Wednesday, December 30, 2009

Среќна Нова година!

Блогпост кој го пишувам само за да посакам среќни новогодишни и божиќни празници на сите мои колеги блогери и зависници од интернет. Нека 2010тата ви биде исполнета со радост и мигови за паметење, многу здравје, љубов и пари! Поздрав со една визионерска, но малку подзаборавена песна од македонската рок група Меморија.

Среќна Нова година - Меморија

Би сакал да се вратат годините назад,
истите песни да се вртат на радио.
И би сакал како порано да немаме мака.

И кога тогаш на улиците да има илјада насмевки
и луѓе весели, напиени од среќа пред Нова година.
И луѓе весели, напиени од среќа пред Нова година.

Вечерва ја трошиме слободата на годинава.
Напиени не забораваме ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!

Среќна Нова година.
Среќна Нова година...





I, Macedonian - едногодишен отчет

Подолго време интересна ми беше идејата за пишување свој блог. Често го посетував Блогерајот и некои македонски блогови на blogspot но се решив за свој блог пред само една година. Повод за тоа беше ескалирањето на речиси дведеценискиот проблем со името наметнат од соседна Грција. Бев во странство па не можев баш да помогнам. Не бев на најголемите протести против промена на името, па за да го компензирам чувството на безпомошност го креирав блогот, со кој главно сакав да дадам некаков мој придонос за дефиромизација на интернетот и употребата на нашето уставно име - Република Македонија.

Во овој блогпост би сакал да дадам едногодишен отчет за сите оние коишто го читаат блогов и коишто ги следеа инструкциите за делувањата во одбрана на името и идентитетот, а уште повеќе до оние коишто тврдеа дека човек не вреди да се бори и дека прашањето со името е изгубена битка.

1. YouTube say Macedonia
Горд сум што првите (најпримитивни :-P) видеа беа направени од мене, како и дел од текстовите. Да не ме сфати некој погешно, далеку од тоа дека јас сум најзаслужен за успехот за тоа што YouTube не нарече Macedonia. Доколку македонската јутуб заедница не се вклучеше со праќање на протестни писма, ако на најпопуларните македонски јутуб канали не беа ставени видеа од иницијативата и доколку македонските Facebook корисници не ја промовираа иницијатива сево ова ќе беше без успех.

Во Македонија има многу луѓе што ја сакаат Македонија и што се спремни да помогнат. Исто така и македонската интернет заедница воопшто не е мала со оглед на тоа дека сме двемилионска земја. Сепак голем минус е слабата координација и организација, агресивноста кон соседните земји наместо промовирање на македонската вистина, форсирање на романтизмот на штета на рационалноста и прагматичноста и несекогаш јасната целенасоченост.

Негодувања заради непринципиелната политика YouTube да не нарекува Macedonia (FYROM) имало и порано и тоа со години наназад, но по неколкумесечна оганизирана, агресивна кампања која започна на почетокот на мината година YouTube конечно не нарече Macedonia наместо Macedonia (FYROM) како што предтоа беше напишано.

2. Microsoft say Macedonia
Веднаш откако YouTube и Wikipedia не прознаа под уставно име, силите беа носочени кон Микрософт. Иницијативата Microsoft say Macedonia е стара, а во отсуство на нејзиниот оригинален автор јас преку блогов само ја возобновив. Креирана беше петицијата која во моментов има над 16 000 потписи!

И покрај тоа што петицијата беше промовирана на телевизија Канал 5 и имаше статија во Нова Македонија во која и јас кажав некој збор, се чини дека иницијативата уште долго ќе трае главно поради игнорантскиот однос на Microsoft и Микрософт - Скопје. Знам само едно: се додека Microsoft не нарекува FYROM, а нашиот јазик Macedonian (FYROM), иницијативата постојано ќе се возобновува.

3. Посетеност
Блогов оди на две платформи: Blogspot поради полесното пронаоѓање од Google и Блогерај поради можноста за полесна комуникација со други блогери од Македонија. Отако постои, од декември 2008 година, I, Macedonian има вкупно 98 блогпоста.

Според sitemeter-от на I, Macedonian на Blogspot за една година има безмалку 10 000 посети. Setemeter-от на I, Macedonian на Блогерај пак има нешто над 5 000 посети. Се на се околу 15 000 посети и околу 27 000 page views.

Со оглед на тоа дека кога почнав никој не ме упати за најважните работи коишто секој блогер треба да ги знае, па учев по принцип падни, стани, задоволен сум од посетеноста.

Ај пак во Новата година да поуспешно :-)

Tuesday, December 29, 2009

Македонски месеци

Се ближи нова година, од пред некое време почнаа да делат календари па еве еден табеларен приказ на македонските изворни имиња и античките македонски имиња на месеците.

Реден Број

Стандардно име на македонски

Македонско изворно име

Античко македонско име

1Јануари КоложегFerities
2ФевруариСечкоDystros
3МартЦутарXandikos*
4АприлТревенArtemisios
5МајКосарDaisies
6ЈуниЖитарPanemos
7Јули ЗлатецLoios
8АвгустЖетварGorpaios
9СептемвриГроздоберHyperberetaios**
10Октомври ЛистопадDios***
11НоемвриСтуденApellaios
12ДекемвриСнежникAudnaios

*Xandikos Embolimos поради тоа што календарот на Античките Македонци имал 354 дена бил престапен 6 пати на циклус од 19 години
** Hyperberetaios Embolimos бил престапен еднаш на 19 години
***Dios бил прв месец во календарот на Античките Македонци

Mакедонски антички месеци После невкусните шеги со Google translate еве повторно. Погледнете само како на македонската Википедија е запишан месец Септември. Наместо Хиперберетај се нашол некој паметен и напишал Курташакис.

Friday, December 25, 2009

Протест во Солун!

Повик за протест против грчкото вето

Се повикуваат сите горди Македончиња на протест против грчкото вето на приемот на Македонија во ЕУ

Протестот ќе се одржи на 02.01.2010 ( сабота) и секоја следна сабота, со почеток од 10.00 часот во Солун.

Секој горд Македонец треба да понесе со себе минимум 1000 евра.

Од 10.00 часот треба... достоинствено да се нападнат грчките бутици.

По оваа иницијална фаза следува втората фаа на напаѓање на грчките летувалишта во периодот јули - септември.

Се повикуваат сите Македонци да ги нападнат летувалиштата: Лептокарија, Певкохори, Катерини, Паралија, Ставрос, Платамона, Неи Пори, Ханиоти, Тасос, Закинтос и тн.

Кој може нека стисне заби за Портокарас, Родос, Крф и останатите елитни грчки летувалита.

Издржете храбро, не е се така црно - си има предности, убаво е морето, башка за 3 саати си таму, згодно е поготово за децава. Нити месото ќе ви се одмрзне, а нити пак патлиџаните ќе ви скиснат.

П.С. За поголема масовност на протестот препратете го мејлов до сите ваши познати - немојте да се обрукаме пред Грците.

Поздрав.

Напишано од Vesna Soposka и објавено овде со нејзина љубезна дозвола, поради апсурдноста на некои случувања.

Tuesday, December 22, 2009

Македонски блог директориуми

Во овој пост ви претставувам 6 македонски директориуми на блогови (два од нив и на сајтови) на кој што доколку сакате можете да ги пријавите вашите блогови и на тој начин да го подобрите вашиот Google page rank и да добиете дополнителна посетеност.

Macedonian Blogs

http://blogs-mk.blogspot.com/ е блог директриум на околу 120 македонски блогови на различни блог платформи. Можете да се регистрирате на него преку кликање на следниот линк http://blogs-mk.blogspot.com/2009/12/blog-post.html и следење на инструкциите на дното на на блогот. Одобрувањето е мануелно од сопственикот на блогот доколку се исполнети условите.

TopMKD

http://topmkd.com/ е директориум на македонски страници. Пријавувањето е едноставно. Откако ќе го внесете вашиот блог, име, URL, категорија и слика, вашиот блог автоматски веднаш се внесува во директориумот. За да бидете што повисоко листани треба да го преземете копчето да го поставите на вашиот блог и преку него да гласаат за вас. Колку повеќе уникатни влезни кликови има од вашиот блог до страницата толку повисоко се листате во листата на категоријата и генерално. Од една IP може да се гласа еднаш на 24 часа. Единствена маана е што сликите на кодот за копчето што треба да го поставите на вашиот блог се мртви, ама доколку малку се разбирате можете да го сменете URL-то за мртвата слика и на нејзино место да го ставите URL-то на сликата која што сум ја поставил на овој блог.

Macedonian Links

http://links-mk.blogspot.com/ е блог директориум на најдобрите македонски страници и блогови подредени по азбучен редослед. За да го пријавите вашиот блог кликнете на линкот и следете ги инструкциите http://links-mk.blogspot.com/2009/12/blog-post.html

Macedonian Top Blogs

http://maktopblogs.gotop100.com/ e блог директориум на околу 35 македонски блогови. Пријавувањето го вршите со внесување на податоците за вашиот блог. Листањето е според бројот на влезни кликови од вашиот блог до страницава. Гласањето е преку копче коешто го земате од вашиот кориснички панел откако ќе го пријавите вашиот блог. Доколку имате проблем можете да му пишете на уредникот

Digimak

http://blog.digimak.net/ е листа на околу 170 македонски блогови. Пријавувањето на вашиот блог на директориумот е преку праќање на електронска порака. Јас два три пати пратив порака за да го пријавам блогов но сè уште не сум добил позитивен одговор, па не би знаел кои се условите за одреден блог да биде внесен.

Macedonian Top Blog

http://www.alati.org/top/ e блог директориум на околу 40 македонски блогови. Пријавувањто е преку праќање на електронска порака до уредникот. Предуслов е вашиoт блог да е пријавен на технорати. Колку повеќе линкови има кон вашиот блог според технорати толку повисоко се листате. Пожелно е вашиот блог да има и сајтметер затоа што алтернативно може да се избере листање според број на посети.

Monday, December 21, 2009

Facebook патриотизам

Пред некој ден на Facebook ми стигна порака којашто идеше вака некако: Доколку сакате да помогнете Македонија да го зачува своето име и идентитет поканете ги вашите пријатели да се вклучат во групата. Е шо толку ќе помогнат ако се зачленат. Демек собери милион члена и оп идентитетот си се зачувал. Колку шо глеам повеќето ги прават овие групи од шо немат попаметна работа. Има цела дузина групи да најдеме 10 000 Македонци на Facebook, да најдеме 100 000 и тако даље разбираш. А тие пак што се зачленуваат во ваквите групи понекегаш и сами не знаат зошто се зачленуваат. Имаше група имиња и презимиња на Facebook напишани на кирилица. Дали една третина од нејзините членови имаа имиња и презимиња напишани на кирилица. Ќе земам да направам група Топ лузери од Македонија и гарант ќе најдам неколку стотки коишто ќе се зачленат.

И коа човек ќе отиде на една таква патриотска група за зачувување на национален идентитет и име 90 поценти од коментарите се изблици на едипов комплекс и јавно онанирање на мајка Македонија. Во нив речиси и нема ништо друго освен псевдопатриотско чукање в гради со излитени слогани: Македонија вечна, името не го даваме, а некои преминуват и во нацизам: смрт на предавници, на душманите семето да им се сотре, ко тие да одлучуваат кој каков статус треба да има. И шо е најважно речиси сите вакви патриотски коментари ко по правило се напишани на латиници и без никакви граматички правила, како што во еден коментар напиша Беличанец: апсурдно е тоа што колку помалку си го познаваш македонскиот јазикот толку повеќе ја сакаш Македонија.

И се ќе беше ОК доколку истите тие направеа нешто практично за Македонија или пак беа спремни да помогнат при некој иницијатива. Пред еден месец за една иницијатива беа потребни по неколкумина луѓе од десетина македонски градови. И каде е најдоброто место да се најдат патриоти освен на една патриотска Facebook група. И кој е највечи патриот од свих патриота, се знае основачот на една таква група. Му пратив порака до каде е спремен да иде иде со работите што ги пропагира. И веднаш ми стигна порака полна со ентузијазам "До смрт за Македонија брат, до смрт!" Му пишав дека не се бара од него да умира за Македонија, а само да одвои по некој сат во продолжение на една седмица и како горе долу би се одвивала иницијативата. Изгубив саат време договарајќи и коа требаше да се почне со работа ми врати порака дека нема да учествува, се поболел кутриот од грип. Бреј и грипот е против патриотите или можда се поболел од што нејќел да се бори до смрт за Македонија ко шо ми беше пишал.

Јас сум ти највечи патриот жими Грците. Поголем Македонец сум од сите Ескими собрани заедно. Не бе стварно ви викам ниедно џуџе во Македонија не е поголем Македонец од мене. Толку голем патрит сум шо и латиницата ја напраив македононско писмо. Јбг. Зборот патриот во мојата свест полека но сигурно станува валкан збор.

Friday, December 18, 2009

Македонски блогови за историја

Во моменти како овие коа ни нудат муда за бубрези, некаква си подобра иднина во замена за нашето славно минато ви претставувам блогови за историја, историски документи и артефакти, археологија... Ако знаете некој македонски блог којшто ги обработува овие теми ве молам напишете го во коментари.

1. Agema Makedonin
http://agema-makedonin.blogspot.com/ е блог со историски докуметни за Македонија и неговиот автор колку што разбрав е поврзан со момците од сајтот Macedonian Truth.

2. Makedonika
http://makedonika.wordpress.com/ е македонски блог за историја и документи на Wordpress и ги реобјавува артиклите од сајтот Macedonian Truth

3. Macedonian Documents
http://documents-mk.blogspot.com/ е македонски блог за историски документи, артефакти и четива. Поголем дел од артиклите се позајмени од други блогови.

4. Arheoblog
http://arheoblog.blogspot.com/ е македонски блог на англиски јазик на археологот Василка Димитровска и тематиката којашто ја обработува е археологијата, како македонска, така и светска.

5. Ancient Macedonia
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blog/ е блог на Anaveno за македонската историја и е хостиран на Opera.

6. За Македонцките Работи
http://persey.blog.com.mk/ е блог за историја на Мартин Стефановски хостиран на македонскиот блогерај

7. Македонска Историја
http://makedonskaistorija.blog.com.mk/ е блог за македонската историја какошто кажува и неговиот наслов и е хостиран на македонскиот блогерај.

Saturday, December 12, 2009

Евроскептицизам ???

Појма немам од кој газ ги вадат тоа новите зборови: букефализам, антиквизација, евроскептицизам. Шо мислат тука ништо ние не знаеме и ќе не е.аваат со глупи кованици. Зборот евроскептицизам се состои од две зборчиња евро и скептицизам. Евро во случајов е за ЕУ тоа е јасно. Ама ај да видиме што значи скептицизам според Вики во случајов: "Contemporary skepticism (or scepticism) is loosely used to denote any questioning attitude, or some degree of doubt regarding claims that are elsewhere taken for granted"

Според ова евроспетицизам би значело изразување сомнеж кон ЕУ те кон догмата дека ЕУ знае све. Е кој сеа треба да се потруди нешто да смени? Ние кои се сомневаме во ЕУ поради сосема оправдани причини, ни ставија вето и ни кажаа не е вето, не се секирај или ЕУ кој е генератор на тој сомнеж. Ако не ни ставеа вето немаше да има ни сомнеж ни ништо. Ќе се славеше до нова година и три дена после неа. Вака секоја последица си има причина или сликовито кажано се шо посрале мора да излижат. Непишан закон по природа и општество јбг.

Коа се немаат аргументи што се први? Се измислуваат нови зборови кои треба да не збунат и засрамат. Се извртуваат тези, се создава диверзија, пробуваат да ни го тргнат вниманието од битните работи. Не плашат со федерализации, економски кризи и баба роги. Коа го креваш гласот против промена на име ти лепат етикета евроскептик. Коа протестираш против фашистичките барања на Грција те прават најголем нацист. Е што се тие кои што секој ден не приморуваат да извршиме национално самоубиство и да си го поништиме идентитетот, девицата од Гвадалупе? Ништо чудно во скоро време да чуеме и дека ако си го смениме името, децата во Африка нема никад повеќе да бидат гладни, Северна Кореја ќе се откаже од нуклеарниот арсенал, и така среќно ќе си живееме до крајот на времето. Ова што ЕУ ни го прави е обид за миење на мозок и е.ење у здрава глава.

Не ми е јасно каков сомнеж изразуваме ние кон ЕУ. Па ние сме ти што им тропаат на врата. Штом им нудиме дел од нашиот суверенитет како може некој да тврди дека не им веруваме. Тие се оние коишто нас не не пуштаат да влеземе ко да сме шугави, а не сме. Е за тоа може ние да им залепиме ним етикети параноиди и дволичници.

Да се биде скептик е да се има сомнеж. Скептик не е лош збор ко шо тие сакаат да го прикажат. Ако Ајнштајн не се посомневал те не изразил скепса кон претходните сфаќања за просторот и времето, немало никад да стигне до теоријата на релативитетот.

Прости ми ЕУ ама јас сум скептик и сум горд на тоа. Јас не се раководам од твоите догми, туку од логиката во мојата глава. А логиката ми вели дека нејќу да си имам работа со некој којшто име не ми признава не па друго.

Подршката која до пред една седмица ја уживаше веќе ја немаш. Како може да не сум скептик? Па јас мислев дека барањата кои ги имаат кон нас тие веќе ги имаат исполнето. Јок бе, ЕУ во голема мера биле бетер од нас. Ни бараат добрососедски односи а нејзината членка јавно негира еден цел народ. Ни бараат малцинствата да имаат поголеми права од мнозинството, а во Грција, Македонците не само што се граѓани од последен ред туку и се негира нивното малцинско постоење. ЕУ во која до пред една недела верував се покажа дека е заблуда.

Среќа Словенија ми ги отвори очите коа кажаа дека тие што се надвор од ЕУ се драпај си мео, а тие што се во ЕУ дури и да не се во право ЕУ ќе се солидаризираат со нив. Извини ама тоа не моја претстава за целите кон кои треба да се стремиме.

Море не само што сум евроскептик, туку и го надминувам степенот на верување и сомнеж. Пред некој ден кога не знаевме ќе ни дадат ли датум или нема ОК, бевме скептици, ама сега коа знаеме дека нема датум и да сакаш нема што да си скептик. Нема веќе сомнеж. Се знае дека не поради нас туку поради нив Македонија нема датум за прием во ЕУ.

Ај така јас Евроскептик, тие Македонофоби. Ако не ме сакат, да не мислат дека ќе сечам вени за нив. Нек си е.ат мајката у гз. И што повеќе расте евроскептицизмот и знаењето дека ЕУ се тие што ја е.ат работата толку побрзо ќе влеземе во ЕУ. Затоа што колку ние имаме корист од ЕУ толку имаат и тие корист од нас, ако не и појќе. Можда се идиоти, ама не се лудаци да не испуштат.

Thursday, December 03, 2009

Македонски блогови за музика

Бложе наш, кој си на интернетот, да се знае URL-то твое; Да се крене Pagerank-от твој; Да се читаат постовите твои како на Блогерај така и на Blogspot. Линкот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги офтопиците како што ние им ги простуваме на спамерите. Не вовлекувај не во copyrightet проблеми и избави не од тролови.

Втор пост од серијата линкови на денот. Овојпат на ред се музичките блогови

1. Macedonian Music
http://music-mk.blogspot.com/ е блог на којшто можете да најдете околу 150 видео спотови од над 30 македонски пејачи, пејачки или групи. Блогот изобилува и со линкови поврзани со македонската музика

2. Macedonian Folk Songs
http://pesna.blogspot.com/ е блог за македонски народни песни. На него можете да најдете над 600 текстови сортирани по азбучен редослед.

3. Музиколоџи
http://musiccology.blogspot.com/ е блог со поднаслов "...за алтернативни луѓе... нови бендови , музички проекти , предлози , новости . review-a"

4. Армакедон71
http://armakedon71.blogspot.com/ е блог за кој второт вели "Goal of this blog is promotion of Rock/Punk/Metal and all sorts of good music in Republic of Macedonia (as well as in other ex-yu countries), collecting rare releases and promoting bands.

5. Hard n' Heavy
http://hardenheavy.blogspot.com/ е блог за гитари, музика и музички случувања во Македонија. Блогот е на англиски јазик.

Wednesday, December 02, 2009

Визни бариери, македонизам, глупости

Визнатa бариера за граѓаните не Република Македонија падна. Јуууухууу... или можда беше Yahoo! ? Сепак за жал сеуште ќе останат и такви наши деца за коишто под изговор дека шират македонизам (замисли!) ќе останат непожелни за нашиот јужен сосед.

После искуствата кога Грција побара Евровизиските претставници на Ирска да ја избацат Македонија од текстот на нивната песна. Откако ќе го тужеа најпознатиот археолог на светот - чичко Индијана Џоунс ради то шо вели "Macedonian". Можеби на повидок е уште една нивна интернационална глупост.

Од извори блиски до Џорџ Мајкл дознаваме дека ќе ја прогласат за персона нон грата манекенката Валерија Маза ради ширење на Македонизам преку нејзините пантолони.

Грчката загорена младина ќе ја инструктираат да не гледа порно филмови со Лора Крафт. (Клик за да видиш за ошто)

Потоа ќе му забранат и на Шоле кој патува со другарчињата околу светот веејки го Македонското знаме да помине преку територијата на Грција (ама и без то живеат во некој друг свет).

Најмали коишто ќе го осетат гневот на Атињаните и brainwashed Етиопjаните wanna be Macedonians сигурно ќе се Брајс Масерли и и Лина Ли - дечињата коишто на конкурс во логото на Гугл го вметнаа и Македонското знаме. Среќа што Гугл не ги награди дечињава, ќе ги носеше на душа. За Грците немаше да е проблем да побараат од директорот на школото да ги исклучи или да ги наклевети па да им пишат кецови и да повтарат година. Море среќа и за Гугл инаку и него ќе го ставеа на црна листа па ќе пребаруваа после со гргул точка ком точка грг.

Не бе не е филм , озбилно ви зборам ко шо тргнала Грција гарант натаму се движи. Ништо чудно да бараат од Александар Донски да му дошепне на духот на Аце наш гулем маж дека не е Македонец туку Грк. То "Македонски" било по грешка на матичарката.

Ако недај боже се смени името, ќе ни побараат за да влеземе во ЕУ да дозволиме да не окупираат, а за да се интегрираме во НАТО прво да емигрираме на подолг период во Бангладеш.

На крај кој ќе сака да си го посети родното село за викенд прво ќе мора да се реди тртенка (нема да важи за пасивни педери) и да го проколне името Македонија или трипати или до седмо колено кој како милуе. Којзнае ако реформите ни се успешни, а буџетот полн можеби ќе треба и концентрациони логори да си изградиме и да ги инвестираме парите во гробишта.

Да тибам светот, да тибам :-P

Tuesday, December 01, 2009

Мирен марш пред мисијата на ЕУ

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МИРЕН МАРШ ПРЕД МИСИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ НА 2 ДЕКЕМВРИ!


На 2 декември 2009 година (среда) од 15 до 17 часот ќе се одржи Мирен марш против промена на државното име Македонија пред Мисијата на Европската Унија во Скопје (карши „Нова Македонија“ и Европскиот универзитет), поради геноцидното барање на Атина и притисокот на Европската Унија за промена на државното име Македонија. Во зависност од присуството учесниците на протестот во мирен марш од Европската Унија по булеварот „Свети Климент Охридски“ ќе се упатат до Владата на Република Македонија каде во 17 часот треба да заврши.

На присутните пред ЕУ ќе им се обрати претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.