Можеби постот што требаше да биде прв го пишувам после една цела година откако почнав посериозно да блогирам и откако го креирав овој блог. Многумина во текот на мојата блогерска кариера :-P ме имаат прашано зa името I, Macedonian, па пошто веќе не ми се објаснува го пишувам овој артикл за да им послужи на сите оние (читај: двајца без тројца ;-)) коишто ги занима.
Блогирањето го започнав како логично следствие на активностите коишто ги имав на Нет за промоција на уставното име и за заборав на акронимот ФИРОМ. Според намената најсоодветно беше во името на блогот да стои Macedonian, а она I го ставив да стои за Internet бидејки речиси сите активности се одвиваа на Интернет. Сепак не ставив точка по I како тоа би требало за да биде кратенка, а ставив запирка за да се добие игра на зборови - I како јас на англиски (прев. Jaс Македонец).
Така би можело да се сфати и како омаж на Јас Робот. Во времето кога го почнав блогов не бев во Македонија, па технички повеќе бев ко странец одошто Македонец, шо ќе рече повеќе робот одошто човек. Робот што е почовечен од многу луѓе и странец што е повеќе Македонец од многу Македонци...
Како и да е , да не дужам многу, име си е име. Се додека Македонија се вика Македонија и блогов ќе постои под истото име ;-)
No comments:
Post a Comment