Во овој пост ви претставувам 6 македонски директориуми на блогови (два од нив и на сајтови) на кој што доколку сакате можете да ги пријавите вашите блогови и на тој начин да го подобрите вашиот Google page rank и да добиете дополнителна посетеност.
Macedonian Blogs
TopMKD
http://topmkd.com/ е директориум на македонски страници. Пријавувањето е едноставно. Откако ќе го внесете вашиот блог, име, URL, категорија и слика, вашиот блог автоматски веднаш се внесува во директориумот. За да бидете што повисоко листани треба да го преземете копчето да го поставите на вашиот блог и преку него да гласаат за вас. Колку повеќе уникатни влезни кликови има од вашиот блог до страницата толку повисоко се листате во листата на категоријата и генерално. Од една IP може да се гласа еднаш на 24 часа. Единствена маана е што сликите на кодот за копчето што треба да го поставите на вашиот блог се мртви, ама доколку малку се разбирате можете да го сменете URL-то за мртвата слика и на нејзино место да го ставите URL-то на сликата која што сум ја поставил на овој блог.
Macedonian Links
http://links-mk.blogspot.com/ е блог директориум на најдобрите македонски страници и блогови подредени по азбучен редослед. За да го пријавите вашиот блог кликнете на линкот и следете ги инструкциите
http://links-mk.blogspot.com/2009/12/blog-post.htmlMacedonian Top Blogs
http://maktopblogs.gotop100.com/ e блог директориум на околу 35 македонски блогови. Пријавувањето го вршите со внесување на податоците за вашиот блог. Листањето е според бројот на влезни кликови од вашиот блог до страницава. Гласањето е преку копче коешто го земате од вашиот кориснички панел откако ќе го пријавите вашиот блог. Доколку имате проблем можете да му пишете на уредникот
Digimak
http://blog.digimak.net/ е листа на околу 170 македонски блогови. Пријавувањето на вашиот блог на директориумот е преку праќање на електронска порака. Јас два три пати пратив порака за да го пријавам блогов но с
è уште не сум добил позитивен одговор, па не би знаел кои се условите за одреден блог да биде внесен.
Macedonian Top Blog
http://www.alati.org/top/ e блог директориум на околу 40 македонски блогови. Пријавувањто е преку праќање на електронска порака до уредникот. Предуслов е вашиoт блог да е пријавен на технорати. Колку повеќе линкови има кон вашиот блог според технорати толку повисоко се листате. Пожелно е вашиот блог да има и сајтметер затоа што алтернативно може да се избере листање според број на посети.
No comments:
Post a Comment