Tuesday, April 10, 2012

Mr. Bricolage FAIL

Во написот посветен на „Mr. Bricolage“ на блогот на Горан Ковачев е соопштено за фиромизирање на нашата земја од страна на оваа компанија:

„...во делот за ѕидни плакати забележав плакат со апликација на картата на светот. Не можев да одолеам. Се приближив да видам и се запрепастив. Ме обзеде неопислива лутина и разочараност. На картата, Македонија беше напишана под акронимот на референцата!!! Тука во нашата сопствена држава!!! Во нејзиниот главен град!!!“

Па Македонци размислете дали би купувале од таму. Оние кои што денес си зеле за право да нè омаловажуваат во нашата сопствена држава, не е исклучено дека утре со истата доза на дрскост нема да пробаат да ни пробутаат чкарт производи.

Во истиот напис е спомнато и дека декларациите на производите не се на правилен македонски јазик:

„...на производите немаше ниту една (барем јас не забележав) декларација на македонски јазик. За сметка на тоа, на називите на артиклите насекаде фигурираа „македонски“ зборови како: зидни, роба, вишња, храст, сијалици и печатни грешки како „вешКачка“ трева, цвеКе...“

Колку што знам законска обврска е дакларациите да бидат на македонски јазик. Во услови кога македонски лектори седат дома невработени, треба малку и државата да поведе сметка. Ако ништо друго барем да им прати една инспекција за да им дојде умот.

No comments: