Showing posts with label Забава. Show all posts
Showing posts with label Забава. Show all posts

Thursday, January 23, 2014

Југословенка

Денес неколку домашни портали, меѓу кои и Press24, објавија напис во кој што информираат дека Коко, сопругата на американскиот рапер Ајс Ти, на својот твитер профил споделила дека потекнува од Србија.



На прашањето „Коко не сакам да бидам непристоен, но бидејќи Југославија повеќе не постои, дали си Хрватска, Босанка, Словенка или Србинка?“, таа одговора дека е Србинка.

Супер за Коко, само не ми е јасно зошто, и покрај тоа што од сите бивши југословенски републики само Македонија во ООН е заведена под референцата која го вклучува терминот „југословенска“, обожавателот на старлетата не ѝ дал опција да избере дека е од Македонија? Хмммм.

Saturday, August 31, 2013

Delete

ја, пачерете ја,
пак ќе биде наша најмила!


Wednesday, August 21, 2013

Мис минглиш

На овогодинешниот избор за Мис на Македонија, од публиката избрана за мис беше Деспина Царева.[1]

Официјалниот назив на нејзината титула, како што може да се види од фотографијата (на лентата) е „Miss publika miss Macedonia 2013“ 


Титула напишана на англиски јазик со еден македонски збор напишан на латиница (publika) = минглиш.

Monday, July 08, 2013

Протест: Граѓаните на Македонија имаат поголем пријател од САД

Пара вести!

„Волерс: Граѓаните на Македонија немаат поголем пријател од САД“ [1]

Волерс. Извор на фотографијата Нова Македонија [1]

По повод оваа изјава на амбасадорот Волерс, со тврдењето дека всушност самите тие, а не САД, се најдобар пријател на луѓето, вклучително и на граѓаните на Македонија, денес на протест пред месарата „Бољи живот“ излегоа стотина кучиња од неколку раси. Тие не се согласуваат со изјавата на американскиот амбасадор и тврдат дека САД не се ниту блиску до врвот на најдобри пријатели на Македонците.

„САД најдобар пријател на Македонците? АуАуАууу (се смее на добермански јазик)!“, иронично изјави еден скопски доберман кого што го затекнавме на лице место. „Да речеше дека Грција е најдобар пријател на Македонците поради тоа што со години наназад ја блокира Македонија во евроинтеграциските процеси, а со тоа ги спасува самите Македонците од банкрот, ќе разберев. Ама САД човече???“

Иако од кучињата никогаш не можело да се слушне добар збор за нивниот природен непријател мачките, сепак во случајов признаа дека, и покрај тоа што се на 245-то место на листата на најдобри пријатели на луѓето, дури и мачките се подобар пријател на Македонците одошто САД.

„И македонските политичари се подобар пријател на македонските граѓани одошто САД!“, пишуваше на транспарентот на една пудличка, која што едвај се забележуваше во толпата кучиња.

Според најновите информации кои што ги добивме, кучињата од стационарот Вардариште се заканиле дека доколку Волерс не се извини за несмасната изјава, ќе ги радикализираат протестите и ќе започнат штрајк со глад.

Wednesday, April 10, 2013

Донт ју „Муле“ ми!

Вчера (09/04/2013) на сајтот Радио Слободна Европа, еврокомесарот Штефан Филе, во самиот наслов на написот беше наречен „Муле“.
 
Со грешката „Муле“, пред 19 часа

Набргу грешката беше исправена и за жал не стигнав да направам принтскрин на самиот сајт. Сепак како потврда на погоре напишаното успеав да направам принтскрин на споделен линк од статијата на FB, каде што поправената грешка не беше регистрирана, односно на кој што стоеше насловот онаков каков што првично беше објавен.

Со поправената грешка, пред неколку минутки

За оние кои што можеби би спореле дека принтскринот не е ништо друго туку обична PS манипулација, еве и директна врска кон споделениот напис на FB.

Sunday, March 31, 2013

Најтежок пораз со само 115 гласа

Во статијата „Најтежок пораз на СДСМ на локалните избори во историјата на независна Македонија“ (Бр. 15250), објавена вчера (сабота, 30 март 2013), нејзиниот автор, новинар од Вечер, напишал дека поразот со само „115 гласа разлика е најголемиот пораз на СДСМ на едни локални избори во историјата на независна Македонија“.



Или поразот сепак не е најтежок или пак некому математиката не му е силна страна :)

Дел од оние кои што го направија истиот гаф се:


Евидентно е дека некои препишувале без воопшто да проверат, но од кого?

Всушност вистината е дека се работи не за 115, туку за околу 115 000 гласови, што може да се види на сајтот на Република (напомена: и Република во прво време објавија дека се работи за 115 гласови, за подоцна да ја исправат грешката).

Saturday, February 23, 2013

Ноќна стража

Една случка од 2001ва, на која што се смеам до ден денес:
 
Кога се распославме на теренот, на ручек, еден од офицерите започна да дава задолженија, наредби, распоред за стража и сл. Со нас имаше и еден Ром, па нему му вели:
-Ти војнику вечерва ќе одиш на стража таму и таму, во смени!
-Аааа не, јас никако не можам да одам да стражарам, вели Ромот војник. Што сакате друго ќе служам само тоа не. Ќе готвам, ќе чистам чевли, ќе копам ровови, храна и оружје ќе разносувам, само тоа не. Се запна не и не.
Се чудиме сите ние што толку.
-Се плашиш од УЧКите да не те скинат, го прашува офицерот. Уште одма ги наполни гаќите?
-Не, од друго ми е страв!
-Од што де, кажи сите да слушнеме?
-Ами знаеш поноќе на стража мене од вампири ми е многу страв да одам.
Хахаха леле леле, жива вистина. И после храната ја разносуваше. Абе нè умре од смеа.

Јове Палашовски

Tuesday, February 12, 2013

Вистината за разоружувањето на терористите

Понекогаш во фикционите дела со измислени ликови се наоѓа поголема вистина одошто  во официјалните извештаи од угледните организации или поединци. Во стрипот V for Vendetta на Алан Мур и Дејвид Лојд, еден од главните ликови, Ајви Хамонд (Evey Hammond), вели:

„Уметниците ги користат лагите за да ја прикажат вистината, а политичарите ги користат за да ја прикријат.“ ("Аrtists use lies to tell the truth, while politicians use them to cover the truth up")

Токму таков е случајот со оваа карикатура на тема „разоружувањето“ на „борците за човекови права“ од конфликтот од 2001 година:


Martin Erl, Bild-Nr. 376/0086
© Cartoon-Caricature-Contors, Pfaffenhofen [friedenspaedagogik.de]

Текст [германски јазик]:

...und werden in Mazedonien innerhalb von 30 Tagen die Waffen der Rebellen einsammeln...

Diese Angaben ohne Gewahr!

Превод:

[припадник на НАТО] ...И, во Македонија, во рок од 30 дена, ќе се собeрат оружјата на бунтовниците...

[терорист] Ова тврдење е без гаранција!

Благојче Андонов, А.С. и Zoki Lou

Thursday, February 07, 2013

Македонија, во Обединетите Нации, признаена под уставното име...

...или барем така е прикажано на карикатурава на Drew Dernavich, објавена во The New Yorker (12 јуни, 2006):


The United Nations delegate of Macedonia passes a card to the delegate of Bhutan.

"Sh-h-h. It's a birthday card for Liechtenstein. Sign it and pass it on"

Friday, January 11, 2013

ЕУ се митологизира

На порталот А1 ON, денес беше пренесена информацијата дека претставена е нова банкнота од 5 евра, која што ќе влезе во оптек на 2 мај 2013 година и на која што името на валутата за прв пат е испишано и на кирилично писмо.

Епа на здравје кирилизaција на т.н. Европска Унија, а во исто време и митологизација.

Имено на банкнотата е претставена митолошката феникиска принцеза Европа. Ние во потрага по историските корени отидовме во антиката, за што нè обвинија за некаква си антиквизација, а од ЕУ нè надминаа и во потрагата по нивните корени заминаа во митолошко време. Сега сигурно и тие ќе станат мета на безброј критики поради својата митологизација, нели?

Saturday, December 15, 2012

Членство на Република Македонија во Република Унгарија?

Не би ме зачудило поради повеќекратните блокади и продолжителниот престој во чекалната на Европската Унија, Република Македонија својата иднина да започне да ја гледа на друго место. Ама воопшто не ни претпоставував дека тоа друго место ќе е Република Унгарија.

Имено според порталот „За се“ (13.12.2012) Република Унгарија била гласен поддржувач и поборник за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Република Унгарија. Интересно.

Saturday, April 28, 2012

Македонија е моја!!!

Грчки графит со кој што се иронизираат националистичките повици дека „Македонија е грчка“. На графитот пишува „Македонија е моја!!!“ (Η Μακεδονία είναι δικη μου!!!)

Графитот е од (или пред) 2008 година. Фотографијата е превземена од: digital-camera.gr

Tuesday, April 24, 2012

Македонија припаѓа на мечките

Грчки графит од 2008 година по повод повиците* од Р. Македонија и од Р. Грција за тоа во чија сопственост е Македонија. На графитот иронично е напишано: „Македонија припаѓа на мечките“ (гр. Η Μακεδονία ανήκει στις αρκούδες τhε; анг. Macedonia belongs to the bears).

Photograph** from the protest of Occupation Eyaggelismos in Heraklion Crete. Sign that was writen in foot walks. (It says "Macedonia belongs to the bears")

Според Акис Гаврилидис графитот претставува варијанта на постар слоган од седумдесетите години на минатиот век кога Грција и Турција постојано се расправаат за тоа во чија сопственост е Егејското море. По повод тие расправии одредени анархисти ќе кажат „Егејското море и припаѓа на рибите“.

*Македонија е македонска (Macedonia is Macedonian) и Македонија е грчка (Macedonia is Greek)
**Фотографијата е направена од xamogelo (August 3, 2008).

Sunday, April 01, 2012

Македонско - грчко пријателство

Конечно дојде и тој ден, во кој што ќе можеме да градиме искрено пријателство со нашите соседи од Грција, а богами и тие со нас и со нашето име...












Први април е де! Денес ако не лажеме - кога? :)

Monday, March 12, 2012

Бензин и нафта на македонски начин

Вчера (11.03.2012, 13:23) Канал 5 ја пренесе веста за чудната девојка која пие бензин првично претставена во емисијатa „Моите чудни зависности“ на TLC:

Млада девојка зависна од бензин – секојдневно пие по неколку голтки

Со првата голтка ме пече и ме боли но добро се чувствувам – вели Шенон. Таа секојдневно пие по 12 лажици бензин. Во текот на минатата година испила дури 19 литри!

Единствено што недостасува, а би не интересирало и тоа многу, е колку километри поминува Шенон со тие 19 испиени литри. Со константните покачувања на цената на бензинот, ако е исплатливо да почнеме да пиеме и ние.

Ова ме потсети на Интернет иницијатива „Не пиеме нафта“ од пред неколку години, за повлекување на македонските војници од мисиите на НАТО (блог, петиција, форум Кајгана):




на која веднаш потоа се надоврза контраиницијативата „И ние пиеме нафта“ (пијте нафта, наша е):


Беше еднаш на македонскиот Интернет простор...

Monday, February 13, 2012

Погреб на Грција

Поради симболичниот погреб на Грција на карневалот во Вевчани, грчките власти испратија протестна нота (DW) до нивните македонски колеги:

Грците протестираат поради карневалскиот „погреб“

Шефот на канцеларијата за врски во Скопје, амбасадорката - Александра Пападопулу, се пожалила на односот на македонските власти, кои не го осудиле настапот на вевчанци кои на манифестацијата извршија „погреб на Грција“...

Но всушност она што деновиве се случи е Грците сами на симболичен начин, како во Вевчани, да си ја погребат Грција која тоне во долгови.





Кому ли сега грчките власти ќе му го врачат демаршот?



 А.С. во соработка со Кузман Мато

Thursday, January 12, 2012

Соломон Кејн - осумзрачно сонце

Пред година и кусур (24/10/2010) на блогот на Дарвел, во статијата Сонцето од Кутлеш беше претставена слика од вториот дел од филмот Господарот на прстените, на која што се гледа штит со 16 зрачно сонце, слично на она од претходното знаме на Република Македонија:


Сонцето од Кутлеш:

Очигледно на некој од сценографите му здосадило да измислува симболи за сите штитови и знамиња, па позајмил нешто наше… На еден од ѕидовите од Хелмс Дип беше оној штитот од погоре…

Еве што јас забележав гледајќи го филмот Соломон Кејн (Solomon Kane):


Којзнае, можеби и на некој од сценографите на филмот Соломон Кејн му здосадило да измислува симболи, па на штитот на кочијата (00:45:23) поставил 8зрачно македонско сонце за кое се знае дека ги украсувало античките македонски штитови и монети.

Монета од времето на македонскиот крал Александар III Македонски, со 8зрачно сонце:


Секако можеби се работи за чиста случајност, но сепак е нешто интересно да се сподели.

Thursday, October 27, 2011

Поздрав до чика Филе

По серијата бомбардирања со протестни пораки на електронската пошта на чика Филе поради намерното испуштање на придавката "македонски" од изештајот на ЕК, не ни преостанува ништо друго освен да го поздравиме и него и целата негова фашистичка банда со песната We're Not Gonna Take It:



Oh We're Not Gonna Take It
no, We Ain't Gonna Take It
oh We're Not Gonna Take It Anymore

we've Got The Right To Choose And
there Ain't No Way We'll Lose It

Инаку поздравот е на англиски пошто фашистите решиле дека не ни го признаваат македонскиот јазик.

I-Macedonian.Blogspot.com