Верувам во приоритетите - дека има нешта кои се потребни, но и нешта кои се потребни повеќе; нешта кои може да почекаат и нешта кои се неодложни; нешта за чие остварување најпрво треба да се создадат соодветни услови и нешта кои се предуслов за да се започне со реализацијата на други нешта.
Важно е да се сака, но кој гладен размислува за љубов. Не е лошо да се има убав автомобил, но поважно е децата да не ти шетаат испарталени. Убавo е очите да ти бидат свртени кон некоја убава жена, ама што ти вреди тоа ако таа секој ден ти ја вади душата. Некои нешта имаат приоритет.
Едно „утринско утро“ пред околу еден месец скришум се извлеков од дома и тргнав да правам фотографии низ Скопје. На само сто метри од мене се сретнав со проблемот дупка/испакнатина во тротоарот и тој проблем ме следеше до мојата крајна дестинација.
Обично гледам каде стапнувам, но не секогаш зјапањето надолу во патот е приоритет. Минувам улица, поминувам на крстопат - поважно е да внимавам да не ме удри автомобил одошто да не шутнам некоја испакнатина во тротоарот или некој „заборавен“ камен на патот. И така се случи. Патиките кои ги обув по втор пат поради истите тие дупки и испакнатини ги оштетив на неколку пати.
Денес на FB го прочитав следниов статус (Бисер Базен):
Не ми пречат рекламите со кои се промовира Македонија, но што е приоритет во случајов: да се дадат пари за реклама или да се овозможи на младите македонски таленти да ја претставуваат Македонија. Кога се гради куќа прво се ставаат темелите, а не фасадата.
Која иронија, имаме статуи кои чинат милиони евра, а тротоарите и патиштата ни се со „дупка до дупка“. Ако немаш пари за леб јади слатки, ако не сакаш по друмови да кинеш патики, вози се со такси.
Немам во себе ни капка сомнеж дека ние како нација и држава имаме неоспорливо право да поставуваме статуи и на Филип II Македонски и на Александар Велики, ама има приоритети, а некогаш пак се нема никаква мерка.

„Која иронија. На Еurosport гледам европско првенство во пливање. Имаме само една пливачка која сама си плати сè, и котизација и сместување, а на пауза оди реклама за Македонија. Неверојатно.“
Не ми пречат рекламите со кои се промовира Македонија, но што е приоритет во случајов: да се дадат пари за реклама или да се овозможи на младите македонски таленти да ја претставуваат Македонија. Кога се гради куќа прво се ставаат темелите, а не фасадата.
Која иронија, имаме статуи кои чинат милиони евра, а тротоарите и патиштата ни се со „дупка до дупка“. Ако немаш пари за леб јади слатки, ако не сакаш по друмови да кинеш патики, вози се со такси.
Немам во себе ни капка сомнеж дека ние како нација и држава имаме неоспорливо право да поставуваме статуи и на Филип II Македонски и на Александар Велики, ама има приоритети, а некогаш пак се нема никаква мерка.
No comments:
Post a Comment