Showing posts with label Уметност. Show all posts
Showing posts with label Уметност. Show all posts

Wednesday, April 01, 2015

Меч, магија, колт & стетсон

Кога влогот е огромен талент, бескрајна љубов, како и неброени часови поминати во неуморно цртање, резултатот секогаш ќе биде достоен за восхит. „Меч, магија, колт & стетсон“ е токму тоа, нешто што ќе ве остави без здив.


Се работи за збирка од 20 црно-бели илустрации во формат А3, сместени во убаво дизајнирана папка, на познатиот македонски стрип автор и илустратор Игор Јовчевски. Тематиката на илустрациитe е вестерн и фантазија - жанрови во кои што Јовчевски признава дека најмногу му лежат за цртање.


Самите илустрации, како што Јовчевски кажува, се негова лична посвета кон луѓето кои влијаеле на неговото творештво и кои што за него претставуваат вечна инспирација. Меѓу нив се Жан Жиро, Џон Бјусема, Џон Форд, Серџо Леоне, Клинт Иствуд и други. 

Всушност збирката не  претставува ништо друго освен негова исконска исповест пред целокупната публика и се чини дека секоја илустрација, како резултат на неговото досегашно битисување, како да е откината од длабочините на неговата душа.


Илустрациите се од периодот 2010-2012 година, а за љубовта и посветеноста при нивната изработка говори и најситнитниот детаљ. Самата збирка, пак, е објавена, односно промовирана на 13 јуни 2012 година. 


Доколку сте ценители на уметноста, збирката можете да ја набавите во стрип книжарницата Бункер во Скопје. Прилично сум убеден дека ниедна од дваесетте илустрации, исто како и мене, ниту вас, нема да ве остави рамнодушни.

(Сите илустрации се дело на Игор Јовчевски и се 
од збирката „Меч, магија, колт & стетсон“)

Saturday, March 07, 2015

Worldclass Leader

Типографија на насловна страница, проект за магазинот Worldclass Leader.

Автор на типографијата: А.С.

Wednesday, October 15, 2014

Збор-два за авторот на една илустрација на Александар III Македонски

Во последната половина дузина години, веројатно најпозната и по социјалните мрежи од Македонци најсподелувана илустрација, е онаа на Александар III Македонски качен на својот сакан Букефал. Доколку имате „лајкнато“ некоја FB страница посветена на Македонија, речиси невозможно е да не сте ја виделе барем неколку пати. Па и покрај тоа што илустрацијата е позната меѓу Македонците, за жал истото не би можело да се каже и за оној кој што ја насликал. Но ако мислите дека авторот на оваа илустрација е Македонец, се лажете. Всушност не станува збор ниту за момче. Кирси Салонен е името на младата финска сликарка, која што македонскиот крал и освојувач го има овековечено на оваа нејзина преубава илустрација.


Кирси Салонен е родена на 25 февруари 1982 година, во Коувола, Финска. Црта уште како дете, а во последните 10 години со илустрирање, како дигитален илустратор, се занимава и професионално. За нејзините квалитети и успешноста на ова поле, освен самите илустрации, доволно гласно говорат и големиот број на награди кои што ги има освоено. Покрај илустрирање, Кирси работи професионално и како шминкер, а исто така и пишува. Пасија ѝ се поезијата и природата, а нејзината љубов кон уметноста во целина, како што самата вели, ѝ се родила уште откако за прв пат го зграпчила моливот, на возраст од само две години.


Во светот на сликарството за прв пат ја вовела нејзината мајка. Додека била дете таа ја учела како да црта и ѝ ги посочувала различните техники и анатомските правила. Нејзината мајка ја учела сè до оној момент кога самата Кирси не станала подобар сликар од нејзе. „Едноставно се работи за тоа колку време сакаш да поминеш во вежбање на секој еден аспект од цртањето“, вели Кирси „во еден момент јас веќе престанав за референци да користам фотографии или пак живи модели и се принудив себе си, колку што е можно повеќе, да цртам без модели, така што тоа на некој начин ми стана како дисциплина.“ Својата понатамошна ликовна наобразба Кирси ја стекнува на универзитетот на применети уметности во Јужна Карелија, каде што има дипломирано на ликовна уметност, со мултимедија како нејзина специјалност.

Нејзините илустрации претставуваат вистинска визуелна поезија. Таа секогаш слика со надеж дека ќе успее да претстави нови и уникатни потези во секое нејзино наредно дело. Желба ѝ е да разработува ликови со срцепарателни судбини и да раскажува приказни, кои што чекаат да бидат насликани и раскажани. Во своите дела таа им дава лик на чувствата, а смета дека нејзина примарна цел, како илустратор, е со своите дела да побудува емоции, да поттикнува восхит и преку погледот на публиката да изнудува размисли за она што таа го насликала.


По нарачка на обожавател на Александар Велики од Австралија, Кирси ја изработила илустрацијата на античкиот крал и војсководец. Но штом ја прикачила на интернет, како дел од своето портфолио, веднаш настанале и проблемите. Покрај безбројните коментари со пофални зборови имало и низа на такви во кои што се дискутирало не за нејзината уметност, туку за историската припадност на Александар Велики; дали тој бил Грк или пак можеби Македонец. „Лично јас никогаш не сум го сметала Александар за Грк“, објаснува Кирси „но тоа всушност и не е многу важно, тој бил едноставно феноменален.“

Таа подолго време се интересирала за животот и личноста на Александар III Македонски. „Бев фасцинирана од него со години, тој ми беше нешто како идол“, појаснува Кирси. Веројатно токму затоа нејзината илустрација на славниот војсководач блика со чувство на непосредност во која што и измислените елементи делуваат така веродостојно. Всушност ова не е единствената илустрација на Александар Велики, која што Кирси ја има изработено. Една друга на која е претставена сцена по голема битка во која што Александар се одмара до Букефал, го носи називот „Попладневни сенки“ и е насликана во 2005 година.

Дека за Александар се интересираат луѓе од целиот свет и дека самиот тој претставува светско историско наследство кое не би смеело да подлежи на монополизација говори тоа што за изработка на негова слика била контактирана од узбекистански музички композитор. „Само што се сетив на една волшебна работа, во врска со Александар, која што можеше да биде одлична. Пред неколку години, еден композитор од Узбекистан ме контактираше со барање да му насликам огромни промоционални постери за концерт, кој требало да се одржи во Самарканд, и во кој што Александар бил претставен. Како и да е, јас тогаш бев на одмор и не можев да му одговорам доволно бргу, а тој потоа беше заминат на деловно патување и така можноста пропадна. Сè уште чувствувам носталгија за тоа“,споделува Кирси. Но и покрај пропуштената шанса, Кирси е убедена дека во иднина ќе се појави некоја слична. „Мислам дека Александар е тема која што постојано се навраќа од некаде“, вели таа „сигурна сум дека ќе има нови можности“.

Кирси има работено како концепт уметник, има илустрирано насловни страници за поголем број на книги, а има изработено и три постери за Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Моментално таа работи на подготовките за издавање на својата книга „Ордера“, за која што се надева дека ќе биде издадена пред крајот на оваа година, во декември. Се работи за проект на кој што таа со прекини работи веќе седум години. „Ордера претставува епска авантура која што се состои од четири дела“, вели Кирси, која самата ја има напишано и илустрирано оваа книга со фантастична и мрачна тематика.


Со краткиот стрип „Вистинска љубов“, пак, таа ќе учествува на овогодинешниот, дванаесетти по ред, Интернационален стрип салон во Велес, во организација на Стрип центарот на Македонија (СЦМ), кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври и на кој што се очекува да гостуваат поголем број на познати стрип автори од регионот и Европа. Истиот стрип, на 4 октомври во фоајето на кино „Фросина“ (МКЦ), веќе беше претставен пред скопската публика, во склоп на манифестацијата Бела ноќ. 


„Речиси како директен комплимент на мојот метод на работење, овој стрип раскажува посебна малечка приказна во секој еден од неговите панели. На сè би можело да се гледа како на засебна емоционална сцена која што е вткаена заедно со другите во една епска љубовна приказна. Со зборови можат да бидат претставени огромни визуелни пејзажи за читателот и останува на „љубовникот“ на крај да пополни што всушност значат тие зборови и која е симболиката која што се крие зад сите нив. Како што рекол американскиот поет и филозоф Ралф Валдо Емерсон „Сиот свет сака љубовник“, и јас верувам дека овој стрип успева да ја нахрани романтичната и полна со надеж суштина во потрагата по љубов, која што тлее во секој од нас“, го објаснува таа стрипот „Вистинска љубов“.

Кирси, како што самата вели, сака еден ден да има можност да илустрира и стрип за Александар Велики, а вели и дека има огромна желба да ја посети Македонија, како и да ја види статуата на Александар на плоштадот во Скопје. А доколку вие сакате да видите дел од нејзиното богато ликовно творештво, можете тоа да го направите на веб страницата - www.kirsisalonen.com

Александар Стеванов

Објавено и на MKD-news и Македонска Нација

Saturday, August 09, 2014

Јајчешки живот

Делумна разработка на експресии на ликови (јајца) за нереализираниот краток анимиран филм со работен наслов „Јајчешки живот“, подготвуван на десетдневен курс за stop-motion анимација при УГД (јуни 2014).







Saturday, December 07, 2013

Слики од сламки - Сашо Илоски

Сашо Илоски, роден во 1965 година во Ресен, е македонски ликовен уметник, кој што во последните 20 години создава уметнички дела во техниката интарзија односно природен колаж.


Мотивите на неговиот дела се најразновидни, од икони, преку етно прикази, па се до бродови. 

Покрај сликарството Сашо Илоски се занимава и со карикатури. Неговите карикатури со двајца големи шегобијци, автентични ликови од Ресен, се објавуваат на последната страница во локалниот весник „Преспански Абер“.

Во овој напис, редакцијата на „Македонска Ризница“ со задоволство ви прикажува дел од неговото творештво.

Александар Стеванов

Tuesday, June 04, 2013

Слики - Живко Василев

Слики на македонскиот академски сликар Живко Василев:




Објавени во Македонска ризница

Thursday, May 23, 2013

Thursday, April 18, 2013

Култра - фестивал на театар и краток филм

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип годинава по третпат ќе го организира Фестивалот на театар и краток филм „КУЛТРА“. Фестивалот кој има за цел да им даде креативен простор на сите млади и независни уметници кои храбро експериментираат со уметничките изрази користејќи нови форми за уметничка комуникација годинава ќе се одржи во периодот од 18 до 20 април во Мултимедијалниот центар на УГД. Неодамна по извршената селекција комисијата од Универзитетот „Гоце Делчев“ ја утврди програмата. Во програмата се вклучени стилски и жанровски различни претстави и филмови. На отворениот повик за учество беа пријавени голем број филмови од млади автори и голем број претстави од независни театри

По селекцијата се направи програмата на третото издание на Фестивалот на театар и краток филм „КУЛТРА“.

18 април (четврток)
19.30 часот: Проекција на кратки филмови
-„Out of the box“ – Кристина Гацова 0’ 40”
-„Hit that” – Панче Пренџов 2’ 41”
-„Птица на станица“ – Тамара Котевска 15’
-„In reverse“ – Ана Јакимовска 14’ 33”
-„On our way home“ – Дина Дума 7’ 13”
-„Статус: Во неволја“ – Елеонора Венинова 15’
-„Рефлексија“ – Светoслав Подлешанов 1’
-„Душан“ – Илија Цветковски 10’ 14”
-„Note“ – Кристина Гацова

20.30 - 21.00 часот: Џез трио (Горан Кавраков, Филип Крстевски, Боро Шопов), локација: студентско бифе на економски факултет

21 часот: Театарска претстава „Во потрага по Данил Хармс“ - Играат: 14 актери/студенти во класата на проф. Сузана Киранџиска и асс. Кристина Леловац при ФДУ

19 април (петок)
19.30 часот: Проекција на кратки филмови
-„Неостварени желби“ – Kирил Каракаш 13’
-„Just another day“ – Кристина Гацова 1’ 21”
-„Шега“ – Михаил Димитров 4’ 04”
-„Три бои модро“ – Сандра Ѓорѓиева 6’ 18”
-„Wrath of woman“ – Горјан Атанасов 5’ 25”
-„Мrs. Rubin” – Костадин Атанасов 19’ 05”
-„Магдалена“ – Андреј Цветановски 14’ 29”
-„Hands free“ – Кристина Гацова 0’ 34”
-„Повик“ – Надежда Панов 2’15”

21 часот: Театарска претстава „Соочување“

Играат: Наталија Теодосиева, Бојан Лазаров (класа на Владимир Милчин, ФДУ), Ангела Стојановска, Мартин Манев, Ангела Димитрова, Стефан Вујисиќ (класа на Мими Таневска, ФДУ).

20 април (сабота)
19.30 часот: Проекција на кратки филмови
-„Линија“ – Надежда Панов 0’ 32”
-„The World Outside my Window" – Кристина Гацова 0’ 54”
-„Аlarm“ – Ана Алексовска 12’ 10”
-„А каде сум јас тука“ – Христина Цветановска 10’
-„Тркала“ – Андреј Георгиев 10’
-„Big Petar“ – Лавинија Софрониевска 10’
-„Last confession“ – Ибрахим Деари 16’ 48”
-„Автопортрет“ – Надежда Панов 2’ 54”

21 часот: Театарска претстава „Љубовникот“

По текст на Харолд Пинтер, во изведба на Теоман Максут и Аница Бенинова. (ЕСРА


Сите настани ќе се одвиваат во Мултимедијалниот центар на УГД.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе од 15 април во книжарницата на економскиот факултет при УГД по цена од 200 денари (блок влезници) и 80 денари (дневни влезници)

Wednesday, November 07, 2012

Графити - Штип

Фото: А.С.Објавено во Македонска Ризница, бр. 4

„Фотографии на неколку штипски графити, кои и покрај тоа што забот на времето ќе ги карактеризира како минливи, на страниците на ова списание ќе останат вечно.“

Saturday, November 12, 2011

Историја за Македонија

Плакат со 16 зрачно златно-жолто македонско сонце на црвена позадина, само еден од многуте плакати изработени од учениците од Мелбурн, Австралија, за проект за историјата на Македонија. Благодарност до Гордана Димовска за фотографијата.

Кликнете на сликата за целосен размер!

I-Macedonian.Blogspot.com

Friday, July 01, 2011

Македонско сонце - резба

Во овоj блогпост би сакал да ви претставам една од многуте прекрасни резби на Киро Ристов со претстава на македонското шеснаесеткрако сонце. Авторот на оваа резба на дело покажал вистински патриотизам не само според мотивот којшто го одбрал туку пред сè поради продолжувањето на традицијата наречена резбарство.


I-Macedonian.Blogspot.com

Wednesday, June 29, 2011

Култра - фестивал на театар и краток филм во Штип

Фестивал на театар и краток филм во ШТИП. 30 јуни, 1 и 2 јули! Мултимедијален центар на УГД - FB страна



30 јуни 2011 (четврток)

20:00 – кратки филмови

Поштари, Филип Арсов, 1997, 12'
Каменолом, Марко Ѓоковиќ, 2007, 7'
Суперхикс, Иван Ѓорѓиевски, 2003, 21'
Случајност, Тања Рибарска, 2006, 7'
Eнт. Бифе, Горјан Бошкоски, 2006, 11'
Motel Lucky, Мартин Георгиевски, 2011, 7'
Арлекин, Мартин Иванов, 2011, 8'
Oчевидец, Сашко Мицевски, 2011, 5'

21:30 – театарска претстава МИЗАНТРОП

1 јули 2011 (петок)

20:00– театарска претстава ОРКЕСТАР ББ

21:30 – кратки филмови

Лифт, Мартин Георгиевски, 2009, 4'
Деко, Сашко Мицевски, 2009, 13'
Кркма, Игор Јовчевски, 1998, 11'
Правосмукалка, Марија Апчевска, 2008, 18'
Порака, Даријан Пејовски, 2006, 13'
Станот, Наум Доксевски, 2011, 5'
Опомена, Петар Кочишки, 2010, 4'
¼ , Атанас Георгиев, 2000, 25'

2 јули 2011 (сабота)

20:00– театарска претстава СВЕКРВА ВЕРЗИЈА 7

21:30 – кратки филмови

Исклучок, Вардан Тозија, 2006, 13'
Сам, Дарио Секуловски, 2009, 4'
Сѐ е погрешно, Марко Ѓоковиќ, 2007, 10'
Time to not forget, Дарко Илиев, 2011, 1'
Кошмар, Петар Кочишки, 2011, 6'
Еден, Вардан Тозија, 2010, 22'
Мишо, Ѓорче Ставрески, 1999, 13'
City bus symphony. Даријан Пејовски, 2003, 9'
Snow field, Марија Апчевска, 2007, 25'

I-Macedonian.Blogspot.com

Monday, April 11, 2011

Милениумски крст

По што е препознатлива Македонија за луѓето коишто живеат надвор од неа и дали за вистински да го цениме тоа нешто најпрво треба да добиеме пофалба од странците?

На Еврокартата изработена во 2010 година од Лего коцки на исто рамниште како Стоун Хенџ, Биг Бен, Ајфеловата кула, Колосеумот во Рим и кривата кула во Пиза, е прикажан и македонскиот Милениумски крст во Скопје.

На овој амбициозен проект, пет месеци, од април до септември работеле Vanessa Graf, Tanja Kusserow-Kurth, Torsten Scheer, Bruno Kurth и Tobias Reichling.

Нејзината големина е 3.84х3.84 метри, а во неа се вградени околу 53 500 лего коцки (само за рељефот, без оние за објектите).

Повеќе за овој проект можете да видите и прочитате на Интернет страната t-reichling.de

Посебно ме радува новината дека просторот околу Милениумскиот крст (вистинскиот, не на еврокартата!) наскоро ќе биде уреден, со што би блеснал во целосен сјај.

Кликнете на сликите за целосен размер!

Monday, March 28, 2011

Античко-Македонска традиција на дело

Продолжувањето на вековната македонска традиција не може да се оствари само со проучување на тоа што се правело во антиката и негово славење. Доколку истата не се спроведува во практика, периодот во којшто живееме ќе биде посиромашен по однос на тој континуитет од времето на античка Македонија. Благодарение на Џим Илиев, Македонец од Австралија, таа традиција продолжува и денес.

(македонски штит изработен од бронза, дијаметар 690 mm)

Џим Илиев самоволно, има изработено поголем број на античко-македонски штитови на кои е прикажано 16 кракото македонско сонце (т.н. сонце од Кутлеш), Александар III Македонски и други мотиви од античкиот период на Македонија. Кога еден човек прави нешто вакво без некој да му нарача и без да е воден од желбата за материјална корист тоа значи дека тој човек го има изработено единствено од љубов кон татковината. Денешниот ден за нас е сегашност, но по неколку века тој ќе биде дамнешно минато. Сè она што се изработило од луѓето во ова време ќе послужи како доказ за тоа што ние сме почитувале и славeле.

Од ваквите уметнички дела луѓето од иднината ќе дознаваат дека сме биле свесни за нашето славно македонско минато. Токму поради Џим и луѓето како него континуитетот нема да биде прекинат и времето во коешто ние живееме нема да биде празно кога се во прашање уметничките дела инспирирани од античкиот период на Македонија.

Oва нека ни биде поука на сите што ја сакаме Македонија. Наместо да се удираме во гради кој е поголем патриот и да обвинуваме дека другите се предавници, да создадеме нешто што ќе остане и ќе остави трага за периодот во којшто живееме.

Sunday, January 09, 2011

Прв цртеж

За првпат се запознав со привлечноста на процесот цртање кога имав 3-4 години. Можеби на некои им изгледа неверојатно дека човек може да имам спомен од времето кога бил на таа возраст, но на денот кога тетка ми ми подари фломастерите јас се сеќавам како да бил вчера. Тогаш трпението не ми беше силна страна - веднаш ги отпакував чудните боички и експресно го создадов моето прво уметничко "ремек дело".

За жал него никој не го разбра и не го оцени онака како што мислев дека заслужува. Згора на тоа и ми ги конфискуваа фломастерите. Не сум сигурен дали причината беше поради апстрактната тема којашто тогаш решив да ја обработувам или пак затоа што тој мој прв цртеж наместо на хартија го направив на панталоните од дедо ми. Истиот тој ден пералната стана уништувач на уметноста и мој прв цензор.

Како сеќавање дека и јас некогаш цртав, еве еден тукан, нацртан со пенкало, а боен со дрвени боички од времето кога имав 13-14 години. Рамката, зелената позадина и буквите се додадени вчера на фотошоп. Тоа се вика Work in progres :)

Thursday, September 16, 2010

Слика на Александар Велики

За првпат ја забележав сликава пред година и неколку месеци, на блог од една другарка. Природно беше да си помислам дека е изработена од некој Македонец, ама не било така. Не само што авторот не е Македонец, туку и не се работи за момче, а за девојка.

Набргу ја контактирав авторката со провокативно писмо во кое ја запрашав зошто на сликата 16кракото сонце е поставено на црвена, а не на сина позадина, па нели Александар е Грк? Не помина многу за да ми врати порака во која пишуваше дека секако оти црвената боја ќе преовладува кога Александар е Македонец, а не Грк! Дури и ме упати да го погледнам старото знаме на Република Македонија.

Имајќи предвид дека во последно време не мал број Македонци ги користат нејзините слики како аватари или позадини, без да се знае и наведе од кого се изработени, би сакал да и' одддадам почит на Кирси Салонен, девојката од Финска, автор на две слики на кои е прикажан големиот македонски крал и војсководач, Александар III Македонски.