Краток стрип од пет табли, на Елиза де Соуза (арт) и Александар Стеванов (сценарио и обработка). Добитник на наградата за уметнички израз доделена од Стрип центарот на Македонија - Велес, на интернационалниот стрип конкурс во 2013 година [1], објавен во осумнаесеттиот број на стрип магазинот Креатор и делумно [2] објавен во каталогот на фестивалот за стрип и карикатура Призрен - 2013.
A Wish for the Goldfish (Желба за златната рипка) - стрип во две табли на Весна Ничевска Саравинова (арт) и Александар Стеванов (сценарио) кој учествуваше на овогодинешниот Стрип салон во Велес (2011).
Иронична ситуација во која златната рипка која според верувањето исполнува три желби на оној којшто ќе ја улови има желба за себе која очекува друг да и ја исполни, и за желбата за слобода којашто не доаѓа сама по себе туку треба да се извојува "со крвави жртви" како што вели Гоце Делчев.
Стрипот е објавен во списанието „Креатор“, број 14/15 (2012).
Stronger than Gravity е стрип на Весна Ничевска Саравинова (цртеж) и Александар Стеванов (сценарио) кој учествуваше на натпреварот за стрип без зборови (Silent Comics Competition) на овогодинешниот (втор) интернационален фестивал на стрип култура во Полска (01-04/06/2011) - Link
Користен фонт: Mighty Zeo 2.0
Идејата за стрипот е дуализмот во универзумот: Кога на еден му се смрачува на друг му огрева*; верувањето и религијата наспроти знаењето и науката**; секое ново откритие е како меч со две острици; одговорот на едно прашање покренува ново прашање чијшто одговор човештвото тепрва треба да го открие...
Втора верзија на стрипот со додаден текст и со променет наслов (учествува на косовскиот стрип фестивал 2011).
Според книгата The Bible Code (Библискиот код)*** на авторот Michael Drosnin, Њутн освен што бил извонреден математичар и физичар, сериозно се занимавал и со проучувањето на Библијата и дешифрирањето на библикиот код.
Edit: стрипот во конкуренција од околу 200 дела на натпреварот Silent Comics, влегува меѓу најдобрите 79, а подоцна го наоѓа своето место и меѓу најдобрите 43 во официјалниот каталог (Cooltura.mk ; Vox.mk).
Over 200 works where received for the Silence competition during the 2nd international comics culture festival "Ligatura". The catalogue includes 43 works by artists from Argentina, Austria, Bosnia and Herzegovina, Brazil, Canada, Colombia, France, Germany, Hungary, Ireland, Japan, Latvia, Macedonia, The Netherlands, Poland, Romania, Russia, South Africa, the UK and the USA
*Во стрипот симболично е прикажано со падот на јаболката и издигањето на Њутн во еден од најголемите ако не и најголемиот физичар на сите времиња. Друга интересна тривија во врска со ова е дека Исак Њутн е роден во 1643 година, една година откако починал Галилео Галилеј (1642).
**Затоа во панелите 4 и 6 Њутн е свртен еден спроти друг.
***Базирано на откритија за Њутн од англискиот економист John Maynard Keynes.
"Year 0" краток стрип на Весна Ничевска - Саравинова (цртеж и туш) и Александар Стеванов (сценарио) кој учествуваше на годинешниот меѓународен салон на стрип во Велес
Користен фонт: Han Solo
Идејата на стрипот е за цикличноста на настаните и хипотетичката поврзаноста на два навидум неповрзливи приказни. За смртта и раѓањето на нов живот и ја покренува темата за воскреснување и реинкарнација.
Стрипот е добитник на специјална награда од Стрип Центарот на Македонија - Велес (2010).
Edit: учествува и на Балканската смотра на млади стрип автори 2012 во Лесковац, Србија.
Во овој блогпост би сакал да го претставам блогот на Весна Ничевска - Саравинова L'Art pour L'Art, а воедно да го претставам и нејзиното дело "Darwin is in the Cell" со кое учествуваше на годинашниот фестивалот на стрип и карикатура во Призрен, Косово.
Користен фонт: Lithos Pro
Идејата за стрипот е за релативноста на прапочетокот, за заборавените први стапки што се случувале во дамнешното минато, но и за слепилото за оние што ни се случуваат денес. За константното непрекинливо менување на нештата. За еволуцијата и деволуцијата. Процеси што не зависат од тоа во што ние веруваме или не веруваме.
Стрипот е објавен во официјалниот каталог на фестивалот во Призрен, Косово.