Monday, April 09, 2012

Ден на албанското знаме?

И во Република Македонија, официјално и со државни пари ќе се слави Денот на Албанското знаме, меѓу другото и под изговорот ненавредување на чувствата на етничките Албанци од Република Македонија.

Всушност знамето кое ќе се слави не е нивно знаме, туку на државата Република Албанија. Етничките Албанци кои што живеат во Република Македонија имаат свое државно знаме, а тоа е знамето на Република Македонија (види слика долу). Да, знамето на Република Македонија е знаме на нивната држава, исто како што е и знаме на сите граѓани на Република Македонија, вклучително и нив.


Ако етничките Албанци кои што живеат во Република Македонија повеќе се интересираат за знамињата на туѓи држави тогаш никогаш нема да се интегрираат во македонското општество и постојано ќе се чувствуваат како граѓани од втор ред и тоа не по туѓа, туку по своја вина.

Ако Република Албанија ја чувствуваат како нивна матична земја, барем нека се изјаснат за да ги избришеме од преамбулата на уставот или пак да ги заведеме соодветно на оваа нивна практика.

Кој седи на два стола, кога тогаш ќе падне.

Под апсурдни објаснувања државното знаме на Република Албанија стана и знаме на албанското малцинство во Република Македонија иако тоа е незаконски (види: Анализа - Закон за знамињата на заедниците). Поради таквиот пропуст сега може да се манипулира од страна на етничките Албанци дека државното знаме на Република Албанија е и нивно затоа што е идентично со знамето на етничките Албанци од Македонија (што не смееше да се дозволи).

За да не бидам сфатен погрешно и дека работите ги гледам само од агол на етнички Македонец, ќе спомнам дека официјалното знаме на етничките Македонци (Македонски Национален Совет) во Република Србија не е идентично со претходното или пак актуелното државно знаме на Република Македонија што е правилно:


Се работи за 16 зрачно македонско златно сонце на црвена позадина, слично на претходното знаме на Република Македонија, но со значајни разлики - различен централен диск (со додадени елементи) и обиколено од златен прстен (реконструкција А.С.).

Ваквиот принцип мора да се примени и во Република Македонија кога се во прашање знамињата на етничките заедници.

1 comment:

Goran Atanasovski said...

Одлична статија!!!