Пара вести!
„Волерс: Граѓаните на Македонија немаат поголем пријател од САД“ [1]
Волерс. Извор на фотографијата Нова Македонија [1] |
По повод оваа изјава на амбасадорот Волерс, со тврдењето дека всушност самите тие, а не САД, се најдобар пријател на луѓето, вклучително и на граѓаните на Македонија, денес на протест пред месарата „Бољи живот“ излегоа стотина кучиња од неколку раси. Тие не се согласуваат со изјавата на американскиот амбасадор и тврдат дека САД не се ниту блиску до врвот на најдобри пријатели на Македонците.
„САД најдобар пријател на Македонците? АуАуАууу (се смее на добермански јазик)!“, иронично изјави еден скопски доберман кого што го затекнавме на лице место. „Да речеше дека Грција е најдобар пријател на Македонците поради тоа што со години наназад ја блокира Македонија во евроинтеграциските процеси, а со тоа ги спасува самите Македонците од банкрот, ќе разберев. Ама САД човече???“
Иако од кучињата никогаш не можело да се слушне добар збор за нивниот природен непријател мачките, сепак во случајов признаа дека, и покрај тоа што се на 245-то место на листата на најдобри пријатели на луѓето, дури и мачките се подобар пријател на Македонците одошто САД.
„И македонските политичари се подобар пријател на македонските граѓани одошто САД!“, пишуваше на транспарентот на една пудличка, која што едвај се забележуваше во толпата кучиња.
Според најновите информации кои што ги добивме, кучињата од стационарот Вардариште се заканиле дека доколку Волерс не се извини за несмасната изјава, ќе ги радикализираат протестите и ќе започнат штрајк со глад.
[1] Волерс: Граѓаните на Македонија немаат поголем пријател од САД, Нова Македонија, 3 јули 2013
No comments:
Post a Comment