Wednesday, November 28, 2012

ГОЛЕМА АЛБАНИЈА НЕ Е БОЖЈА ВОЛЈА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

28 ноември 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги почитува верските слободи на граѓаните и авторитетот на верските заедници и нивните поглаварства, но за неприфатлива ја оценува изјавата на поглаварот на Исламската Верска Заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи во интервјуто за “Журнал плус“, дека “Обединувањето на албанските земји е Божја волја“ и дека нивна обврска е да ги вратат “така како што биле порано“, во “Албанија со единствена граница како што ја создал Бог“, затоа што поттикнува и разгорува етничка, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост!

Ниту Бог ниту пророкот Мухамед ја создале Албанија, туку интересите на големите сили во 1913 година за свои сфери на влијание на овие простори. Наци-фашистичката креација Голема Албанија не е Божја волја, туку дело на Сатаната.

Тоа што Албанците денес живеат во пет соседни држави на Албанија заради миграции а не поради поделба на Албанија, како што тоа се случило со Македонија во Балканските војни 1912-1913 година, не значи повод за територијална дезинтеграција на пет држави на Балканот.

Никому не е забрането да живее во една држава, но илузија е сите Албанци да живеат во држава која ќе окупира територии на пет држави на Балканот. Впрочем, наци-фашистичката креација Голема Албанија во Втората Светска Војна не е проекција за обединување на Албанците, туку за поделба на Република Албанија. Во Република Албанија сите не се муслимани, туку и православни и католици, какви што се Албанците и во Македонија и на Косово, а албанските државјани не се еднородни и едноверни, бидејќи во Албанија живеат и Геги и Тоски и Мијаци. Во Република Македонија сите муслимани не се само Албанци, туку и Македонци, Турци, Бошњаци и Роми...

СМК укажува дека во Македонија нема албански земји, затоа што Албанија никогаш не била окупирана од Македонија, како што делови од Македонија останаа во сите нејзини соседни држави!

И во оваа прилика, СМК најостро ја осудува власта затоа што незаконски денационализира државна земја на име Исламска Верска Заедница во Република Македонија. СМК повторува, дека џамиите и вакафските имоти од времето на Отоманската Империја не се сопственост на Исламската Верска Заедница, затоа што таа не е правен наследник на Отоманската Империја. Патем, речиси секоја џамија од тоа време е градена врз темелите на црква! СМК од власта бара преиспитување на сите одлуки на комисиите за денационализација затоа што незаконски враќаат земја и имоти на Исламската Верска Заедница. Неприфатлива е албанизацијата на денационализираната земја на Исламската Верска Заедница, со цел промена на етничката структура на населението!

Во Македонија сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите, независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалната состојба и општествената положба. Во Македонија живеат и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Бошњаци и Власи и Еѓиптјани и Црногорци и Хрвати... сите се рамноправни граѓани пред Уставот и законите во државата Македонија. Но, тоа не значи дека сите Албанци во целиот свет треба да добијат и македонско државјанство.

За СМК, Македонија е унитарна држава, а нејзините граници, територијалниот интегритет и суверенитетот се неповредливи.

Граѓаните на Македонија од партиите и здруженијата на Албанците, како и од поглаварството на Исласката Верска Заедница, очекуваат мобилизација на припадниците на албанската заедница за воздржување од посегања по туѓи животи и имоти на секое место и во секое време, со цел етничко чистење на територијата и заплашување на Македонците, како и ефективна а не само вербална демонстрација на толеранција и коегзистенција.

СМК апелира до граѓаните да се воздржат од агресија и насилство.

Македонците се цивилизација на мирот и љубовта, а не на војната и омразата. Македонците очекуваат и другите со кои живеат така да се однесуваат. Толеранцијата на Македонците и воздржаноста од провокации не претставува слабост и охрабрување за злоупотреба, туку вредност на коегзистенција достојна за почитување!

СМК бара власта да ги преземе сите мерки за заштита на животите и имотите на граѓаните. Граѓаните имаат право на самоодбрана и самовладение заради заштита на своите животи и имоти. Граѓаните ќе ги бранат и одбранат територијалниот интегритет и суверенитетот на државата Македонија како уставна обврска и нема да дозволат сепарација на дел од нејзината територија!

СМК го повторува барањето до Владата, на сторителите на кривични и прекршочни дела, кои се стекнале со македонско државјанство со природување, да им се одзема македонското државјанство и трајно да се протерат од територијата на државата Македонија. За нив нема место во македонското општество!

СМК и понатаму смета дека војната во 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците, ниту војна меѓу православните и муслиманите, туку симулирана војна за имплементација на определени глобални интереси на некои големи сили за свои сфери на влијание на овие простори, за жал, со злоупотреба на домицилни историски предизвици меѓу помесните етноси, како основа за туѓо владеење.

СМК апелира до САД, НАТО и ЕУ на воздржување од операции кои симулираат и стимулираат дестабилизација на државата Македонија заради други и туѓи интереси.

За СМК правичната и соодветна застапеност на припадниците на етничките заедници во централната власт и локалната самоуправа е темелна вредност на македонското општеството во чијашто основа се толеранцијата и коегзистенцијата. Иако бројот на Македонците во земјата изнесува 75% од вкупното население, тоа не значи намалување на веќе стекнатите права на малцинските етнички заедници! СМК го отфрла моделот на квантифицирани права и слободи, кои не може да се проектираат со пописни манипулации и уставни проценти, нив или ги има или ги нема! СМК преферира модел на институционализирана културна автономија на сите етнички заедници во Македонија помогната од државниот буџет и приватни фондови. СМК бара од Владата и Собранието да утврдат уставна декларација дека независно од пописните резултати, државата ќе ги гарантира веќе еднаш стекнатите права и културната автономија на малцинските етнички заедници! Истовремено, СМК протестира заради рекомпонирањето на државната и јавната администрација според нерелевантни пописни резултати на штета на Македонците, имајќи го предвид бојкотираниот попис 1991 преодржан 1994 година и лажираниот попис во 2001 година отфрлен од Државната пописна комисија! СМК од Владата бара да обезбеди парламентарни и уставни гаранции, дека затекнатите права на малцинските етнички заедници ќе се почитуваат независно од пописните резултати.

No comments: