Saturday, March 10, 2012

И повторно противзаконски навреди кон Македонците

Уште еднаш се упатуваат незаконски навреди кон Македонците*. Сега тоа е преку песната Umri Kaur! [Diss Macedonia] на LiL'Bisha feat. Fllow Master

Се надевам дека овој пат овие противзаконски навреди нема да останат несанкционирани од страна на органите на власта.

Има основан сомнеж дека со песната се повредуваат повеќе членови од Кривичниот законик на Република Македонија:

(наслов) ...Умри каур

(текст) Дојди каур, јас нигде не бегам... Племе ти е.ам... Иди е.и се!... Је.ем ти све!

Поттикнувањето на верска и национална омраза (умри Каур... Је.ем ти све...) јасно е забранета со Кривичниот законик на Република Македонија (Службен весник на РМ 37/96) Член 319 (1):

Тој којшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Со песнава се исмејува и македонскиот народ од христијанска вероисповед и припадници на малцинствата со христијанска вероисповед, со нивното именување со презирачкиот назив "Каур" (т.е. неправоверник - се однесува на секој оној кој што не е муслиманин), што исто така е казниво дело според Кривичниот законик на Република Македонија член 179:

Тој којшто со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и националностите, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Противзаконитостите во песната не запираат овде:

Никој не ве праша што беше ваша, ова Македонија сега е наша. Тука нема паша, има Албанија.

Ваквиот повик, дека овде не е Македонија, туку Албанија, може да се третира по неколку членови од Кривичниот законик. Еве дел:

Член 305

Тој којшто со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалху пет години.

Признавање на окупација

Член 306

Граѓанин на Република Македонија кој ќе признае окупација на Република Македонија или на нејзин одделен дел, ќе се казни со затвор најмалку десет години или доживотен затвор.

Загрозување на територијалната целина

Член 307

(1) Тој којшто со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да отцепи дел од територијата на Република Македонија или дел од таа територија да припои кон друга држава, ќе сс казни со затвор најмалку пет години.

(2) Тој којшто со употреба на сила или сериозна закана со употреба на сила ќе се обиде да ги измени границите на Република Македонија, ќе сс казни со затвор најмалку три години.

Што друго претставува ваквиот повик во песната ако не закана за отцепување на дел од територијата на Република Македонија, изменување на границите на Република Македонија и окупација? Песната во голем дел е пеена на албански јазик, кој што претпоставувам е дури и побогат со навреди кон немуслиманите, Македонците и Македонија.

Дали властите ќе реагираат или ќе останат слепи и неми и за овој случај? Важно е да се знае дека доколку ваквите случаи не се санкционираат навремено, истите во иднина ќе се мултиплицираат, а вербалните закани ќе станат нешто многу посериозно.

*види: Скандалозни и противзаконски навреди на Македонците

No comments: