Откако на сајтот на ООН - UNTERM, македонскиот јазик беше напишан како "Macedonian (of the former Yugoslav Republic of Macedonia)" по острата аргументирана реакција во графата за јазик на нашата земја сега стои онака како што мора да биде: "Macedonian"!
Но тоа не ни дава за право да прославуваме, бидејќи правдината и целосната вистина сеуште не се дојдени на виделина. Располагаме со аргументи во наша полза кои мораме да ги искористиме и во врска со неправилната и спротивна на правото формулација во графата за националност (Adjective/Nationality): "of the former Yugoslav Republic of Macedonia". Смешната и тотално неточна формулација мора да се замени со правилнотo "Macedonian".
Да појаснам. Во Oбединетите Нации сме примени под привремената референца (provisional reference) но никаде, повторувам НИКАДЕ не сме прифатиле дека нацијата на нашата земја се нарекува: "од бивша југословенска Република Македонија". Никаде во привремената спогодба (Interim Accord) или на било кое друго место во ООН нема да најдете дека сме се согласиле да бидеме БЈРМовци. Следователно ООН нема право нашата нација да ја искривува и во графата за националност мора да впише: Macedonian.
Второ нешто кое е неправелно е името на нашата земја. Во графата и за кратко и за формално име (Short Name, Formal Name) стои "the former Yugoslav Republic of Macedonia" и навистина можеби некој ќе помисли: "добро па тоа е името под кое кое сме се согласиле да бидеме примени во ООН", но всушнсност не е! Никаде не сме се согласиле на промена на името во "the former Yugoslav Republic of Macedonia", впрочeм никаде во ООН не сме се согласиле дека "the former Yugoslav Republic of Macedonia" е наше име. Точно е дека во ООН сме примени под приврената референца, но референца не е име, следователно референца нема како да стои во графата за име.
Во македонскиот јазик го имаме удомаќинето англискиот збор референца (reference), но колку сме свесни што тој значи? Референца во конкретниот случај значи збор под кој се обраќаме некому. Изведениот глагол односно "refer to (someone or something)" на македонски јазик се преведува како "(се) обраќа (некому или на нешто)".
Да појаснам на наједноставен можен начин зошто референца не е име: можеме кон пријателите да се обраќаме (refer to) со зборот "другар", но тоа не значи дека "другар" е нивното име. Можеме кон своите родители да се обраќаме (refer to) со "мама" и "тато" но тоа не значи дека тоа се нивните имиња. Следователно во графата за име нема правна основа да стои "the former Yugoslav Republic of Macedonia" бидејки тоа не е име. Името на нашата земја е Република Македонија и така стои во устав.
Второ уште понеточно нешто во UNTERM во врска со името на нашата земја е напишано во објаснувањето. Имено пишува:
Единствено само граѓаните можат да одлучуваат како нивната земја ќе се нарекува, барем во мирнодобски услови. Граѓаните никогаш не одлучиле да се викаме така како што напишале, но најапсурдно е што имаат напишано дека тоа е нашето официјално име.
Нема како да биде точно дека официјалното име на нашата земја (official country name) е "the former Yugoslav Republic of Macedonia". Како што претходно спомнав тоа не е име туку референца, а уште помалку е официјално. Официјалното име на нашата земја е напишано во уставот на нашата земја (Република Македонија). Официјалното име на секоја земја е напишано во нивните устави. Не знам како организацијата што треба да е задолжена за владеењето на мирот и правото во светот допуштило такви апсурдни грешки за кои немаат никаква потврда. Официјалното или било какво име на нашата земја е Република Македонија, па според тоа мора да се исправи грубата грешка која ја направиле од ООН. Во графите и за кратко и за официјално име (иако за кратко име од наша страна би можело да се прифати и само Macedonia) мора да биде напишано "Republic of Macedonia", a во делот за објаснување слободно можат да вметнат (барем засега) дека во ООН сме примени под привремената референца (уште еднаш: референца не е име).

Please note that the official country name "the former Yugoslav Republic of Macedonia"

4 comments:
Ова е еден од најјасните, најточните и најаргументираните текстови кои ги имам прочитано на оваа тема, одлично!
Odlicen tekst so odlicni argumenti.
Анализа
кратка и јасна
достојна за почитување
укажува кон правец и насока
за дејствување
Поздрав
Bravo Eddie...odlicno e..Straight to the point...Pozdrav
Post a Comment