Monday, March 12, 2012

Кој сака да ја дестабилизира Македонија

Која е вистинската причина поради која настанаа последните конфликти и меѓуетнички тензии тешко некој да каже со сигурност, барем не во моментов. Но тоа секако не значи дека воопшто не треба да размислуваме на таа тема. Вчера на Сител телевизија, во врска со инцидентите што се случија во Македонија, Мирка Велиновска вината ја лоцира во странските тајни служби:

"Тепачките и меѓуетничките тензии се дело на странски агентури кои сакаат Македонија да се најде на дневен ред во Советот за безбедност при Обединетите Нации... Сето ова што се случува е познато сценарио на странски агентури кои имаат за цел да ја дестабилизираат земјава во поширок гео - политички контекст. Тие прво се обидоа да направат проблеми помеѓу помали навивички групи, потоа пробаа и со карневалите во Македонија, за сега да удираат преку малолетни деца или адолесценти, кои, за волја на вистината, полесно се манипулираат. Целта им е всушност да влијаат врз родителите, затоа што која мајка, или кој татко не би реагирал доколку му го нападнат детето"

Иако нема докази, кажаното од Мирка делува логично, уште повеќе што вчера и еден куп странски медиуми инцидентите ги прикажаа искривено и многу помегаломански одошто тие навистина се (Сител, 11.03.2012 - 16:39):

“Ескалираат судирите меѓу Македонците и Албанците”,” Бран на албанско незадовлство во Гостивар”, “Дивјаци тепаат албански студенти во Скопје”, “Судирите во Македонија не престануваат”...

Ова се само дел од насловите во балканските медиуми, кои деновиве ја отсликуваат Македонија.

Во Србија веќе се прават паралели со српско - косовското сценарио...

Грчките медиуми отидоа најдалеку информирајки дека Македонија се наоѓа на прагот на меѓуетничка криза

Според професорот Мишел Чосудовски и конфликтот од 2001 година беше одигран според сценарио подготвено и режирано од странски групи (повеќе овде):

Но на крајот на краиштата и целта не е само да го откреме изворот на злото, туку тоа зло да го неутрализираме или барем да не го прошируваме дополнително. Brand-new блогот Illusional reality причините за разгорувањето на инцидентите смета дека се од домашно потекло:

„Одиш на Сител и Канал 5 и гледаш вести во кои за напаѓачите од Албанска националност чисто се потенцира дека се Албанци... а за напаѓачите од Македонска националност не се потенцира ни нивната националност. Одиш после на Алсат и таму го гледаш истото, само овој пат за тие од Македонска националност. Ставаат акцент на инцидентите по етничка припадност, а не по големина на инцидентот. Алсат се концентрира на инцидентите направени од Македонските насилници, Канал 5 и Сител за насилниците кои се етнички Албанци. Ова пак уште повеќе ги пали националистите од двете страни и уште повеќе ја вжештува ситуацијата во земјата.

Истото го прават и повеќето невладини организации и политичарите, посебно од опозицијата. Бркајќи политички поени се концентрираат повеќе на инцидентите кои се против луѓето од нивната етничка припадност.“

Секој нека го даде својот придонес за намалување на тензиите или барем нека не фрла масло на огнот. Маслото е скапо, а многу поскапа е Македонија.

No comments: