Saturday, September 15, 2012

Зад маската на повредените конфесионални чувства

Неодамна веста за загинувањето на американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс ги преплави светските медиуми. Причината за нападите на американската амбасада е документарен филм во кој што како се тврди се исмевал исламот.

„Нападот на конзулатот во Бенгази е резултат на објавувањето на аматерскиот филм „Невиноста на муслиманите“ на интернет-сајтот Јутјуб, во кој исламскиот пророк Мухамед е прикажан како женкар, хомосексуалец и малтретирач на деца.“- наведува македонскиот портал MKD.mk.

Да прашам каде се сега македонските муслимани кои што поради некаква си навредлива маска на карневалот во Вевчани се отепаа од протестирање зад маската на повредените конфесионални чувства? Зошто ли сега овој случај со документарниот филм не ги повредува нивните конфесионални чувства? Нема ли да излезат на мирен марш пред американската амбасада во знак на протест поради „антиисламистичкиот филм“? Или за овој случај ќе замижат со двете очи.

Каде се сега и македонските муслимани кои што протестираа поради тоа што демек осомничените за петкратното убиство кај Железарското езеро биле во притвор само затоа што веруваат во исламот? Нема ли сега да урлаат дека САД со документарниот филм го навредува Исламот? Не ли ги боли тоа што во филмот се тврдело оти Мохамед е хомосексуалец? Или едноставно ќе продолжат да си се кријат во глувчјата дупка сè додека нивната услуга не им затреба на непријателите на Македонија?

Од овој случај кристално јасно станува дека обвинувањата на дел од македонските муслимани (оние кои што протестираа) за наводно повредени конфесионални чувства се селективни и политички мотивирани со единствената цел дестабилизација на Македонија.

No comments: