Thursday, April 12, 2012

Засилена дипломатска активност

Сакам да дадам огромна подршка на засилената дипломатска активност на македонската Влада за промовирањето на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг во врска со незаконската блокада од страна на Грција.

Со хашкиот печат низ европските центри (Нова Македонија):

Поранешниот шеф на македонската дипломатија Слободан Чашуле за „Нова Македонија“ вели дека хашката пресуда, особено препораките во нејзиното образложение претставуваат многу силен импулс за Македонија.

Според него, влијанието на хашката пресуда, како и на засилените дипломатски активности, може и да се согледа преку фактот дека Унијата најде нов механизам за деблокирање на Македонија и, како резултат на тоа, со нашата земја го почна дијалогот на високо ниво.

Дипломатски извори исто така оценуваат дека Македонија по Хаг дефинитивно има карта што ја смени играта. И професорката Билјана Ванковска смета дека нашата земја во пресудата во Хаг има еден многу силен адут, без разлика на тоа колку некој ја омаловажува.

Во исто време сакам да потсетам за предвидување за иднината на Македонија кога е во прашање наметнатиот спор со името и зачленувањето на Македонија во меѓународни организации, кое на 25 јули 2011 година (кога сè уште не беше добиена тужбата во Хаг) беше претставено на овој блог (Предвидување за иднината на Македонија):

-Добивање на тужбата во Хаг. Според изложеното од македонските претставници и од неаргументираната одбрана на Република Грција чијшто член дури и ја ословуваше нашата земја со уставното име и покажа дека тоа не му пречи (врска) имаме реални шанси за победа.

-Барањето за членство во ЕУ треба да се одвива во согласност со времената спогодба според која Република Грција не смее да не попречува во приемот во меѓународни организации кога тоа е под привремената референца. Ова дополнително ќе се олесни од евентуалното добивање на тужбата во Хаг

-Остварување на сите потребни реформи и лобирање од страна на македонските дипломати и од пријателите на Република Македонија за започнување на преговорите со Европската Унија и тоа во согласност со времената спогодба која во услови на максималистички барања од страна на Република Грција и речиси две декади долги преговори е најбрз и докажано најефективен начин за остварување на оваа цел.

За тоа до колкава мера предвидувањето се остварило (и се остварува) одлучете сами.

No comments: