МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД МИСИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ НА 27 НОЕМВРИ!
Движењето на отпорот против промена на државното име Македонија при Светскиот Македонски Конгрес на 27 ноември 2009 година (петок) од 12 до 14 часот ќе одржи Мирен протест против промена на државното име Македонија пред Мисијата на Европската Унија во Скопје (карши “Нова Македонија“ и Европскиот Универзитет), поради геноцидното барање на Атина и притисокот на европската бирократија за промена на државното име Македонија.
- Македонците се за пристапување на Македонија во Европската Унија, но доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и промената на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, го отфрламе членството во овој сојуз на држави. Ја потсетуваме Европската Унија на нејзината декларација од 16 декември 1991 година по предлог на сопствената Бадентерова арбитражна комисија за Југославија, дека Република Македонија ги исполнува критериумите за признавање како независна држава и дека „употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“. Барањето на Атина и притисокот од европската бирократија за промена на државното име Македонија претставува геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото и срам за европската демократија! - се вели во Декларацијата за одбрана на државното име Македонија.
ве молиме препратете ја оваа порака на сите ваши пријатели кои сакаат да учествуваат.
СМК
No comments:
Post a Comment