Пред околу половина век, мојот дедо заедно со мојата баба, од за мене непознати причини, се решиле на еден ден да го напуштат градот во кој што тогаш живееле и да отпатуваат во Скопје, главниот крад на Македонија. Мајка ми, која повеќе пати ми ја има раскажувано оваа семејна историја, заедно со нејзината сестра само им порачале да им купат некои работи кои во тоа време биле премногу егзотични за македонската провинција и ги испратиле со почести.
Кога веќе пристигнале во Скопје и се симнале од автобусот, уште веднаш почнале да шетаат по продавниците. И така од продавница во продавница, заслепени од примамливите излози се одделиле еден од друг и се изгубиле. Кога баба сфатила дека никаде на хоризонтот не може да го види својот сопруг се загрижила и почнала да го бара, а дедо и понатаму безгрижно си продолжил да се рашетува по скопските продавници и тезги.
Но неговата соло прошетка не продолжила за долго. Шетајќи наваму-натаму, на едно место го пресретнале неколкумина мажи хомосексуалци и започнале да му се пуштаат и да го задеваат.
Дедо беше убав, строен маж, висок и со сини очи. Имал видено неколку војни, а на младост се занимавал и со пеливанство (борење). На еден таков турнир дури станал и првак. Ако работата била за тепање верувам дека без никакви потешкотии ќе ги надваксал сите до еден. Ама не било тоа работата... Друго било, а и времето било различно.
Денес веројатно многумина во една таква ситуација без многу размислување уште веднаш би започнале да раздаваат тупаници и клоци. Но тогаш хомосексуалноста сè уште била прилично непозната појава, а агресивната хомофобија веројатно била и уште помалку позната.
Дедо се упашил од луѓете чие што поведение претходно не можел ни да си го замисли, им побегнал и веднаш отрчал кај баба, која се мачела да го пронајде. Ко мало момченце само ја фатил за рака и наместо да ја продолжат прошетката низ Скопје, како што било планирано, по негово инсистирање право влегле во автобус и си се вратиле назад.
Кога скришум влегле дома, мојата мајка и тетка ги пречекале со изненадување. Требало во Скопје да останат барем до вечерта, а тие се вратиле на пладне. На изненадените погледи полни со прашалници, дедо одмавнувајќи со раката само рекол „абе федераши, федераши“, додека баба не запирала да се смее.

1 comment:
toa pretpostavuvam roditelite na deneshnite sorosoidi :)
Post a Comment