Friday, April 13, 2012

Црн петок 13ти за Македонија

Апел до македонските власти за што побрзо откривање на свирепите убијци на петте Македонци во близина на скопското село Смиљковци и сочувство до семејствата на убиените.

Мkd.Mk (13 април 2012 09:55):

Пет лица, по националност Македонци, се брутално застрелани и убиени од непознати лица вчера вечерта на брегот на Железарско Езеро во близина на скопското село Смиљковци.

Станува збор за четири момчиња на возраст под 20 години, за кои се знае дека биле жители на скопската населба Бутел, и едно лице на возраст од 40 години од скопското село Црешево.

2 comments:

Anonymous said...

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ДЕН НА НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ ЗА ГРОЗОМОРНО УБИЕНИТЕ КАЈ СМИЛКОВСКОТО ЕЗЕРО

13 април 2012 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес (СМК) од Владата на Република Македонија бара утрешниот ден 14 април, да го прогласи за Ден на жалоста за петтемина грозоморно убиени кај Смилковското езеро Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски на возраст од околу 20 години од Радишани и Борче Стефковски (45) од Црешево, и да ги помогне семејствата на убиените.

GokaGrozni said...

"They took your life, they could not take your pride"
Нека им е лесна земјата