Предлози за официјално знаме на етничките Срби во Македонија кои би биле различни од државното знаме на Србија со што не би се нарушувале македонските закони и македонскиот суверенитет.
Лево знаме на Република Србија.
Предлог знамиња за етничките Срби од Македонија предложени од македонското хералдичко здружение 1 и 2.
Првото предлог знаме (долу лево), е идентично со знамето на Србија со таа разлика што малиот грб е тргнат, а во горниот лев агол на знамето е поставено 16 зрачно македонско златно сонце.
Симболот 16 зрачно златно македонско сонце може да биде заменет и со стилизираното во круг на 8 зрачното златно сонце од актуелното знаме на Република Македонија.
На второто предлог знаме (долу лево) малиот грб е присутен, но заманети се позадинските бои. Централната сина хоризонтална лента од тробојката е заменета со жолта боја која е поделена на два еднакви дела со централно поставена хоризонтална црвена лента. Уште една иста таква лента но вертикална има и зад малиот грб. позадината е црвена.
Боите за ова предлог знаме (црвена и жолта) се избрани за да соодветствуваат со боите од знамето на Република Македонија, но истите тие бои се присутни и на знамето (врска) на царот Душан којшто Србите го сметаат за нивен национален херој. Интересно е тоа што знамето на Царот Душан е коешто на Поморската карта на Дулцерт од 1339 година е поставено во близина на Скопје којшто во тоа време припаѓал на империјата на цар Душан.
Трето предлог знаме (лево) кое е идентично со знамето на Република Србија со таа разлика што симболот (белиот крстот и четирите С) на малиот грб е заменет со аплицирано осум зрачно сонце, како она од знамето на Република Македонија (со мали измени).
Предлог знамињата (со исклучок на оние на македонското хералдичко здружение) се изработени од А.С.

3 comments:
Каде може да се предложи уште едно предлог знаме?
Прати го преку е-пошта - КЛИК. Поздрав!
Дали стигна?
Post a Comment