Sunday, April 08, 2012

Ти не си крлеж

Дневник (14.02.2012, 18:31):

Македонија го плаќа Црвенковски 180.000 евра годишно за да го води СДСМ.
Активностите што Бранко Црвенковски ги има како поранешен македонски претседател, за што прима пари, се значително помали отколку што ги има како актуелен партиски лидер
Учество на минатосептемврискиот годишен состанок на „Kлинтон глобална иницијатива“, средба со тогашниот бугарски претседател Георги Прванов пред две години и учество на Регионалниот економски форум во Сараево, БиХ во 2009 година се најважните активности што Бранко Црвенковски ги имал како поранешен претседател на државата. Остатокот од петнаесетината активности што се наведени на неговата официјална интернет-страница, која е активирана во септември 2010 година, е содржан во соопштенија по разни поводи и реакции за одредени информации, протести и слично. За толкава активност државата годишно одвојува околу 180.000 евра, колку што, согласно важечкиот закон, мора да се издвојува за финансирање на активностите на поранешните македонски претседатели по завршувањето на нивниот мандат.

I, Macedonian:

Бранко Црвенковски ти не си крлеж. И затоа престани да ја цицаш Македонија. Наместо да нè клеветиш, почни да си ја заслужуваш пензијата која ја земаш од џебот на граѓаните!

No comments: