediji srpsko-hrvatsko-slovenačkoj, II knj., isto, 1929, 647). Arhivska građa pokazuje da je to ostavilo duboku prt(inu) u svijesti Crnogoraca.

Wednesday, December 25, 2013

Јаглехидрати и шеќери

Гаф на неделата:

Тони Зен:

„Се обидувам да ги избегнувам шеќерите и маснотиите, а да конзумирам витамини, минерали, протеини и јаглеро – хидрати“, открил Тони за магазинот [1]

Wikipedia:

„Јаглехидратите, уште познати и како глициди или шеќери се органски соединенија“ [2]


Tuesday, December 17, 2013

Македонија испишана со привремената референца во српски учебник

Иако нашиот северен сосед, Република Србија, официјално ја признава нашата татковина под нејзиното уставно име, во актуелен српски учебник по географија, Република Македонија е испишана не со уставното име, а со привремената референца што може да се види од фотографијата.


Упатувам апел до македонските институции, како и до Македонците во Србија, да реагираат за овој случај.

Saturday, December 14, 2013

Киро Глигоров и Александар III Македонски

Поетска правда или иронија на судбината? ...

„Ние сме Словени дојдени во шести век на овие простори и немаме никаква врска со александровата цивилизација“, изјава на претседателот на Р. Македонија, Киро Глигоров.[1]


... Улицата која го носи името на човекот кој што тврдеше дека ние Македонците немаме врска со цивилизацијата на Александар Велики да го сече булеварот што го носи името на славниот војсководач.



[1] „Глигоров за грчка „Прото тема“: Ние сме Словени“, Канал 5, 26 октомври 2009: „Ние сме Словени дојдени во шести век и немаме никаква врска со александровата цивилизација“. И 17 години по изјавата во Тирана првиот македонски претседател стои на истиот став. Киро Глигоров во интервју за грчкиот весник „Прото тема“ вели дека и сега верува во истото.

Tuesday, December 03, 2013

Internet Macedonian - face lifting

Од денес блогот Internet Macedonian е со минимален редизајн во функција на дополнителна симплификација.


Фонтот за header-от, од KiloGram е сменет во LOT, а извршена е и мала измена во боите.

Изгледот на блогот претходно: клик!; изгледот на блогот сега:

Friday, November 29, 2013

Бугарски пасоши

Официјална статистика за бугарски пасоши извадени од Македонци, презентирана според бројките на ЕУРОСТАТ:

2002 - 1,369
2003 - 1,735
2004 - 2,302
2005 - 2,444
2006 - 2,933
2007 - 3,247
2008 - 3,637
2009 - 427
2010 - 439
2011 - 272

Или вкупно за една деценија 18 805 македонски државјани извадиле бугарски пасоши.

Македонија има 2,062,294 жители, односно 0,91% од македонските државјани поседуваат бугарски пасош.

Уште поинтересно е тоа што бројките очигледно паѓаат по 2008 година, како резултат на безвизниот режим со ЕУ.

ОД КАДЕ Е ЦЕЛАТА ОВАА ПАРАНОЈА СО БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ?!?

Tuesday, November 05, 2013

Блиски средби од трет вид со една обична госпоѓа со „надприродни моќи“

Пред околу половина дузина години, сосема случајно разбрав дека во зградата во која што во тоа време живеев, речиси година дена била сместена и некоја јасновидка со надприродни моќи. Се зачудив како за тоа дотогаш не бев слушнал ама баш ништо, а мојата пријателка која што ми ја сподели оваа информацијата, ми се чини дека се зачуди дури и повеќе. Не, тоа не беше поврзано со што и да е околу јасновидството, за неа тоа беше нешто сосема секојдневно. Нејзиното чудење се должеше на фактот што не си ги познавам соседите. Знаете, се покажа дека со јасновидката живееме на истиот спрат, со влезни врати оддалечени едвај десетина метри.

Никогаш претходно немав било какво лично искуство со пророкување на иднината. Веројатно затоа сево ова ми се виде интересно, па уште веднаш ја замолив заедничката пријателка кога ќе биде послободна да нè запознае. За неколку дена така и се случи, се најдов на гости кај мојата соседка јасновидка.

Беше тоа енергична, средовечна жена. Зборуваше со некаков источноевропски акцент и имаше аристократски манири. Веднаш по краткото формално запознавање ја започнавме сеансата. Ми се чини дека таа беше дури и понетрпелива од мене.

Причината поради која што сакав да се запознаам со неа всушност не беше затоа што имав некој посебен интерес за пророкување на мојата иднина. Тоа беше повеќе за и практично да пробам да разберам дали навистина госпоѓата има надприродни моќи какви што се тврдеше дека поседува. И така додека таа ме анализираше на метафизичко ниво, јас ја проучував нејзе од чисто психолошки аспект.

Да се разбереме, таа не беше од оние јасновидки кои што тоа го прават за да изнудат пари и за било каква материјална добивка. Иако ја прашав, воопшто не сакаше ни да слушне да ѝ се плати. Ми се чини дека тоа што го правеше на некој начин ја усреќуваше и ја исполнуваше со радост.

Самиот разговор со неа течеше исклучително пријатно. Набргу стекнавме взаемна доверба, па покрај спиритуалните теми, разменивме и по некој муабет од секојдневниот живот. Ми кажа дека целиот тој месец имала страшна главоболка поради тоа што некои си Руси од погорниот спрат пуштале гласна музика. Рече дека не може да сфати како и тие ја немаат истата главоболка, како воопшто можат секој ден да ги слушаат истите песни.

Надвор веќе се беше стемнило и по речиси два часа сеансата конечно заврши. Причината за крај беше поради тоа што госпоѓата мораше да го прибере багажот и покуќнината. Да, тој ден ѝ беше последниот од престојот во тој стан. Се тешко срце се поздравивме, небаре се знаеме цел живот, по што си тргнав. Па сепак нешто во мене сè уште не сакаше да стави точка. Како да имав потреба да потпрашам уште нешто, како да сакав да слушнам уште некоја нејзина животна филозофија. По неполни пет минути повторно ѝ затропав на вратата. Веројатно таа си помисли дека нешто сум заборавил, но не беше така. Се понудив да ѝ помогнам во пакувањето и расчистувањето, што таа со радост го прифати. И така додека расчистувавме, за работата полесно да врви, ги продолживме истите муабети на истите оние спиритуални теми.

Беше интересно дека година дена живееме на истиот спрат, а се среќаваме дури на ден пред таа да се исели од таму. Се сеќавам дека ми рече оти тоа сепак било некаков знак, рече дека некоја виша сила токму тогаш нè поврзала, за таа мене да ми раскаже нешто од „зоната на самракот“, а јас нејзе да ѝ помогнам при преселбата. Се насмеав учтиво, можеби тоа и навистина беше некаков знак. Па сепак во главата не престануваше да ми се врти едно прашање - како воопшто можеше да знае што и да е за нечие минато или иднина, а притоа воопшто да не претпоставува кој е вистинскиот виновник за ужасната главоболка која што ја измачувала веќе цел месец.

Знаете, не Русите од горниот спрат, туку истиот оној кој што во тие моменти ѝ помагаше при преселбата, беше човекот што со глас пуштен до даска, со денови наназад, по безброј пати на ден ги преслушуваше истите песни од својот омилен MP3 диск.

Saturday, August 24, 2013

Како навистина изгледал Никола Тесла

На порталот Think.mk, пред некој ден (17.08.2013) беше објавен написот „Како навистина изгледал Никола Тесла“ во кој што беше прикажана дигитално обоена фотографија на славниот научник, дело на Дана Клер, и за која што се тврдеше дека го прикажува Тесла онаков каков што бил.

Всушност „како навистина изгледал Тесла“, односно негов колор портрет, уште во 2006 година има објавено Македонска пошта (а веројатно и други претходно) на една од нивните марки.

Извини Дана Клер, еден нула за нашите.

Sunday, July 21, 2013

Александар Велики - часовник

Освен што е име на македонскиот антички крал и славен војсководец, Александар Велики (Alexander the Great) е и модел на луксузен часовник.


Овој часовник е произведен во 2011 година од швајцарската компанија Ulysse Nardin, а доколку ви се допаѓа и сакате да си купите еден, имајте предвид дека е произведен во само 100 броја.

Wednesday, July 10, 2013

Македонец, збор со голема почетна буква

Вчера на веб страницата zase.mk беше објавена статија со наслов:


Не знам дали Агим Ибраими е поголем Македонец од Македонците, но доколку знае дека зборот „Македонец“ се пишува со голема почетна буква, тогаш дефинитивно е поголем Македонец од авторите на оваа веб страница/статија.

Дополнително:

Sunday, June 23, 2013

Македонскиот јазик претставува неоспорлив факт дури и за Бугарите

Постоењето на македонскиот јазик колку некој и да го негира, останува да биде неоспорлив факт.  И покрај тоа што голем дел од бугарските лингвисти го сметаат македонскиот јазик за дијалект на бугарскиот, а официјална Софија го деградираше во ништо повеќе од „уставен јазик на Република Македонија“ сепак повеќето од Бугарите се на јасно дека тоа е засебен јазик, иако сличен, сепак различен од бугарскиот.

Завчера на Телевизија Планета (Телевизия Планета) во интервју по повод раѓањето на неговиот втор син, бугарскиот пејач Борис Дали, индиректно го призна постоењето на македонскиот јазик. Имено тој во интервјуто истакна дека песната која што неодамна ја пеел на фестивал во Македонија била напишана на македонски јазик.


[Целосното интервју, за жал, сè уште не е достапно на Интернет]

Се надевам дека овој пример ќе го следат што поголем број на бугарски јавни личности, што би било во интерес за подобрување на односите меѓу двете држави и народи.

А за тоа дека во Македонија не постои антибугарско расположение, наспроти тврдењата на бугарскиот политички врв, говори тоа што оваа година поголем број на бугарски пејачи добија награди и признанија за учеството на македонски фолк фестивали.[1][2][3]