Friday, September 14, 2012

Околу нацрт-резолуцијата на проф. Јанев

При крајот на минатиот месец во статијата „Пред Генералното собрание на ОН се чека потписот на Иванов“, објавена на порталот mkd.mk, беше објавена нацрт-резолуција на проф. Игор Јанев со која се бара членството на Македонија во ОН да се продолжи под уставното име.

За ваквата иницијатива на професорот по меѓународно право ја давам мојата безусловна подршка и сакам да изразам надеж дека државниот врв ќе се одлучи да ја прифати. Сепак во неговата нацрт-резолуција за продолжување на членството на Македонија во ОН под уставното име наидов на извесни неточности што се однесува до привремената референца која што се користи во ОН.

Имено во нацртот е употребена формулацијата "the Former Yugoslav Republic of Macedonia" и "Former Yugoslav Republic of Macedonia" и е наведено дека тоа е привремената референца со која сме ословувани во ООН. И двете формулации се неправилни, односно тие не се идентични со утврдената привремена референца.

Во првиот случај затоа што "Former" е напишано со голема почетна буква, a треба со мала, а во вториот случај и затоа што членот "the" е испуштен.

Ова што го тврдам е врз основа на резолуција 47/225 и на резолуција 817. Во последната јасно стои:

„this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as "the former Yugoslav Republic of Macedonia“

Не се работи за нешто што ја поткопува основата на оваа нацрт-резолуција на проф. Јанев, но сепак убаво е да се знае за што поточно да се настапи.

8 comments:

kirev said...

Званична терминологија на поранешната Лига на народите:
http://unterm.un.org/dgaacs/unterm.nsf/WebView/5DAA91633F2A4F8285256DC700440A6B?OpenDocument

Anonymous said...

Треба да се реализира стратегијата на Игор Јанев! Се друго нее битно! (Граматика се исправува, но треба воља за дејствување!).РМ само треба да иницира Нацрт резолуција со поставува прашање Дали се специфични услови за приемот на МК и статусот во согласност со Повелбата на ООН (чл. 2 и чл. 4). СМК

Anonymous said...

Sega treba RM da im reche na stranite faktori deka nie ke go reshime problemot so IMETO na poinakov nachin! Ke pregovarame, ama ke pobarame vo septemvri i Sovetodavnoto mislenje (preku Generalnoto sobranie na OON) od Megunarodniot sud za legalitet na denominacijata BJRM i obvrska za razgovorite za imeto (praven identitet)! Znachi treba na stranite dipomati da se kazhe da pristapuvame kon pravno reshavanje na problemot i nema da primarno barame reshenie preku razgovori/pregovori za imeto!! ОМД

Anonymous said...

Samo po sudski proces vo Hag (MSP) mozhe da se raschisti multilateralen problem so IMETO! Se drugo e mlatenje prazna slama. Ako sega ne reagirame so baranje vo OON za Sovetodavnoto za nelegalnite uslovi, pokasno ke treba da barame Mislenje od MSP za legalitet na rezolucijata so koja se nametnuva slozenoto ime od strana na Sovetot za bezbedost na OON!! Ovaa situacija ke bide mnogu poteshka odkolku sega da pocneme akcija za procenka na legalitet na uslovite vo segashniot status na RM vo ON!

Anonymous said...

Integralno vi ja prenesuvame reakcijata na profesorot Igor Janev na intervjuto na pretsedatelot Ivanov za televizija Sitel: Vo svoeto intervju na Sitel (po pristignuvanjeto od Njujork), što go prenese i vesnikot Večer, pretsedatelot Ivanov iskaža elementarnoto neznaenje na megunarodnoto pravo. (Ivanov iѕjavi: - Toa beše edinstvenata možnost kade što možeše jasno i glasno da se kaže deka Sovetot za bezbednost mora da ja počituva presudata na Meѓunarodniot sud na pravdata koja e vo korist na Makedonija za imeto, bidejќi Sovetot e osnovač na toj Sud, izjavi Pretsedatelot Ѓorgi Ivanov vo intervjuto za Sitel Televizija.) I Janev: Vo svoeto intervju na Sitel (po pristignuvanjeto od New York), shto go prenese i vesnikot Vecher, pretsdatelot Ivanov iskazha elemntarnoto nepoznavanje na pravo:
1. Toj izjavi deka Megunarodniot sud vo Hag e osnovan od Sovetot za bezbednost na OON!! Site studenti na pravniot fakultet znaat deka Megunarodniot sud e eden od sheste glavni organi koi se vospostavaveni 1945. god. so Povelbata na ON. Imeno, so Povelbata na OON e osnovana Organizacijata na ON.
2. Od negovata izjava proizleguva deka ne samo shto ne znae koi se glavni organi na ON, tuku implicira i deka e Megunarodniot sud vo Hag pomoshen organ na Sovetot za bezbednost na OON!!!
Zakluchok: so vakvoto elementarno nepoznavanje na megunarodnoto pravo, i voopshto elementite na PRAVO kako nauchna disciplina, mozhe samo da se zakluchi deka Ivanov ne e soodvetno lice za pretsedatel na Repiblika Makedonija.
Igor Janev

Anonymous said...

Види книга од Игор Јанев: Вовед во дипломатија, АГМ Книга, 2015.

Anonymous said...

Предлог до Претседателот на Република Македонија

НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

Генералното собрание,

Земајќи предвид дека "Поранешната Југословенска Република Македонија", примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход,

Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како "Поранешна Југословенска Република Македонија", под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Anonymous said...

DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION

The General Assembly,

Taking into considerations that “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, admitted into to the United Nations membership in 1993, by the Resolution 47/225, upon recommendation of the Security Council Resolution 817 (1993), had been until present day recognized by the enormous majority of United Nations members by its Constitutional name and that negotiations with Greece over the State’s name didn’t yielded in any outcome,

Considering Articles 2 (particularly par.1,4,7) and 4(1) of the Charter of the United Nations,

Heaving in mind also the General Assembly Resolutions 113/II of 1947 and 197/III of 1948, and particularly the Advisory Opinion of the International Court of Justice delivered on 28 of May, 1948, relating to inadmissibility of preconditions for membership outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of United Nations Charter,

Reaffirming that every state naturally has an inherent right to a name and that determination of the state’s names represent the subject of their sovereign domestic jurisdiction,

Reaffirming also that state’s names, as a legal identity of international subjects is essential element of their juridical personality, and their statehood,

For the purpose to resolve the long term unusual and unacceptable membership status of the state member of the United Nations, issue originated from the unusual admission resolutions stipulating preconditions outside of the scope of the exhaustive conditions of Article 4(1) of the Charter of the United Nations, and for the purpose to protect the order of the United Nations and particularly the legal representation in the United Nations System,



Decides to extend the membership of the state provisionally referred as “the Former Yugoslav Republic of Macedonia” under its official constitutional name Republic of Macedonia.