Wednesday, December 30, 2009

I, Macedonian - едногодишен отчет

Подолго време интересна ми беше идејата за пишување свој блог. Често го посетував Блогерајот и некои македонски блогови на blogspot но се решив за свој блог пред само една година. Повод за тоа беше ескалирањето на речиси дведеценискиот проблем со името наметнат од соседна Грција. Бев во странство па не можев баш да помогнам. Не бев на најголемите протести против промена на името, па за да го компензирам чувството на безпомошност го креирав блогот, со кој главно сакав да дадам некаков мој придонос за дефиромизација на интернетот и употребата на нашето уставно име - Република Македонија.

Во овој блогпост би сакал да дадам едногодишен отчет за сите оние коишто го читаат блогов и коишто ги следеа инструкциите за делувањата во одбрана на името и идентитетот, а уште повеќе до оние коишто тврдеа дека човек не вреди да се бори и дека прашањето со името е изгубена битка.

1. YouTube say Macedonia
Горд сум што првите (најпримитивни :-P) видеа беа направени од мене, како и дел од текстовите. Да не ме сфати некој погешно, далеку од тоа дека јас сум најзаслужен за успехот за тоа што YouTube не нарече Macedonia. Доколку македонската јутуб заедница не се вклучеше со праќање на протестни писма, ако на најпопуларните македонски јутуб канали не беа ставени видеа од иницијативата и доколку македонските Facebook корисници не ја промовираа иницијатива сево ова ќе беше без успех.

Во Македонија има многу луѓе што ја сакаат Македонија и што се спремни да помогнат. Исто така и македонската интернет заедница воопшто не е мала со оглед на тоа дека сме двемилионска земја. Сепак голем минус е слабата координација и организација, агресивноста кон соседните земји наместо промовирање на македонската вистина, форсирање на романтизмот на штета на рационалноста и прагматичноста и несекогаш јасната целенасоченост.

Негодувања заради непринципиелната политика YouTube да не нарекува Macedonia (FYROM) имало и порано и тоа со години наназад, но по неколкумесечна оганизирана, агресивна кампања која започна на почетокот на мината година YouTube конечно не нарече Macedonia наместо Macedonia (FYROM) како што предтоа беше напишано.

2. Microsoft say Macedonia
Веднаш откако YouTube и Wikipedia не прознаа под уставно име, силите беа носочени кон Микрософт. Иницијативата Microsoft say Macedonia е стара, а во отсуство на нејзиниот оригинален автор јас преку блогов само ја возобновив. Креирана беше петицијата која во моментов има над 16 000 потписи!

И покрај тоа што петицијата беше промовирана на телевизија Канал 5 и имаше статија во Нова Македонија во која и јас кажав некој збор, се чини дека иницијативата уште долго ќе трае главно поради игнорантскиот однос на Microsoft и Микрософт - Скопје. Знам само едно: се додека Microsoft не нарекува FYROM, а нашиот јазик Macedonian (FYROM), иницијативата постојано ќе се возобновува.

3. Посетеност
Блогов оди на две платформи: Blogspot поради полесното пронаоѓање од Google и Блогерај поради можноста за полесна комуникација со други блогери од Македонија. Отако постои, од декември 2008 година, I, Macedonian има вкупно 98 блогпоста.

Според sitemeter-от на I, Macedonian на Blogspot за една година има безмалку 10 000 посети. Setemeter-от на I, Macedonian на Блогерај пак има нешто над 5 000 посети. Се на се околу 15 000 посети и околу 27 000 page views.

Со оглед на тоа дека кога почнав никој не ме упати за најважните работи коишто секој блогер треба да ги знае, па учев по принцип падни, стани, задоволен сум од посетеноста.

Ај пак во Новата година да поуспешно :-)

No comments: