Thursday, January 10, 2013

МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

9 јануари 2013 година, Скопје, Македонија - Не постои ниту “заемно прифатливо решение“, ниту “разумен компромис“ за прашањето за името. Ниту има Јужна Македонија, ниту ќе има Северна Македонија! Ниту ќе има Горна Македонија, како што нема Долна Македонија. Македонија е една и единствена! Името на нашата држава е Македонија, така било, така и ќе остане, од векови за навек! Кој мисли дека може да го смени, само нека проба! Прашањето за државното име не е залог на сегашноста, туку аманет од минатото за иднината! Прашањето на државното име не е право на власта, туку обврска од народот и граѓаните за негова одбрана!

Не е во прашање државното име Македонија, туку окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ кој континуирано се врши од Балканските војни (1912-1913) до денес.

Промената на државното име Македонија значи злосторство против човештвото, геноцид врз македонскиот народ, флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија и на меѓународното право, како и на Повелбата на Обединетите Нации и на Универзалната декларација за човекови права.

Промената на државното име Македонија претставува велепредавство што не застарува.

Промена на државното име Македонија значи амнестија и легализација на грчката окупација на македонската земја и на грчкиот геноцид врз македонскиот народ кој континуирано се врши од Балканските војни (1912-1913) до денес.

Промената на државното име Македонија значи дестабилизација на државата и на Балканот во целина!

Правото на самоопределување и самоидентификација е суверено, неприкосновено и неотуѓиво.

Прашањето за државното име Македонија е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ и граѓаните на Македонија во апсолутно мнозинство гласаа “за самостојна и суверена држава Македонија“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот е задолжителна за сите!

Македонците во целиот свет отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на Меѓународен договор во Парламентот за промена на државното име Македонија!

Македонците во целиот свет отфрлаат власт и партии што заговараат промена на државното име Македонија!

Македонците од Атина бараат извинување за геноцидот и за сите историски и општествени неправди, како и репарации за жртвите и штетите предизвикани од геноцидот и војните и од експлоатацијата на природните и културните богатства во окупираниот дел на Македонија!

Македонците заедно со Грците во Втората Светска Војна (1940-1945) и во Граѓанската Војна во Грција (1946-1949) го поразија фашизмот и ја ослободија Грција, поради што се вградени во државноста на Елада, ним им припаѓаат сите права и слободи како и на останатите, еднакви меѓу еднаквите, рамноправни со рамноправните.

Македонците во целиот свет бараат итен и безусловен прекин на разговорите за промена на државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна грчка и југо-западна бугарска провинција Македонија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и на македонскиот јазик, независно од историските хипотеки.

Иако државата Македонија е единствен носител на тоа име во светот, Македонците декларираат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации.

Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата!

Светскиот Македонски Конгрес повикува на семакедонско единство, помирување и обединување во одбрана на државното име Македонија, на македонскиот народ и на македонскиот јазик!

No comments: