Амбасадата на САД во Македонија преку реклама му порача на македонскиот народ да не биде папагал и слободно да зборува. Бескрајно многу им благодариме што ни даваат такво право, да не беа тие немаше да имаме поим дека такво нешто постои.
Радио Слободна Европа (27.09.2011), изјава на Пол Волерс:
Во случајов го користиме правото слободно да зборуваме и по не знам кој пат му укажуваме на овој амбасадор во Македонија, дека согласно пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и Времената спогодба, Грција не смее да го попречува приемот на Македонија во ЕУ и НАТО.
Наместо како папагал да повторува името па името, му порачуваме на овој амбасадор во Македонија да седне и убаво да ги прочита овие два документи.

Ставот на НАТО не е сменет, ако се реши прашањето за името Македонија може да стане членка на алијансата. Ова денеска го повтори американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс...
Во случајов го користиме правото слободно да зборуваме и по не знам кој пат му укажуваме на овој амбасадор во Македонија, дека согласно пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и Времената спогодба, Грција не смее да го попречува приемот на Македонија во ЕУ и НАТО.
Наместо како папагал да повторува името па името, му порачуваме на овој амбасадор во Македонија да седне и убаво да ги прочита овие два документи.
No comments:
Post a Comment