Friday, March 09, 2012

Шара повторно се "копа" !?

Интересен текст кој го споделувам овде со дозвола на авторот, во кој што се тврди дека Шара повторно се "копа" и полни со оружје од страна на терористички групи:

Алапачи и озборувачи секогаш имало и ќе ги има. Тие се регрутираат од подвидот на недоправени човечки суштества на кои им недостига сопствен живот, па чекаат некој друг да им го диктира.

Проблемиве кои се случуваат изминативе денови влечат корени уште од 2001 година, а не од некој карневал или двојно убиство. Така е тоа. Ние си го исправивме ‘рбетот и проодевме како народ на две нозе, ама очигледно сéуште некоја магнетна сила на врвот (поранешни борци за човекови права, а сега пратеници) не може да живее во мултиетнизам, со кое лично и јас не се согласувам.

Ако се навратиме наназад во историјата, познато е дека секогаш Македонија имала поголем проблем од внатрешни непријатели и кодоши, отколку од надворешни. Додека се бориме на надворешен фронт, за влез во некоја унија која патем се распаѓа или воена окупаторска алијанса, непријателот одвнатре дејствува.

Од доверливи извори имам информации дека Шара повторно се “копа“ и се полни со оружје. Штом тие информации ги имам јас, веројатно ги има и МВР и се надевам дека се превземаат некои тајни акции за разбивање на групите кои се стационираат на Шар Планина.

Автор: Н. Коленц

1 comment:

ВитезМК said...

Останува да се пречекаат проблемите подготвено .