Tuesday, March 13, 2012

Како се фингира меѓуетничка омраза

На Алсат ТВ вчера (12/03/2012 09:27) се појави статија со видео снимка на која наводно етнички Македонци* се служат со говор на омраза кон Албанците и кон муслиманите и го палат албанското знаме. Како прво и јас лично, а и мои пријатели со кои разговаравме на темава, имаме сомнение дека ова видео е фалсификат (видеото кое вчера можеше да се види во целост денес е исечено и вметнато во репортажа). Причините за тоа се:

-Се забележува странски (немакедонски) акцент.
-учесниците не покажуваат никаква емоција. Сето тоа тоа што го прават, па дури и палењето на знамето е „ради реда“, автоматизирано. Вакво газење на знамето без капка страст од големи мразачи на муслиманите и Албанците е ко да гледам порно филм со фригидни и импотентни.
-На крајот на видеото направено од наводно големи христијански верници се забележува политеистичкиот (според христијанската црква пагански) бог Зевс/Јупитер.

Ова оди во прилог на теоријата на Мирка која изјави дека зад немирите стојат странски тајни служби на кои им одговара дестабилизација на Македонија па на овој начин ги провоцираат етничките Албанци и муслиманите во земјава.

Сепак доколку не е, односно доколку на видеото се прикажани етнички Македонци кои вистински го мислат тоа што го кажуваат и прават тогаш јавно го осудувам овој нивен акт.

Се надевам дека и етничките Албанци од регионот исто така ќе ги осудат албанските радикали од Албанија кои по повод закажан протест во Тирана упатија иредентистички повици и се заканија со насилство (Алсат ТВ, преведено од албански јазик):

„Нашиот повик на овој протест ќе биде за враќањето на албански региони од Македонија во нивната матична земја, Албанија!“

(Нова Македонија, вторник 13.3.2012)

„...ниту еден Македонец во албанските земји нема да биде безбеден.“

Што е директна закана која што верувам дека е казнива и според законот на Република Албанија.

*сугерирано не директно туку поради јазикот кој што го говорот

No comments: