Saturday, April 14, 2012

Глупоста наречена нова референца

Би сакал да посочам на една вонредно добра анализа во врска со името и спорот со името на авторот Ристо Никовски. Во колумната со наслов „Глупоста наречена нова референца“ од 5 април 2012 (09:22) тој вели:

Референцата е далеку подобра од решенијата кои ни се нудат (северна, горна, нова…). Кога ќе прифатиме какво било ново име, тоа ќе не обврзува и ние ќе мораме да го користиме. Сами да се прекрстуваме.

И на овој блог во написот „10 Мита за грчко-македонскиот спор“ од 7 јуни 2010 година беше пишувано токму за ова:

БЈРМ (FYROM) не е име на нашата земја, а кратенка. Македонија никогаш и никаде не се согласила да биде нарекувана FYROM. Кој не верува ако летово оди на одмор надвор од Македонија нека прати писмо адресирано до FYROM па да види дали ќе стигне.

Впрочем ниту "the former Yugoslav Republic of Macedonia" не е име туку привремена референца за користење во ООН. Еве извадок од резолуцијата 817

„this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as "the former Yugoslav Republic of Macedonia“

Ако прифатиме име со географска одредница, тоа нема да е референца, а име. И нема да е привремено туку за век и веков. И што е сеа подобро?

Дека привремената референца не е име е спомнато во повеќе други написи објавени на овој блог, меѓу кои и Google Maps say Macedonia! од 20 ноември 2011 година:

Привремената референца не е име (!) туку привремена референца. Привремената референца според резолуција 817 е да се користи во рамките на ООН, а не вон ООН(!).

Понатаму во својата колумна авторот вели:

Кај нас, како изгледа, мнозина не разбираат што е всушност референцата.

Во написот UNTERM - грешки, објавен на овој блог на од 19 ноември 2010 година стои и едноставно објаснување за што тоа значи референца и зошто референца не е име:

Во македонскиот јазик го имаме удомаќинето англискиот збор референца (reference), но колку сме свесни што тој значи? Референца во конкретниот случај значи збор под кој се обраќаме некому. Изведениот глагол односно "refer to (someone or something)" на македонски јазик се преведува како "(се) обраќа (некому или на нешто)".

Да појаснам на наједноставен можен начин зошто референца не е име: можеме кон пријателите да се обраќаме (refer to) со зборот "другар", но тоа не значи дека "другар" е нивното име. Можеме кон своите родители да се обраќаме (refer to) со "мама" и "тато" но тоа не значи дека тоа се нивните имиња.

Во продолжение Ристо Никовски вели:

Референцата ние никогаш не ја прифативме и таа нас воопшто не не обврзува. Македонија нема потпишано никаков документ со неа. Таа не е име ниту некаква деноминација, туку само начин како, привремено, земјата да се ословува, во рамките на системот на ООН.

Истово е објаснето во претходно спомнатиот напис објавен на овој блог - UNTERM - грешки:

Никаде не сме се согласиле на промена на името во "the former Yugoslav Republic of Macedonia", впрочeм никаде во ООН не сме се согласиле дека "the former Yugoslav Republic of Macedonia" е наше име. Точно е дека во ООН сме примени под приврената референца, но референца не е име, следователно референца нема како да стои во графата за име.

1 comment:

Anonymous said...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ВРЕМЕНОТО ОБРАЌАЊЕ ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ НЕ Е ДРУГО ИМЕ ИЛИ ИМЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА УПОТРЕБА НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

5 април 2014 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го отфрла пристапувањето на Македонија во сојуз со НАТО и во било кој сојуз на држави и меѓународна организација под временото обраќање “поранешна Југословенска Република Македонија“!

Доколку антимакедонизмот на Елада, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Хеленската Република за промена на државното име Македонија претставува вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина, Македонците го отфлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со ЕУ и НАТО!

СМК потсетува дека “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е друго име, ниту име за надворешна (меѓународна) употреба на државата Македонија, туку времено обраќање за државата Македонија само во системот на Обединетите Нации и за никаде на друго место, само за времето додека државата Македонија разговара за разликата за своето име со јужниот сосед Елада, затоа што така доброволно прифатиле македонскиот претседател и македонскиот премиер во 1993 година!

Државата Македонија во Обединетите Нации поднесе барање за членство под државното име и под тоа име на 8 април 1993 година со резолуција на Генералното Собрание е примена!

СМК потсетува дека ниту со Резолуцијата 817(1993) од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации се прејудицира промена на државното име Македонија, ниту со македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година се прејудицира договор за промена на државното име Македонија, ниту било кој има мандат да договори промена на државното име Македонија!

Уште повеќе, со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година е утврдено дека Грција го прекршила членот 11 од македонско-грчката Привремена согласност и незаконски го попречила членството на Македонија во НАТО-Алијансата!

Со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг се суспендира суспензивното право на Грција во меѓународните организации!

Со пресудата, Меѓународниот суд во Хаг констатира дека Македонија има право да членува и да поднесува апликации за членство во сите меѓународни организации и сојузи на држави под државното име Македонија!

Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг против Хеленската Република, не претставува само обврска за страните во спорот, туку обврска за сите членки на Обединетите Нации. Членките на Европската Унија и на НАТО-Алијансата се членки и на Обединетите Нации и должни се да ги почитуваат пресудите на Меѓународниот суд во Хаг! Солидарноста на членките на ЕУ и НАТО со грчкото вето за членство на Македонија во која и да е меѓународна организација и сојуз на држави во кои Грција веќе е член, истовремено претставува флагрантно кршење на меѓународното право од страна на членките на ЕУ и НАТО!