Showing posts with label Меѓуетнички. Show all posts
Showing posts with label Меѓуетнички. Show all posts

Friday, November 29, 2013

Непочитување на законот за македонски јазик

Ме радува тоа што во врска со последниот случај на непочитување на македонскиот јазик и на законот за македонски јазик при именувањето на чаирското училиште се крена релативно голема медиумска прашина:

„Таблата на чаирското основно училиште Конгреси и манастирит е против уставна и незаконска - оценува универзитетскиот професор Гордана Силјановска.“, „Таблата на чаирското училиште Конгреси и манастирит е противуставна и незаконска“, 24Вести, 27.11.2013



Повеќе од јасно е дека со ова законот за македонски јазик е нарушен.

Па сепак треба да се напомене дека ова не е прв ваков случај на непочитување на законот за македонски јазик. На 17 декември 2011 година, на овој блог беше објавен написот „Лириа ???“ за случај со исто такво непочитување на законот за македонски јазик при именувањето на нова спортска сала во селото Жеровјане.

Зборот „Лириа“ на македонски јазик нема никакво значење, односно во македонскиот јазик не постои таков збор. Со самото тоа називот на оваа сала (и основното училиште) на македонски јазик е во спротивност со законот на македонски јазик и член 7 од Уставот на Република Македонија.

Член 7 од Уставот: „Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Да појасниме: називот на салата (и основното училиште) на албански јазик е „Liria“ што е легитимно. Проблемот е што овој назив на албански јазик наместо да се преведе на македонски јазик како „Слобода“ тој само е препишан на кирилица и гласи „Лириа“.

Тоа би било исто како спортска сала (или основно училиште) со назив на македонски јазик „Слобода“, да се преведе на албански јазик како „Sloboda“.

Дали последниот пример со именувањето на чаирското училиште ќе остане несанкциониран исто како и претходните случаи на непочитување на законот за македонски јазик или пак сепак општествениот притисок ќе даде резултат, останува да видиме.

Но повеќе од јасно е дека доколку сега не се стави крај на погазувањето на македонскиот јазик, тоа ќе продолжи да ни се повторува и во иднина.

Види и:

Monday, February 18, 2013

Ах оваа моја чудесна земја...

На сајтот MKD.mk, во написот „Мислешевци го поставија македонското знаме“, вчера (17 февруари 2013, 14:02) информираа дека селаните од Мислешево и покрај забраните од општински функционери и инспектори, сепак успеале да го постават македонското знаме:

„На влезот во селото Мислешево денеска селаните го поставија 19-метарското македонско знаме и покрај сите забрани со кои се соочуваа изминативе денови од страна на општинските власти на Струга.“

На ова Благојче Андонов коментирал:

Во мојата чудесна Македонија национален успех е ако се постави Македонското државно знаме во Македонија.

Ех моја чудесна Македонија , во гроб се превртуваат нашите предци кој животот го дадоа за слободата...

Секоја чест на мислешевци, но и покрај овој нивен успех да се изборат за своето, жална е ситуацијата во која што Македонецот денес се наоѓа. Во сопствена држава да му се забранува поставување на државното знаме е недопустливо.

Tuesday, January 08, 2013

Кога „Разбуди се“ слатко сонува

На порталот на Сител телевизија, денес беше објавено дека од т.н. граѓанско движење „Разбуди се“ најавиле оти ќе поднесат кривична пријата до сите јавни институции и нивните правни субјекти кои што наводно не го почитувале законот за употреба на јазиците, односно не поставувале ознаки и на албански јазик.

Би сакал да ги прашам борците за граѓански права од „Разбуди се“, дали ќе се разбудат и ќе поднесат иста таква кривична пријава до сите оние кои што во Македонија не го почитуваат законот за македонски јазик.

Имено споменикот на Скендербег, како оној новиот на Хасан Приштина, се означени само на албански јазик, а не и на македонски [2], што е спротивно на законот за македонски јазик.

Tuesday, December 18, 2012

Албанизираното знаме на Доброште

Според информациите на страната dobroshti.webnode.com, знамето и грбот на македонското село Доброште се „украсени“ со албанскиот двоглав орел, а на нив селото е испишано на албански јазик со латинично писмо. Аирлија уште една провокација за подобар соживот.



Според информацијата оставена на страната, автор на грбот и на знамето е Gezim Qahili.

Во Македонија законски утврдено е дека знаме и грб можат да имаат единиците на локаланата самоуправа и тоа во рамките на дефинирани правила, според кои ова знаме би било незаконско. Имајќи предвид дека се работи за село (во општина Теарце), според мои информации, неговата употреба и без оглед на албанскиот симбол не е утврдена со закон и е неофицијална.

Saturday, September 15, 2012

Зад маската на повредените конфесионални чувства

Неодамна веста за загинувањето на американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс ги преплави светските медиуми. Причината за нападите на американската амбасада е документарен филм во кој што како се тврди се исмевал исламот.

„Нападот на конзулатот во Бенгази е резултат на објавувањето на аматерскиот филм „Невиноста на муслиманите“ на интернет-сајтот Јутјуб, во кој исламскиот пророк Мухамед е прикажан како женкар, хомосексуалец и малтретирач на деца.“- наведува македонскиот портал MKD.mk.

Да прашам каде се сега македонските муслимани кои што поради некаква си навредлива маска на карневалот во Вевчани се отепаа од протестирање зад маската на повредените конфесионални чувства? Зошто ли сега овој случај со документарниот филм не ги повредува нивните конфесионални чувства? Нема ли да излезат на мирен марш пред американската амбасада во знак на протест поради „антиисламистичкиот филм“? Или за овој случај ќе замижат со двете очи.

Каде се сега и македонските муслимани кои што протестираа поради тоа што демек осомничените за петкратното убиство кај Железарското езеро биле во притвор само затоа што веруваат во исламот? Нема ли сега да урлаат дека САД со документарниот филм го навредува Исламот? Не ли ги боли тоа што во филмот се тврдело оти Мохамед е хомосексуалец? Или едноставно ќе продолжат да си се кријат во глувчјата дупка сè додека нивната услуга не им затреба на непријателите на Македонија?

Од овој случај кристално јасно станува дека обвинувањата на дел од македонските муслимани (оние кои што протестираа) за наводно повредени конфесионални чувства се селективни и политички мотивирани со единствената цел дестабилизација на Македонија.

Sunday, May 06, 2012

Предавници и протестанти

На протестот за неправно ослободување на осомничените за петкратното убиство од 12 април кој што се одржа пред два дена, покрај останатите скандирања за мене особено интересно е следново „Кој не доаѓа тука, тој е предавник“ (24vesti). Со оглед на знамињата кои што се вееја од страна на протестантите јасно е дека оваа порака им беше директно упатена на муслиманите и на етничките Албанци од Македонија.

Епа драги муслимани и етнички Албанци од Македонија доколку не сте присуствувале на овој протест да си знаете оти за оние кои што присуствуваа на истиот вие не сте ништо друго туку предавници! Чисто за сите да си бидеме на јасно.

Saturday, May 05, 2012

Fight against radical Islam

Дел од форумџиите од Кајгана организираат иницијатива за промовирање на вистината во врска со вчерашните протести за ослободување на осомничените за петкратното убиство кај Смиљковци. Од таму порачуваат:

„Време е светот да ја дознае вистината! Не дозволувајте никој да ги поддржува убијците!

Сакаме безбедна иднина за нашите поколенија! Не сакаме радикални исламисти да ни го загрозат соживотот! Сакаме мир за сите, без разлика на вера и националност!

Биди и ти дел од битката за мир. Сабота 22 часот - Twitter“

Иницијативата се состои во испраќање на пораки со известувањa за вчерашните протести до поголемите светски медиуми и со споделување на објавените вести во врска со овој настан на твитер користејќи го хаштагот #Spreadthetruth

За повеќе информации види овде - Кајгана

Нов вид на тероризам во обид !?

Ви пренесуваме информација соопштена на Форум Кајгана од makedonec_bt, која што сè уште не е потврдена од властите:

„Нов вид на тероризам во обид - пренесуваме

Уапсена е група на луѓе од ________ националност на Скопска црна гора, по пријава на жители од селото Побузје. Видените непознати лица оделе накај изворите и резервоарите со вода од каде што селата се снабдуваат со вода за пиење. Пријавени биле во полициската станица Мирковски каде што по брза интервенција се фатени. Осомничените со себе носеле туби со киселина со намера да ја загадат водата за пиење.“

Уште еднаш повторуваме дека веродостојноста на овој исказ не е потврден од македонските власти.

Шири ја вистината

(Реобјавено поради ширење на вистината по повици од форумот Кајгана, Иди види, FB...) Скопје Македонија

Околу 1.500 радикални исламисти вчера протестираа во главниот град на Република Македонија, Скопје, со барање за ослободување на 5-те осомничени, кои беа уапсени на 2. Мај, по интензивната истрага, која траеше 3 недели, за ладнокрвната егзекуција на четири момчиња од македонска националност и еден средновечен Македонец, додека рибареа на Велики четврток годинава.

Македонците, се воглавно од христијанска вероисповед, додека етничкото албанско малцинство, кое изнесува околу 20% од населението во Република Македонија, се муслимани. Во последната декада, имаше зголемен број на инцинденти предизвикани од радикални исламисти со потекло од Блискиот Исток, кои, иако пробаа да ги навлечат локалните Албанци кон екстримизам не успееа во тоа. Сепак, има докази за присуство на исламски терористички клетки во Јужна и Источна Европа, вклучувајќи ја и Република Македонија.

Вчерашниот протест, се одвиваше по улиците на главниот град Скопје и траеше околу еден час, по што топлата се растури. За време на протестот, исламските радикали извикуваа: Алах е голем! Смрт на Христијаните! Војна на Христијаните!

Македонската полиција уапси три од петте осомничени за грозоморниот масакар, кој македонската нација го нема видено од Втората светска војна. Сите околни земји, му дадоа поддршка на македонското министерство за внатрешни работи во апсењето на останатите двајца осомничени, кои се во бегство и за кои беа издадени потерници од Интерпол.

Spread the Truth

(Реобјавено поради ширење на вистината по повици од форумот Кајгана, Иди види, FB...) Skopje, Macedonia

Around 1,500 Muslims protested yesterday in the Macedonian capital, Skopje, demanding the release of the radical Islamists who were arrested by the Macedonian police on May 2 for the cold-blooded execution of four Macedonian teenagers and one middle-aged man while they were fishing in the Skopje area on Good Thursday this year. The arrests were made following an intensive 3 week investigation.

Macedonians are predominantly Christian, while the ethnic Albanian minority that accounts for around 20% of the population in Macedonia is predominantly Muslim. In the last decade there has been an increase in incidences of religious extremism, imported by radical Islamists from the Middle East, but this has not found a fertile ground among the Macedonian Albanians. Islamist terrorists cells have been reported all over south-eastern Europe, including Macedonia.

The Macedonian police assured that the protest and march through the streets didn't take a chaotic turn. The radical Islamist protesters chanted "Allahu Akbar", "Death to Christians", "War on the Christians", and brandished Al Qaeda insignias.

The Macedonian police have arrested three of five suspects directly implicated with the horrific crime, the likes of which Macedonia has not seen since WWII. All the neighbouring countries have offered their support to the Macedonian Interior Ministry for the capture of the two remaining suspects, who are on the run and for whom Interpol warrants have already been issued.

Исламистички радикали или терористи на УЧК?

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска за време на прес конференцијата од први мај во врска со осомничените за петкратното убиство (Нова Македонија) изјави:

„Уапсените сите до еден се следбеници на радикалниот ислам. Знаат да користат оружје. Војувале во Авганистан и во Пакистан на страната на талибанците, против силите на НАТО. Полицијата пронајде оружје, но дали некое од нив било употребено во убиството треба да се види од вештачењето, кое сѐ уште не е завршено...“

Иако осомничените можеби се исламистички радикали (следбеници на радикалниот ислам), сепак според фотографиите пронајдени при нивното апсење (фото долу*), поприкладениот термин за нивно ословување ми се чини дека е сосема друг.

Го гледате ли натписот „УЧК“ и фотографиите на терористи?

УЧК не е исламистичка радикална група, туку националистичка (етничко-албанска) сепаратистичка (паравоена) терористичка организација?

За време на акцијата пронајдени се и други предмети кои што посочуваат дека осомничените за петкратното убиство имаат поврзаност со УЧК (Сител):

„Кај 60 годишната Фериде Билали од Отља биле пронајдени голем дел на муниција и куршуми, рамки за автоматска и полуавтоматска пушка и реденици за пушко митролез.

Во нејзиниот дом имало и радиостаници, маскирни панталони, кошули, ранци, амблеми, легитимации и албум со ознаки на УЧК.“

И на вчерашниот протест на „исламистичките радикали“ за ослободување на осомничените за убиствата кај Смиљковци, меѓу другото беше скандирано и „УЧК“ (Вечер):

„Најавениот протест, кој беше најавен и кој започна веднаш по пладневната петочна молитва во Јаја пашина Џамија, собра стотици протестанти кои од Џамијата се упатија кон судските згради. Извикувајќи "Албанците не се терористи", "Голема Албанија", "Господ е голем", "УЧК", "Убијци" околу 13 часот група граѓани се упатија кон судските згради...“

Се поставува прашањето: кои нормални луѓе протестираат за ослободување на осомничени за петкратно убиство за кои постојат куп материјални докази дека припремале, односно извршиле терористички напад. Кои нормални луѓе во своите домови незаконски држат автоматско оружје, муниција и униформи освен ако не планираат терористички напади?

Знаејќи што УЧК претставува сите овие што на протестот го скандираа нејзиното име и извикуваа „Голема Албанија“ има основ и кривично да се гонат поради повик за загрозување на уставниот поредок и повик за промена на границите на Република Македонија.

Се поставува и друго прашање: зошто на протестот беше извикувано „Албанците не се терористи“ кога никој од државниот врв (вклучително и од МВР) не изјави дека Албанците се терористи. Министерката за внатрешни работи дури и одби да ја коментира етничката припадност на осомничените за петкратното убиство и истите не ги поврза со терористичката албанска организација УЧК.

Всушност негирањето дека Албанците се терористи во услови кога никој од државниот врв не обвини дека се, фрла петно на сите етнички Албанци во Македонија и тоа по вина на оние кои протестираа.

Од FB групата Македонци во врска со припадноста на осомничените за петкратното убиство и изјавите на припадниците на МВР уште на први мај порачаа:

„Радикални Исламисти ? Поради страв од разгорување на етнички тензии МВР спроведува класичен обид за затскривање на вистинските мотиви во убиството кај Смиљковци.

Делото не е верски, туку етнички и политички мотивирано. Целта: заплашување на македонското население, меѓуетничка дестабилизација, попуштање во преговорите за името, Голема Албанија.“

Вистината и именувањето на нештата со вистинскиот назив мора да бидат посилни од стравот. Поради вештачко смирување на состојбата вистината не смее да биде жртва, затоа што кога тогаш кажаната лага самата ќе си се наплати и тоа на наша штета.

Ова убиство на петтемина недолжни македонски граѓани можеше да не се случи доколку по конфликтот од 2001 година терористите од УЧК наместо да бидат амнестирани беа исправени пред лицето на правдата. Македонските власти тогаш го избраа навидум побезболниот и полесен пат, но сето тоа денес ни се враќа како бумеранг.

*Фотографијата е преземена од FB групата Македонци © Фотографиите се превземени од видеото на МВР за акцијата „Монструм“ со кој беа приведени над 20 осомничени за петкратното убиство кај Железарското Езеро близу Смиљковци.

Monday, April 09, 2012

Ден на албанското знаме?

И во Република Македонија, официјално и со државни пари ќе се слави Денот на Албанското знаме, меѓу другото и под изговорот ненавредување на чувствата на етничките Албанци од Република Македонија.

Всушност знамето кое ќе се слави не е нивно знаме, туку на државата Република Албанија. Етничките Албанци кои што живеат во Република Македонија имаат свое државно знаме, а тоа е знамето на Република Македонија (види слика долу). Да, знамето на Република Македонија е знаме на нивната држава, исто како што е и знаме на сите граѓани на Република Македонија, вклучително и нив.


Ако етничките Албанци кои што живеат во Република Македонија повеќе се интересираат за знамињата на туѓи држави тогаш никогаш нема да се интегрираат во македонското општество и постојано ќе се чувствуваат како граѓани од втор ред и тоа не по туѓа, туку по своја вина.

Ако Република Албанија ја чувствуваат како нивна матична земја, барем нека се изјаснат за да ги избришеме од преамбулата на уставот или пак да ги заведеме соодветно на оваа нивна практика.

Кој седи на два стола, кога тогаш ќе падне.

Под апсурдни објаснувања државното знаме на Република Албанија стана и знаме на албанското малцинство во Република Македонија иако тоа е незаконски (види: Анализа - Закон за знамињата на заедниците). Поради таквиот пропуст сега може да се манипулира од страна на етничките Албанци дека државното знаме на Република Албанија е и нивно затоа што е идентично со знамето на етничките Албанци од Македонија (што не смееше да се дозволи).

За да не бидам сфатен погрешно и дека работите ги гледам само од агол на етнички Македонец, ќе спомнам дека официјалното знаме на етничките Македонци (Македонски Национален Совет) во Република Србија не е идентично со претходното или пак актуелното државно знаме на Република Македонија што е правилно:


Се работи за 16 зрачно македонско златно сонце на црвена позадина, слично на претходното знаме на Република Македонија, но со значајни разлики - различен централен диск (со додадени елементи) и обиколено од златен прстен (реконструкција А.С.).

Ваквиот принцип мора да се примени и во Република Македонија кога се во прашање знамињата на етничките заедници.

Wednesday, April 04, 2012

Албански политичар од Македонија?

Неодамна (понеделник, 26 март 2012) на порталот Кирилица го прочитав следново:

„Албанскиот политичар од Македонија им сугерирал на...“

Како може политичар од Македонија да биде албански политичар? Што му е поврзаноста со Албанија? Ниту е член на Албанската Влада, ниту пак живее и работи во Албанија.

Тој може да биде етнички Албанец, но зарем таквата етничка припадност го прави да биде албански политичар и покрај тоа што е министер во Македонската Влада. Ако вака ја тераме работата ќе се доведеме во апсурдна ситуација утре да прочитаме дека некој е бисексуален политичар поради таквата сексуална ориентација или пак дека е католички политичар поради таквата вероисповест.

Да се разбереме албански политичари има во Албанија, македонски има во Македонија. Дистинкцијата, доколку треба да стои, не е во етничката припадност, туку во државата во која живеат и работат како политичари.

За крај еден цитат (Ping.mk):

„Новинари не смеат во вестите да ги делат луѓето по национална основа“

Во Македонија премногу се дава значење на етничката припадност. Премногу.

Thursday, March 29, 2012

Меѓуетнички соживот

Оваа статија е посветена на пријателството помеѓу еден мачор и едно куче. Иако во првиот миг кога мачорот го виде кучето од страв наназад побегна 8 метри и се сокри на неодреден период во гаражата, веќе по само една недела се спријатели со него и почнаа да јадат едно до друго.

Иако кучето отсекогаш мразеше големи кучиња и постојано лаеше по лошите луѓе, по мачорот не залаја ниеднаш. Па дури и кога за прв пат го виде не покажа знаци на омраза какви што сите околу очекуваа. Овој мачор и ова куче повеќе од една години братски живеат заедно.

Зошто го пишувам ова? Штом животни од различни видови можат братски да живеат едно до друго, зошто граѓаните на Македонија со различно етничко потекло да не можат исто така братски да живеат едни со други?

Напомена: сликата ќе беше поубава, ама кучето мрази да се фотографира. Фото А.С. март 2012

Sunday, March 18, 2012

Во борба против наци-фашизмот

Неодамна (март 8, 2012 23:55) на повеќе медиуми меѓу кои и Без Пардон, беше соопштена веста за објавувањето на книгата „Моја борба“ на Хитлер во Албанија:

“Мојата борба” ја разбранува Албанија

Книгата на Адолф Хитлер, “Мојата борба” (Mein Kampf) прв пат е објавена во Албанија, во издание на локална издавачка која би можела да се најде на суд поради поттикнување на расна омраза, пренесува АФП.

Емир Ника од министерството за култура на Албанија истакна дека книгата на Хитлер треба да биде предмет на судска тужба затоа што го крши албанското законодавство кое казнува поттикнување на расна омраза, додавајќи дека со објавувањето на “Мојата борба” се прекршени и авторските права.

Убаво е да се слушне дека Албанците од Албанија и нивните официјални државни институции се противат на наци-фашизмот, но дали знаат дека нивни сонародници од Македонија имаат навивачка група која преку својот назив „Балисти“ директно го става на пиедестал нацистичкото окупаторско антидржавно наследство од втората светска војна во која повеќе* етнички албански групи под истиот овој назив и во соработа со германскиот нацистички окупатор се бореле против Македонија.

Еве што за овие групи пишува генералот Михајло Апостолски, во својата книга Завршните операции на Н.О.В. за ослободувањето на Македонија:

Левата побочница од 42. НО дивизија (баталјон од XII бригада) по заземањето на Бел Камен (953) водеше многу жестоки борби во реонот на селото Матка, каде што ГЕРМАНСКИТЕ инженерци со БАЛИСТИЧКИ сили се обидоа да ја минираат и разурнат хидроцентралата „Матка". Меѓутоа држејќи се упорно овој баталјон, помогнат од ударните групи на месното население, успеа да ги разбие БАЛИСТИТЕ и ГЕРМАНЦИТЕ и со тоа да ја сочува хидроцентралата, а и Скопје од евентуална поплава. Задачата на побочницата во потполност беше извршена.

Македонска енциклопедија (ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Балисти, Скопје, 2002; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје. Ѓ. Малк.):

БАЛИСТИ – припадници на албанското националистичко и профашистичко движење, организирани во националниот фронт „Бали комбетар“. Дејствувале за создавање на Голема Албанија. Го сочинувале оружениот дел на организацијата и биле испраќани директно во судир со партизанските единици во Македонија, Србија и Црна Гора. Особено жестоко се пресметувале со припадниците на НОВ од Западна Македонија, вршејќи убиства, терор и пљачкосување на македонското и на другото неалбанско население.

Е убаво противдржавно име си одбрале навивачите, нема што.

*Не сите етнички Албанци! Имало и такви како Ибе Паликуќа на пример, кои им помагале и се бореле на страната на партизаните против фашистичкиот окупатор.

Tuesday, March 13, 2012

Како се фингира меѓуетничка омраза

На Алсат ТВ вчера (12/03/2012 09:27) се појави статија со видео снимка на која наводно етнички Македонци* се служат со говор на омраза кон Албанците и кон муслиманите и го палат албанското знаме. Како прво и јас лично, а и мои пријатели со кои разговаравме на темава, имаме сомнение дека ова видео е фалсификат (видеото кое вчера можеше да се види во целост денес е исечено и вметнато во репортажа). Причините за тоа се:

-Се забележува странски (немакедонски) акцент.
-учесниците не покажуваат никаква емоција. Сето тоа тоа што го прават, па дури и палењето на знамето е „ради реда“, автоматизирано. Вакво газење на знамето без капка страст од големи мразачи на муслиманите и Албанците е ко да гледам порно филм со фригидни и импотентни.
-На крајот на видеото направено од наводно големи христијански верници се забележува политеистичкиот (според христијанската црква пагански) бог Зевс/Јупитер.

Ова оди во прилог на теоријата на Мирка која изјави дека зад немирите стојат странски тајни служби на кои им одговара дестабилизација на Македонија па на овој начин ги провоцираат етничките Албанци и муслиманите во земјава.

Сепак доколку не е, односно доколку на видеото се прикажани етнички Македонци кои вистински го мислат тоа што го кажуваат и прават тогаш јавно го осудувам овој нивен акт.

Се надевам дека и етничките Албанци од регионот исто така ќе ги осудат албанските радикали од Албанија кои по повод закажан протест во Тирана упатија иредентистички повици и се заканија со насилство (Алсат ТВ, преведено од албански јазик):

„Нашиот повик на овој протест ќе биде за враќањето на албански региони од Македонија во нивната матична земја, Албанија!“

(Нова Македонија, вторник 13.3.2012)

„...ниту еден Македонец во албанските земји нема да биде безбеден.“

Што е директна закана која што верувам дека е казнива и според законот на Република Албанија.

*сугерирано не директно туку поради јазикот кој што го говорот

Monday, March 12, 2012

Никој не сака тероризирање

Денес Али Ахмети, лидерот на ДУИ, изјави (Канал 5, 12.03.2012, 18:41):

„Ја користам оваа прилика да ги повикам сите политички сили во земјата да придонесат во градењето на меѓуетничките односи затоа што од нив зависи иднината на нашата земја. Полицијата и судот треба да ја вршат својата работа за да се осигурат граѓаните и медиумите треба да си вршат своја работа и да не ги ТЕРОРИЗИРААТ луѓето и да не ги банализираат ситуациите.“

И сето тоа би звучело ОК, ако не доаѓаше од устата на бившиот политички лидер на организацијата која во 2001 година ја ТЕРОРИЗИРАШЕ Македонија.

Македонска Википедија:

Али Ахмети (алб.: Ali Ahmeti; 4 јануари 1959 во село Зајас) е лидер на Демократската унија за интеграција. Претходно бил политички лидер на ОНА.

Што ова доживеав да слушнам. Ништо чудно во иднина некој бивш повеќекратен силувач да стане истакнат феминистички активист.

Кој сака да ја дестабилизира Македонија

Која е вистинската причина поради која настанаа последните конфликти и меѓуетнички тензии тешко некој да каже со сигурност, барем не во моментов. Но тоа секако не значи дека воопшто не треба да размислуваме на таа тема. Вчера на Сител телевизија, во врска со инцидентите што се случија во Македонија, Мирка Велиновска вината ја лоцира во странските тајни служби:

"Тепачките и меѓуетничките тензии се дело на странски агентури кои сакаат Македонија да се најде на дневен ред во Советот за безбедност при Обединетите Нации... Сето ова што се случува е познато сценарио на странски агентури кои имаат за цел да ја дестабилизираат земјава во поширок гео - политички контекст. Тие прво се обидоа да направат проблеми помеѓу помали навивички групи, потоа пробаа и со карневалите во Македонија, за сега да удираат преку малолетни деца или адолесценти, кои, за волја на вистината, полесно се манипулираат. Целта им е всушност да влијаат врз родителите, затоа што која мајка, или кој татко не би реагирал доколку му го нападнат детето"

Иако нема докази, кажаното од Мирка делува логично, уште повеќе што вчера и еден куп странски медиуми инцидентите ги прикажаа искривено и многу помегаломански одошто тие навистина се (Сител, 11.03.2012 - 16:39):

“Ескалираат судирите меѓу Македонците и Албанците”,” Бран на албанско незадовлство во Гостивар”, “Дивјаци тепаат албански студенти во Скопје”, “Судирите во Македонија не престануваат”...

Ова се само дел од насловите во балканските медиуми, кои деновиве ја отсликуваат Македонија.

Во Србија веќе се прават паралели со српско - косовското сценарио...

Грчките медиуми отидоа најдалеку информирајки дека Македонија се наоѓа на прагот на меѓуетничка криза

Според професорот Мишел Чосудовски и конфликтот од 2001 година беше одигран според сценарио подготвено и режирано од странски групи (повеќе овде):

Но на крајот на краиштата и целта не е само да го откреме изворот на злото, туку тоа зло да го неутрализираме или барем да не го прошируваме дополнително. Brand-new блогот Illusional reality причините за разгорувањето на инцидентите смета дека се од домашно потекло:

„Одиш на Сител и Канал 5 и гледаш вести во кои за напаѓачите од Албанска националност чисто се потенцира дека се Албанци... а за напаѓачите од Македонска националност не се потенцира ни нивната националност. Одиш после на Алсат и таму го гледаш истото, само овој пат за тие од Македонска националност. Ставаат акцент на инцидентите по етничка припадност, а не по големина на инцидентот. Алсат се концентрира на инцидентите направени од Македонските насилници, Канал 5 и Сител за насилниците кои се етнички Албанци. Ова пак уште повеќе ги пали националистите од двете страни и уште повеќе ја вжештува ситуацијата во земјата.

Истото го прават и повеќето невладини организации и политичарите, посебно од опозицијата. Бркајќи политички поени се концентрираат повеќе на инцидентите кои се против луѓето од нивната етничка припадност.“

Секој нека го даде својот придонес за намалување на тензиите или барем нека не фрла масло на огнот. Маслото е скапо, а многу поскапа е Македонија.

Saturday, March 10, 2012

Клопчето почна да се одмотува

Клопчето почна да се одмотува. Вчера (9 март) во раните утрински часови (02:20) на овој блог беше објавен текст (Шара повторно се "копа" !?) од Н. Коленц во кој што се тврдеше за копање ровови на Шара и полнење со оружје, што претставува ништо друго туку подготвување на теренот за нови терористички напади врз Македонија.

Денес (Сабота, 10 Март 2012 10:15) Курир и повеќе други медиуми известија дека во четвртокот (8 март) од страна на МВР биле „пронајдени 466 куршуми во куќа во тетовско Пршовце“ што претставува потврда на пишаното од Коленц:

Полицијата при претрес на дом и помошни простории на 73-годишниот Е.Е и неговиот 20-годишен син Н.А во тетовското село Пршовце пронашла 466 куршуми за автоматско оружје.

Претресот бил изведен во четвртокот, а во петокот двајцата биле изведени пред истражен судија кој им определил мерка притвор во траење од 30 денови.

За што ги чувале овие 466 куршуми, со кои можат да се убијат 466 невини луѓи, ако не за дестабилизација и планирани терористички напади? Да не би за украс?

Се надевам дека МВР успешно ќе продолжи со нивните акции за спречување на оваа закана која надвиснала над Македонија.

И повторно противзаконски навреди кон Македонците

Уште еднаш се упатуваат незаконски навреди кон Македонците*. Сега тоа е преку песната Umri Kaur! [Diss Macedonia] на LiL'Bisha feat. Fllow Master

Се надевам дека овој пат овие противзаконски навреди нема да останат несанкционирани од страна на органите на власта.

Има основан сомнеж дека со песната се повредуваат повеќе членови од Кривичниот законик на Република Македонија:

(наслов) ...Умри каур

(текст) Дојди каур, јас нигде не бегам... Племе ти е.ам... Иди е.и се!... Је.ем ти све!

Поттикнувањето на верска и национална омраза (умри Каур... Је.ем ти све...) јасно е забранета со Кривичниот законик на Република Македонија (Службен весник на РМ 37/96) Член 319 (1):

Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Со песнава се исмејува и македонскиот народ од христијанска вероисповед и припадници на малцинствата со христијанска вероисповед, со нивното именување со презирачкиот назив "Каур" (т.е. неправоверник - се однесува на секој оној кој што не е муслиманин), што исто така е казниво дело според Кривичниот законик на Република Македонија член 179:

Тој којшто со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и националностите, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Противзаконитостите во песната не запираат овде:

Никој не ве праша што беше ваша, ова Македонија сега е наша. Тука нема паша, има Албанија.

Ваквиот повик, дека овде не е Македонија, туку Албанија, може да се третира по неколку членови од Кривичниот законик. Еве дел:

Член 305

Тој којшто со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалху пет години.

Признавање на окупација

Член 306

Граѓанин на Република Македонија кој ќе признае окупација на Република Македонија или на нејзин одделен дел, ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор.

Загрозување на територијалната целина

Член 307

(1) Тој којшто со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да отцепи дел од територијата на Република Македонија или дел од таа територија да припои кон друга држава, ќе сс казни со затвор најмалку пет години.

(2) Тој којшто со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да ги измени границите на Република Македонија, ќе сс казни со затвор најмалку три години.

Што друго претставува ваквиот повик во песната ако не закана за отцепување на дел од територијата на Република Македонија, изменување на границите на Република Македонија и окупација? Песната во голем дел е пеена на албански јазик, кој што претпоставувам е дури и побогат со навреди кон немуслиманите, Македонците и Македонија.

Дали властите ќе реагираат или ќе останат слепи и неми и за овој случај? Важно е да се знае дека доколку ваквите случаи не се санкционираат навремено, истите во иднина ќе се мултиплицираат, а вербалните закани ќе станат нешто многу посериозно.

*види: Скандалозни и противзаконски навреди на Македонците