Showing posts with label Документ. Show all posts
Showing posts with label Документ. Show all posts

Tuesday, March 27, 2012

The New York Times за Македонија и Македонците

За оние кои што се интересираат од македонската историја интересно ќе им биде да погледнат. На македонскиот сајт Новини.Мк, подредени по хронолошки редослед и по клучен збор, можат да се најдат сите статии од весникот The New York Times кои што се поврзани* со Македонија и со Македонците во периодот од 1851 до 1922 година.

За оние кои што сакаат да пребаруваат според друг клучен збор истото можат да го направат во архивата на самиот сајт на овој престижен американски весник - www.nytimes.com.

Селекција од помал број** на вакви статии од овој американски весник може да се види и на блогот Macedonian Documents. Освен од The New York Times, таму можат да се најдат и уште стотитина други статии од светски весници, поврани со Македонија и со Македонците.

Архивите на светските весници претставуваат одлично место за пронаоѓање на нови и потврдување на стари сознанија за македонскиот народ, култура и историја.

А најдобар начин за потврда на нашиот идентитет е токму преку истражување и прикажување на ваквите факти.



*Го содржат зборот Macedonia и/или зборот Macedonian
**Засега 47

Tuesday, February 28, 2012

Македонската ДНК била бугарска?

Неодамна (23.01.2012 | 11:31) на бугарскиот Интернет портал Novini.bg излезе статија со наслов:

"Научниците од Скопје признаа: македонската ДНК е бугарска"
(Учени от Скопие признаха: Македонското ДНК е българско).

Всушност избраниот наслов не е ништо друго туку лажлива пропаганда, селективно прифаќање на резутатите од посоченото истражување и извртувања на фактите кои ги толкува како што им одговара.

Гревот за изнесените лаги е на нивна душа, не заради антимакедонската дејност, туку примарно затоа што намерно и плански ги лажат нивните читатели и бугарската јавност.

Сепак, и прокрај тоа што вистинската вест беше оваа (Sky.mk):

"Институт по судска медицина Скопје: Македонците имаат слични гени со Србите, Хрватите, Босанците и Бугарите."

ајде да видиме дали навистина македонската ДНК е бугарска?

Со факти да провериме од каде доаѓа сличноста на македонските и бугарските гени.

За миграцијата на Македонците од Македонија (во времето кога таа била под Отоманска власт) во Бугарија е спомната во голем број светски весници. Во американскиот весник New-York tribune (стр. 5), во статија од 5 април 1903 година со наслов "Македонски бегалци" (Macedonian refugees) се опишува за строго локализиран миграциски бран од 1000 Македонци(!) во бугарски град со општо 6000 граѓани.

"Во Дупница, град со 6000 жители има речиси 1000 бегалци и бројот се зголемува и покрај реформите на Султанот во Македонија."

Македонците во тој град биле дури 14.29% од вкупниот број на население. И како после да немаме слични гени?

Понатаму во статијата пишува:

"Во едно мало место близу манастирот има исто толку бегалци колку што и жители. "

Или во бројки 50% Македонци - 50% Бугари.

Во книгата Егејскиот дел на Македонија (1913-1989) од Стојан Киселиновски (Глава втора, Сменувањето на етничкиот состав на населението во Егејскиот дел на Македонија 1913-1928, стр. 26) има табела за бројот на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија (Грција) во Бугарија:




Само од егејскиот дел на Македонија и само во овој период, 1913-1928, поради репресиите од страна на Грција, во Бугарија се иселиле 86,582 Македонци! И како после да немаме слични гени?

Според ова заклучокот е дека не македонската ДНК е бугарска, туку обратно!

Поради присилните преселби и прогони на Македонците и поради денационализаторската бугарска политика кон доселените во Бугарија Македонци, "бугарската" ДНК станала македонска.

Tuesday, December 29, 2009

Македонски месеци

Се ближи нова година, од пред некое време почнаа да делат календари па еве еден табеларен приказ на македонските изворни имиња и античките македонски имиња на месеците.

Реден Број

Стандардно име на македонски

Македонско изворно име

Античко македонско име

1Јануари КоложегFerities
2ФевруариСечкоDystros
3МартЦутарXandikos*
4АприлТревенArtemisios
5МајКосарDaisies
6ЈуниЖитарPanemos
7Јули ЗлатецLoios
8АвгустЖетварGorpaios
9СептемвриГроздоберHyperberetaios**
10Октомври ЛистопадDios***
11НоемвриСтуденApellaios
12ДекемвриСнежникAudnaios

*Xandikos Embolimos поради тоа што календарот на Античките Македонци имал 354 дена бил престапен 6 пати на циклус од 19 години
** Hyperberetaios Embolimos бил престапен еднаш на 19 години
***Dios бил прв месец во календарот на Античките Македонци

Mакедонски антички месеци После невкусните шеги со Google translate еве повторно. Погледнете само како на македонската Википедија е запишан месец Септември. Наместо Хиперберетај се нашол некој паметен и напишал Курташакис.

Tuesday, December 23, 2008

Кој го украде знамето

Во спорот со знамето како најважна причина Грција го наведуваше крадењето на историја и национални симболи од страна на Р. Македонија. Се работи за симболот попознат како ѕвездата од Вергина пронајдена во 1977 покрај истоименото грчко село. Епа за тоа зошто Р. Македонија има право на ѕвездата од....Вергина (Кутлеш) некој друг пат. А сега само сакам да Ви покажам кој е вистинскиот крадец.

East India Company (основана 1600) - Грчкото знаме (од 1822 па до денес):




Инаку East India Company е англиска (британска) компанија основана со цел трговија со Источна Индија како што кажува и името. Британците своето знаме Union Jack (во случајот со East India Company се работи само за St George's Cross од англиското знаме) го инкорпорираат во горниот лев агол во знамињата на земјите под круната на кралицата. Еве неколку примери.

Знамето на Обединето кралство (Union Jack) и знамињата на Австралија, Фиџи и Бермуда со инкорпориран Union Jack во горниот лев агол:




Од таму пак на грците во 1822 година не им текнувало какво да им биде знамето и си го украле ова. Кражбата е очигледна. Крст во горниот лев агол којшто не е ништо друго туку St George's Cross (крстот на Св. Георги) од англиското, соодветно британското знаме, 9 хоризонтални линии и ништо друго. Разликата е само во боите и димензиите. Што ќе рече практично нема разлика.

Нешто повеќе на оваа тема можете да најдете овде.
Нешто повеќе за британската компанија може да прочитате овде.

Saturday, December 13, 2008

Пронајди ја разликата!

Колку шо ме држи памет по осамостојувањето на Македонија, во 1992 беше изгласано новото знаме со 16 крако жолто сонце на црвена позадина. Веднаш по тоа следеа протести и ембарго од грчка страна под изговор дека Р. Македонија и го краде историското и културното наследство што резултираше со промен во уставот смена на знамето во 1995. Сега без да укажувам на аргументите зошто Р. Македонија има право на сонцето од Кутлеш, само ќе ви покажам неколку знамиња коишто се слични едно со друго, а ако не и речиси исти и за коишто ниедна земја не побарала промена на знамето од друга поради тој факт. Умале среќа дека некој супермаркет во Грција нема слично знаме ко нивното инаку ќе видеа дали немаше да го сменат. За разликувањето на некои од овие знамиња ке ви треба остро око или голем диоптар. Па со среќа.

Р. Македонија (1992-1995) - Македонија (област во Грција)




Белгија - Чад - Романија - Молдавија - Андора




Порто Рико - Куба




Џибути- Филипини - Чешка




Западна Сахара - Јордан - Палестина - Судан




Луксембург - Холандија - Парагвај - Хрватска




Чиле - Тексас (сојузна држава во САД)




Мијанмар (Бурма) -Тајван - Самоа




Нигерија - Норфолкски острови




Сомалија - Виетнам - Мароко




Словачка - Словенија




САД - Малезија - Либерија




Индонезија - Монако - Сингапур - Полска




Брег на Слоновата Коска- Ирска




Италија - Мексико




Хондурас - Ел Салвадор - Никарагва - Аргентина




Англија - Грузија




Јемен - Ирак - Египет - Сирија




Турција - Тунис




Палау - Јапонија - Бангладеш




Бахреин - Катар




Данска - Исланд - Норвешка - Финска - Шведска




Латвија - Австрија - Либан - Французка Полинезија




Нигер - Индија




Унгарија - Таџикистан




Мали - Гвинеја- Сенегал - Камерун




Сомалиленд - Иран




Итн. Кој сум заборавил нека извињава

Сите покажани знамиња се на признати и постоечки земји во светот или на сојузни држави каков што е случајот со Тексас. Да потсетам дека знамето на грчка Македонија е провинциско е со многу помала важност. Уште слични знамиња: Wikipedia

Сличноста на знамињата шо се поставени овде ја искористиле дечките од Кајгана па направиле интересна дебата. Види овде