Facebook профил слика и timeline cover слика за денот на жалост поради грозоморното убиство на петте Македонци во близина на скопското село Смиљковци.
Кликнете на сликите за целосен размер!
Дозволено е слободно превземања на сликите и нивна адаптација по потреба. I-Macedonian.Blogspot.com
1 comment:
Тодор Петров
Возљубени браќа и сестри во Господа,
Денес е ден за тихување и молитва, ден за оплакување на страдањата, распетието и смртта Христови, ден за споделување на радоста во очекување на Неговото Воскресение, ден на победата на животот над смртта. Но, денес е ден и на жалоста, на тагата и болката на нацијата за смртта на петтемина монструозно масакрирани од Радишани и Црешево на Смилковското езеро на Велики Четврток. Нека Господ Бог Исус Христ со Неговото воскресение кое на полноќ ќе го огласат камбаните во сите цркви македонски во Македонија и светот, ги понесе со Себе во Рајот Божји и душите на невините деца од Радишани и мажот од Црешево, масакрирани од мнострумите со болни умови. И затоа, Боже на духовите и на секое тело, успокој ги душите на твоите чеда и наши браќа во Господа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и на Борче Стевковски, прости им ги прегрешенијата волни и неволни, направени со збор, со дело или со помисла, при живот ако ги сториле, и како Благ и Човекољубив, насели ги нивните души во место светло, место блажено, место мирно, место каде што почиваат праведниците, место каде што нема ни жал, ни воздишка, но живот Бесконечен... Нивните ликови и души вечно ќе талкаат по сокаците на Радишани и Црешево, по железарските езерца, ќе трчаат по младоста неодживеана, од рацете на монструмите откорната. Лесна им земја и Бог да ги прости.
Post a Comment