Showing posts with label СМК. Show all posts
Showing posts with label СМК. Show all posts

Tuesday, June 11, 2013

ИТЕН ПРЕКИН НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

11 јуни 2013 година, Њујорк, САД - По повод одбележувањето на 20-годишнината од приемот на Македонија, Чешка, Словачка, Андора и Монако во Обединетите Нации, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) од претседателот и Владата бара итен и безусловен прекин на разговорите за разликата за државното име Македонија!

СМК бара од претседателот и Владата со писмена нота да го известат генералниот секретар на Обединетите Нации дека државата Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното државно име Македонија со можност за употреба на уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик на англиски јазик “Macedonian people“ и “Macedonian language“, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија во Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз македонскиот народ кој континуирано трае до денес.

Прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога македонскиот народ и граѓаните на државата Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

Како израз на добра волја за релаксација на тензиите во балканските метрополи по македонското прашање, првото повеќепартиско Собрание, наместо “Устав на Држава Македонија“, донесе “Устав на Република Македонија“ како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и југо-западна бугарска провинција Македонија.

И покрај сите историски хипотеки, Македонците предлагаат декларации за историско македонско-албанско, македонско-бугарско, македонско-грчко и македонско-српско помирување и договори за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, Македонија и Бугарија, Македонија и Грција и Македонија и Србија.

И покрај сите историски хипотеки, Македонците сметаат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Македонската цивилизација е цивилизација на мирот и љубовта а не на омразата и војната, а големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности!

СМК потсетува дека Бадентеровата комисија на Европската Комисија во 1992 година изразувајќи согласност за државноста на Македонија и Словенија од поранешна СФРЈ потврди дека “употребата на терминот Македонија не имплицира територијални претензии кон Грција“, а Меѓународниот суд во Хаг во 2011 година повтори дека Македонија има право да членува во Обединетите Нации и во меѓународните организации под нејзиното државно име, независно од правото на Грција да приговара кога Македонија пристапува во членство или и’ се обраќаат со државното име!

СМК бара Обединетите Нации да ја испочитуваат пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на членот 11 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година и со тоа ја елиминираат дискриминаторската одлука од 8 април 1993 година спротивна на Повелбата на Обединетите Нации за прием на Македонија со временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“ и да разговара за своето државно име со друга земја членка на Обединетите Нации!

Пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата е независно од процедурата за членство на Македонија во Обединетите Нации и Македонија мора итно и безусловно да ја заврши постапката за членство без расистичкото и наци-фашистичко времено обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“!

Македонците отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, ако антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија, се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина!

СМК потсетува дека државното име се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија, за внатрешна и за меѓународна (надворешна) употреба, пред секој, на секое место и во секое време!

СМК укажува дека секој договор за промена на државното име Македонија претставува кривично дело велепредавство, геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото и флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации, Универзалната декларација за човекови права и Уставот на државата Македонија. Секој договор за промена на државното име Македонија е неважечки и спротивен на слободно изразената волја на граѓаните на Македонија и на македонскиот народ на самоопределување и самоидентификација на референдумот од 8 септември 1991 година!

Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на државното име Македонија!

Saturday, June 08, 2013

ТЕТОВСКИТЕ ВЛАСТИ БЕЗ ГРИЖА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СПОМЕНИЦИ

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

8 јуни 2013 година, Тетово, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за срамна ја смета негрижата на тетовските власти за македонските споменици и со огорченост го осудува повторното шкртање на Споменикот на револуцијата во центарот на Тетово.

СМК ја поздравува иницијативата на тетовскиот Сојуз на борци, прифатена и од Министерството за култура, за повторно враќање на бистите на двајцата тетовски народни херои Тодор Ципоски-Мерџан и Ѓоце Стојчески-Амбарче во кругот до Споменикот на револуцијата, отстранети пред неколку години од локалните власти без никакво објаснување при реконструкција на тетовскиот плоштад.

СМК иницира формирање Дирекција за споменици и спомен обележја при Министерството за култура, која ќе води регистар и грижа за нив на целата територија на Македонија.

Sunday, January 13, 2013

ОД ГЕМИЏИИТЕ ДО ВЛАСТА ЗА ИМЕТО!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Европската Унија и НАТО-Алијансата не се достојни за промена на државното име Македонија!

Впрочем, ничиј мандат не е достоен за продажба на државното име Македонија! Било која власт нема овластување да разговара и договори промена на името Македонија! Македонија не смее да стане заложник на страста за власт и сласта за пари на елита која е подготвена да прифати промена на најсветото - државното име, името на народот и јазикот! Не постои оправдано алиби за тоа свесно самоубиство на нацијата! Флоскулите “заемно прифатливо решение и “разумен компромис“ за прашањето за името се глупост. За името едноставно не се разговара! Некои прашања не заслужуваат одговор!

И нека никој не заборава дека гемиџиите се дел од колективната меморија на Македонците! Нивниот паметник на кејот на Вардар во центарот на македонската метропола не е егзотика, туку поука како се брани и сака татковината, како се гине за слободата! Гемиџиите не се закана, туку свест на нацијата за опстанокот и иднината! Македонскиот народ и во многу полоши времиња и во поголема сиромаштија се борел за својата слобода и за своја држава Македонија! Таа слобода и држава денес никој нема право да ја продава и предава! Се плашам некому да не му летне главата поради името на државата!

Нека никој не заборава, дека ништо нема да го испере пред судот на народот, правдата и историјата: Промената на државното име Македонија значи злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ, флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија и на меѓународното право, како и на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права! Промената на државното име Македонија претставува велепредавство што не застарува! Промената на државното име Македонија значи амнестија и легализација на грчката окупација на македонската земја и на грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано од Балканските војни (1912-1913) се врши до денес! Промената на државното име Македонија значи дестабилизација на државата и на Балканот во целина!

И нека не измислуваат формулации, инсталации, ново државно име за меѓународна употреба без промена на Уставот и книшка под мишка дека и со новото меѓународно име повторно ќе сме биле Македонци кои зборуваат македонски. Тие лаги не проаѓаат! Промената на државното име, меѓу другото, ни го одзема правото за грижа за Македонците во соседните земји на Републиката, промената на државното име ги множи со нула Македонците во Албанија, Бугарија, Грција и Србија, Македонците во светот надвор од татковината.

Македонците во целиот свет бараат итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и на македонскиот јазик, независно од историските хипотеки.

Не постои ништо помоќно, отколку идејата чие време е дојдено! 2013-та и припаѓа на Македонија! Зарем на 100 годишнината од поделбата и геноцидот треба името да го промениме?! Македонија не смее да стане заложник на американскиот и европскиот неоколонијализам. Која чест да им ја спасиме на САД и Европската Унија во односите со Македонија? Притисоците за промена на државното име не се чест, туку резил за правото и демократијата! Да не заборавиме, дека секоја Империја има почеток и крај. Американскиот империјализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време. Светот ниту започнува ниту завршува во Брисел и Стразбур. Светот се развива мултиполарно. Македонија е во стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави или барем така мислиме, но тоа не ја менува вистината дека американската империја го достигна својот залез, а Европската Унија својата декаденција, со солидарноста со Атина за промена на името на една суверена нација и на една суверена држава. Во светот мора да владеат правилата на законот, еднаквоста, правдата и братството!

Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата! Македонија покрај евро-атлантските, ги преферира и евро-азиските интеграции, движењето на неврзаните, Турција, Руската Федерација, Кина, Индија, Арапската Лига, Исламската Конференција. Од пријатели никогаш доста.

Ако не не’ сакаат како Македонци и Македонија, сите нека запаметат, дека на референдум ќе гласаме против пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата, нивната приказна во Македонија нема повеќе да проаѓа!

Да не мислиме што ќе биде ако не го смениме името, тие што тоа од нас го бараат нека размислуваат што ќе биде кога ќе го продолжиме членството во Обединетите Нации како Македонија! Ниту светот војна ќе ни објави, ниту ќе не изолираат. Агонијата во која е втурнато општеството со агресијата за промена на државното име, оваа година мора да ја прекинеме. Прашањето за државното име мораме да го затвориме правно во Обединетите Нации каде што апсурдот и почна. Ирелевантни се во таа постапка амбициите за сојуз со ЕУ и НАТО-Алијансата. Тие отпосле следуваат. Ниту прекинот на разговорите за државното име претставува суспензија на Привремената македонско-грчка согласност меѓу Македонија и Грција од 13 септември 1995 година.

Само да се присетиме, на 27 јуни 1992 година, Европскиот совет на Европската Заедница донесе Декларација за поранешна Југославија, што се однесува до признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија“. Собранието на Република Македонија на 3 јули 1992 година донесе Декларација за неприфатливост и отфрлање на овој дел од европската декларација. Европа не и’ објави војна на Македонија! Веднаш по тоа, на 29 јули 1992 година Собранието на Македонија донесе Одлука за стапување на Македонија во членство на Организацијата на Обединетите Нации, а на 11 септември 1992 година го донесе Законот за државното знаме, со кое шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа стана симбол на знамето на државата Македонија! Европа не и’ објави војна на Македонија! И во ЕУ има членки кои не’ признаваат како Република Македонија!

Цело време не убедуваа дека доколку Македонија не го смени името, Советот за безбедност на Обединетите Нации тоа место нас ќе го стори. Заборавија дека Обединетите Нации не определуваат имиња на држави, народи и јазици. Заборавија дека Обединетите Нации не се светска влада, туку меѓународна владина организација. Заборавија дека сме членка на Обединетите Нации со апликација под државното име Македонија. Заборавија дека во 1992 година тогашната македонска власт (Киро Глигоров и Бранко Црвенковски) се согласи времено да ни се обраќаат со “The former Yugoslav Republic of Macedonia“ само во системот на Обединетите Нации. Заборавија дека “The former Yugoslav Republic of Macedonia“ не е меѓународно име, туку времено обраќање во системот на Обединетите Нации, само за времето на разговорите за разликата за државното име со јужниот сосед Грција. Заборавија дека Македонија не разговара за договор за ново меѓународно име. Заборавија дека ниту Ниту Резолуцијата 817 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации, ниту Резолуцијата 47/225 на Генералното собрание на Обединетите Нации од 8 април 1993 година, ниту Резолуцијата 845 од 18 јуни 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации, ниту Привремената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, не прејудицираат ниту утврдуваат обврска за промена на државното име, освен разговор за разликата за државното име, која е очигледна и без епилог, затоа што за име не се разговара! Договор е и да не се договориме!

Да не заборавиме дека Стојан Андов на 8 јули 2011 година во колумна за неделникот ФОКУС анализирајќи ја оставката на Антонио Милошоски од министер за надворешни работи со обвинение за лажен патриотизам поради поднесената тужба против Грција во Меѓународниот суд на правдата во Хаг за кршење на обврските преземени од нејзина страна од членот 11 од Привремената македонско-грчка согласност од 13 септември 1995 година, на премиерот Никола Груевски му советуваше: “Покрај сите експерти за кои се даваат големи пари, а кои се нагажирани во спорот, по сите дипломатски канали на Македонија и’ се дава до знаење дека каква и да биде одлуката во Хаг, ќе ја влоши позицијата во спорот со Грција: односите ќе се заострат, а и последните пријатели кои сакаат да ни помогнат ќе ни свртат грб. Од меѓународната заедница до Груевски доаѓаат сигналите да ги искористи шеесетте дена што преостануваат додека уште има смисол да се реши спорот без да биде објавена судската одлука!“ За жал на Андов, Меѓународниот суд во Хаг на 5 декември 2011 година донесе Одлука по тужбата на Македонија против Грција. И покрај гатањата на сенилниот и потрошениот Андов, светот повторно не и’ објави војна на Македонија, светот повторно не и’ го сврте грбот на Македонија! Македонија не ги изгуби пријателите! Државите не се маалски другарчиња, се скарале за џамлии и повеќе не разговараат. Општествата се сложени динамички системи со безброј врски независно од власта во државите која е менлива и минлива.

И затоа, власта да не подлегне на притисоците за промена на државното име Македонија. Може некој американски државен службеник да мисли дека Груевски го брани името како алиби да не биде Македонија во НАТO. Ама, ако беше така, немаше најголемата амбасада на САД и база на ЦИА во регионот да добие одобрение за градење на Калето! Опасни се симулациите за смена на власта и нејзино рекомпонирање спротивно на слободната волја на граѓаните со цел промена на државното име Македонија. Никој да не помислува, ќе дојдат СДСМ па тие ќе го сменат името и ќе ги задоволат интересите на ЦИА!? Симулациите за дестабилизација на нацијата и регионот се многу многу опасна играчка за мали деца! Инсталации во власта може да го блокираат секое предупредување и објава во медиумите, ама вистината не може да ја скријат а одговорноста уште помалку кога ќе пукне балонот. И оваа игранка на СДСМ ќе заврши. Таа партија или ќе се реформира или нема да ја има и од тоа нема светот да престане да диши. Партиите се формираат и се расформираат. Ја биле, та не биле. Други се раѓаат. Бранко нема лиценца на социјалдемократијата, која со СДСМ пак врска нема. Не умира демократијата во Македонија без Бранко и СДСМ ... И Киро е во Бутел, па Македонија повторно оди напред!

Да веруваме дека партиите нема да заборават, моќта и власта ја црпат од македонскиот народ и граѓаните против промената на државното име Македонија! Македонците отфрлаат власт и партии што заговараат промена на државното име Македонија. Ништо не е посвето од Македонија и ништо не е залудно за одбраната на името и достоинството на татковината! Македонија вечна!

Thursday, January 10, 2013

МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

9 јануари 2013 година, Скопје, Македонија - Не постои ниту “заемно прифатливо решение“, ниту “разумен компромис“ за прашањето за името. Ниту има Јужна Македонија, ниту ќе има Северна Македонија! Ниту ќе има Горна Македонија, како што нема Долна Македонија. Македонија е една и единствена! Името на нашата држава е Македонија, така било, така и ќе остане, од векови за навек! Кој мисли дека може да го смени, само нека проба! Прашањето за државното име не е залог на сегашноста, туку аманет од минатото за иднината! Прашањето на државното име не е право на власта, туку обврска од народот и граѓаните за негова одбрана!

Не е во прашање државното име Македонија, туку окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ кој континуирано се врши од Балканските војни (1912-1913) до денес.

Промената на државното име Македонија значи злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ, флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија и на меѓународното право, како и на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права.

Промената на државното име Македонија претставува велепредавство што не застарува.

Промена на државното име Македонија значи амнестија и легализација на грчката окупација на македонската земја и на грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано се врши од Балканските војни (1912-1913) до денес.

Промената на државното име Македонија значи дестабилизација на државата и на Балканот во целина!

Правото на самоопределување и самоидентификација е суверено, неприкосновено и неотуѓиво.

Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

Македонците во целиот свет отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на Меѓународен договор во Парламентот за промена на државното име Македонија!

Македонците во целиот свет отфрлаат власт и партии што заговараат промена на државното име Македонија!

Македонците од Атина бараат извинување за геноцидот и за сите историски и општествени неправди, како и репарации за жртвите и штетите предизвикани од геноцидот и војните и од експлоатацијата на природните и културните богатства во окупираниот дел на Македонија!

Македонците заедно со Грците во Втората Светска Војна (1940-1945) и во Граѓанската Војна во Грција (1946-1949) го поразија фашизмот и ја ослободија Грција, поради што се вградени во државноста на Елада, ним им припаѓаат сите права и слободи како и на останатите, еднакви меѓу еднаквите, рамноправни со рамноправните.

Македонците во целиот свет бараат итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и на македонскиот јазик, независно од историските хипотеки.

Иако државата Македонија е единствен носител на тоа име во светот, Македонците декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата!

Светскиот Македонски Конгрес повикува на семакедонско единство, помирување и обединување во одбрана на државното име Македонија, на македонскиот народ и на македонскиот јазик!

Wednesday, January 02, 2013

НАШАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Повторно и повторно слушаме: Идентитетот е нашата црвена линија! А, името за што ни е, за поткусурување? Во тоа е заблудата! Демек, можеме да договориме промена на името, па дури и опсег на употреба, ама да останеме и понатаму Македонци и нашиот јазик да го викаме македонски!

Некои велат, не знаат, затоа така зборат, под разумен компромис подразбирале промена на името, ама не и на името на народот и јазикот. За името сме можеле да преговараме, ама за именувањето на народот и јазикот, НЕ!

Која глупост! Освен, ако мислат дека народот пие нафта и расте на гранка, па не знае кој што збори. Поминаа тие времиња.

За што воопшто разговараат или преговараат властите во Македонија сите овие дваесет години и со кого, за што?! За промена на државното име Македонија?! Еве Киро го нема меѓу живите, прелажа дека временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија/The former Yugoslav Republic of Macedonia“ ќе трае само два месеци и пред заминување на нацијата дури не и’ се ни извини за таа лага. Што ги принудува властите во Македонија да разговараат за промена на државното име Македонија? Да не го прекршат зборот на Киро? Да не се плашат дека врз Македонија ќе фрлат атомска бомба да не’ нема? И ако договорат промена на државното име, што ќе добијат, поголем камен врз гробот во гробишта? Ќе ги памти некој некогаш, освен како велепрадавници?

И бидејќи повторувањето е мајка на знаењето и ние ќе повториме.

По меѓународно право, името на државата е идентитетот на нацијата! А, името на нацијата е името на државата! По бојата на кожата не се препознава етничкото потекло на луѓето. Декларација за идентитетот не е вербализам или резолуција под мишка, туку пасошот како документ за лична идентификација. Таму ви е внесен кодот: името и презимето, датумот и местото на раѓањето, адресата во местото на живеење, матичниот број, националноста односно државјанството и името на државата чие државјанство го поседувате. Патем, пасошот е сопственост на државата која го издала!

Сте ги провериле новите биометриски пасоши? Во нив, во графата националност, што подразбира државјанство, пишува МАКЕДОНСКО/MACEDONIAN, што значи и МАКЕДОНЕЦ! Така им пишува на сите граѓани на Македонија, независно од нивното етничко потекло, затоа што по меѓународното право, националноста по автоматизам произлегува од името на државата! Односно, националноста е синоним за државјанството! Во пасошите нема графа “етничко потекло“ за носителот на пасошот. И затоа, на сите нови биометриски пасоши, на Македонците по потекло, на Албанците по потекло, на Турците по потекло, на Србите по потекло, на Ромите по потекло, на Бошњаците по потекло, на Власите по потекло, на Еѓупците по потекло, на Хрватите по потекло, на Црногорците по потекло, на сите, независно од нивното етничко потекло, во графата “Националност/Nationality/Nationalite“ им пишува “МАКЕДОНСКО/MACEDONIAN“! Никому ништо не му фали.

Ако ви текнува, кога во првиот повеќепартиски Парламент се носеше Законот за државјанство на Република Македонија во 1992 година, независниот пратеник Тодор Петров предложи амандман, секој странец кој ќе прими државјанство на Република Македонија, да потпише декларација дека ја прифаќа припадноста на македонската националност, затоа што по меѓународно право сите по државјанство во државата Македонија се Македонци независно од нивното етничко потекло. Тогаш скокнаа СДСМ и го обвинија пратеникот Тодор Петров за фашизам. ПДП ги поддржа, упатувајќи остри напади дека во Македонија има фашизам и дека еден од тие фашисти бил Тодор Петров! На прашањето на пратеникот од ПДП Мохамед Халили, што би биле по дефиницијата на Петров Албанците во Македонија, одговорот беше “Македонци со албанско етничко потекло“. Подоцна во претседателската кампања 1999 година, кога кандидат на СДСМ беше Тито Петковски а на ВМРО-ДПМНЕ Борис Трајковски, Тито насекаде трубеше дека во Македонија по државјанство сите се Македонци независно од етничкото потекло. Подоцна со измените на Законот за државјанство направија дури и дополнување “сите кои примаат државјанство на Република Македонија мора да пополнат изјава дека ќе бидат лојални државјани на Македонија“.

Тоа е веќе трајно минато свршено време. Еве, земјината топка се преврте, Господ знае колкупати, од тогаш до денес и повторно дојде тоа на Тодор Петров. Тодор Петров пред дваесет години не измисли топла вода, го кажа и тогаш и денес тоа што за цел свет важи и е нормална процедура, дека во Македонија по државјанство сите се Македонци, поради името на државата Македонија, независно од нивното етничко потекло!

Или еден едноставен пример: кога на граница ќе се идентификувате со пасош на државата Франција, за сите, Вие сте Французин, никој не Ве прашува за Вашето етничко потекло, независно дури ни од бојата на кожата. Црната боја на кожата не значи дека Вие сте Сенегалец, Етиопјанин или Нигериец. Може да сте црнец, ама поголем Французин и од францускиот претседател!

Националното се разбира не го анулира или елиминира, туку го супституира, го инкорпорира етничкото. Националното е нова дефиниција на државното, во однос на граѓаните, како правен однос меѓу државата и поединецот, еднакви пред Уставот и законите, независно од нивното етничко потекло, верско уверување, социјална положба, пол и раса. Етносите кои ги создавале државите, го супститурале, го инкорпорирале етничкото во државното и затоа кај нив името на државата е нераскинливо врзано со името на мнозинскиот државотворниот етнос, како луѓе од ист род, со иста култура, ист јазик, иста историја и територија. Се разбира, нацијата ги подразбира и малцинствата како национални малцинства, кои по потекло, културолошки и јазично може и да не припаѓаат на мнозинскиот етност во државата. Тоа се или делови на други етноси кои оформиле своја држава во соседството или делови на други етноси на сосема далечни територии, тука присутни поради историски миграции, природни или принудни.

Така лицата кои имаат американски пасош се Американци, лицата кои поседуваат германски пасош се Германци, лицата кои поседуваат италијански пасош се Италијанци, поради името на државата чии државјани се: Америка, Германија, Италија итн...

Ако Вашата држава се вика Северна Македонија, а државата Грција има провинција Македонија, лицата од провинцијата Македонија во државата Грција ќе се именуваат Македонци, а лицата од државата Северна Македонија, поради името на државата, целиот свет ќе ги препознава како Северномакедонци. Соодветно на Горна Македонија - Горномакедонци, на Вардарска Македонија - Вардаромакедонци.

Во англискиот јазик има едно правило сите држави пред државното име, независно од уставното уредување или географската одредница или идеолошката одредница, имаат еден граматички член “OF“. Затоа, државјаните на Америка се Американци, бидејќи името на државата е United States OF America, независно што ние, на македонски го преведуваме како Соединети Американски Држави без граматички предлог меѓу трите збора. Тоа во македонскиот јазик го нема. Без тоа не би постоеле Американци во светот. Државјаните на Франција се Французи, бидејќи името на државата е Реpublic of France. Државјаните на Германија се Германци, бидејќи името на државата е Federal Republic of Germany.

Не замајуваат странски мешетари и наши платеници, дека еве има држави во светот како Северна Кореја и Јужна Кореја, државјаните и на едната и на другата држава се Корејанци. Демек, ако ние на државното име Македонија придодадеме географска одредница, тоа нема да го промени името на македонскиот народ односно на Македонците. А токму во тоа е заблудата. Не постои држава Северна Кореја! Не постои држава Јужна Кореја! После Втората Светска Војна, во 1945 година, Кореја беше поделена долж 38-та паралела на две држави: северниот ентитет под советска управа именуван како Демократска Народна Република Кореја (Democratic People's Republic OF Korea) и јужниот ентитет под американска управа именуван како Република Кореја (Republic OF Korea). Поради она OF во двете држави живеат Корејанци. Не заборавајте, не постои држава Северна Кореја (North Korea), не постои држава Јужна Кореја (South Korea). Кога би постоеле државата North Korea во неа би живееле Севернокорејанци, а во државата South Korea би живееле Јужнокорејанци.

Затоа Грција бара географска одредница пред државното име Македонија, наводно затоа што нивната северна провинција, исто така, се вика Македонија. И вели, “македонското прашање е идеолошка конструкција на Студената војна“, Македонци не постојат. Грците во грчка Македонија се Македонците, а не државјаните на нејзиниот северен сосед, за кој нуди име со географска одредница. Нашите платеници, пак, велат, а зошто да не приафтиме географска одредница?! Притоа не смееме да заборавиме дека Атина никаде не спомнува дека северната грчка провинција Македонија, Грција за првпат во својата историја ја окупира во Балканските војни 1912-1913 вршејќи етничко чистење и геноцид врз домородните Македонци. Иста во однесувањето пред светот е и власта во Македонија која никаде и никогаш не спомнува дека Атина во Балканските војни го окупира јужниот (Егејскиот) дел на Македонија и изврши етничко чистење и геноцид врз домородните Македонци!

Истовремено, Грција бара, странските мешетари ни нудат, нашите недоносени прифаќаат: Република Македонија со латинична транскрипција како Republika Makedonija, а не на англиски јазик Republic OF Macedonia, за да го снема она фамозно OF! Republika Makedonija на англиски се чита Рипаблика Мекидонајџа, а не Рипаблик оф Меседониа. Светот да ја заборави Македонија како име на нашата држава, да се раскине врската меѓу македонскиот народ и името на државата Македонија и Province of Macedonia да остане ексклузивно право само за Грција!

Кога сме веќе кај географската одредница Северна, треба да го имаме на ум и фактот дека после дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, Грција ја подели провинцијата Македонија на три региони “Западна Македонија“, “Централна Македонија“ и “Источна Македонија“. Нам ни кројат одредница “Северна Македонија“, ама во Грција нема регион “Јужна Македонија“. Чудно, нели? Ама, проѕирно! Дури и не постои држава “Јужна Македонија“. Но, веќе се’ е прочитано!

Затоа, на нашиве недоносени постојано ќе им повторуваме: името на државата е идентитетот на нацијата! Името на македонскиот народ е нераскинливо поврзано со државното име Македонија! Промената на државното име Македонија, значи трајна промена на името на македонскиот народ и јазик, по автоматизам! Промената на државното име не е слобода на мислата или демократија, туку злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и кривично дело велепредавство! Кој мисли дека може, нека проба! Гемиџиите не биле Индијанци туку Македонци!

Прашањето за државното име е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа “за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдум е задолжителна за сите! Поради тоа, бараме итен и безусловен прекин на разговорите за државното име и продолжување на членството во Обединетите Нации под името Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик, како јасна разлика од истоимената југозападна бугарска провинција Македонија и северна грчка провинција Македонија!

Доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Атина се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Хеленската Република, Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО! Македонците покрај евро-атлантските ги претпочитаат и евро-азиските интеграции!

Почитувани Македонци, читајте и не заборавајте, насекаде повторувајте и под нос на сите пикајте им, повторувањето секако е мајка на знаењето: НАШАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА! Ни точка ни запирка, ни збор пред неа ни по неа: ИМЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА Е МАКЕДОНИЈА И ЗАТОА СМЕ МАКЕДОНЦИ! ИМЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА Е МАКЕДОНИЈА ЗАТОА ШТО НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ! И не сме Македонци затоа што дојдовме од зад Карпатите како Словени, та се нарековме така поради името на територијата што ја населивме, туку затоа што отсекогаш сме биле тука и затоа што отсекогаш сме биле Македонци и затоа што отсекогаш ова била наша татковина МАКЕДОНИЈА! Тоа јужно под Гевгвелија и источно од Струмица е исто така Македонија, ама таа - окупираната! Амин!

Thursday, December 06, 2012

НЕ ПОГАНЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА, ОВАА СВЕТА БОЖЈА ЗЕМЈА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

За вера во Бога и за име пред светот не треба дозвола од никој, доволни сме си самите за себе и со себе, како и сите! Поради тоа, веднаш и безусловно, крај на разговорите со Атина за државното име Македонија, крај на разговорите со Белград за автокефалноста достоинството и името на Македонската Црква, крај на разговорите со Софија за името на македонскиот народ и јазик! Доста со понижувањето на оваа света земја, народ и јазик! Доста со геноцидот од окупацијата која сто години трае! Од една федерација се отарасивме, не ни треба нова Југославија без нашето име!

И запаметете, ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името државно Македонија, името на народот македонски и името на јазикот македонски! Светот не започнува и не завршува во Стразбур и Брисел. Сега се и не ќе бидат како што и други биле па не се и ги нема! Името на државата, народот и јазикот од Бога се дадени еднаш за сите времиња и за целата вселена! 

Разговори утре повеќе од вчера се само наша вина, промената е злосторство на преговарачите за навек, ним ќе им се врати и наплати! Тие што сакаат во ЕУ без име, еве им ја границата отворена е! Ова е држава Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонскиот - тоа е формулата за единство на сите! Ништо друго не не’ обединува и ништо друго не не’ помирува, што ќе не додржи ветрот да не не’ расее. Ова повторно е држава Македонија, Македонците повторно се суверена нација! Македонија вечна! Амин!

Wednesday, November 28, 2012

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА НЕ Е БОЖЈА ВОЛЈА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

28 ноември 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги почитува верските слободи на граѓаните и авторитетот на верските заедници и нивните поглаварства, но за неприфатлива ја оценува изјавата на поглаварот на Исламската Верска Заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи во интервјуто за “Журнал плус“, дека “Обединувањето на албанските земји е Божја волја“ и дека нивна обврска е да ги вратат “така како што биле порано“, во “Албанија со единствена граница како што ја создал Бог“, затоа што поттикнува и разгорува етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост!

Ниту Бог ниту пророкот Мухамед ја создале Албанија, туку интересите на големите сили во 1913 година за свои сфери на влијание на овие простори. Наци-фашистичката креација Голема Албанија не е Божја волја, туку дело на Сатаната.

Тоа што Албанците денес живеат во пет соседни држави на Албанија заради миграции а не поради поделба на Албанија, како што тоа се случило со Македонија во Балканските војни 1912-1913 година, не значи повод за територијална дезинтеграција на пет држави на Балканот.

Никому не е забрането да живее во една држава, но илузија е сите Албанци да живеат во држава која ќе окупира територии на пет држави на Балканот. Впрочем, наци-фашистичката креација Голема Албанија во Втората Светска Војна не е проекција за обединување на Албанците, туку за поделба на Република Албанија. Во Република Албанија сите не се муслимани, туку и православни и католици, какви што се Албанците и во Македонија и на Косово, а албанските државјани не се еднородни и едноверни, бидејќи во Албанија живеат и Геги и Тоски и Мијаци. Во Република Македонија сите муслимани не се само Албанци, туку и Македонци, Турци, Бошњаци и Роми...

СМК укажува дека во Македонија нема албански земји, затоа што Албанија никогаш не била окупирана од Македонија, како што делови од Македонија останаа во сите нејзини соседни држави!

И во оваа прилика, СМК најостро ја осудува власта затоа што незаконски денационализира државна земја на име Исламска Верска Заедница во Република Македонија. СМК повторува, дека џамиите и вакафските имоти од времето на Отоманската Империја не се сопственост на Исламската Верска Заедница, затоа што таа не е правен наследник на Отоманската Империја. Патем, речиси секоја џамија од тоа време е градена врз темелите на црква! СМК од власта бара преиспитување на сите одлуки на комисиите за денационализација затоа што незаконски враќаат земја и имоти на Исламската Верска Заедница. Неприфатлива е албанизацијата на денационализираната земја на Исламската Верска Заедница, со цел промена на етничката структура на населението!

Во Македонија сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалната состојба и општествената положба. Во Македонија живеат и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Бошњаци и Власи и Еѓиптјани и Црногорци и Хрвати... сите се рамноправни граѓани пред Уставот и законите во државата Македонија. Но, тоа не значи дека сите Албанци во целиот свет треба да добијат и македонско државјанство.

За СМК, Македонија е унитарна држава, а нејзините граници, територијалниот интегритет и суверенитетот се неповредливи.

Граѓаните на Македонија од партиите и здруженијата на Албанците, како и од поглаварството на Исласката Верска Заедница, очекуваат мобилизација на припадниците на албанската заедница за воздржување од посегања по туѓи животи и имоти на секое место и во секое време, со цел етничко чистење на територијата и заплашување на Македонците, како и ефективна а не само вербална демонстрација на толеранција и коегзистенција.

СМК апелира до граѓаните да се воздржат од агресија и насилство.

Македонците се цивилизација на мирот и љубовта, а не на војната и омразата. Македонците очекуваат и другите со кои живеат така да се однесуваат. Толеранцијата на Македонците и воздржаноста од провокации не претставува слабост и охрабрување за злоупотреба, туку вредност на коегзистенција достојна за почитување!

СМК бара власта да ги преземе сите мерки за заштита на животите и имотите на граѓаните. Граѓаните имаат право на самоодбрана и самовладение заради заштита на своите животи и имоти. Граѓаните ќе ги бранат и одбранат територијалниот интегритет и суверенитетот на државата Македонија како уставна обврска и нема да дозволат сепарација на дел од нејзината територија!

СМК го повторува барањето до Владата, на сторителите на кривични и прекршочни дела, кои се стекнале со македонско државјанство со природување, да им се одзема македонското државјанство и трајно да се протерат од територијата на државата Македонија. За нив нема место во македонското општество!

СМК и понатаму смета дека војната во 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту војна меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна за имплементација на определени глобални интереси на некои големи сили за свои сфери на влијание на овие простори, за жал, со злоупотреба на домицилни историски предизвици меѓу помесните етноси, како основа за туѓо владеење.

СМК апелира до САД, НАТО и ЕУ на воздржување од операции кои симулираат и стимулираат дестабилизација на државата Македонија заради други и туѓи интереси.

За СМК правичната и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници во централната власт и локалната самоуправа е темелна вредност на македонското општеството во чијашто основа се толеранцијата и коегзистенцијата. Иако бројот на Македонците во земјата изнесува 75% од вкупното население, тоа не значи намалување на веќе стекнатите права на малцинските етнички заедници! СМК го отфрла моделот на квантифицирани права и слободи, кои не може да се проектираат со пописни манипулации и уставни проценти, нив или ги има или ги нема! СМК преферира модел на институционализирана културна автономија на сите етнички заедници во Македонија помогната од државниот буџет и приватни фондови. СМК бара од Владата и Собранието да утврдат уставна декларација дека независно од пописните резултати, државата ќе ги гарантира веќе еднаш стекнатите права и културната автономија на малцинските етнички заедници! Истовремено, СМК протестира заради рекомпонирањето на државната и јавната администрација според нерелевантни пописни резултати на штета на Македонците, имајќи го предвид бојкотираниот попис 1991 преодржан 1994 година и лажираниот попис во 2001 година отфрлен од Државната пописна комисија! СМК од Владата бара да обезбеди парламентарни и уставни гаранции, дека затекнатите права на малцинските етнички заедници ќе се почитуваат независно од пописните резултати.

Friday, November 16, 2012

ОСУДА НА НЕПРИСТОЈНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА ЕВРОАМБАСАДОРОТ ОРАВ

16 ноември 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) е огорчен од вчерашниот говор на шефот на Мисијата на Европската Унија во Македонија, Аиво Орав, пред Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) при Европарламентот, за предизвиците и перспективите на нашата држава во однос на европската интеграција, постојано користејќи го акронимот ФИРОМ и нарекувајќи ги Македонците за славомакедонци.

Неприфатливо и навредливо е именувањето на државата Македонија и на македонскиот народ од амбасадор кој треба да го почитува името и поредокот на земјата домаќин, како и името и јазикот на мнозинскиот народ.

СМК од министерството за надворешни работи на Македонија бара протестна нота до ЕУ и евро-амбасадорот Орав поради неговото непристојно однесување, што ги навредува чувствата на Македонците во целиот свет!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Thursday, May 31, 2012

Продолжува лицемерието на Волерс и НАТО

Светски Македонски Конгрес

31 мај 2012 година, Скопје, Македонија - Одлуката на Меѓународниот суд во Хаг против Грција по тужба на Македонија од 5 декември 2011 година, за прекршување на членот 11 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година не се однесува на НАТО, но земјите членки на НАТО се должни да го почитуваат меѓународното право, бидејќи истовремено се членки и на Обединетите Нации за чиј Суд станува збор!

Одлуките на Меѓународниот суд во Хаг ги обврзуваат страните во парница, но сите земји членки на Обединетите Нации нив мора да ги почитуваат. Пресудата против Грција по тужба на Македонија не се однесува на прашање во односите меѓу двете земји, туку за грчко непочитување на меѓународен договор чиј гарант се Обединетите Нации и за обврските на Грција кон Македонија за македонското членство во меѓународни организации и сојузи на држави какви што се ЕУ и НАТО!

Затоа Одлуката на Меѓународниот суд во Хаг против Грција се однесува и на земјите членки на НАТО! Со непочитувањето на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг и земјите членки на НАТО флагрантно го прекршуваат меѓународното право!

Оттука, изјавата на Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс дека “ја разбира фрустрацијата на премиерот и претседателот од последниот Самит на НАТО во Чикаго, но дека само решението на спорот, а не пресудите на Меѓународниот суд во Хаг во какви било идни постапки ќе и’ ја отвори вратата на Македонија во северно атлантското семејство“, е лицемерие, спротивно на американското признание на Македонија под државното име на 3 ноември 2004 година и неконзистентност во македонско-американското партнерство.

Македонија и натаму верува во силно македонско-американско партнерство и е благодарна на Соединетите Американски Држави за помошта од една милијарда долари од независноста досега. Но, истовремено, Македонците не забораваат на американската и британската поддршка на грчките монархо-фашисти по Втората Светска Војна, во Граѓанската Војна во Грција, кои и денес владеат во Елада, што на Македонците им донесе продолжение на геноцидот и илјадници милијарди долари се уште неисплатени воени репарации и материјална и нематеријална штета.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) и натаму смета дека доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Елада за промена на државното име Македонија претставуваат вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Хеленската Република, Македонците го отфлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО!

СМК и понатаму бара итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со уставната додавка “Република“, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК, односно МКД и нотификација на македонскиот народ и македонскиот јазик!

*Сликата не е преземена и не е дел од обраќањето на СМК.

Thursday, January 19, 2012

Американска неконзистентност кон Македонија

Тодор Петров, Светски Македонски Конгрес (19 јануари 2012 година, Скопје, Македонија):

Рикер во Скопје декларира американска неконзистентност кон Македонија!

После изјавата на американскиот заменик помошник државен секретар надлежен за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот, Филип Рикер, од вчерашната средба со премиерот Никола Груевски, дека Македонија поканата за членство во НАТО ќе ја добие штом со Грција договори заемно прифатливо решение за името, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување од непринципиелноста и неконзистентноста на американската администрација, спротивно на одлуката за признавање на државното име Македонија од 3 ноември 2004 година и на македонско-американскиот Договор за стратешко партнерство.

СМК за навредливо го смета барањето за промена на државното име Македонија, како флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната Декларација за човекови права.

Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг претставува обврска не само за Грција и Македонија, туку за сите членки на НАТО, затоа што го суспендира грчкото право на вето против Македонија за членство во меѓународни организации и сојузи на држави. Доколку членките на НАТО и понатаму се придржуваат на грчкото вето со цел промена на државното име Македонија и тие го прекршуваат меѓународното право. Грчкото вето против Македонија за сојуз со НАТО ги дестабилизра мирот и безбедноста на Балканот, и во основа ја нарушува успешноста и ефикасноста на НАТО!

СМК и натаму го реафирмира ставот, дека доколку антимакедонизмот на Хеленската Република, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и нацистичкото барање на Атина за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Вашингтон и Брисел со Елада, Македонците го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со НАТО!

Monday, December 12, 2011

Апел за спас на Алшар

Светски Македонски Конгрес:

Апел за спас на Алшар!

12 декември 2011 година, Скопје, Македонија - Македонскиот рудник Алшар на Кожуф е најголемото наоѓалиште на талиумовите минерали во светот. Од десетиците регистрирани дури седум ги има само во Македонија, а за најзначен се смета - лорандитот, што служи за детекција на неутринот, кој директно потекнува од јадрото на Сонцето и единствено на планетата го има во Македонија. Талиумот во Алшар, а со тоа и неутринот, по своето количество во Македонија е светски планетарен раритет, и претставува најголема тајна на човештвото, бидејќи во себе ги крие одговорите на постанокот, минатото и иднината на вселената и на сончевиот систем, а истовремено се користи во вселенските истражувања и во телекомуникациските технологии!

Истражувањата со неутринот треба да покажат како се создава енергијата на сонцето и на таа база да се создаде нов моќен енергетски извор, соодветен на сонцето, што ќе ја измени алармантната состојба на загадувањето со фосилни горива и ќе доведе до производство на еколошки чиста енергија без радијација. Науката смета дека единствено лорандитот во светот ги препознава реакциите кои доаѓаат директно од јадрото на Сонцето. Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено “вештачко сонце” кое би ослободувало енергија за потребите на огромни простори.

Светскиот Македонски Конгрес го поздрави своевремено донесувањето на Законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата во јули 2009 година, заради заштита на неговите геолошко-ботанички особености, кои се од исклучително значење за заштита на природата, како и воспоставувањето на зона за негова строга заштита. СМК смета дека Министерството за животна средина и просторно планирање - Управата за животна средина, кому е доверено управувањето со Алшар и натаму треба да презема строги и квалитетни мерки за спречување на штетни активности од физички и правни лица, односно да обезбеди максимално поволни услови за заштита и развој на природата, и да го елиминира искористувањето на минералните суровини од споменикот на природата за какви било цели и намени.

Меѓутоа, СМК располага со сознанија дека во Владата се води процедура за донесување на Закон за престанок на важноста на Законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата, заради овозможување профитна експлоатација на злато во рудниците на Алшар на приватна компанија, што може да го уништи овој светски раритет и талиумовите минерали и кристали.

СМК ја анимира домашната и странската јавност, еколошките здруженија, интелектуалците и младите, граѓаните, да побараат и извршат притисок врз Владата да го повлече од натамошна процедура предлогот за донесување на Закон за престанок на важноста или за изменување на Законот за прогласување на локалитетот Алшар за споменик на природата.

СМК смета дека Алшар и натаму треба да остане под режимот на споменик на природата уреден со закон, како зона на строга заштита, додека не се воспостават технологии кои ќе овозможат научно-истражувачка работа со цел детекција на сончевите неутрина, битно за производство на бесплатна енергија и спас на човековата цивилизација со анализа на процесите во сончевото јадро.

Thursday, July 28, 2011

Осуда на реториката на Ламбринидис од СМК

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ОСУДА НА ГРЧКИОТ НАЦИ-ФАШИЗАМ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА!

28 јули 2011 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла реториката за Македонија на грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис пред собраниската комисија за надворешна политика и работна средба со амбасадорите на Грција од целиот свет. Ако Ламбринидис турската армија на Кипар ја смета за окупациска, а Албанија ја предупредува за односот кон грчкото етничко малцинство, време е да престане да му дели лекции на македонскиот премиер и да не заборава дека и Македонија е суверена држава со меѓународни права и обврски за грижа за положбата и правата на Македонците во Грција и дека Македонија не пишува нова историја, ниту ја краде грчката врз окупираниот дел од Македонија во Балканските војни во 1913 година, туку го ревидира грчкиот историски фалсификат на наци-фашистичка еднородна и едноверна држава од 1821 година!

Време е Стварос Ламбринидис да разбере дека фашизмот во Европа е поразен во Втората светска војна и дека Македонците ќе им помогнат на Грците да замине во историјата последниот наци-фашистички модел на државноста наречена „Елада“. Македонците заедно со Грците ги поразија монархо-фашистите во Втората Светска Војна и се вградија во државноста на Грција, поради што имаат неприкосновени и неотуѓиви права и слободи како државотворен народ на таа земја.

Европската иднина на Македонија не е заложник на „непопустливоста на македонскиот премиер“ како што вели Ламбринидис, бидејќи државното име не е право на премиерот, Владата, претседателот на Републиката или Собранието или кој и да е странец и сила. Европската иднина на Македонија е заложник на грчкиот наци-фашизам и на неговите истомисленици во европската бирократија. Барањето за промена на државното име Македонија не претставува демократија, туку злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ и флагрантно кршење на Универзалната декларација за човековите права и на Повелбата за Нова Европа.

Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО, но доколку антимакедонизмот на Грција, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и нацифашизмот на Атина за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на бирократијата во Брисел и Стразбур со Елада, се отфрла членството на Македонија во овие сојузи на држави! Светот ниту започнува ниту завршува со Европа, а американскиот унилатерализам и евро-центризмот се’ повеќе се минато свршено време.

Македонците имаат своја култура и историја и единствено решение за прашањето на државното име Македонија во односите меѓу Скопје и Атина е ирската формула. За жал, доколку Атина не ја признае Македонија, само нејзина вина ќе е што Грција нема да остане цела, како што земјата поради расипништво, корупција и криминал ја доведе до банкрот, хаос и дезинтеграција!

Македонците отфрлаат географска одредница за државното име освен уставната референца „Република“ пред државното име Македонија, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција, независно од грчката окупација и геноцидот врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, а не во нарцисоидноста и фашизоидноста на самопрогласени ексклузивни права! Александар Македонски е дел од историјата и културата на Македонија, и Македонците имаат право да го слават неговото име и дело, Македонците имаат право на негов споменик на централниот плоштад во македонската метропола, затоа што тоа место го заслужува. Тоа што Атињаните до денес не изградиле паметник на својот хегемон Александар Македонски, како што поставиле во Кавала на египетскиот владетел Мохамед Али Паша кој го задушил грчкото бескрвно востание на Пелопонез во 1821 година, не е вина на Македонците. Не е вина на Македонија, историската вистина дека Македонците се етнос, а Грците се синоним за христијани а не етнос и дека во Грција има се’, и Македонци и Албанци и Турци и Власи и Роми и Еѓиптјани и Германци, се’ - само Грци не’!

Thursday, November 26, 2009

Протест

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД МИСИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ НА 27 НОЕМВРИ!

Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија при Светскиот Македонски Конгрес на 27 ноември 2009 година (петок) од 12 до 14 часот ќе одржи Мирен протест против промена на државното име Македонија пред Мисијата на Европската Унија во Скопје (карши “Нова Македонија“ и Европскиот Универзитет), поради геноцидното барање на Атина и притисокот на европската бирократија за промена на државното име Македонија.

- Македонците се за пристапување на Македонија во Европската Унија, но доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, го отфрламе членството во овој сојуз на држави. Ја потсетуваме Европската Унија на нејзината декларација од 16 декември 1991 година по предлог на сопствената Бадентерова арбитражна комисија за Југославија, дека Република Македонија ги исполнува критериумите за признавање како независна држава и дека „употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“. Барањето на Атина и притисокот од европската бирократија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото и срам за европската демократија! - се вели во Декларацијата за одбрана на државното име Македонија.

ве молиме препратете ја оваа порака на сите ваши пријатели кои сакаат да учествуваат.

СМК