Листа на Македонци коишто се заслужни за промовирање на вистината за Македонија и презентирање на нејзината култура, историја, природни убавини на корисниците на Интернет ширум светот.
Даниел Велјановски
Даниел е Македонец со Американски пасош. Тој е автор е на популариот сајт Histoy of Macedonia на кој можат да се најдат мноштво текстови, документи и цитати поврзани со Македонија и Македонците. History of Macedonia е наменет за секој оној којшто сака да се запознае со историјата на Македонија и корисна алатка за секој оној кој сака таа вистина да ја представи пред сите оние коишто на интернет просторот неправедно ја претставуваат и ословуваат нашата земја. Освен http://www.historyofmacedonia.org/ други негови вебсајтови се:
http://macedonia.org/
http://www.ancientmacedonia.com/
http://philipofmacedon.org/
http://www.alexanderofmacedon.org/
http://faq.macedonia.org/
Видео: Велјановски кај Миленко
MacedonianBoy
MacedonianBoy е администратор на македонската Википедија и Викиизвор. Тој е од Тетово и е дипломиран професор по англиски јазик. Негови главни интереси се македонскиот јазик, култура, историја, традиција. На Википедија има над 28 000 уредувања!
Нешто што мене лично најмногу ми остави впечаток е неговата листа со цитати за Македонија
Makedonier
Makedonier e корисник на YouTube кој колку што успеав да забележам има постирано најголем број на видеа поврзани со Македонија и Македонците. Вкупно 1345 видео клипови! Темите кои ги опфаќаат се најразлични, од дневно политички случувања, преку играни филмови па се до видеа со танци и ора.
Risto Stefov (Chris Stefou)
Ристо Стефов е роден во Лерин, Егејска Македонија, а речиси цел живот е Канадски граѓанин. Тој е писател, автор на сега веќе култниот текст I am Macedonian, подоцна инкорпориран и во најгледаниот македонски видео клип на јутуб. Едноимениот клип изрaботен од makedoncheto I am Macedonian е виден над 100 000 пати! Стефов објавува за MakNews, a колку што разбрав и самиот сајт е негов проект. Редовно пишува и за American Chronicle. Тука може да ги видите неговите текстови: Articles by Chris Stefou.
Како одговор на тоа дека Тито ја измислил македонската нација Стефов има напишано серија артикли под необичното име Come and take a ride in Tito's time machine. Инаку Грците му имаат направено солидно досие и му имаат посветено една цела тема што е доказ за неговото влијание и активности на Нет. Тука можете да видите клип со Ристо Стефов.
Како одговор на тоа дека Тито ја измислил македонската нација Стефов има напишано серија артикли под необичното име Come and take a ride in Tito's time machine. Инаку Грците му имаат направено солидно досие и му имаат посветено една цела тема што е доказ за неговото влијание и активности на Нет. Тука можете да видите клип со Ристо Стефов.
GoodBytes
GoodBytes како што самиот тој се опишува е "Software developer living in Ohrid, Republic of Macedonia" и еден од најпознатите македонски блогери. На интернет познат е и како Panta Rei поради неговиот најпопуларен блог. Пред околу две години за прв пат го забелeжав неговиот блог Say Macedonia кој ми остави силен впечаток. На него објавува на англиски јазик што покажува дека таргетира светски публика во промоцијата на вистината за Македонија. Освен текстовите за запознавање на македонските напори за зачувување на името и идентитетот GoodBytes има и проекти кои целат бришење на акронимот ФИРОМ од некои веб страни и наше признавање под уставното име Република Македонија. Блогот Say Macedonia постои од Октомври 2006 година, а во моментот не се обновува по негови зборови "затоа што единствениот контра-„аргумент“ од другата страна е тупаницата, односно грчката позиција на сила и наметнувањето „решение“ со вето".
Негови други блогови се http://video-macedonia.blogspot.com/ со видоклипови поврзани со Македонија и http://pesna.blogspot.com/ во којшто се напишани над 600 македонски народни песни!
Негови други блогови се http://video-macedonia.blogspot.com/ со видоклипови поврзани со Македонија и http://pesna.blogspot.com/ во којшто се напишани над 600 македонски народни песни!
To be continued :-P
No comments:
Post a Comment